tag:blogger.com,1999:blog-387179232024-03-13T11:37:40.377-07:00Македонска историјаВежбанка за критичко мислењеHistorianhttp://www.blogger.com/profile/07783718929733952551noreply@blogger.comBlogger16125tag:blogger.com,1999:blog-38717923.post-2519145329002266562010-02-18T14:33:00.000-08:002010-02-18T14:33:15.807-08:00Стравот и желбите на македонизмот во карантин (6)
Имаме интересни кажувања за односот на Јане Сандански кон Егзархијата.

Алексо Мартулков, р. 1878 г. во Велес, починал во Скопје. Алексо Мартулков [50]

Алексо Мартулков сведочи за настани кои се одиграле во почетокот на август 1908 г. и во првата седмица од август 1909 г.:

„Другарите од Солун, Струмичко и некои серчани беа отишле многу напред во своето отоманизирање и имаа јавни отомански централистистички настроенија, јавно повлијаени од итихатчиските кругови

[Младотурската партија „Иттахад ве Терeки“ - „Обединение и напредок“]. Тие негираа секакви минати придобивки уште од епохата на преродбата, меѓу кои најглавно го негираа нашиот национал-политички институт - Егзархијата и подржуваа, нејзините атрибути да бидат примени од државата. [Турција] Нашето училишно дело да биде раководено од и контролирано од државата, а училиштата да бидат издржувани од неа [Турција], како и другите привилегии на општините, - со еден збор институтот - Егзархијата - да биде поништен. Но, јас не можев да се сложам со нив, зашто ние од социјалистичката група во Софија по ова прашање бевме на друга мисла.

Христо Чернопеев Христо Чернопеев

Не само јас, многу Македонци од левицита беа против становиштето на Чернопеева и неговите другари. Мненијата на противниците на тоа становиште се поклопуваа наполно со моето мнение. Него го споделуваа Јане Сандански, Димо Хаџи Димов, Ѓорче Петров, Пере Тошев и многу други. Уште во почетокот по превратот се создадоа две струи во македонската левица и тоа јавно се гледаше од нивниот печат. Меѓу двете струи разликите не беа само по прашање за егзархијта, но и по други политички прашања и тоа се гледаше јасно од пишувањето на нивните весници и нивната содржина, на пример од една страна на весникот „Народна волја“ и весникот „Единство“, а од друга - на весникот „Конституциона зора“. Овие разијдувања уште појасно се оцртаа на првиот конгрес на левицaта 1909 г., кога беа турени основите на Федеративната партија.

Јане Сандански Јане Сандански

На тој конгрес, кога беше поставено за разгледувањето прашањето за Егзархијата, а Чернопеев и другите негови сомисленици го подржуваа истото мнение во однос на неа, Јане Сандански реско изјави да не се посега на тој национален институт и, ако се посегнало еден ден на Егзархијата, тој бил готов одново да ја фати пушката и да отиде во Пирин да се бори за да ја заштити.

Војвода Јане Сандански. Јане Сандански

Јас во споров тогаш им реков дека ние не можеме уште од почетокот со една клоца да ги кошнеме сите наши национални иституции, ами напротив треба да ги земеме во наши раце и да ги направиме полезни за наше национално самоуправување. Објективните изгледи за ваквите возможности беа на лице и се сакаше само субјективниот фактор да си е на свое место. ...По подолга расправија јас бев принуден да се разделам од нив и си отидов во Велес. Тие останаа да свикаат јавно собрание во Скопје другиот ден [почетокот на август 1908 г.]. Таквото собрание станало, ама не си поминале арно на него Чернопеев и другите другари, зашто сретнале голема опозиција на неоврховистичките елементи, меѓу Македонците во Скопје имаа господствувачко влијание и овие речиси не можеле да се искажат на собранието.

По три дена дојдоа во Велес и ваму си поминаа поарно, зашто во градов наш левицата во национал-револуционерното движење беше јака и можеше да ги натера неоврховистите да мируваат и да слушат на собранието. ...За одбележување беше фактот дека тоа што беше во Велес возможно, не беше возможно во многу други градови на Вардарска Македонија, со исклучок на Струмица, Кавадарци и Пехчево. Во останатите градови неоврховистите имаа полна возможност да го осуетат секое јавно собирање на левицата. Во Велес Чернопеев и неговите другари најдоа во својот поголем дел левицата да го споделува мнението, искажано од мене при споровите во Скопје со нив по прашањето на Егзархијата“. (Алексо Мартулков, Моето учество во револуционерните борби на Македонија, Скопје 1954. 186-188)

Јане Сандански и младотурскиот деец Нуредин бег.

Јане Сандански и младотурскиот деец Нуредин-бег.

Солунскиот валија и пратеник во Отоманскиот парламент по времето на Хуриетот, Ќазим-бег Во неговата книга (1916 г.) кажува:

„Сандански... беше административен советник на Солунскиот вилает. Сите чиновници, од окружен и околијски управник до селски падар беа назначувани и отпуштани со негова препорака и одобрение. Пријателите на тој поткуплив ајдутин... беа назначени на највидни места. Дури и Чернопеев стана член на Струмичкиот суд и доби право да биде судија.

Тодор Паница Тодор Паница

Сандански за 15 години ги изнајми Маринкостенските минерални бајни и го спечали правото, заедно со капетан Паница, да сечат стотици илјади дрвја од разлошките шуми, додека селаните од разлошките села, чиј поминок беше дрварството, не смееја да откинат ниту еден лист од дрвјата.

Од министерството на просветата се одделуваа суми за да се помогнат училиштата и тој дар одеше во рацете на Сандански. Гордите и национално осознаени бугарски селани не добиваа од Сандански никаква материјална помош, а со собраните од нив пари од Бугарија доведуваа учители и учителки.“ (Иван Михайлов. Спомени IV. 778)

Противникот на младотурцитe Ахмед Хамди-бег во 1915 г. пишува дека младотурската власт на Јане Сандански и му давале 50 златни турски лири месечна плата. Друг турски автор тврди дека Јане од Султанот добил подарок арапска кобила. (Ibid. III. 597)

Јане Сандански, „серчани“ и младотурци.

Санданисти и младотурски офицери. Седнати, од лево на десно: Георги Скрижовски, млaдотурски офицер, Јане Сандански наречен „Сандан паша“, Тодор Паница и Георги Казепов. Стојат, од лево на десно: Мицко Врански, младотурчин, Таската Спасов Серски, младотурски офицер и Димо Хаџи Димов.

Димо Хаџи Димов Димо Хаџи Димов

Весникот на левицата- групата околу Јане Сандански „Конституционна заря“ (редактиран од Д.Х.Димов и Д.Мирасчиев, во еден период и од П.Тошев) во бр.26 (Солун, 26.11.1908) под насловот „Особените отношения на властта спрямо българската националност“ меѓу другото пишува:

„Ако не беа тие односи поособени и поразлични од оние кон другите подвластени националности во Импријата, ние несомнено, дури немаше ниту да го спомнуваме името на бугарската националност, кон која припаѓаме и кон која се вбројуваме. Нашиот основен принцип е да се бореме за правата и слободата на сите националности без исклучок; да се бориме за полна рамноправност на сите отомански националности кон било која нација или религија тие да припаѓат. ...Исповедувајки го тој политички принцип, нас никој не смее да не обвини за за шовинизам или за национален сепаритизам... Во однос на бугарската националност официјалната власт и сите нејзини агенти држат едно поведение, многу различно во споредба со тоа, кое таа го држи спрема другите националности особено во Македонија“. (БАН. Македония Сборник от документи и материали, София 1978. 519-520)

Георги Скрижовски со младотурски дејци.

Седат: Халил-бег, претседател на цариградскиот парламент и Енвер Паша, воен министер. Стојат: Талаат-бег (зад Халил-бег), министер за внатрешни работи и Георги Скрижовски, ополономоштен од Ј.Сандански за постигнување на договор со младотурската васт.

Весникот на левицата „Народна воля“, редактиран од А.Томов, во бр.1 (Солун, 19.01.1909) во увидната статија „Нашите позиции“ пишува:

„„Единство“ и „Конституционна заря“ има задачи на определено време, од кои главната беше да содејствуваат во ориентирањето на општествено-политичка мисла на Бугаринот во Империјата... Во средината на бугарскиот елемент во Империјата се извршува организирање на демократските сили. Од една страна, ние имаме брзо никнење на Бугарската народна федеративна партија [Оснивачкиот конгрес на НФП ќе се одржи во август 1909 г.], а од друга - почетоците на Работничката партија. ...Како орган на Б.Н.Ф. партија „Народна воля“ застанува врз почвата главно на оној дел од бугарското население кое го сочинува неговото преовладувачко мнозинство и најглавниот елемент во таа партија - лишените од државни грижи ситни сопственици, безимотни или малкуимотни чифлигари, ситни стопани, занаетчии и трговци. Тие се слоевите, чиишто интереси денес се интересите на бугарската националност во Империјата. ...Националното прашање за нас е прашање за демократија... Обединувањето на бугарската националност и нејзиниот културен развиток ние не го гледаме ниту во присоединувањето на делови од Империјата кон Бугарија, ниту во сосипувањето на било која од нејзините соседни држави и на било која од националностите во Империјата, напротив - само во заедничкото нивно благодејствие и во општото нивно побратимување, кое ќе се реализира во реализацијата на Источната федерација.“ (Ibid. 539-541)

Антон Димитров Антон Димитров

Христо Батанџиев Христо Батанџиев

Во истиот број на „Народна воля“ активистите и водачите на Сојузот на бугарските конституциони клубови се наречени: „во голем дел туѓи агенти“, „бугарски лажни патриоти“ и др.[51]

Но, во однос на националната припадност на мнозинското македонско население, меѓу весниците на „прогресивната левица“ (санданистите) и клубистите („неоврховистите“ - „бугарските лажни патриоти“) нема никаква разлика. На пример, во весникот на „Съюза на българските конституционни клубове“ (Сојузот на бугарските конституциони клубови) „Отечество“ во бр.43 (Солун, 18.07.1909) во статијата посветена на годишнината од Илинденското востание, се кажува:

„Десети јули [„хуриет“], тоа е епилог на Илинден; Илинден, тоа е најторжествениот акт на величествената македонска револуционерна драма. Без Илинден не би имало 10 јули. Последната дата е општоотоманска. Илинден е наш, на Бугарите.“(Ibid. 559)

Во органот на „прогресивната левица“ (санданистите - ценралисти) „Народна воля“ бр.19 (Солун, 25.04.1909) во статијата за Гоце Делчев стои: „Бугарското население во Македонија и Одринско... Во таа мачна и неравноправна борба на бугарскиот народ во Македонија пројави ретка издржливост“. (Ibid. 558)

Основачкиот конгрес на НФП во Солун 1908 г.

Делегати на основачкиот конгрес на Народната федеративна партија.[52]

Бугарскиот дневен весник „Дневник“ бр. 2522 од 11.08.1909 г. известува за распрвата во врска со Егзархијата на основачкото собрание на НФП:

„Сношти [08.08.1909 г.], касно навечер, кога конгресот на федералистите го разледуваше чл. 32 од пратискта програма, во кој се третира материјата за учебното дело, еден од делагатите проговори против Егзархијата, дека таа не си го исполнувала добро долгот и пречи на учебното дело во Македонија. Возбудата беше општа.

Во тој момент Сандански, кој претседателствуваше со конгресот, стана и со растреперен и енергичен тон изјави: „Не ја засегајте Егзархијата! Положбата во Турција уште не е зацврстена“. Се создаде врева. Се даде оддишка. За време на паузата Сандански појде кај делегатот кој го покрена прашањето за Егзархијата и му изјави: „Ти не знаеш ништо. Ако се јави потреба да не се задоволуваат потребите на Бугарите во Македонија, јас ќе ја заштитувам Егзархијата со оружје во рака...“

Тоа создаде длабок впечаток на присутните. Понатаму во дискусиите не се говори ништо за Егзархијата.“ (Ibid. 560)

Правилник на НФП (буг. секција)

Политичката партија на Јане Сандански е формирана во август 1909 г. Во член 1. од Правилникот на Народната Федерaтивна Партија (Бугарска секција), стои: „Член на бугарска секција на Народната Федеративна Партија може да биде секој Бугарин, отомански граѓанин, навршил 20 год., кој ја прифаќа партиската програма и се вбројува во една од месните организации.

Забелешка: Се прима за член и граѓанин од друга нација, до образувањето на партиска секција од таа нација.“

Васил Главинов (1869 Велес - 1929 Софија) Васил Главинов [53]

Весникот „Работническа искра“, чиј уредник е Васил Главинов во бр.4 (Битола, 5.11.1909), во уводната статија „Партиите и работниците“ дава своја карактеристика на Народната федеративна партија и Сојузот на бугарските конституционии клубови:

„...сакаме да кажеме неколку думи за бугарските партии кои имаат извесно значение во иднина.

Засега во Македоно-Одринско се одделуваат главно две партии: едната е партија на македоно-одринските конституциони клубови; другата - на Јане Сандански и Хр. Чернопеев, крстена неодамна на „Българска народна федеративна партия“. За работниците во Македонија и Одринско е извонредно важно да знаат што претставуваат тие партии и како треба да се држат кон нив... Според својата суштина тие две партии се јавуваат како изразители на две различни класи. Бугарската македоно-одринска конституциона партија ги претставува интересите на трговците и индустријалците, на фабрикантите и заможните еснафи, кои утре ќе се преобразат во индустријалци и едри трговци, на предприемачите, селските заможни стопани и лихвари - со еден збор, на класата која се нарекува граѓанска или буржоаска класа. Како партија на таа класа, која е националистичка, која сака да се соедини со своите „браќа“ во Бугарија, Бугарската македоно-одринска конституциона партија е исто така националистичка и со сите свои стремежи и идеали на бугарската буржоазија во Македонија и Одринско.

Напротив, Бугарската федеративна партија се јавува како представителка на дребните трговци, занаетчии и селани-сопстевници, на бакалите и крчмарите - со еден збор, на тое коешто се нарекува воопшто дребна буржоазија. Така што, ако првата од нив е една буржоазна парија, втората е дребнобуржоазна. ...Од друга страна, и Бугарската народна федеративна партија истотака е националистичка, како и првата. Разликата е само во тоа што, првата сака содинување на Бугарите кон Бугарија при сите услови, додека втората тоа го сака само под услов во Бугарија да нема монархизам и др. Барем тоа се разбира од нивните зборови. ...Во секој случај сèпомалобројната дребнобуржоазна класа исто наклонува кон соединувањето со своите „браќа“ затоа што во тоа го гледа спасот од нејзиното пропаѓање. И колку повеќе таа ќе пропаѓа со разитокот на капитализмот во Турција, толку повеќе бугарскиот национализам ќе закрепнува во неа, а затоа Бугарската федеративна партија ќе станува понационалистичка“.(Ibid. 550-551)

Чета на Јане Сандански, предходница на 7-мата Рилска дивизија.

1912 г. - Првата балканска војна: четите на Јане Сандански со над 500 четници дејствуват како претходница на 7-мата Рилска дивизија. Како помош на 7-та Рилска дивизија во воените дејствија учествуваат и четите на санданистите и други дејци од Серскиот округ: Стојо Хаџиев, Георги Казепов, Алекаснадар Бујнов, К.Чапришков, И.Чонтев и Д.Арнаудов. Во тоа време, во истата дивизија на бугарската армија се бори и Димо Хаџи Димов.

знаме

Како претходница на 7-та Рилска дивизија, околу 300 четници - кавалеристи на Јане Сандански заедно со кавалеријата на мајор Цонев влегле во Солун веднаш по предавањето на градот на Грците од страна на Таксим паша на 8-ми ноември 1912 г. Следниот ден во Солун влегуваат 7-мата Рилска дивизија и грчки трупи.

„Во Солун - пишува другарот на Јане Сандански Ј.Богатинов во бр.11 од в. „Доброволец“ од 1945 г., - на банкет даден од генерал Тодоров (после влегувањето на бугарските војски во Солун), на кој што присуствуавше и Јане Сандански со своите другари Стоју Хаџиев, А.Арнаудов, Георги Казенов, Димитар Икономов и др. Јане Сандански одржа здравица и рече, дека пие за здравјето на новата држава автономна Македонија. Тогаш сите офицери, кои присуствуваа на банкетот едновремено ги извадија своите сабји и започнаа да заплашуваат и велат дека за такви зборови глави ќе паѓат и јазици ќе сечат и дека не за тоа е пролиено толку бугарска крв.“

После тој банкет и така отсечно искажаните закани од страна на офицерите, - според Ангел Динев - другиот ден се превзеде гонење на автономистите кои што се наоѓаат во Солун...“ (Ангел Динев, Илинденска епопеа. Скопје 1949. 2. 548)

Ополченци од Штип. Ополченци од Штип.

Македоно-одрински ополченци (доброволци) во помош на бугарската армија во Балканските војни. Во Првата балканска војна војувале на фронтовите во Тракија. [54]

Димитaр Чупaров (1878 с.Папрадиште, Велешко - 1940 Ленинград) Димитрија Чуповски [55]

Алексо Мартулков во неговите спомени пишува и за доаѓањето во Велес на Димитар Чупаров:

„Во зимата на 1912 г. дојде од Русија во Велес Димитар Чупаров. Тој беше родум од Папрадиште, Велешко. Беше еден од старите сепаратисти. Заедно со својот брат [Афанасиј Чупаров, чие сценско име е Наце Димов] беше питомец на некој од фондовите на словенските добротворни друштва во Русија, каде што го заврши своето вишо образование. Тие во Петербург издаваа весник „Македонски голос“ [Тоа е во 1913-1914 г.], преку кој војуваа за националното обособување на Македонците - независно од Бугарите и беа борци за автономијата на Македонија.

Димитар Чупаров како учител во с. Папрадиште. Во Петербург: Д.Чупoвски, Г.Константинович и Н.Димов.

На првата снимка: Димитрија Чуповски (крстено име Димитар Чупаров) - учител во с. Папрадиште. На втората снимка: во Петерсбург, од лево седи Димитрија Чуповски, стои брат му Наце Димов (крстено име Афанасиј Чупаров) и Гаврил Константинович од Костурско.

Чупаров не беше туѓ на „Азијатскиот департмент“ и имаше возможност да ги знае тајните потези на руската дипломатија. Тој ни предлагаше: ние, велешаните, да преземеме иницијатива за испраќање една делегација на ВМРО во Лондон каде што во тоа време се одржуваше една конференција на великите европски сили.[55] Ова делегација требало да да пледира на споменатата конференција за автономијата на Македонија под протекторат на великите сили. Чупаров веруваше дека таа автономија ќе ни биде дадена, бидејќи Антантата имала голем интерес од запазување на Балканскиот сојуз, а тој можел да биде зачуван само ако биде отстранета јаболката на раздорот.

Ние од македонската левица и некои од попрогресивните неоврховисти ја сфативме сериозноста на положбата и наполно го споедлувавме менението на Чупаров. Ете зошто решивме да го испратиме Ризо Ризов во Солун за да се сретне со претставителите на ВМРО [Во ЦК ВМРО се: Т.Александров, Х.Чернопеев и П.Чаулев] и да им го изложи нашето мнение за создадената ситуација меѓу „сојузниците“, која крие голема опасност од војна меѓу нив. Меѓутоа, таква војна би била најголема катастрофа во нашата историја, па затоа предлагаме да се прими предлогот на Чупаров за испраќање на една делегација во Лонодон, која ќе бара автномија на Македонија.

Цар Фердинанд I Сакс-Кобург Гота (1908-1918), кнез од 1887 г. Фердинанд I

Ризо Ризов отиде во Солун, но таму не нашол никој од водачите на ВМРО: скоро сите отишле на Булаир да се борат против Турците; се разбира, под знамето на Бугарија, во редовите на бугарската армија и под главана команда на царот на Бугарите Фердинанд Кобуршки.

Во Солун Ризов успеал да се сретне само со Јордан Иванов, професор по историја на Софискиот универзитет - родум од Куманово [роден е во Ќустендил], и со Павел Шатев. Кога им го изложил гореопишаното, професорското светило Јордан Иванов - до крајност револтиран - изјавил: „Како може во главите на велешани да се родат вакви престапни мисли за авономија сега кога се утврдуваат границите на бугарското племе со крвта на бугарскиот народ.“ Понатаму му советувал на Ризова велешани да престанат да се занимаваат со такви работи, зашто била издадена наредба до сите сојузни генералштабови да ги следат пројавите на сепаратистичките движења, па ако такви се појават - да бидат уништени со најжестоки средства.

По ова опомена од страна на професорот Иванов, Ризо Ризов го напуштил Солун, и си дојде во Велес. Така тогаш нашата иницијатива пропадна.“ (Алексо Мартулков, Моето учество во револуционерните борби на Македонија. Скопје 1954. 255-256)

Јане Сандански Јане Сандански

Егзарх Јосиф I Егзарх Јосиф I

На 23.04.1946 г. во Софија деецот на ТМОРО Михаил Герџиков на јавноста и соопштил дека пред почетокот на Првата светска војна, со цел „да се избегнат нови катастрофи и разурнувања“, на предлог на Јане Сандански, Михаил Герџиков, Крсто Станчев (новинар), д-р Владов (деец на ВМОК) и други, решиле: „Фердинанд да биде ликвидиран и новиот режим во Бугарија да биде прокламиран во името на народовластието и против империјалистичката војна и реваншот.“ Заговорниците формирале делегација со цел да ги запознаат со решението Александар Стамболијски (лидер на Бугарскиот земјоделски национлен сојуз), Александар Малинов (демократската партија), Иван Гешов (народњаците), Андреј Љапчев, Никола Генадиев, Нечевич и други, освен социјалистите од двете партии. Но, од последните четворица намерата за убиството на фердинанд била оценета како безумие, анархизам. Посетата на Ј.Сандански, М.Геџиков и К.Станчев кај Егзархот Јосиф I завршила со вистинско изненадување. Кога му кажале не Егзархот дека имаат намера да го убијат Фердинад, „тој (Егзархот) станал загрижено сериозен и со една неочекувана отвореност ги зареди(л) лошотиите кои Фердинад и ги нанел на Бугарија“. На крајот Егзархот Јосиф I рекол: „Благословена да е раката која ќе го кутне Фердинанда. Кој ќе го стори тоа ќе биде најголем благодетел на Бугарија“. Заговорниците согледувајки дека немаат поширока подршка се откажале од намерата. Наскоро, пролетта на 1915 г., бил затворен А.Стамболијски, со кого Ј.Сандански најчесто контактирал поради реализацијата на намерата да го убијат Фердинад. (Петар Стојанов, Македонија во времето на Балканските и Првата светска војна (1912-1918). Скопје 1969. 268-272)

Разрушениот мост на железничката линија Скопје-Солун, кај Удово. Четници на ВМРО кои учествувале во Валандовската атака на 20.03.1925 г.

Разрушениот мост и чети на ВМРО во близина на Валандово.

На 20.03.1915 г. неколку чети на ВМРО, во кои учествуваат и Турци, ја изведуваат Валандовската акција во која загинале 470 и се заробени 353 српски војници и офицери (загинале 40 четници на ВМРО). Четници на ВМРО го минирале мостот на железничката линија меѓу Удово и Демир Капија. На тој начин Србија е отсечена од Солунското пристаниште, а јавноста дознава дека Бугарија ќе војува на страната на Централните сили. Еден месец покасно, на 22.04.1915 г. убиен е Јане Сандански.

После Првата светска војна, во 1918 г. Фердинад е протеран од Бугарија, се утврдило дека Германиците му дале „еден куфер пари“ со цел „да ги придобие македонските револуционери“ кои требало да го придобијат јавното мнение во Бугарија со цел Бугарија во војната да биде на страната на Централните сили. До крајот на својот живот (1948 г.) Фердинад талка низ Европа и не стапнува повеќе во Бугарија.

Погребот на Јане Сандански.

Погребот на Јане Сандански, легендарниот „пирински цар“

Андон Ќосето (деец на „здравата организација) во своите спомени во врска со убиството на Јане Сандански кажува:

„Сандански не беше будала човек; тој беше силен човек и имаше добра свита околу него: Чудомир Кантарџиев, А.Бујнов, Таската Врански, Стојо Хаџијски, Скрижовски, Петар Говедарчето. Имаше добри советници. Му завидуваа и М’лчанков [Стојан] и Филипов [Стојан] и сакаа да станат окружни. Тие се гонеа, божем се дружеа, ама секогаш си завидуваа. Си тераа Хуриет. После Хуриетот пак се создаде Организацијата. Сандански спечали почит од Турците и започнаа да го нарекуваат „Сандан паша“ и што ќе кажеше Турците не смеја да му откажат. И што и да направи, тие му завидуваа. Му ги дадоа да ги користи Марикостинските бајни. Мислеа да му скројат план. Се зближија, за да му го исполнат планот, тој да покаже доверба. Сомнежот веќе беше исчезнал. И тие (М’лчанков и неговите другари) држеле тајна, план му кроеле. И му праќат телеграма веднаш да дојде во Неврокоп. А, истовремно му поставуват заседа и го убиваат. После некое време сфатија дека Сандански има свои луѓе. Неговите луѓе разбраа како стана неговото убиство. М’лчанков веќе се беше расположил. Тој беше народњак, гешевист и агитираше ваму-таму за народњачката партија ...Тој заминал за Неврокоп. ...но враќајки се од таму го убиваат.“ (Македония в пламъци Освободителните борби на българите от Македония в спомени на дейци на Вътрешната македно-одринска революционна организация. София 2003. 91)

На 02.08.2934 г. насловната страница од весникот на Илинденската организација.

50.) Алексо Мартулков - Бизмарк, р. 1878 г. во Велес, социјалист, четник на ТМОРО/ВМРО, член на НФП, член на БКП. Револуционер во Македонија и Бугарија. Делегат на првото заседание на АСНОМ. Член на Президиумот на првото заседание на АСНОМ. Илинденски пензионер. Починал во Скопје.

51.) Сојуозот на бугарските конституциони клубови е основан на 13.09.1908 г. во Солун. На основачкиот конгрес присуствуавле 81делегат. Меѓу основачите на Сојузот се Х.Матов, двајцата основачи на БМОРК, т.е. на ТМОРО/ВМОРО, А.Димитров и Х.Батанџиев. За претседател на Централното биро е избран Тома Карајовов (1868-1951), родум од Скопје, новинар, дипломат (во 1897-1900 г. секретар на трговските агентства во Битола и Одрин, од 1904 до 1909 амбасадор во Рим) и потпретседател на ВМОК (1902). По забраната на Сојузот, Т.Карајовов се враќа на дипломатската професија. Сојузот престанува со работа во ноември 1909 г. врз основа на Законот за политички здруженија донесен од страна на младотурскиот парламент.

Според македонската историја, Сојузот на бугарските конституциони клубови е: „политичка корпорација на бугарската пропаганда“, истиот е: „во служба на Егзархијата“ и „финансиран од бугарските државни фонодови“, т.е. „платеници на бугарската буржазија“, а целта нели му била од Македонците да прави Бугари.

52.) Народната федеративна партија (бугарска секција), во македонистичката историграфија се претставува како: „најзначајна организациона политичка сила во живот на македонскиот народ во периодот на младотурското владеење“.

Основачкиот конгрес на НФП се одржал од 03-ти до 10-ти август 1909 г. во кафаната „Спледит палас“ во Солун. Според една информација, на конгресот присуствувале 15 организации: Х.Јанков и Димитар Влахов (Солун), Х.Медникаров и Т.Клифов (Г.Порој), С.Хаџиев и И.Бижов (Д.Хисарско), Јане Сандански и Г.Казепов (Мелник), С.Пашкулов и А.Божиков (Неврокоп), Д.Коштанов и Г.Захариев (Г.Џумаја), Г.Огњанов (Малешевско), К.Самарџиев и Х.Чернопеев (Струмица), П.Манушев (Петрич), М.Ѓошев и Д.Мирасчиев (Велес), Д.Даскалов и Д.Лазаров (Тиквеш), И.Икиљулев и Н.Петров (Кукуш), И.Манолев (Битола), Ј.Шурков и Ф.Бајрактаров (Скопје), Г.Скрижовски и Елзов (Разлог), Спасов и Стамболиев (Сер), Т.Паница (Драма), А.Киров (Одринско), Б.Христов (Д.Порој) и Г.Митров (Охрид).

На заседанијата биле избрани 6 комисии. Комисијата за изработка на програмата ја сочинувале: Ј.Сандански, Д.Влахов (подоцна ќе биде и нејзин пратеник во турскиот парламент), Х.Чернопеев, Д.Коштанов и И.Манолев.

За членови на Централното биро на тајно гласање се избрани А.Матлиев, Д.Влахов и Х,Јанков. За советници се избрани: А.Бујнов, Д.Даскалов, Д.Коштанов, Ј.Сандански, Х.Чернопеев и Ј.Шурков.

Во понатамошното работење на партијата Д.Влахов го превзема и редактирањето на партискиот весник „Народна воля“. Во јануари 1910 г. партијата ја напушта Х.Чернопеев заедно со неколкумина свои сомисленици, поминува во илегалност во редовите на ВМРО. Централното биро на НФП во јануари 1910 г. го исклучува од членство на Ј.Сандански - нејзиниот општо познат лидер, во неговото исклучување удел има и Д.Влахов. На Ќустендилскиот конгрес на ВМРО одржан през март на 1910 г. Јане е исклучен од ВМРО. Вонредниот конгрес на НФП е одржан во Солун през април 1910 г., го отстранува ЦБ на чело со Д.Влахов, а новоизбраниот го сочинуваат: д-р Х.Тенчев (претседател), Д.Мирасчиев, Ч.Кантарџиев, А.Бујнов, Т.Спасов - Серски (членови). Една година по оснивањето НФП през август 1910 г. е забранета.

53.) Васил Главинов, р. 1869 г. во Велес, „прв пропагатор на социјалистичките идеи во Македонија“. Во 1887 г. заминува во Софија каде отвара своја дрводелска работилница. Станува социјалист под влијание на делото на Димитар Благоев (1856-1924), родум од македонското село Загоричани, кој пак е: „прв пропагатор на социјалистичките идеи во Бугарија“.

В.Главинов ја подржува четничаката акција на ВК во 1895 г., но после се ориентира кон партиските работи. За да го придобие за Организацијата Г.Делчев му предава на чување украдени пари од бугарската пошта, но кога дошол Г.Делчев да ги распределата парите за социјалистите и комитите, В.Главинов му одговорил дека дождот ги однел од место каде што ги закопале. За таков престап Организацијата вообичаено казнувала со смрт, но Г.Делчев не дозволил да го егзектираат и повеќе не сакал да му излезе пред очи.

Поттикнат од Д.Благоев, В.Главинов во 1900 г. формира социјалситички кружоци во Велес, Скопје, Битола и Крушево, каде се одржува „првата социјалистичка конференција во Македонија“ на која присуствувале: Н.П.Русински, В.Марков, Н.Карев, П.Костов и брат му Лазар Главинов.

В.Главинов учествувал во издавањето на социјалистичките весници „Революция“ (1895), „Политическа свобода“ (1888), а во 1909 г. започнава да го издава в-кот „Работническа искра“. Од 1898 г. до 1902 г. издава неколку брошурки под заеднички наслов: „Македонска работническа библиотека“. Ја подржува идејата за создавање република Македонија, а поимот Македонец во неговите печатени пропагандни материјали има само политичко и географско значение. Станува член на БРСДП (т.с.), во 1910 г. учествува на Првата балканска социјалдемократска конференција во Белград, каде останува до почетокот на Првата балканската војна. Се враќа во Софија, а по Првата светска војна станува член на ЦК на БКП. После 1923 г. се повлекува од политичкиот живот. Починал во Софија 1929 г.

54.) Во Македоно-одринското ополчение, според Дрвингов имало 14.670 доброволци, од кои: 1.215 од Одринско, 13.455 од Македонија (од кои: 531 печалбари дојдени од странство и 2.512 граѓани на Бугарија родум од Македонија). Во партизанските одреди и чети заедно со бугарската армија учествувале и 2.174 доброволци од Македонија и Одринско. Во бугарската армија имало вкупно 16.844 доброволци од Македонија и Одринско. Во двете балкански војни, од составот на Македоно-одринското ополчение (14.670 души), 819 биле убиени, 177 умреле, 377 се прогласени за исчезнати, а 2.261 биле ранети, т.е. загубите изнесуваат 25% од составот. За време на двете балкански војни во Бугарската армија војувале доброволци и регрутирани вкупно околу 30.000 војници од Македонија. Во Првата балканска војна во српската војска, според проценката на македонскиот историчар П.Стојанов, може да имало околу 300 доборволци од Македонија и доброволци од македонските печалбари во Србија. Според податоци од командата на III-та српска армија стационирана во Велес на 05.06.1913 г. под нејзина команда имало 230 доброволци, од кои 65 муслимани и 165 христијани добоволци, претежно од Космет. Српката армија во Втората балканска војна од пропагано-политички причини со насилна регрутација формирала „Доброволечки полк“, кој формациски можел да има три баталјона по 800 војници. Но, српската власт немала доверба во месното македонско население, а ниту пак Македонците сакале доброволно да служи во српската армија. Дали овој полк бил пополнет не ми е познато.

55.) Димитар Чупаров - Димитрија Чуповски, р. 1878 г. во с. Папрадиште, Велешко. Се школувал во Крушево, потоа работи како молер во Софија, каде учи во вечерното училиште организирано од Д.Гурев и П.Попарсов. Во втората половина на 1892 г. учи во Белград - во Подготвителното светисавско училиште, кое имало за цел од неговите воспитаници да создаде работници за српската политика тие откако ќе се вратат во Македонија. Кога го завршил светосавското училиштето Д.Чупаров се враќа во родното село Папрадиште и работи како учител, но наскоро се враќа во Србија, а оттаму заминува за Русија. Две години учи во Новогородската семинарија, а во 1900 г. се запишува во Петерсбугшката семинарија. Во 1902 г. во Петерсбург со К.Мисирков, С.Дедов, А.Мишајков и др., вкупно 19 души, учествува во формирањето на „Македонското студенстко другарство“ кое во 1903 г., нараснато на 23 члена (меѓу кои е и брат му), друштвото се преименува во „Македонското научно-литературно здружение Св.Климент“. Во 1905 г. исклучен е од Петербургшкатиот универзитет поради учество во студенстски бунт. Пролетта на 1912 г., заедно со брат му Н.Димов (1876-1916) и Г.Константиновиќ го преименуваат студентското другарство во „Словено-македонско национално-просветно другарство Св. Крил и Методија“. Тој е првиот автор на македонистичка етнографска карта. Во 1913-1914 г. го издава списанието „Македонски глас“ (11 броја). Се тврди дека бил „учесник во Октомвриската револуција“(т.е. граѓанската војна предизвикана од болшевиците), но не е познато каде се борел. Со перо се залагал за создавање на Балканска федерација. Откако заминал за Русија никогаш повеќе не се вратил во Македонија. Последната статија ја напишал 1923 г. Умрел 1940 г. во Ленинград (Петерсбург). По создавањето на самостојна Република Македонија неговите коски во РМ се вратени од Б.Ристовски.

56.) Лондонската мировна конференција свикана е во средината на декември 1912 г. со цел: потпишување на договор меѓу победничките во Првата балканска војна (Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора) и поразената Турција, која со намера да задржи што поголема територија на Балканот, предложила на Македонија и Албанија да им се даде автономија под суверинет на Турција. Албанија на 27.12.1912 г. е призната за независна држава, а предлогот за Македонија не е прифатен. Србија и Грција уште пред војната тајно се договориле дека нема да дозволат создвање на самостојна Македонија, ниту постоење на бугарско-албанска граница меѓу државните граници на Србија и Грција. И Бугарија го обила турскиот предлог за создавање на автономна Македонија. Лондонската конференција завршува на 30.05.1913 г.

Меморандумот потпишан од Д.Чуповски, Н.Димов, Г.Константинович и А.Везников, во името на македонската колонија во Петерсбург, до Лондонската мировна конференција е испратен на 01.03.1913 г. Во меморандумот Д.Чуповски пишува дека: „2/3 од населнието на Македонија претставуваат посебно словенско племе“ и со истиот приложил своја етнографска карта. Според македонската историографија, со овој меморандум: „Чуповски го пренесува гласот на целиот македонски народ“.
Historianhttp://www.blogger.com/profile/07783718929733952551noreply@blogger.com0tag:blogger.com,1999:blog-38717923.post-1326824640561764572010-02-18T14:26:00.000-08:002010-02-18T14:26:38.375-08:00Грбовите на Македонија (8)
Според А.Матковски: „Од многубројните дела на најраниот македонски преродбеник и хералдичар Жефаровиќ, најважен труд и истовремено најзначајна книга во XVIII век за сите Јужни Словени била неговата „Стематографија“, која одиграла револуционерна улога во националното будење кај речиси сите Јужни Словени, а во помала мера дури и кај другите Словени.

Иако оваа книга не е оригинал - кажува А.Матковски, - туку превод и малку преработено издание на Стематографијата на Витезовиќ со своите грбови над 200 години имала влијание и уште го има за националното осознавање кај Јужните Словени.

Цели 200 години претставува единствен и основен хералдички прирачник меѓу Јужните Словени и тоа на црковнословенски јазик, со руска редакција, на кој јазик тогаш пишувале повеќе јужнословенски писатели. [Руско-црковнословенскиот јазик на кој што е напишана Стематографијата Жефарович го нарекува „славјано-сербскиј“.] Целиот наслов на овој труд гласи:

Книгата излегла на 21 октомври 1741 г. во Виена. Значи токму во оној ден кога Арсение бил потврден за патријарх и не случајно книгата нему му е посветена.

Посветата на архиепсикопот Арсение IV Јовановиќ (1699-1748), кој е титулиран: „Архиепископу пекскому, Всех Сербов, Болгаров, Западнаго Помориа, Далмации, Босни, Обоподунаја и Целаго Иллирика“.

Набрзо по првото излегло и второто издание. Меѓу двете изданија нема суштествена разлика, освен што во второто издание на крајот има додадено една песна во пофала на Жефаровиќ и што во второто издание отпаднала една слика со грбовите на словенските народи. За второто издание биле употребени истите бакрорезни плочи од првото, со сосема мали измени. Стематографијата не е во боја, но затоа со хералдичко шрафирање се означени боите. На крајот на книгата има легенда, објаснување за тоа која боја со какво шрафирање е означена. Книгата има вкупно 110 страници и почнува со 16 гравури на јужнословенски светци и владетели, меѓу кои и портретот на Арсение IV. На овој начин патријархот Арсение Јовановиќ, зографот Жефаровиќ и патријаршискиот писар Павле Ненадовиќ го измениле карактерот на книгата на Витезовиќ. Таа веќе не бил албум со грбови, туку биле дадени и 30 портрети на јужнословенски владетели и светци, портретот на Арсение IV, триумфалниот портрет на цар Душан на коњ и две пофални песни: една во пофала на патријархот, а другата во чест на Жефаровиќ. Вака концепирана Стематографијата ги потенцирала политичко-црковните барања на патријархот и граѓанството во Војводина. Со ова содржина книгата јасно го поткрепува барањето на српската црква во поглед на нерешената јурисдикција над православните воопшто, а особено над православните во Австриската империја, а бидејќи тоа одеше во прилог на австриските претензии врз православните народи во Турција, австриските власти го одобриле излегувањето на Стематографијата.

Стематографијата ја работеле двајца гравери, Жефаровиќ и виенскиот мајстор Месмер. Жефаровиќ ги правел цртежите, а Месмер ги сечел во бакар. [Х.Жефарович под секоја гравура која ја изработил ставал свои иницијали. „С. Ч. Х. Ж.“ - С-ече, Ч-ерта (црти), Х-ристофот Ж-ефарович.] Значи, работата на Месмера била исклучиво од техничка природа, додека Жефаровиќ ја вршел уметничката работа и дал форма на книгата. Се смета дека Жефаровиќ ги цртал и ги режел само светците и владетелите, а текстот и грбовите ги режел Месмер.

Грбовите во Стематографијата од уметничка гледна точка се најслабо гравирани и изгледа дека нив ги направиле учениците на Месемера, бидејќи се работело само за копирање на Витезовиќа. Прво е даден грбот на Патријаршијата, грбот на Илирија, на Немањиќкото царство, а потоа се редат, по азбучен ред, другите, вкупно 58 страници со грбови. Тука се грбовите на Албанија, Австрија, Бесарабија, Чешка, Русија, Крит, Дакија, Епир, Дарданија, Грција, Истра, Мизија, Полска, Скитија, Турција, Трансилванија и сите други области, кои, според разбирањето од средината на XVIII век, влегувале во составот на Илирик или сите други области во кои некогаш живееле Словени. Стематографијата несомнено преставувала споменик на панславенизмот и директно влијаела врз илирската идеја. По грбовите, во Стематографијата се дава текстуално објаснување за секој оделелн грб. Ова поглавје носи наслов: „Изјасненије знамении или арм предложених“. Оттука се гледа дека кон средината на XVIII век уште не бил познат зборот „грб“ , туку наместо него се употребувани зборовите „знамени“ или латинскиот „арм“.“ (А.Матковски, оp. cit. 125-126) Всушност, овие појаснувања за секој грб во Стематографијата на Жефарович се преводи на истите од Витезовиќ.

Портретите на „Св.Климент, архиепископ Охридски, и Св. Теофилакт, болгарскиј архиепископ“ во Стематографијата на Жефарович. Тука „Св.Теофилакт“ е Гркот Теофилакт од Ефбеја, охридски архиепископ. Не позната годината на неговото раѓање, починал 1126 г. Не може точно да се утврди датата кога Теофилакт станал: „архиепископ бугарски“, т.е. „Теофилакт бугарски“ како што самиот се потпишувал. Се смета дека оклу 1084 г. станал охридски архиепископ. Запазента обемна преписка од 127 писма на Теофилакт Охридски, создадена меѓу 1091 до 1118 г., во времето додека тој архиепископувал, е даргоцен извор за нашата историја. Од него се останати: Житие на 15-те тивериополски маченици, Житие на Св. Климент Охридски, Служба на Св. Климент Охридски и други творби.

Значаен културен настан кој временски се совпаѓа со печатењето на Стематографијата на Жефарович, е издавањето на Москополскиот зборник во печатницата во гр. Москополе, кој тогаш бил под црковна јурисдикација на Охридската архиепископија. Во седумте наслови во Москопослскиот Зборник на Служби на светци печатени во 1741 г. се Службите на Светите Седмочисленици, Св.Петнаесет Тивериопослки Маченици, Св.Еразмо, Св.Наум, Св.Јован Владимир и Св.Никодим, а во 1742 г. Службата на Св.Климент.

Според Г.Шоптрајанов: „Во Стематографијата на Жефарович се дадени цртежи на српски и бугарски владетели и светци, како и илирски, словенски и други грбови. Таму се ликовите на Методиј, Нум, Климент, Сава српски, но и грбови на Србија, Бугарија, Македонија, Русија, Турција, Грција... Целта на Жефарович, меѓу другото, била: кај Србите и Бугарите да го пробуди народносното сознание, чувството за гордост за „некогашната слава“. Книгата била многу распространета во словенските земји и придонела за афирмирање, односно разбудување на националното и народносното движење кај Јужните Словени. Тоа тој го постигнал не толку со текстот - прво „уметничко стихотворство“, колку со хералдичките цртежи...“ (Г.Шоптрајнов, op. cit. 32-33)

Пак според А.Матковски: „Многустраното значение на Жефаровиќевата Стематографија во науката е одамна познато. Појавата на ова книга претставува значаен датум во јужнословенската литература. Таа придонела за духовното формирање и националното будење на граѓанството... Стематографијата на Жефаровиќ, напишана на словенски јазик, им била достапна на сите писмени и полуписмени луѓе, па дури и на неписмените луѓе, бидејќи била во слики, во вид на албум-сликовница на словенските грбови, владетели и светци, а на јужнословенските народи што немале слобода, тие им оставиле голем впечаток и им влевале национална гордост. Во тоа време кога историјата не се ни учела во ретките училишта, таа требало да даде извесни знаења за историјата на Јужните Словени и да го подигне духот, моралот и патриотизмот.

Портетите на „Св.Давид, цар болгарскиј, и Св.Теокист“ во Стематографијата на Жеарович. Според сфаќањата во времето на Жефарович, споменатиот „Св.Давид“ кратко време бил бугарски цар, потоа се замонашил поставувајки го на бугарскиот царски престол брат му Самуил.

...Таа [Стематографијата на Жефарович] - според А.Матковски - ги истиснала псалтирите, часловците и другите слични црковни книги и станала најсаканата книга меѓу сите Јужни Словени. Од Стематографијата учениците ги учеле буквите, а старите од неа се напојувале со политичка и патриотска свест. Дека била многу барана книга се гледа и од тоа што наскоро излегло второ и трето издание. Кон ова работа Жефаровиќ пристапил не само од комерцијални, туку и од патриотски причини, што не ги криел, туку напротив, истакнувал дека желбата му била да ги воскресне славата на словенското оружје и на јужнословенските царства: „да би памятта между человеки не угасла, но была, въ вечния веки; дерзнух сию книжицу типом написати“. Таа имала толку големо влијание, што австриските власти морале да ја забранат нејзината употреба, ја ставиле во „index librorum prohibitorium“ т.е. во списокот на забранетите книги и со закана со смртна казна.

Симболот на Дарданија е црвен лав со мала кнежевска круна на сребрена (бела) позадина. После прогонот на Трибалите од просторите на денешна северна Македонија од војските на Александар III Велики, Скопје во следните векови станало метропола на Јужна Дарданија. За време на словенската колонизација на Балканот, во административната поделба на Источното Римско Царство Скопје е во провинцијата Дарданија.

Стематографијата има и големо хералдичко значение, бидејќи од нејзината појава па сè до денес [1991 г.] била основен извор за хералдичките потреби; кај сите Јужни Словени таа служела за примена на хералдиката во практика. Така, за печатот на Караѓорѓе биле земени три грба (на Србија, на Босна и на Неманиќи), во една комбинација, од Жефаривиќевата Стематографија. Грбовите на Србија и на Тривалија од Стематогрфијата на Жефаровиќ влегле во печатот на Правителствувујушчиот совет [т.е. владата] на Караѓорѓева Србија. Владата на Милош Обреновиќ се определила за грбот од Стематографијата на Жефаровиќ што претставувал крст со четири огнила и Сретњанскиот устав во 1835 г. го прогласила за државен грб на Кнежеството Србија, а по Уставот од 1888 г. се заменува со двоглав орел на црвен штит, пак земен од Стематографијата на Жефаровиќ и станал грб на кралството Србија, кој со незначителни измени останал сè до до 1918 г.

Симболот на „Тракија Римска“ е златен лав без круна на сина основа.

По ослободувањето на Бугарија, бугарското уставотворно собрание во 1879 г. за државен грб на Бугарија го прогласило грбот на Бугарија земен од Стематографијата на Жефаровиќ. Во чл. 21 од Уставот се вели: „Бугарскиот државен грб е жолт лав со круна на темно-црвено поле, а над полето царска круна“ - што значи дека го примиле без никакви измени грбот што бил кај Жефаровиќа на стр. 36 од второто издание. Според спогодбата од 1868 г. бил утврден грбот и на Кралството Хрватска, во кој влегле три грба во една комбинација, сите земени од Стематографијата и тоа грбовите на Хрватска, Славонија и Даламација. Со уставот од 1905 г. грбот на Црна Гора бил двоглав бел орел, пак земен од Стематографијата. На 1 декември 1918 г., кога беше формирано Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, пак беше поставен на дневен ред нов државен грб. Според Видовденскиот устав од 1921 г., за грб на Кралството е прогласен двоглавиот бел орел и црвениот штит. На градите на орелот се наоѓаат грбовите: српскиот - крст со четири огнила, хрватскиот - штит со 25 полиња и за словенечкиот беше земен стариот илирски грб со полумесечина и шестокрака ѕвезда, како што е во Стематографијата. Значи, сите три грба биле земени од истата книга. (И во врмето на т.в. „Независна држава Хрватска“ хрватскиот грб од Стематографијата бил официјалниот грб на усташкта држава.)

Грбот на „Тракија Одринска“ во Стематографијата на Жефарович.

Новите социјалистички грбови на Србија, Хрватска, Словенија и Бугарија и покрај некои мали измени ги зачувале и елементите од старите грбови што биле во Стематографијата. По ослободувањето Македонија прогласи свој грб но поради задоцнување и незнаење не се угледа на Стематографијата, како што бил случајот со другите јужнословенски народи.

Грбовите на поранешните социјалистички републики во СФРЈ, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија.

Во Стематографијата на Жефаровиќ македонскиот грб го има трипати и тоа еднаш посебно, а двапати заедно со другите словенски грбови. Во првото издание македонскиот грб е даден во склопот на една композиција од 56 грба. Во средината е цар Душан на коњ, а околу него се грбовите на сите Словени, т.е. на областите и провинциите во кои живееле Словени и тоа од Јадранското Море до Северниот Леден Океан. Во оваа концепција јасно преовладува „панславизмот“ и „илирско-српската идеја“ за обединување на сите Словени, односно на сите Јужни Словени. Овде е македонскиот грб даден под бугарскиот. Македонскиот лав е црвен на жолто поле, на штит со италијанска форма. Околу сите грбови оди лента која ги поврзува во едно и така симболички е преставено единството на сите Словени. Над секој грб, на лентата пишува чиј е гбот. Над македонскиот пишува „Македонiя“.

Во второто издание ја нема ова композиција туку е заменета со една друга слична: околу цар Душан во круг има 20 грба, а во сите четири агли уште по еден, што значи вкупно 24. Во оваа композиција отпаднале грбовите кои не се однесуваат на Јужните Словени... Панславизмот очигледно овде е заменет со панјужнославизмот, но е зачувна „илирско-српската идеја“. Македонскиот грб и овде и во предходната композиција, е црвен лав на златно-жолто поле, за разлика од бугарскиот, којшто е жолт лав на црвено поле. И овде околу грбовите оди лента што ги поврзува и така симболички е претставено единството на Јужните Словени.

Стиховите во слободен превод на А.Матковски гласат:

Исправен црвен лав на златно поле,

Знамение на црквата на која се прави чест

Големиот Турчин ја однел дијадемата од лавот;

Изгубив јас секаква чест што толу ја имав.

Стиховите се поинакви од оние на Витезовиќ.

Во Стематографијата на Жефаровиќ македонскиот грб е даден посебно. Тоа е црвен лав на злотно-жолто поле, од што јасно се гледа дека е земен од Витезовиќ, заедно со сите грешки во боите што Витезовиќ ги заменил, т.е. бугарскиот грб ги добил дотогашните бои на македонскиот грб, и обратно. Штитот е шпански, исто како кај Витезовиќ. Над главата на лавот нема круна, која инаку ја има македонскиот лав во „Илирските грбовници“. Над штитот има царска петокрака круна. Над грбот пишува „Македонiя“. Под грбот има четири стиха кои, всушност, се превод од латински на црковнословенски.“ (А.Матковски, Ibid. 126-129)

Според А.Василев: „При преставувањето на одделните грбови Жефарович се служел со неколку вида круни, кои ја определуваат симболичката суштина на грбовите, т.е. дали тоа се грбови на држави или на области, вклучени во нивните предели, на кнежества или на држави, кои стојат надвор од христијанскиот свет. Така, додека на грбот на Бугарија круната е царска, тие на нејзините области Мизија, Тракија, Македонија и Дарданија се кнежевски. ...Отсутвото на круни на лавовите во грбовите на Тракија и Македонија и малата кнежевска круна на лавот од грбот на Дарданија, како и кнежевските, а не царските круни на тие области, недвосмислено покажуваат дека, прво Витезовиќ, а потоа и Жефарович, сакале да ја потцртат нивната подвалстена припадност кон бугарското царство со статус на одделни области, обединети во едно цело - Бугарија.“ (А.Василев, Ibid. 19 и 26-27)

ВО ИЗРАБОТКА

НОВ ТЕКСТ ВО ПРВАТА ДЕКАДА НА СЕПТЕМВРИ.
Historianhttp://www.blogger.com/profile/07783718929733952551noreply@blogger.com1tag:blogger.com,1999:blog-38717923.post-18464618231039041712010-02-18T14:24:00.000-08:002010-02-18T14:27:31.561-08:00Грбовите на Македонија (7)
Македонскиот грб во ракописната Стематографија

на Павао Ритер Витезовиќ од 1694 г.

Ритеровата стематографија има наслов „Regnorum et provinciarum ilyricorum insignia genuina“, а меѓу 30 и 31 стр. има нов наслов: „Magnatum et nobilium quorud Croatiae regnum insignia“.

Според А.Матковски: „Витезовиќ од невнимание и несакајќи направил огромна грешка, која потоа оставила длабоки последици сè до денес. Тој ги заменил бугарскиот и македонскиот грб. Таква замена можела да се случи, бидејќи грбовите имаат ист амблем, но боите им се различни. Разликата била во тоа што над македонскиот грб пишува „Macedonia“, а

над бугарскиот „Bulgaria“. Витезовиќ знаел многу добро што значат боите во хералдиката. Оваа несвесна замена ја направил поради тоа што што тој не ги цртал ни составувал грбовите на балканските народи и семејства; туку тој ги сечел грбовите од некои постари збирки на грбови. Овие сечени грбови, потоа ги лепел на бела хартија што потоа ја укоричил во вид на книга. Исечоците не ги сечел заедно со написите што биле напишани над или под грбовите (во тој случај не би згрешил), туку ги сечел без нив.

Потоа, на хартијата на која ги лепел исечените грбови го пишувал написот и така над грбот на Македонија напишал „Bulgaria“, а над грбот на Бугарија напишал „Macedonia“. За ова грешка тој никогаш не се сетил и така ја печател и Стематографијата во 1701 г., а потоа пак и Жефаровиќ ја отпечатил својата Стематографија по прмерот на Витезовиќ, заедно со ова грешка за која и Жефаровиќ не знаел. Меѓутоа, и пред и по грешката на Витезовиќ во сите грбовници и ракописи македонскиот грб е жолт лав на црвено поле, а бугарскиот е црвен лав на жолто поле, т.е. сосема обратно од стематографијата на Витезовиќ и Жефаровиќ. ...По ослободувањето на Бугарија, кога се поставило прашањето за бугарскиот државен грб, тој бил земен со оние бои какви што биле на Стематографијата на Жефаровиќ. Никој тогаш не мислел да ја проверува точноста на Стематографијата на Жефаровиќ, кој, како прв и единствен печатен хералдички труд на црковнословенски јазик, имал огромно влијание. И во двете стематографии се провлекувале истите грешки, но бидејќи тие биле печатени во многу примероци и во по две изданија, извршиле такво влијание, што по ослободувањето на Бугарија таа ги примила оние бои на својот грб, какви што биле означени во овие две стематографии, а не боите што биле во ракописните грбовници. Поради ограничениот број на таквите грбовници, повеќе од кои се наоѓале во разни манастири и дворци, т.е. на непристапни места за широк круг на луѓе, тие и не можеле да такво хералдичко влијание, какво што имале печатените стематографии, иако и со грешки. ...Заедничкото со Стематографијата на Жефаровиќ е во тоа што и во двете стематографско се дадени само земски грбови“. (Ibid. 112-113)

Македонскиот грб во печатената Стематографија

на Павао Ритер Витезовиќ од 1701 г.

Според Матковски: „Втората половина на XVII век е период на барање перспективни решнија за опстанокот Јужните Словени што се наоѓаат под власта на Турција и Австриската империја. Во овој период зрела дефиниција и образложена научна концепција за посебноста и самоботноста на Словените воопшто, а особено на Јужните Словени, дал Павле Ритер Витезовиќ (1652-1713). Тој бил писател, историчар, печатар, бакрорезец, политичар и воодушевен приврзаник на „илирската идеја“. ...Во својата книга „Cronika“, печатена во Загреб 1696 г. Витезовиќ ја изложил својата панславистичка идеја и вели дека Илир, Словенин, Словенец или Словинац е едно исто и дека јазикот илирски е исто нешто што и словенскиот. Така, сите Словени ги прогласува за Илири и истакнува дека „словенскиот народ“ живеал од изворот на Дунав до Црно Море и од Јадранското до Средоземното Море, па сè до московската држава и уште понасевер, до ледените земји. ...Интересно е кај него тоа што тој се ослободува од „илирско-австриската“ идеја и создава „илирско-хрватска“ идеја на тој начин што ги глорифицира оние симболички остатоци што ги имала тогаш Хрватска и смета дека во натамошниот развиток на и таква Хрватска може да биде база за веќање на сето тоа што е изгубено кај Јужните Словени. Поради тоа, Србија, Рашка и Бугарија [Македонија не се спомнува. - Заб. моја.] ги смета за „Onostrana Hrvatska“ а на верските разлики не им придава големо значение.

Во 1700 г. го напишал својот поетско историски труд „Plačuća Hrvatska“. Тоа е епопеја во која се прикажени два века (1501-1701) тешка борба на Хрватска против Турците и Венеција. Но веднаш по „Plačuća Hrvatska“ во истата 1700 г. ја издва „Oživjela Hrvatska“ или приказ што преставувала некогаш Хрватска и до каде се простирала таа. Овде ги употребува термините „Planinska Hrvatska“ за Хрватска, Крањска, Корушка и Штаерска и „Crvena Hrvatska“ за Србија и Рашка. Во „Crvena Hrvatska“ ги става уште Бугарија, Македонија и Тракија. Тој истакнува дека му е познато оти разни области од „Илирикот“ имаат посебни граници, дијалекти, имиња, грбови и посебни обичаи, но тоа не му пречело бидејќи тоа биле само мали разлики на еден единствен народ илирски, или словенски или хрватски.“ (Ibid. 113-115)

За хрватската политичка мисла содржана во делото на Витезовиќ „Croatia rediviva regnanate Leopolda magno Caesare“ (Оживеана Хрватска под власта на големиот цар Леополд) хрватскиот историчар Иво Периќ кажува: „Според конструкциите на тој пограмски документ „оживеана“ Хрватска се покажува како панкроатистичка творба, која се простира меѓу три мориња - Јадранското, Црното и Балтичкото. Во таа велика Хрватска - нагласувал Витезовиќ - нема разлика меѓу Хрвати, Словени и Илири, ниту пак разлика меѓу хрватскиот, словенскиот и илирскиот јазик. Во различността на називите на тој простор, тој му дал предност на хрватското име и за народот и за јазикот на тој народ.“ (Ivo Percić, Hrvatska državotvorna misalo u XIX i XX stoljeću. Zagreb 2002. 11)

И според Георги Шоптрајанов: „Историските трудови, вклучувајќи ја Стематографијата, важни се за науката со тоа што Витезовиќ прв ја развил т.н. „великохрватска идеја“, која, во политичка смисла, според него, Хрватска ги опфаќа сите југословенски земји, политичка и културна идеологија за создавање на нивно единствено име, единствен литературен јазик и слично.

Таквите мисли, подоцна се прифатени од Љуевиг Гај, идеологот на Илирското движење во Хрватска и пошироко.“ (Георги Шоптрајанов, Хералдика, сигилографија, екслибристика (Врз примери од културата на Велес). Скопје 1999. 35)

Пак според А.Матковски: „Неговите трудови [т.е. делата на Витезовиќ] од областа на лингвистиката биле „Gramatika ilirskog jezika“ и „Ilirsko-latinski rečnik“. Отука се гледа колку била сериозна и принципиелна национална концепција. Бил уверен дека јужнословенското единство треба да се гради врз база на рамноправно учество на партикуларните делови, но така што новата голема целина, да не преставува негација на одделните индивидуалности. Додека лингвистите пред него и во негово време литературниот јазик и граматиката на Јужните Словени ги составувале главно на еден дијалект, а тоа значело и негација на сите други, оваа решение тој го барал потпирајќи се на целото јазично богатство од сите краишта каде што живееле Јужните Словени и на тој начин сметал дека „sve južnoslovenske posebnosti vrijedne su da budu afirmirane“ (Цитирано според: Črnja, Kulturna historija Hrvatske, Zagreb str. 342-345).

Како што се гледа, - кажува Матковски - Витезовиќ бил основач на модерното гледање на националното прашање меѓу Јужните Словени. Повеќе од два века пред појавата на младата грѓанска класа, која ќе се соочи со ова деликатно пршање и која не ќе знае да се снајде во целата ова комплексност, тој најмногу се доближил до современите разбирања иако и кај него уште многу работи останале нејасни.

Од многубројните негови трудови најголемо политичко значење имала неговата Стематографија која во оригинал го има следниот наслов: „Stammatographia sive armorum illyricorum delineatio deskripto et restitutio, Autore Equite Paulo Ritter“. ...Стематографијата не е во бои, туку во црно-бела бакрорезна техника, но затоа со хералдичко шрафирање се означение боите. Непосредни и основни извори за Стематографијата му биле илирските грбовници што ги наоѓал по разни манастири и библиотеки, Минстеровата Gosmograpfia и делото на „Il redno de gli Slavi“, од каде што зел доста грбови. ...Занесен од пансловенската-илирска идеја, во својата Стематографија ги ставил грбовите на „sve zemlje ilirske“ т.е. од Иворот на Дунав до Црно Море и од Јадранско до Беринговиот Мореуз. Тука ги внел грбовите на оние територии, кои, според тогашните разбирања биле населени со словенски жители. Поради тоа, покрај грбовите на Русија, Чешка, Полска и другите словенски територии, тука ќе се најдат и грбовите на Албанија, Австрија, Бесарабија, Дарданија, Епир, Грција, Романија, Скитија, Тесалија, Тракија, Трансилванија, Турција, Унгарија и др. Грбовите се ставени по азбучен ред според латинската азбука. Под секој грб има четири стиха кои на латински јазик го објаснуваат грбот. ...

Слободен превод на стиховите според А.Матковски:

Златните мои штитови се украсени со црвен лав

Некогаш биле грбови на царско достоинство,

Тој го заменил големиот лав со турска чалма,

Кој (штит) ја изгубил вредноста по отсранувањето на лавот.

Витезовиќ извршил три значајни измени во македонскиот грб.

1. Овде грбот има штит во шпанска иликвадратна форма која до Витезовиќ на се појавува, туку македонските грбови имаат германска, а поретко француска форма.

2. Истотака напрвил големи измени во боите на грбот. Сè до Витезовиќ, македонскиот лав е жолт на црвено поле. Во Стематографијата на Витезовиќ е обратно: лавот е црвен на жолто-златно поле. Значи македонскиот грб ги примил боите на дотогашниот бугарски грб, бугарскиот ги примил боите на дотогашниот македонски грб. Ова е многу значајна измена, бидејќи таа се пренесува понатаму и во другите хералдички публикации, а особено кај Жефаровиќа.

3. Над главата на македонскиот лав нема круна, додека над главата над бугарскиот лав има, за разлика од илирските грбовници, каде што истотака е обратно, т.е. круна има македонскиот грб, а бугарскиот нема.

Над штитот македонскиот грб има царска круна со пет крака, украсени со дијаманти. Над грбот пишува „Macedonia“ а под него има четири стиха на латински јазик...

...И покрај тоа што Витезовиќ допуштал вакви и слични промени, кои во хералдиката не се дозволени, и покрај историските неточности и мистично-поетски толкувања на грбовите, неговата Стематографија сепак преставува значаен и прв печатен хералдички труд кај Јужните Словени и како таква вршела позитивно влијание. ...Стематографијата била еден вид прокламација дека и Словените, а особеноЈужните Словени, имаат славно минато и наедно била повик за нивно обединување. ...Сè до 1741 г., т.е. до појавата на Жефаровиќевата Стематографија, значи цели 40 години, таа била единствен печатен труд на Јужните Словени и поради тоа имала големо морално политичко значение. Нејзин голем недостаток бил тоа што била пишувана на латински јазик, кој за обичниот човек бил неразбирлив. Значи, таа била наменета за учениот свет, кој тогаш го употребувал латинскиот јазик. Овој недосток го здогледал Жефаровиќ, кој во 1741 г. издава своја Стематографија, малку изменета од онаа на Витезовиќ, но што е мошне важно била на црковсно-словенски јазик и затоа јасна за секого. По појавата на Стематографијата на Жефаровиќ, влијанието на Стематографијата на Витезовиќ се ограничило само на западниот дел на Јужните Словени... додека влијанието на Стематографијата на Жефаровиќ се проширило меѓу сите Јужни Словени, а особено кај јужнословенските народи што се наоѓаат источно од Хрватска и тоа главно, меѓу трговците и граѓанството.“ (Ibid. 112-118)

Македонскиот грб на печатите

на воените лица во Војводина од 1712-1728 г.

Според А.Матковски: „По разгромот на Карпошовото востание и во времето на повлечувањето на австриските војски, Многу Македонци, заедно со Срби, Црногорци и Албанци, се повлекувале пред навлегувањето на Турците. Особено многу Македонци имало до северните краишта на Македонија. ...Дека биле од Македонија се гледа од нивните имиња, како, на пример: „Паунко Македонац, Серзели, Манастирли, Кратовали итн.“ Овие Македонци, како воени лица, имале право на приватни печати. Амблемот на нивниот печат обично бил исправен лав каков што бил во Стематографијата на Витезовиќ. Покрај лицата по потекло од Македонија, лавот како амблем го земале и некои Срби и Црногорци, бидејќи лавот бил најсакан амблем меѓу офицерите. Податоци за употребата на македонскиот лав во печатите на воените лица во Војводина дава Груиќ... но не дава илустрации на печатите за кои станува збор, ниту кажува каде ги видел.“ (Ibid. 118-119)

Меѓу емигрантите од Македонија после Карпошевото восатание е и Велко Попович од Кратово, кој во 1704 г. во град Буда (покасно Будимпешта) препишува зборници и летописи, а во 1706 г. учествува во спроведувањето на посмртните останки на српскиот патријарх Арсенија Черноевич III од Буда до еден манастир во Срем. Велко Попович од Кратово во 1704 г. своите ракописи запишал дека потекнува од „отечество“ (родно место) „Бльгарскïе земли, от места Кратова“. (Й.Иванов, op. cit. 183)

null

Јужната граница на Пеќката патријаршија во 1640-1655 г. изработена од српкиот историчар С.Терезиќ.

Во патописот на монахот Јеротие Рачанин (калуѓер во манстирот Рача кај Бајина Башта - Србија) од 1704 г. стои: „Велес, град бугарски“. (А.Мaтковски, op.cit. 667)

Францускиот археолог и патописец Пол Лука (1664-1737) во својот „Опис на Македонија“ од 1704 г. пишува за неговото патување по крајбрежјато на Белото Море:

„Оваа област на Грција се протега од северниот брег на заливот Контеса до дното на заливот Негропонд [Евбеа, грч. остров во Белото Море. - А.М.]. Планините Олимп [Планина во Грција, меѓу Македонија и Тесалија, крај Солунскиот Залив.], Пелион [Планина во источна Тесалија.], Оса [Античко име на планина во Грција, на југ од Тесалија, крај беломорското крајбрежје.] и Пинд [Планина во Грција, меѓу Тесалија и Епир.] ја делат од Романија и Бугарија на север, од Албанија на запад, од Ливадја [Град во Грцијија, во Беотија.] на југ, и на исток е Архипелагот кој овде образува повеќе заливи. Најзначајни реки се: Аксиус [Вардар], Еригон [Црна Река во Македонија], Алијакмон [Бистрица] и Пене [Античко име на река што поминува низ градот Лариса.]. Денес таа е поделена на четири дела-области: Мaкедонија, Јaмболија, Коменилитарија и Јана, која била стара Тесалија. Ова земја, некогаш толку напредна, особени при владеењето на Филип и Александар Велики, денес е многу пропадната и грчките христијани кои тука живеат, живеат во голема беда.“

Според А.Матковски: „Од ова се гледа дека авторот [Пол Лука] ја смета Македонија за грчка област и ја поставува многу појужно отколку што е денес. Дури и во почетокот на XVIII век на многумина учени од Западна Европа уште не им било јасно што е Македонија и каде токму се наоѓала. Тие се поведувале од античкото разбирање на Македонија и оттука се гледа дека за нив овој поим уште бил неодреден. Интересно е како авторот ја дели Македонија на споменатите четири области.“ (А.Мaтковски, op.cit. 673)

Дубровничкиот пратеник Марин Кобога низ Македонија патувал од 8-13.08. 1706 г. минувајки низ Скопје, Куманово и Крива Паланка кон Ќустендил. Во неговиот патопис за народноста на македонското население се говори само за кумановското село Страцин: „...не сакавме да останеме во Страцин каде имаше само ан со неколку стари куќи на Бугари, а и овие диви“.(А.Мaтковски, op.cit. 678)

Пеќскиот патријарх Мојсеј при својот престој во Скопје во своето писмо од 04.10.1719 г. до митрополитот Викетие, кажува дека е во обиколка на своите епархии во „Блгарские земли“, т.е. во епархиите на територијата на Македонија кои биле под јурисдикација на Пеќската патријаршија.

Пеќскиот патријарх Мојсеј во своето писмо од 1722 г. до митрополитот Викентие, пишува дека во српската црква во Пеќ, од Солин дошле зографи: „еден Бугарин монах и еден Грк мирјанин со седум ученика“. (Й.Ивaнов, op.cit. 184)

Вo 1734 г. белградската митрополија собирала податоци за духовнате лица во својата епархија. Па така се спомнува: „јереј Јанко, родил се у Охриду ва Блгарскои земли, син Стојана Блгарина“. Според истиот извештај, во 1734 г. во село Клење - Белградска епархија, свештеникувал: „Јереј Петар Кленски... од село Банјани, близу Скопје“. Во изваштајот за попот Петар Кленски се кажува дека не умеал сосема добро да чита затоа што во читањето: „заносит јазиком блгарским“ - изгледа неможел правилно да ги акцентира српските зборови. (Й.Ивaнов, op.cit. 184-186)

Католичкиот надбискуп Михаило Сума (Албанец) во својот извештај од 16.12.1737 г. пишува дека градот Скопје „се наоѓа под турска власт во Кралството Србија“.(А.Мaтковски, op.cit. 761)

Во четвртата деценија од XVIII век во јужна Русија, право во Нежин, а потоа и во Одеса имало „грчка колонија“ т.е. православна црковна општина составена од емигранти од балканските простори. Во списокот на овие преселници е забележан: „Симеон Теодоров болгаринъ турецкой области з города Охрида, находился въ Нежинъ съ 1740 году“. Во овој список е забележан и: „Иванъ Димитрiевъ Сталевский болгаринъ Македонской провинцiи з города Искип [Скопје], заехал въ Нежинин въ 1745 году“.(Й.Ивaнов, op.cit. 186)

Македонскиот грб во грбовникот

наречен „Codex Kevešić“ од 1740 г.

Во времето кога А.Матковски ја подготвувал својата книга грбовникот наречен „Codex Kevešić“ се чувал како семејна реликвија во семејството на Глиго Ведран во Сплит. Во оваа семејство не било познато откога овој грбовник бил во нивна семејна сопственост. Создавањето на овој грбовик според хартијата на која е нацртан се датира од 1740 г. Не познато кој го правел грбовникот, но според тоа што во него некои грбови се повторувале и по двапати, но под различни имиња, А.Матковски заклучува дека грбовникот е изработен од: „некој што не се разбирал многу од хералдика, или се збркал во прецртувањето, па на две различни места цртал ист грб“. На корицата на грбовникот стои „Stemmi illirici esteri“, а на првата непагирана страница: „Diverse Armi dei Re Imperatore, Contadi e Duchi d’Ungaria e Bosna“.

Според А:Матковски: „Македонскиот грб, по својата композиција, сепак се разликува од другите посебни македонски грбови. Амблемот му е жолт лав на црвено поле. Над главата над лавот нема круна. Штитот на грбот има француска форма за разлика од другите македонски грбови, кои претежно имаат гераманска форма на штитот. Штитот наоколу е во рамка што не е случај кај другите македонски грбови. Над штитот има петокрака војводска круна украсена со дијаманти. Под штитот пишува: „Macedoniae“ без лента. Под целиот грбовник написите се само на латински.

Во овој грбовник македонскиот грб се сретнува и во составот на општиот грб... како и обично, е во првото горно поле во десната хералдичка страна: тоа е жолт полуисправен лав на црвено поле. ...Бугарскиот грб е црвен лав на жолто поле. ...доминира уште „илирско-австриската идеја“, а тоа се гледа од тоа што во средината и над грбот се наоѓа црниот австриски двоглав орел“. (119-121)

Македонскиот грб во Стематографијата

на Христофор Жефарович од 1741 г.

Според А.Матковски: „Христофор Жефаровиќ бил зограф, иконописец, калуѓер, трговец, прв македонски хералдичар и еден од најраните македонски преродбеници. Инаку самиот се потпишувал: „иллирïко рассïанскïи общïй зографъ“ и во средината на XVIII бил најбараниот уметник на просторот меѓу Солун и Пешта. За овој надарен уметник многу е пишувано како во општата историја, така и во историјата на уметноста. Предвоената [Се мисли на Втората светска војна.] историографија го сметала за Бугарин или Србин. Вељко Петровиќ во 1929 г. напишал текст за Жефаровиќ во Народната енциклопедија од Станое Станоевиќ, во којa прв напишал дека Жефаровиќ бил Македонец. Постои и мислење дека бил Влав од Дојран. За неговото родно место е сметан Охрид, или околијата на Охрид, но сè повеќе преовладува мислењето дека бил од Дојран.“ (Ibid. 121) Според В.Златарски, неспорно е дека Христифор Жефарович е роден во Дојран. Како година во која е роден Х.Жефарович се посочува 1690 г., но овој податок се смета за несигурен.

Завештанието на Х.Жефарович во почетокот на XX век се чувало во делото бр. 326 на Синодалниот архив во Петроград. Според Ј.Иванов: „Споменатото дело носи наслов: „1754-го года септабря 7-го дня. По доношенiю колегiи Иностраныхъ делъ о пожиткахъ свящтеника булгаря Зафаровича, кои оставлены въ Москве подъ охраненiемъ синодалнаго ризничесво.“ Од делото дознаваме дека Жефаровиќ имал брат свештеник по име Продан, а за неговиот роден крај дознаваме меѓу другото и од зборовите: „имеются по немъ оставшiя въ живых въ турецкой области въ првославной архiепископiи Салонской (т.е. Солунской) въ городе Догрiане братъ родной свящтеникъ и протчiя сродники“. (Й.Иванов, op. cit. 187)

Во посветата на Павел Ненадовиќ посветена на Х.Жефарович, спомнатиот српски патријаршискиот писар, на Х.Жефарович му се обраќа со: „ревнителју отечества Болгарскаго“. Изгледа Х.Жефарович меѓу неговите современици бил познат, или доживуван, како ревносен национален деец на „отечества Болгарскаго“.

А.Матковски ги премолчал податоците за националноста на „најраниот македонски преродбеник“ кои се спомнуваат делото бр. 326 на Синодалниот архив во Петроград и во посветата на Павел Ненадовиќ напечатена во Стематографијата на „прв[иот] македонски хералдичар и еден од најраните македонски преродбеници“.

Според Б.Ристовски: „Со засилувањето на Русија, особено кон XVIII и на почетокот на XIX в., со разгорувањето на интересот кон словенството и посебно кон старословенскиот јазик и неговата првобитна татковина [Според Б.Ристовски „првобитна татковина“ на „старословенскиот јазик“ е Македонија.], бугарското име почна одново по инерција да се реактивира за Македонија, бидејќи истражувачите го наоѓаа во старите пишани споменици на словенски и други јазици. Затоа и не е никаква случајност појавата на македонскиот јазик во Четиријазичникот на москополскиот даскал Даниил под бугарското име, ниту пак декларирањето на дојранчанецот Хр.Жефаровиќ меѓу другото и како Бугарин. Во таа светлина треба да се гледаат и изјавите на некои Македонци пред В.Карџиќ на почетокот на XIX в. дека се Бугари, како и пишувањето на нашите први книжовници од поновото време [т.е. средината на XIX в.] дека нивниот јазик бил „словено-бугарски“. Дури и многу е укажувачки во тој поглед насловот на „Огледало“ на К.Пејчиновиќ, каде што се вели дека книгата е напишана на „препростејшим и некнижним јазиком болгарским долнија Мисии“. Вакви и слични изјави наоѓаме кај сите наши писатели и културни дејци од првата половина на XIX в., па и подоцна, и тоа никако не треба да се објаснува како резулатат на некаква бугарска пропаганда, зашто за таква може да се зборува дури кон крајот на 50-тите и во 60-тите и 70-тите години на минатиот век [т.е. на XIX в]... Сè дотогаш, меѓутоа, може да се смета дека сме имале истоименост на преставниците на два[та] народа...“ (Б.Ристовски, op. cit. 65-66)

Грбот на Мизија во Стематографијата на Х.Жефарович. Симболот на Мизија е две златни круни свртени во основата, на сина позадина.

Според Асен Василев: „Сеуште не е јасен одговорот на прашањето каде и кај кого Жефарович го стекнал уметничкото образование. Веројатно тој го научил живописното и гравреското мајсторство во слободните австриски земји, каде покасно побарал поле за дејност.“ (Христофор Жефарович, Стематография - Изибражение оружий илирических Виена 1741. Факсимилно издание, коментирано от Асен Василев. София 1986. 10)

Пак според А.Матковски: „Жефаровиќ се школувал во грчките училишта и поради тоа на своите трудови често се потпишувал на грчки. Уметнички бил формиран во македонските културни центри (Солун или Охрид), каде што веќе биле навлезени елементите на западната уметност. Со ваква ликовна ориентација и со несомнена надареност, овој иероѓакон, со некои свои роднини, тргнал од Дојран, каде што останале неговите родители, и дошол во Војводина, во Карловачката митрополија, во средината што за него била духовно зрела. Но до крајот на својот живот одржувал тесни врски со својот роден крај. Не е позната годината на неговото доаѓање во Војводина, неговото име за прва пат се спомнува во Белград во 1734 г., каде бил познат како добар зограф. ...Веројатно не отишол сам од Македнија во Австриската монархија, туку со група зографи ако што тогаш било обичај. Во прилог на ова оди и тоа што со него се спомнува неговиот роднина Георги Жефаровиќ, кој исто така му се посветил на сликарството. Заслугата на Христофор Жефаровиќ е и во тоа што цели 20 години успешно влијалел врз словенската уметност во Војводина. Кон средината на 1753 г. заради трговија тргнал за Русија каде стигнал на 5 август и отседнал во манастирот Водици. На 18 септември ненадејно умрел во Москва. Дека трговските работи му оделе одрака се потврдува од тоа што зад себе оставил голем имот во разни трговски центри на Средна Европа. Ова се гледа од неговиот тестамент што го напишал во Токај на грчки јазик и во кој се спомнуваат неговите должници за Виена, Земун, Букурешт, Ерусалим и Москва и др.

Портретите на „Св.Методиј, архиепископ Моравски и Серафим архиепсикоп српски“ во Стематографијата на Х.Жефарович.

Во Војводина Жефаровиќ прво се ориентирал кон животописот. Ниту еден труд од неговиот ран период не е зачуван, но се знае дека имал голем углед, штом во 1737 г. му било доверено зографирањето на црквата во манастирот Боѓане во Бачка. ...може да се рече дека Жефаровиќ е прв уметник од црковните редови кој настојувал да се ослободи од зографската традиција и да ги прифати тековите на новата уметност со кој започнува ренесансата во Војводина. Следната негова голема работа е зографирањето на црквата во Шиклиш во 1739 г.

... Неговиот сликарски и зографски занает што го научил во некој македонски манастир, а кој особено се афирмирал во животописот во Боѓање и во Шиклош, сепак не бил настан од интерес за нацијата. Најголема слава меѓу сите Јужни Словени, а особено меѓу Србите му донела неговата граверска и издавачка работа. По 1740 г. постепено го напуштал сликарството и сè повеќе се ориентирал кон бакрорезот и граверската уметност, што сè повеќе влегувала во употреба, а особено во врска со печатењето книги и бидејќи имало сè помалку порачки за ѕиден животопис.

Српскиот народ во Унгарија кон средината на XVIII век доживувал духовна и културна преродба. Во оваа преродба, којашто била потпомогната и од ликовната уметност, и трудовите на Жефаровиќ имаат значајна улога. Во тоа време Србите немале своја печатница и затоа ги издавале своите книги со халкографија, т.е. со режење на текстот на бакарна плоча. Српските патријарси залудно се обидувале да добијат одобрување за своја печатница. Поради тоа, патријархот Арсение Јовановиќ ангажирал бакроресци што целата книга ја режале во бакар. Така работат на Жефаровиќ всушност ја преставува првата печатница во Војводина. Таа му донела голема популарност како меѓу црковните кругови, така и меѓу граѓанството што се формирало. Како гравер и бакрорезец Жефаровиќ бил експоненет на политиката на Карловачката митрополија, а неговата работа била цврсто сврзана со позитивните општествени движења во тоа време. ...Прво печател разни црковни текстови, слики на светци и на крајот слики и книги со световна содржина. Бидејќи знаел убаво да црта, тој брзо се прилагодил кон новата техника што ја научил од виенскиот бакрорезец Тома Месмер. Најважни негови работи во бакрорез биле четириве книги:

Иако ниедна од овие четири книги не била оригинална, туку сите биле превод, тие имале огромно значение во преродбата на Јужни Словени, а особено првата. Од сите ови книги, само Стематогрфијата има уметнички и графички квалитет... За името на Жефаровиќ се сврзуваат и два учебника: буквар и граматика, како и многубројни бакрорези на тогашните истакнати луѓе од Војводина. Букварот бил од московски тип само со 12 листа, а граматиката била исто така препечатена од едно руско издание.

...од 1740 г. Жефаровиќ се ориентирал исклучиво кон бакрорезната техника. Војводинските мајстори дотогаш ја познавале само техниката во дрворезот. ...Има претпоставки дека Жефаровиќ ја научил графичката техника уште во Македонија, каде што имал прилики да види грчки бакрорези од втората половина XVII на и првата половина на XVIII век, кои се печатени во Венеција.

За нас е многу важно тоа што тој одржувал многу тесни врски со богатите македонски и влашки трговци од Македонија, од кои често примал порачки. На новата техника изработил многу икони за богатите граѓани, за црквите и манастирите од Солун, Серез, Москополе, Берат, Елбасан и Охрид. ...Најголемата гравура ја изработил во 1743 г. Тоа бил бакрорезот „Св.Кузман и Дамјан“... Во истата 1743 г. го изработил големиот бакрорез „Св.Наум Охридски“. И во овој случај Жефаровиќ со своите мотиви бил сврзан со својата татковина Македонија. Го инспирирал култот на охридскиот светец и затоа бакрорезот е полн со епизоди од неговиот живот како и слика на манастирот св.Наум со Охридското Езеро. Покрај манастирот и езерото на бакрорезот се прикажани и околните планини и населби со Охрид, Поградец, па дури и далечното Москополе.

...Колку бил голем уметничкиот опус на Жефаровиќ се гледа и од многубројните уметнички црковни и везови за православните цркви, растурени по разни музеи, цркви и манастири во Војводина, Македонија, Белград, Бурешт, Ерусалим, Москва и др.“ (А.Матковски, op. cit. 121-125)

Портретите на „Св.Наум Чудотворец и Св.Никодим Мироточец сушт в Белграде, Албаниј“ во Стематографијата на Х.Жефарович.
Historianhttp://www.blogger.com/profile/07783718929733952551noreply@blogger.com0tag:blogger.com,1999:blog-38717923.post-37278658467477529302010-02-18T14:21:00.000-08:002010-02-18T14:21:55.295-08:00Грбовите на Македонија (6)
Петар Богадан Бакшев (1601 - 1674) во ракописот: „Историја на Бугарија“ (1667 г.) во глава I („За царство Бугарија и за доаѓањето на Бугарите преку Истар [Дунав]“) пишува:

„Царството Бугарија опфаќа многу провинции, чија големина внимателно ја опишува Бонфиниј во Декада 3, кн. 5: „Бугарија, кажува, сега започнува од река Циабер, која некогаш ги разделуваше Трибалите од Мизите, се простира по билото на планината Хемус [Стара Планина] кон југоисток и кон север, на југ завива кон Македонија и Тракија, а отклонувајки се на север кон Дунав, во голем степен ја зафаќа Долна Мизија.“ Циабер, за Птоломеј е реката која за нашите е Морава. ...од каде и кога пристигнал тука [бугарскиот народ - според П.Б.Бакшев], објаснуваат писатели кои не ја пренебрегнуваат вистината:

„Во 499 г. од Р.Х. [Рождество Христово] од далечни северни земји во Тракија навлезе племе, непознато по име, зачудуваше напредувајки со силни бојни редици“, кажува познатиот епитоматор на Барониј [Цезар Барониј (1538-1607), католички црковен историчар автор на „Црковни анали“.], а Кромер во „Полската држава“, книга 1, глава 8, ги сместува најдревните земји на Бугарите во „азијатска Сарматија кај Ра или река Волга и, со своите соседи Руси или кога минувале покрај нив, или повикани за сојузници, ја завзеле Мизија - така од Бога (бил) казнет Анастасиј [Византискиот император Анастасиј I (488-518)], нечесниот император, кој одбил да се потчине на предупредувањата на папа Симахиј да не ги заштитува еретиците... [18]

...И така варварите, кога навлегле во римските провинции [т.е. Источното Римско Царство, поимот Визнатија се појавува во XVII век], ја уништиле војската на римјаните. Меѓутоа, кога се распространиле во нив, се возгордеале, кажува Павел Ѓакон, и ги зaвзеле логорите на Римските републики и, како што пишуваат Занора и Кедрин во (времето) на Анастасиј, Бугарите невлегле не само во Тракија, но дури го опустошиле Илирик [Византиската префектурата Илирик била создадена во IV век. Илирик, во нејзината територија е и Македонија.], кога го убиле нивниот цар Акум [Акум не бил цар, ами војсководец.]. И навистина до толку биле охрабрени од победата што откако станале ужас за сите го принудиле да им плаќа данок императорот, на кого пред тоа тие му плаќале данок... И така на тој начин во Европа [Европа е Балканот.] Бугарите ја завладеале Тракија и нејзините сосоедни провинции и кога го преминале Истaр, целто тоа пространство на тие земји го нарекле Бугарија...“ (Б.Димитров, op. cit. 117-118) [19]

Во својата ракописна „Историја на Охрид“ Петар Богадан Бакшев пишува:

„Град Акрида, наречен на словенски Окрида или Охрид, е (расположен) до езерото наречено Лихнида, на словенски блато Охридско. Изграден е од императорот Јустинијан [Јустинијан I (527-567)] и е наречен од него Јустинијана Прима - таа (е) негов роден град. /Новела 119, книга 108/. Мнозина кажуваат дека е во провинција Македонија, Епир и Дарданија, но во Светата географија (е поставен) во Источен Илирик, /на фолио 200/, бидејки Никифор го поставува споменатото Лихнидско езеро во Нов Епир, според Занора е во Дардан во Бугарија, а (според) Јустинијан во Втора Панонија, но со тоа име (Јустнијан) постојано ја нарекува Далмација, бидејки Панонија во поширок смисол без сомнение ја вклучува таа (област Превалитанија, која е дел од Далмација).

Јас - кажува П.Б.Бакшев - сум читал за Превалитанија во стар ракопис на кралската библиотека. Во истата Света Географија на абат Фулиј во Источен Илирик, поточно во поделбата на Провинциите, фолио 210 (читаме): „Провинција Превалитана Акрида; во новела IX на император Јустинијан е наречена Превалис; во еден многу стар грчки кодекс на кралската библиотека се чита: „прво беше епископија, потоа митрополија“. Но денес е во царството Бугарија и негова престолнина, денес сите, кои живеат во градот, се Бугари и го управуваат и опслужуваат сами тој град - тоа им е дозволено од Турчинот, кога го превзел гореспоменатиот град.

Тоа го докажува исто и Обертус Миреус Брусулензиј во своите „Епископски белешки„ /фолио 435/: „За епископ на Кипар и Бугарија: Бугарски примас е епископот на Акрида или Јустинијана Прима“. Во „Римски провинцијал“ се спомнуваат неколку бугарски архиепископи и епископии. Меѓутоа, нивните вистински имиња не можеме да ги утврдиме. Истиот (автор) кажува на фолио 184, глава 11: „Бугарија и Грција, Ахрида или наравно Охрида, денес Охрид - бугарска престолнина.“ Занора во повествованието [повест = историја. з.м.] за Василиј Багренородни (исто) го нарекува (градот) бугарска престолнина.

Абатот Мавро Орбини во својата книга, наречена „Цaрство на Словените“, /фолио 435/ не само што кажува дека градот Охрид е во Бугарија... И денес грчкиот архиепископ на споменатиот Охрид уште се нарекува примат на Бугарија и нема ништо општо со Српското царство. Го назначува Цариградскиот им патријарх, а не тој српскиот на Пеќ; и колку е оддалечен споменатиот Охрид може да се види од Ортелус во описот на Грција и исто кај Паоло Форлани Веронезеца во неговата карта со описот на Европа, а и во делата на многу други автори и географски карти. Истото може да се види и во картата на Светата географија за Источен Илирик и исто во картата на римскиот патријарх (папскиот престол).“ (Ibid. 153)

Во својата ракописна „Историја на Србија и Призренската епископија“ Петар Богадан Бакшев пишува:

„Кралство Србија во античноста беше наречено Горна Мизија или Дарданија, дел од него се нарекува Раша. ...неговите граници се: на исток царство Бугарија, од кое го разделува река Морава, наречена Циабрус во античноста; на запад (граничи) со Ерцеговина или херцеговство на Свети Сава, со река Дрина и со дел од Босна; на југ го ограничуваат албанските планини и Македонија; на север Дунав го разделува од Сирмио, наречен Срем, и од Долна Панонија. ...Денес во кралство Србија се наоѓаат една митрополска црква во Скопје со свој пастир и три катедрали - една во град Призрен, која што има свој епископ. Град Скамандрија со тој од Тауроно или Белград - други го нарекуваат Алба грека, беше украсено со епископска титула од неговото светејчество Инокентиј X. Приматот на Србија е Антивари, и покрај тоа што (тој град) е во Далмација. ...Главите градови на кралство Србија се: Скопие, Призрен, Самандрија, Белград, Приштина, Крушеван, Прокопие, Нова пазар, Новомонте, Јагодна, Валиево, како што исто пишуваат Батеро во својот „Опис на Европа“, дел 1, фолио 97 и исто Птоломеј во описот на Србија.

Град Призрен, во античноста (наречен) Улпиана и Јустинијана Втора, е расположен во рамнината под планините кои се нарекувааат Илијајски и кои ја разделуваат Албанија од Србија“. (Ibid. 154-155)

Во дневникот-патопис на Англичанецот Едвард Барун од 1669 г. меѓу другото стои следното:

„Од VRANIA (Врање) втасавме во блиското гратче COMONAVA (Куманово) од каде на една падина од планината сè уште се гледа еден од манастирите на старите Грци... MONASTER или TOLY (Битола) кој е еден мошне голем град, добро населен и со убава местоположба. Турците сакаа султанката, која беше бремена и се наоѓаше во Лариса, да дојде и тука да се породи. Турците го почитуваат толку многу Александар Велики што страшно сакаа да добијат принц кој би бил роден во Македонија. ...SCOPIA (Скопје) или SCUPI, или како што Турците го наречуваат USCOPIA, се наоѓа на работ на MOESIA SUPERIEURE (Горна Мизија), или поточно на границата на Македонија, во подножјето на MONT ORBELUS [Браун овде несомнено мисли на Скопска Црна Гора. - А.М.] на брегот на реката Вардар или AXIUS... MONASTER (Битола) - македонски град... Пред да влезе султанот во градот, сите Грци [Под Грци Барун ги сметал сите припадници на Цариградската патријаршија, без разлика на националноста. - А.М.] ги напуштија своите куќи плашејќи се суланот или некој од неговата придружба да не им направи нешто лошо... Но султанот ги повика да се вратат. ...Во Македонија мажите и жените бегаат во шумите од страв да не ги сретнеме. Понекогаш трчавме залудно по нив за да ги оттргнеме од нивната лудост и нивниот непотребен страв. Меѓутоа, најмногу ме возбуди тажната глетка на заробениците и робовите, како и нивната мака и несреќа ...од Будим до Лариса е словенска земја и се зборува словенски во Србија, Бугарија, Романија и Македонија, така што со овој јазик човек може да помине од Јадранско до Татарско Море“. (Ibid. 568; 570-571; 573-574)

Џовани Кулиновиќ, парох на Скопје во својот извештај од 1671 г. на италијански пишува:

„Во Скопје нема црква за католици. Катедралната црква Св. Пречеста веќе е претворена во џамија. Свештеникот врши богослужба дома и во една молитвена капела... Има 15 католички куќи со 100 лица. ...Има потреба од еден eyangelistario, и тоа Илириц [Општо име за Јужни Словени во тоа време. - А.М.], бидејќи по цела Србија во католичката богослужба евангелието и Апостолот се читаат и пеат на илирски јазик.“ (Ibid. 596)

Во дневникот-патопис на Французинот Де ла Кроа (De la Croix) од од 1673 до 1675 г.: „Градот Солун е престолнината на Македонија... [А] Бројот на Турците е 10.000, на Грците - 4.000 и на Евреите - 2.200 без жените и децата.“ (Ibid. 601-602)

Карта на јужниот дел од Македонја од 1680 г. од Cornelli (космограф-географ на Веницијанската република). Cornelli во една од своите книги пишува за „Прочуениот македонски град кој вообичаено се вика Салоники [Солун]...“ (Ibid. 616-617)

На 08.11.1677 г. надбискуп на Скопје станал Петар Богдани. Во јули 1679 г. му било соопштено од Рим дека бил избран за надбискуп во Скопје, а во јануари 1680 г. од Рим му било врачено и писмено поставување. На 20.12.1680 г. Петар Богдaни го испратил својот извештај до Конгрегацијата, во кој меѓу другото стои:

„Охрид има свој патријах или православен архиепископ по име Јустинијан кој стана шизматик и католик со многу свои луѓе и во времето кога се одржуваше светиот меморандум на Александар VII [ Александар VII, римски папа 1655-1667 г.] дојде во Рим, убаво примен и третиран од Светата столица. Овде имаше резиденција и католичкиот архиепископ, но бидејќи имаше мошне малку католици во 1675 г. беше префрлен од администрацијата на скопскиот архиепископ кој е најблизу“.

„Скопје наречен од Грците Хераклеа [Хераклеа е античко име на Битола. Петар Богдани помешал некои антички имиња. - А.М.] била метропола на Србија... Плиниј [Плиниј Постариот (23-79), римски автор. - А.М.] го нарекува значаен град на Римјаните, бидејќи бил нивна колонија... Во градот има тврдина [Се мисли на Скопско Кале. - А.М.] широка колку за 30 куќи во која живеат мал број јаничари.... Ѕидините се наполу урнати. Од нивната јужна страна е реката Вардар, а од истата страна врз ѕидот се покажува формата на Св.Марко - лав со крила - здробен на парчиња од варварите што ги уништуваат древните паметници. Под своја јурисдикација Скопје има 1.000 католички куќи, во градот има 20.000 турски куќи и околу 200 српски и грчки [Во Скопје никогаш немало Грци. Православните христијани во Скопје ги смета за Грци, бидејќи биле во „грчка црква“ т.е. Цариградската патријаршија. Под Грци и Срби мисли на Македонци. - Заб. А.М. ]...“

Во врска со тврдењето на Петар Богадани дека на ѕид од Скопско кале „се покажува формата на Св.Марко - лав со крила - здробен на парчиња“, А.Матковски во фуснота запишал: „Крилест лав Сан Марко бил грб на Венеција и не е веројатно дека се наоѓал на некоја од ѕидините на Калето, бидејќи Венеција никогаш не владеала со Скопје.“ (Ibid. 619-621)

Грб на Венција во Стематографијата на Х.Жефарович.

Во 1683 г. Ипексиот (Пеќкиот) патријарх Арсение Черноевиќ со својата придружба тргнал од Пеќ за Ерусалим да се поклони на Божјиот гроб. Во Скопје му се придружиле владиката кир Теофан, поповите Никола и Ѓоре и неколку други скопски граѓани. Игуменот на Осоговскиот манастир ветил дека ќе им се придружи, но се откажал. (Ibid. 622) При посетата на Осоговскиот манастир Арсение Черноевиќ во едно евангелие меѓу другото запишал неколку редови во кои се гледа дека се титулирал како: духовен поглавар на: „всех србских и поморских и бльгарских землъ“.

null

Во патописот на анонимен автор од 1682 до 1684 г., кој своите белешки ги запишал на чист руски јазик и поминал неколку години во турско заробеништво, меѓу другото стои:

Бер: „место Верија... неговите жители се луѓе турски и луѓе грчки.“

Костур: „Кастариа е мал град... Жителите во него се луѓе турски.“

Битола: „Манастирија е мало, познато место; а жителите во него се луѓе турски.“

Берат: „ Арнаут-Белград е познато место, тоа е од средна големина... жителите во него сите се арнаутски луѓе турски, а јaзик тие имаат свој арнаутски; сите тие во целиот свој реон зборуваат на свој јазик арнаутски; а сите тие луѓе турски во целата област се нарекуваат со називот арнаутлак.“

Скопје: „...местото Скопи. А тоа место Скопија е големо село; стои на реката Вардаљ... А жителите во Скопи се луѓе турски, и луѓе христијански има многу. Тој арнаутски реон од една страна достигнува до тоа место Скопи, а околу тоа место Скопи од трите страни во околината се бугарски луѓе.“ [Или, кажано со зборовите на анонимниот автор: „а окрест тага места Скопи с трех стран узедњи људи все болгарские.“ - Заб. моја.]

Паланка: „Поланка е мало село, а жителите во него се луѓе турски.“

Кратово: „Кратова е едно село, а жителите во него се луѓе турски.“

Штип: „Стипи е мало село, а жителите во него се луѓе турски.“

Струмица: „Струмцава е мало село; а жителите во него се луѓе турски, а и жители христијани исто така има многу.“

Дојран: „Дијран е мало село; стои тоа крај големо езеро; а жителети во него се луѓе турски и христијански. (А.Мaтковски, op.cit. 624-626)

Анонимен автор, на германски во 1688 г. го објавил својот патопис во кој ги опишува Солун, некои делови на Македонја и Света Гора. Во овој патопис анонимниот автор меѓу другото пишува:

Солун: „Салоника или Салоники... е главен град на Кралството Македонја, кое пред многу години било моќно. Денес тоа е уште големо, под Турците е и населно подрачје со христијани, Турци и Евреи.“

Македонија: „Старото Кралство во времето е наречено Ематиа [Ематија, древна провинција во Македонија околу гр. Воден. - Заб. А.М.], од кралот Емато [Емато, веројатно племенски главатар во Ематија. - А.М.], и некогаш било едно многу мало кралство, но подоцна значително се зголемило; најпрво воделе многу војни со Илирите [Илири, древни жители на западните краишта на Балканскиот Полуостров, сродни со древните Тракијци. На Балканот дошле во XIV век п.н.е. - А.М.] и Тракијците [Тракијци, Најстари жители на Тракија, дошле од север во 3000 г. п.н.е. Од западниот дел на Балканот биле потиснати од Илирите, а подоцна покорени од древните Македонци во времето на Филип Македонски. - А.М.], ја подвеле под своја власт цела Грција и Кападокија [Кападокија, древна област во Централна Мала Азија, била освоена од Александар Македонски. - А.М.]. Градот Теба [Теба или Тива, древна област на грчката област Беотија. А.М.] го прифатил кралот Филипум како кнез, кој подоцна Атина со предавсво ја ставил по своја власт и го зазел градот Лариса. Исто така, ја освои и цела Тесалија и Кралството Епирум.

Она што неговиот син Александар Велики го направи за кусо време од 12 години, се наоѓа многу детално опишрно во Круцио [Руф Куртија, латински автор, во средината на I век напишал Historia Alexandri Magni Macedonias во 10 тома.].“ (Ibid. 630-631)

Во 1689 г. се одигрува Карпошовото востание. Според еден турски запис Карпош бил родум од Доспат Бугарија. Мехмед Рашид (р. ? - у. 1735 г.), како турски дворски историчар напишал обемна историја на Османлиското цартво, која е позната како „Рашидова историја“. Во неа тврди дека Карпош: „стекнал слава под името крал на Куманово“. (ИНИ, Документи... 156)

Во „Манифестот на австрискиот цар Леополд I [Леополд I, австриски цар и унгарски крал (1683-1699)]до балканските народи“ од 1690 г. меѓу другото стои:

„Поради тоа љубезно ги повикуваме сите народи, населени низ цела Албанија, Сервија, Мизија, Бугарија, Силистрија, Илирија, Македонија, Рашка, како и другите земји... и сите други народи кои стенкаат под турскиот јарем“. (Ibid. 157)

Во „Заштитното писмо на царот Леополд I за македонскиот народ“ од 26.04.1690 г. стои:

„Со ова известуваме дека двајца Македонци, Марко Краида, роден во Косана (Косана, денешниот град Кожани) и Димитриј Георги Поповиќ, роден во македонски Солун, ни изложија колку македонскиот народ, поради почит кон најправедно дело, а со жар и ревност кон нашата служба, со сериозна намера е склоно да премине од преголемиот турски јарем под наша заштита, доколку му биде дадена нашата милост и сигурно покровителство. ...милосно го прифаќаме и го примаме под наша царска и кралска милост во секој начин и вид гореспоменатиот македонски народ, љубезно препорачувајќи им на, поединечно на сите баши волни заповедници, да не го напаѓаат споменатиот македонски народ, ниту да му причинуваат непријатности...

Дадено во Виена, на 26 април 1690 г.

Преставници: бранители на македонскиот народ кои преминале во краиштата на Царското Величество... (Ј.Ронић, Прилози за историју Срба у Угарској у XVI, XVII и XVIII веку. Прва књига. Књ. Матица српске, бр. 25 и 26. Нови Сад 1908, стр. 52-53)“.

Во споменатиот зборник на ИНИ во врска со писмо дедено е следното поjаснување:

„По повлекувањето на австриската војска од Македонија и задушувањето на Карпошовото во 1689 г. голем број Македонци ги напуштиле своите родни места и поминале во Австрија. Двајца од нив го замолиле Леополд I да го земе под заштита македонскиот народ.“ (Ibid. 158)

Македонија на картата на N.Sanson: Estats de Lempire des Turqs en Europe, Париз 1696 г. Сансон е еден од основачите на француската картографија.

Андреа Богдани бил Албанец, скопски и охридски католички надбискуп. Кога ја посетил својата диецеза, според А.Матковски: „во крајот на XVII век“, испратил извештај, во кој дал и опис на Скопје во кој, покрај другото стои:

„Скопје бил главен град на Кралството Србија, се наоѓа во подножјето на планината Орбело која ја дели Македонија и која, спуштајќи се спрема север, се шири со пријатни ритчиња, со бројни и големи села во кои живеат Срби... Андреја Богдани, архиепископот охридски“.(А.Матковски, op. cit. 665)

Македонскиот грб во Берлинскиот грбовник

од крајот на XVII век

Грбовниот се чува во Deutche Staatsbibliothek. За прв пат во хералдичката литература е опишан во 1921 г. Според Матковски: „Целиот грбовник е правен многу педантно, со златни букви и богато укоричен. Се гледа дека бил правен за некоја богата личност. Не постојат податоци кој го правел и за кого бил правен. Дури не се знае и времето кога бил направен, но се претпоставува дека е од крајот на XVII век. Не се знае ни како, ни кога дошол во берлинската библиотека.

Во овој грбовник македонскиот грб фигурира двапати, еднаш е даден самостојно, на штит со германска форма, на црвено поле има жолт исправен лав. Над главата на лавот има круна. Опашката на лавот му е крената и на неа се наоѓа факел што во хералдикаат симболички означува светла иднина. Само во овој грбовник лавот се јавува со факел... Под грбот на лентата пишува „Macedoniae“, а во лентата под грбот „цимери маћедонске земле...

Вториот македонски грб се наоѓа на општиот грб на југословенските народи. Како и обично, македонскиот грб е во првото десно хералдичко поле: жолт лав на црвено поле. Лавот не е исправен. ...Над штитот има три шлема... На средниот шлем има златна царска круна, а над неа црн двоглав орел, т.е. амблемот на Австриската монархија... На долнаат лената пишува „Imperatoris Stephani Nemagnich insignia“, а горната лента пишува: Цара Стипа Стиепа na nemainhaa цимери...“ (А.Матковски, op. cit. 109)

18.) Според поп Дукљанин (XII век) - анонимен поп од Дукља (Црна Гора), изразот Булгарин доаѓа од Булга+ар, човек од Волга - Волжанин (С.Антолјак, op. cit. 499). Неправилното изведување на името Болагрин (Булгарин - Бълагрин) од реката Волга е карактеристично и за некои македонски преродбениц:

Јордан Хаџи Константинов Џинот (1818-1882), етнонимот на својот народ го сврзувал со реката Волга. Во својата статија напечатена во „Цариградски весник“ бр. 44. од 1851 г. под заглавието „Бог“ пишува:

„Аз оживуейки, и живим като се услаждавам гледая Народот Наш Пресладкий и ради това не мя остава Неговата доброта да будем лукав. И ако ме пита некой, школски человек ли ся или Болгарин? Аз полноответвам: Болгарин сам. Че не е честно на моето Славяно-Болгарство да творим зло и лукавство, прави Болгарин не лажи, не завидуе, не денгубуе, не лицемерствуе, не блудуе, за печена кокошка верата не разменуе. Болгарин е производан, от Бог Болга ри река-Богата. Река или Ри, а прилагателно неправилно степенно: Болий Болший вищший величайщтий. Поистиине нема повеличесто от Болгарин, Болгарин чрезмерно ради, оре, сее, торгуе, воинствуе, верност има, гостолюубие, страх Божий, почитание своего царя, и всичко колкото што е узаконено Богу и царю.“ (Група автори, Български възрожденски книжовници от Македония Избрани страници. София 1983. Фоткопии на текстови.)

Според Драган Ташковски: „Како К. Миладинов [Константин Миладинов, р. 1830 Струга - у. 1862 Цариград] го извлекувал своето потекло од Старобугарите, можеше да видиме од неговите искази во „Ниловата пустина“: „О, Волга! Какви спомени будиш во мене, како ме тераш да се вдлабувам во минатото!... Волга! Колку народи се среќавале на твоите брегови! Колку големи настани се одиграле пред тебе! И од сите тие народи што се напојувале од твоите води, само ние го задржавме твоето име. (Хар. Поленаковиќ, Книга за Миладиновци 1862-1962, Скопје 1962, 195)“. (Драган Ташковски, Раѓањето на македонската нација. Скопје 1970. 216)

19.) Во 1344-1345 г. по желба на бугарскиот цар Иван Александар преведена е Манасиевата хроника „од грчки на словенски“ (или како што стои во еден препис: Sanctus Johannes Alexander Macedo ad cuius petitionem iste liber fect translatus de greco in sclabonico). Анонимниот преведувач на Манасиевата хроника не се согласувал во сè со кажаното за историјата од византискиот автор Константинос Манасес (у. ок. 1187 г.), па додал повеќе свои забелешки, кои се познати и како „бугарски додавки на Манасиевата хроника“.

Во првата додавка под заглавието што му го дал: „Премудраго Манасија летописца с’брание летно“, преведувачот кажува:

„При императорот Анастасиј [Анастасиј (491-518)] почнаа Бугарите да си ја заземаат земјата, поминувајки го [Дунав кај] Бдин [Видин] и пред сите ја населија Долната земја Охридска, а потоа и останата... - При Анастасии цари, начеше Блгаре поемљати замљу сију, преш’дшу Бдиње и прежде начеше поимати Долнеју земљу Охридскују, и по том сију в’су. От исхода же Блгаром до ниња 870 лет.“

Во втората забелешака анонимниот преведувач пишува:

„При тој цар Константин [Константин Брадати - т.е. Погонит (668-685)], преминаа Бугарите низ Дунав и од Грците, разбивајки ги, ја зедоа оваа земја и живеат во неа до денес. Порано оваа земја се нарекуваше Мизија. Бидејки безбројно многубројни, тие ја исполнија и оваа страна, и онаа до Драч и понатаму, зашато и Власите и Србите, и другите останати се сите едно. - При сем Константине цари, придоше Блгаре през Дунав, и отјеше Грком земљу сију в неј же живут и до ниња, разбиваше их. Прежде же бесчисл’ни суште, исплинише и сију страну Дунаву, и ону до Драча и дале, ибо Власи и Србли, и прочии вси едино сут.” (Записи и летописи. Избор и редакција Радмила Угринова – Скаловска, Скопје 1975. 154-155.)

Како и да го толкуваме името „Блгаре“ (како Словени, или како древни Бугари, или како словенски етнос во кој се претопиле древните Бугари) никако не можеме да се сложиме целосно со содржината на првата додавка, т.е. со тоа дека „Блгаре” во почетокот на VI в. најпрво се населиле во „Долна земја Охридска“ (Македонија), а покасно оттаму се рашириле на територијата на денешна Бугарија и пошироко, затоа што: од една страна, - во византиските вести од минатото такво нешто нема, а од друга, - таков развиток на насилно одземање територии од Византија просто изгледа дека е невозможен. Логично е Византија да ги изгуби прво периферните предели на империјата, освен ако не се работи за населување на мали групи кои се криеле по планиските места во „Долна земја Охридска“.

За прв пат древните Бугари стапнале на земјите на југ од Дунав во 493 г., а потоа и во 499 и 502 г. Во тогашната административна поделба на Византија, територијата на Македонија била опфатена во профектурата Илирик, која од крајот на IV в. се состоела од две диецези: Дакија и Македонија. Главен град на профектурата Илирик бил Солун.

Во времето на Анастасиј I (491-518), на неколку пати, почнувајки од 493 г., древните Бугари се впуштиле во пљачкашки и опустошувачки походи по византиските провинции. Еден таков поход, кој се датира во 499 г., е опишен од византискиот писател Комес Марцелин (VI в.):

„...началникот на војската во Илирик се упатил со петнаесет илјади војници и петстотини и дваесет коли натоварени со непходното оружје за војување против Бугарите, кои ја опустошувале Тракија. Борбата се развила кај реката Цурта, каде загинале повеќе од четири илјади византијски војници, било во бегство, било кога се фрлале од високиот речен брег.“ Според Марцелин: „Така таму загинала илириската воена моќ“.

Византискиот историчар Теофан Исповедникот (р. 760 - у. ок. 817/8 г.), во својата „Хронографија“ за молневитиот пљачкашки поход на древните Бугари на византијската територија кој се случил во 501 или 502 г. кажува дека: „т.н. Бугари ги нападнале Илирик и Тракија и се вратиле пред да се разбере за нив.“

Во времето на Анастасиј I (491-518), ниту Бугарите, ниту Словените, отаде Дунав не биле во состојба да се наметнат како фактор од кој што ќе зависат границите и иднината на империјата. Изгледа императорот Анастасиј почувствувал какава опасност му се заканува нему и на империјата, па во 512 г. заповедал да се изгради одбранбен крепосен ѕид за да ја заштити престолнината Цариград, како што кажува византискиот хронист Јоан Зонара (XII в.), од: „нападите на Мизите, т.е. Бугарите и Скитите“, при што со името „Скити“ ги означува Словените. Овој византијски одбранбен крепосен појас, долг 40 милји (ок. 70 км.), се протегал од Деркос на Црното Море до Силиврија на Мраморното Море. Познат е како „Анастасиев ѕид“, или како „Долгиот ѕид“. Од византискиот писател Прокопиј Кесариски (р. ок. 500 - у. ок. 565) е наречен: „ѕид на стравот“, поради крвопролевањата во големите во битки кои се воделе таму за одбарана на Цариград.

Во 513-518 г. во Византија се појавуваат наемници Хуни, Бугари и Словени кои учествувале во византискте борби за власт. Одделни хунски, бугарски и словенски групи му помагале на главниот командант на византиските војски во Тракија, Виталиан, кој со помош на наемници се опитал три пати да ја узурпира императорската круна и три пати ја атакувал царската престолнина.

Јоан Малала (VI в.), во врска со бунтот на Виталијан дигнат 513 г. во Мала Скитија (денешана Добруџа во Р.Бугарија), соопштува дека во војската на Виталиан имало „множество на Хуни и Бугари“, а Евгениј Схоластик (VI в.) говори за „множество хунски племиња“. Јоан Лидијски (VI в.) бунтот го нарекува: „нечесно напаѓање на варварите“, имајки го на ум учеството на Бугарите и Словените во тој бунт.

Во бунтот дигнат во 513 г., според Теофан Исповедникот (VIII-IX в.): „Виталијан ја превзел цела Тракија, Скитија и Мизија, водејки со себе многу Хуни и Бугари“.

Веднаш по задушувањето на бунтот на Виталиан, во 515 г. Бугарите навлегле во профектурата Илирик и ја опустошиле, поразувајки ги византиските одреди. Седум века покасно византискиот историчар Зонара (XII в.) за овој напад пишува дека: „Бугарите со магии и клетви речиси наполно ја унишителе византиската војска.“

Комес Марцелин (VI в.) за 517-та г. известува дека: „тогаш биле опустошени двете Македонии и Тесалија, а гетски коњаници ограбувале дури до Термопилите и до Стар Епир.“

Според С.Антолјак, Словените уште околу 517 г. учествувале во борбите против Византија, иако не се споменуваат под нивното име, туку под името „Гети“, тие во својот ограбувачки поход проникнале се до Термопилите. А, според М.Бошкоски, во тоа известие на Комес Марцелин се говори за готските навлегувања во Македонија.

Но, сепак имало нешто што го терало преведувачот на Манасиевата хроника да ја запише и содржината на првата додавка. Дали тој забележал верување за „Долна земја Охридска“ како култно место на кое древните Бугари прво пуштиле корени, или забелеажал верување, според кое на „Долна земја Охридска“ се гледа како на култен и културен регион во кој започнала да се создава современата бугарска народност, или пак нејзиниот запишувач имал некакава друга информација која не е во согласност со византиските летописи, за секогаш останува енигма. Сепак, тврдењето во ова додавака дека „Блгаре“, т.е. Словените, или добар дел од нив, го поминале Дунав кај денешниот бугарски град Видин и од таму преку Софија-Ниш дошле во „Долна земја Охридска“ има поткрепа во историските сведоштва. Исто така, за населување на „Блгаре“, поточно на древни Бугари во Керамисија (Прилепското поле), ок. 681-685 г. се говори и во грчкиот летопис „Чудата на св. Димитар Солунски“, но сето тоа хронолошки не се совпаѓа.
Historianhttp://www.blogger.com/profile/07783718929733952551noreply@blogger.com0tag:blogger.com,1999:blog-38717923.post-84891276820345036032010-02-18T14:16:00.000-08:002010-02-18T14:16:56.256-08:00Грбовите на Македонија (5)
Македонскиот грб во трудовите на

Chrales Du Fresne sieur Du Cange oд 1680 г.

Како прв кој составил сериозен труд за историјата на Византија во литературата се посочува германскиот автор Hieronymus Wolf (1516-1580). При крајот на XVI и почетокот на XVII век во Германија, Франција, Холандија и Италија, историчарите кои ја истражувале историјата на Византија почнале инетензивно да ја градат преставата за минатото на Византија врз основа на вистински историски извори. После овие први скромни чекори, направени од десетина автори, византинските студии во Франција во средината на XVII век достигаат вистински полет, имено - од 1645 г.

Луврската печатница почнала со издавање на големи серии на визнатиските историчари. Во седумдесетите години на XVII век централното место во истражувањето на византијската историја му припаѓа, кажано со зборовите на Г.Острогорски: на „големиот Du Cange“ (1610-1688). Историските трудови на Du Cange ја засегат историјата на Франција, на византиската држава и минатото на Константинопол (Цариград). Делото на „овој генијален научник“ (пак според Г.Острогорски) кое опфаќа повеќе области ја одбележува епохата во развитокот на визнатинологијата. (Георгије Острогорски, Историја Византије. Београд 1998. 22-23)

Според А.Матковски: „Учениот француски бенедиктинец прочуениот византолог, историчар и филолог Du Cange во своите прочуени трудови од областа на византсиката историја на две места го има објавено македонскиот грб и тоа во состав на општите грбови на јужнословенските народи. Македонскиот грб за прв пат е објавен во неговиот труд: „Historia Byzantina...“, и тоа во главата: „Familiae Dalmaticae, Sclavonicae, Turcicae sev series genealogicae ac historicae Regnum et Toparcharum Dalmatiae et Sultanorum Turcicorum sub Imperatoribus Contantinopolitanis“. (Или, кажано според преводот на Р.Заимова: „Далматински, словенски, турски фамилии, или Родословен и историски список на кралевите и топарсите на Далмација и на турските султани во време на константинополските имератори“.)

А.Матковски во Париз се служел со оригиналното издание и во врска со содржната на ова книга кажува:

„Во овој негов труд детално е испитана генеалогијата на сите византиски династии од Константин Велики до последниот Палеолог. Дадена е и генеалогијата на западните династии со кои византиските владетел биле во родбински врски пред 1453 г.

Во главата „Familae Dalmaticae“ ја изнесува генеалогијата на српските кралеви до цар Урош, генеалогијата на Мрњавчевиќи, на хрватските, бугарските и босанските владетели и на српските деспоти; потоа на Балшиќи; Црноевиќи и на Кастриоти. На стр. 267 од овој труд - кажува А.Матковски - има една табела со нaслов „Arma et insignia“ на која се дадени 15 грбови. Тука се грбовите на Далмација, Србија, Хрватска, Бугарија, Босна, на Црноевиќи, Кастриоти и други. Даден е и еден општ грб на јужнослоевнските земји. На овој општ грб, кој по примерот на Орбини, го сметал за грб на царот Душан, пишува „Step hani Reg ni et Imp. Servie“ т.е. Стефан (Душан) крал и император на Србија. Во горниот десен хералдички агол е грбот на Бугарија (лав со мала круна над главата), а на второто поле озгора, на левата хералдичка страна е македонскиот грб (лав без круна на главата). Другите грбови се како и кај другите општи грбови. Грбот не е во боја, а боите не се означени со хералдичко шрафирање. Сепак за да се разликува македонскиот од бугарскиот грб, над бугарскиот има круна, а кај македонскиот нема. Јасно се гледа дека Du Cange се влијалел од Орбини и од неговиот труд „IL regno de gli Slavi“ Од 1681 г. од каде што ги превзел јужнословенските грбови и овој општ грб. Дека е преземен од Орбини се гледа и од тоа што местата на македонскиот и бугарскиот грб се заемно изменети. ...меѓутоа иако грбовите ги превзел од Орбини, заслугата на Du Cange е во тоа што тој прв хералдички и историски ги протолкувал посебните грбови...

...Трудот на Du Cange „Historia Byzantina“ му послужил како основа за неговиот втор труд: „Illyricum vertus et novum, sive Historia regnororum Dalmatae, Croatiae, Slavonizae, Bosninae, Serviae atuque Bulgarie, locupletissimis accessionibus aucta, atque a primis temporibus, usque ad nostram continuata aetatem. Posinii. Anno MDCCXLVI“. ...Тоа е историја на Јужните Словени, која опфаќа малку и од историјата на Албанија. ...На посебна табела ...се дадени сите грбови на Јужните Словени. Македонскиот грб е во склопот на општиот грб, т.е. на истото место и на ист начин како и во неговата веќе спомената книга.

Покрај реченото, значението на Du Cange е и во тоа што тој е прв научен работник од Западна Европа кој македонскиот грб го објавува во составот на општиот грб на Јужните Словени, т.е. во грбот што тој го наречува „грб на цар Душан“, а како што рековме Душан никогаш немал таков грб, туку тоа било само хералдичка форма за да се изрази обединувањето на Јужните Словени околу името на царот Душан, а таа желба за обединување е изразена и преку измислениот општ грб на Јужните Словени, која, ете, нашла место и во изданијата на научните работници од Западна Европа.“ (Ibid. 104-106)

Во краткото прераскажување на содржината на делата на Du Cange (Диканж) А.Матковски премолчал многи значајни гледишта на овој значаен автор.

Во 1992 г. во Софија издадена е книгата „Шарл Дюканж византийска история“ (Превод на латинскиот текст - Маргарита Кисканова, превод од старофренски - Раја Заимова) во која се дадени текстовите од делата на Du Cange кои се однесуваат на бугарската историја.

Во „Historia Byzantina...“ (1680 г.), во главата: „Далматински, словенски, турски фамилии, или Родословен и историски список на кралевите и топарсите на Далмација и на турските султани во време на константинополските имератори „Du Cange“ составил: „Историски и родословен список на кралевите на Бугарија“, во кој пишува:

„XXII. БОРИС, или како што го нарекуваат други БУРИХ, син на веќе починатиот ПЕТАР [цар Петар (927-970)]...

... Цимисхи [Цимисхи, византискиот император Цимискиј ()] ...во присуство на народот го лишил Борис од знаците на бугарската кралска власт, ја посветил бугарската круна на храмот „Св.Софија“ и го удостоил со чин магистар [Магистар, виша византиска титула, прв меѓу сенаторите.]... Скилица пишува дека братот на Борис - Роман бил лишен од мажественоста од кубикулариот [Кубикулариот, значајна позиција на византискиот двор.] Јосиф. Но штом Цимисхи го завршил својот последен ден, Бугарите се одматнале од Римјаните, т.е. од Грците, и го повикале Борис. Тој, со брат му, тргнал тајно од Константинопол, но додека преминувал низ некоја гора, бил убиен од еден Бугарин, кој го сметал за Грк поради неговата гчека облека. Меѓутоа брат му се извлекол неповреден и по извесно време се вратил во градот. И така откако родот на крал Петар бил пресечен, Бугарите им ја предале врховната власт на четиримината браќа... ДАВИД, МОЈСЕЈ, ААРОН и САМУИЛ, кои ги нарекувале комитопули, бидејки биле синови на еден комита, многу влијателен меѓу Бугарите. Од нив Давид умрел веднаш, Мојсеј загинал... Бидејки се говорело дека Аарон ја помагал работа на Грците, брат му го убил заедно со неговите деца, а неговиот единствен син Владостлав, или Владислав [Иван Владислав цар (1015-1018), сина на Арон. За него се говори во Битолската плоча од 1018 г.], кој се нарекувал Јоан, бил спасен од синот на Самуил - Радомир, кого го нарекувале Роман.

XXIII. САМУИЛ... не минувала година, без да се обиде [византсикиот имепратор Василиј] да превземе нешто против Бугарите....Никифор Ксифиа, [тогаш византиски] управник на Филипол, на 29 јули со дел војската од виско место преку планината Балабиста [Беласица] ги нападнал неочекувано со силен шум Бугарите од зад грб... Тогаш многу Бугари биле убиени, а многу повеќе заробени... На заробените Бугари, кои, кажуваат, биле 15 илјади, императорот заповедал да им се извадат очите... Освен Габриел [Гаврил-Радомир], кој го наследил татка си, Самуил имал и други деца...

XXIV. ГАБРИЕЛ [Гаврил-Радомир (1014-1015), син на Самуил, убиен од братувчедот му Иван Владислав, син на Арон.]... ја наследил власта на Бугарија од татка си...

XXV. ЈОАН, нарекуван Владислав, син на бртот на Самуил - Аараон, кој го убил Габриел по побуда на императорот Василиј... Јоан собрал војска ипревзел поход против Србија и Даламација... Василиј решил да ги осуети неговите намери, тргнал одново кон Бугарија - кон Ахрид - престолнината на Бугарија... и заповедал да им ги извадат очите на сите заробени Бугари“. (Група автори, Шарл Дюканж византийска история. София 1992. 49-55)

Исто како Мавро Орбини и Du Cange во списокот на владетелите, односно „кралевите на Бугарија“ ги запишал Петар Делјан и Костадин Бодин.

Според Du Cange: „Бугарите нарекувани порано Оногундури [Оногундурите се само едно древнобугарско племе во Кубратова Бугарија.], ги населувале на почетокот само северните земји, напојувани од реката Булга, од каде биле наречени Бугари [Du Cange како и други автори од тоа време неправилно името Булгари го извелкува од р. Волга]. Дунав служел за предел и граница меѓу нив и империјата до управувањето на Константин Погонит или уште „Брадестиот“, во негово време ја поминале реката и ја окупирале Мизија, а оттаму се насочиле кон Илирик и основале седиште на своето кралство во Охрид. [Du Cange и тука греши, потоа наведените понатаму нешта погрешно го сврзува името на Јустинијан (527-565).] Императорот Јустинијан кој бил родум од тој град, го нарекол Јустинијана и го надарил со многу привилегии. Покасно тој го зел името Бугарија, како и провинцијата во која се наоѓал, по името на тие народи кои продолжиле да војуваат со Грците, додека императорот Василиј ги разгромил по разни поводи и оттука го добил славниот назив Бугароубиец. Тој ги изгонил во Долна Мизија, која планината Хемус ја одделува од Тракија и Дунав ја заградува од другата страна.“ (Ibid. 110)

Македонскиот грб

во „Оловскиот грбовник“ oд 1689 г.

Macedonie.

Грбовникот се чува во универзитетеската библиотека во Болоња. Пишуван е на хартија, не е во боја и без хералдичко шрафирање.

Imperatoris Stephani Nemagnich insignia.

Се смета дека бил направен од некој си Иван (Giovani) Бенигини од Олово, од Босна, кој во Дубровник го направил „веројатно пред 1689 г.“, а за време на збег го однел во Илок и таму му паднал во рацете на Павле Ритер Витезовиќ.

Regis Stephani Vrosy Nemagnich insignia.

Македонскиот грб се наоѓа и во двата општи грба и во двата случаи прв на десната хералдичка страна. (А.Матковски, op.cit. 106-109)

Со Оловскиот грбовник хронолошки завршуваат грбовите на Македонија создадени до кравањето на Карпошовото востание (1689 г). Согласно тврдењето на Д.Ташковски и Б.Ристовски за употребата на името Македонија и Македонци во XVII-от век да видеме во пишуваните вести од минатото што имаме по тоа прашање:

Марко Антонио Балби во извештај до Советот на десетмината на Венеција од 11.08.1615 г. говори за престојот на доверливи луѓе на Карло Емануел I (војвода на војводството Савоја), во:

„...кралството Македонија и Албанија за да утврдат, со некои старешини од споменатите кралства, начин и време на оддавање на верност на Шпанија.“ (ИНИ, Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава. Скопје 1981. I. 145)

Охридскиот архиепископ Анастасија во 1596 г. тргнал да бара помош од италијанските, австриските и шпанските владетели. Во неговиот реферат од месец јуни 1615 г. меѓу другото стои:

“...откако ја пропатувавме Србија, Босна, Далмација, Албанија, Црна Гора и Долна Македонија, Грција, Тракија, Бугарија и воопшто насекаде каде што држи и владее Турчинот во Европа, и откако проценивме и предвидовме сè, останавме зачудени, како во тие кралства, во кои христијаните далеку ги надминуваат по број Турците, последните да држат такви места, дотолку повеќе кога планините и тесните премини, како и некои тврдини, ги држат христијаните, а покорноста на овие спрема управниците и кнезовите (турски) тукуречи изгаснала... И така, јас предложив, кога ќе ми се дадат од Н.В. 5 или 6 илјади пешаци од шпанската и италијанската народност, оружје и муниција за вооружуваање на 15.000 луѓе, седла, узди за 4.000 коњи, за кратко време ќе ја предадам Македонија под негова власт и управа... Нешто повеќе, откако ќе се оствари овој потфат, целата Босна и Дачмација, Бугарија и Грција бездруго ќе го кренат оружјето против Турчинот“. (Ibid. 145-146)

Во еден од записниците на венецијанскиот Сенат, со дата од 26.04.1618 г. се говори дека:

„Благородништвото на Македонија („The Nobility of Macedonе“) не сака да има ништо со кралот на Шпанија, откако слушна како тој лошо ги третира своите поданици во Неапол и Сицилија.“ (Ibid. 147)

Папата Урбан III во своето писмо од 1624 г. до охридскиот архиепископ Порфириј Палеолог истиот го титулира:

„патријар на Јустинијана Прима, на Охрид и останатите потчинети архиепископи, епископи на Бугарија, Србија, Албанија и онострана Македонија.“

Според приредувачот на споменатиот зборник на ИНИ, Охридскиот архиепископ Порфириј Палеолог спаѓа во редот на оние четворица кои тајно го прифатлие католицизмот. (Ibid. 147)

Да си припомниме на веќе споменатиот Мелети Македонски (Мелетiю Македонскомоу), светогорскиот монах „въ великой Болгарской лавре монастира Зоуграф зовемаго“, кој во 1636 г. се појавува под тоа име како издавач на црковнословенски псалтир наменет: „најпаче же Болгаром Сръбом Оунгаровлахом Молдовлахом, и проч“. (Й.Иванов, op. cit. 173)

Петар Богадан Бакшев (1601-1674) во ракописот: „Опис на царство Бугарија“ (1640 г.), пишуван на италијански, кажува:

„Бугарија сега се нарекува сето тоа кое порано се нарекувало Горна Мизија и дел од Долна Мизија [П.Богдан Бакшев, како и други автори од тоа време, ги меша една со друга двете Мизии.], цела Тракија, иако сега околу Галиполското Море се говори грчки јазик, и поголемиот дел од Македонија и цела Морава до Охрид и до границите на Албанија и на Грција и на Србија, а на исток се простира до Црното Море; од север пак Дунав ја дели од Влашко и Молдова, некогаш нарекувана „стара Дакија оттаде Дунав“ и др.

Шизматиците [Превославните] раскажуваат дека царскиот престол прво бил во Охрид и го потврдуваат тоа, со тоа што сега има Охридска патријаршија, а и древните луѓе не поставувале патријаршија таму каде немало царски престол. Покасно, кога бил изгонет бугарскиот цар од Охрид, тој се установил во Трново и во тој град завршило неговото царство во времето на Турците. ...Кажуваат дека самото бугарско царство е поголемо отколку цела Србија, Босна, Далмација, Хрватска и Унгарија; и има толку градови, области, паланки и села што не може да се избројат. Во нив има милјони души и сите се во власта на ѓаволот, бидејки обврзани во шизмата, а исто и во разни ереси. Турците живеат во само во градовите и големите села...“ (Б.Димитров, op. cit. 124)

Хаџи Калфа (1609-1657) е турски историчар, патописец и библиограф, познат под името Хаџи Калфа Мустафа или Ќатиб Челеби. Неговиот патопис се датира околу 1650 г. Според Хаџи Калфа:

„Езерото Ланса [Тихино] се наоѓа меѓу Серес (Сер), Солун и Сидерокапси во близина на патот... На брегот од ова езеро се наоѓа село во кое живеат Грци, Срби и Власи.“

„1. Толи - Манастир (Битола), меѓу Флорина (Лерина), Прилеп, Преспа (Персепе) и Охрид. ...Жителите се Бугари.“

„3. Кеср’ја (Гјол-Кесерје), т.е. Костур на езерото, Костур) меѓу Крупишта, Билишта, Флорина и Преспа, на самиот брег на езерото. ...Во планините живеат Срби и Власи“.

„4. Хорпиште (Крупиште), на брегот на Костурското Езеро два часа до Костур. Во околината се Костур, Билиште, Наслиџ (Населица). Жителите се Бугари.“

„5. Билиште (Белиста), кадилак, 17 дена од Цариград. Наоколу се: Костур, Гориџе (Корча или Горча), изопачено од Горица, Преспа, Крупиште. Жителите се Бугари и Арабанаси.“

„Охри (Охрид), југозападно од Скопје, 16 дена од Цариград, на источната страна на едно езеро. Погранични краишта му се: Призрен, Истрада (старова), Фирџова (Кичево или Крчова). Жителите се Бугари“. (А.Матковски, op. cit. 387; 389; 395-396)

Патописот на турскиoт патописец Евлија ибн Дервиш Мехмед Зили, прочуен како Евлија Челеби (1611 - ок. 1682), е создаван од 1660 до 1662 и во 1668 г. Во своите патеписни белешки за она што сега не интересира Евилија Челеби запишал:

Скопје: „Црквите - Тука постојат ерменска, бугарска, српска и еврејска божја куќа, а нема франечки, унгарски и германски. Латини [Латини, според Е.Челеби биле Дубровчаните. - А.М.] има достатно; тие своите верски обреди ги извршуваат во српските цркви.“

„...го минавме бугарското село Нагоричано и ноќевавме во село Мурад Карјеси [Кое село се викало така не се знае. - А.М.]. Тоа е бугарско село од шестотини куќи.“

По патот од Велес кон Прилеп: „Селото Извор... е бугарско.“

Прилеп: „Градот има вкупно десет маала со илјада куќи... Жителите претежно зборуваат бугарски, зашто сета раја се Срби и Бугари.“

Битола: „Овде, велат, во времето на Александар Велики бил еден голем храм и заради тоа самото место е наречено Манастир“.

Штип: „На српски и на бугарски јазик овој град се вика Ленадиб [Нема друг извор дека Штип се викал некогаш Ленадиб. - А.М.]. ...во него има 2240 богати куќи... Во градот има уште 24 муслимански маала... Месното население зборува правилно турски јазик. Рајата, бидејќи се Срби и Бугари, зборува исто така и српски и бугарски. ...Бидејќи вилаетот Овче Поле е близу до тој град, градските жители исто така зборуваат и на јуручки дијалект.“

„Селото Мајдан ...Одејќи натаму два часа, одново поминуваме низ многу напредни села, со кули. Бидејќи во тие краишта се наоѓаат многу бугарски ајдути, во селата се наоѓаат високи кули...“

„Ова гратче Струга... има триста со ќерамиди покриени, цврсто градени куќи... има само три муслимански маала, но има многу бугарски и грчки неверници“.

Охрид: „Тука има вкупно 17 маала: 10 муслимански, а 7 на грчките, бугарските и атинските неверници.“

Касабата Старова: „Од ова место убаво се гледа касабата Поградец. И оваа касаба се наоѓа на територијата на охридскиот санџак и спаѓа во хас на хеговиот санџак бек. Ја управува (санџакбеговиот) војвода... Неговата нахија се состои од 70 села. Сета негова раја и повластени жители (бераја) се Бугари. ...во овој доаѓа еден чорбаџија од јаничарскиот оџак девширме-ага [Девширме значи собирање на христијански деца за јаничарскиот корпус. - А.М.] од името на царскиот дворец на неговото величество царот и одовде одведува неколку стотици одбрани бугарски и грчки (рум) младичи“.

Радовиш: „Сета ова раја од касабата се Бугари. ...Радовиш има околу 400 покриени со ќерамиди куќи“.

Тиквеш: „Неговата нахија се состои од 70 добро населени и богати села... Сета раја во тие села се Бугари и тоа се бугарски села.“

Валандово: „Вистинското име му е Вландово (Виландива), а тоа на бугарски значи - голем поп. ...Муслимани има малку, христијани Бугари многу.“

Петрич: „На српки јазик тоа значи...“ - но, не запишал Евлија Челиби што значи, оставил празно, исто како и во описот на „гратче Ветрене“ - село западно од Струма (сега во Грција, Нео Петринци).

Во описот на гратче Ветрене, според евлија Челеби: „Има... муслимански маала и пет на грчки, бугарски и српски неверници“.

Дојран: „Рајата ја сочинуваат грчки и бугарски неверници. Муслиманите се малубројни, а повеќето се христијани.“

Според Евлија Челебли Пловдив е еден „од македонските градови“, а Солун: „еден од најубавите и најславните градови во Македонија и цела Грција“. (Ibid. 410; 418; 423; 423-424; 424; 427-428 и 430-431; 432; 436; 442; 450-451; 454; 455; 456; 466; 468; 482-483; 518 и 582)

Евли Челеби пишува и за „историјата“ на градот Струмица:

„Овој град се вика Уструмџе, Устирумџе, Исторумџе и Истурумуџе и се пишува на неколку начина [Хаџи Калфа ја забележал Струмица како Остромџа - заб. моја.], на грчки се вика Ајантаџа. ...Според кажувањето на светскиот историчар Јанван и според зборовите на Бан, авторот на историјата на Латините, прв основач на свој шехер Струмица (Истурумџе) бил мудрецот име Ајантаџа, учител на Александар Велики, син на мудрецот Филкос, господарот на Кавала. Ете зошто на грчки се вика каср-и Ајантаџа (дворецот Ајантаџа). Потоа по наредба на Александар Велики, ова област била дадена во посед неговиот учител Ајантаџа. ...Овој Ајантаџа бил толку мудар, така аристотелски паметен човек, што неговата стручност можела да се види во сите науки. Благодарение на неговите знаења Александар Велики дошол до Белх, Бухара, Иран, Туран и до Трансоксанија. Тогаш Грците завладеале со турските провинции на Туркестан. Дури и во Персија... го заробиле царот Дариј... Дариј и неговото семејство биле затворени во местото Дарахина (Дарахана), кое е на брегот близу Ментеше, спроти островот Родос. Тој сега се вика кадилак Дарахана. Сето тоа го постигнал благодарение на доктрината, мислењето и планот на мудриот Ајантаџа, гоподарот на ова Струмица... Тој бил единстевниот сезнаец и со помош на ѕвездите, на еден четириаголен мермер над вратата од источната страна на градот Струмица го врежал своето пророштво:

„Мохамеданците во 709/1309 г. ќе го завземат овој бисерен град Ајантаџа и тој ќе падне под власта на Мурад бег Османовиќ кој ќе загине во оваа земја.“

За да го покаже своето големо знаење, долните три реда ги напишал на турски, а трите горни на грчки. Така станал називот Струмица (турски Истурумџе, од турски усту „долно“ и од грчкиот збор румџе). ...Според зборовите на Јанван, совршен стручњак за грчката историја, минале 2.000 години откако мудриот Ајтанџа, учителот на Александар Македонски, ги напишал оние редови на турски јазик над градската порта во Струмица. Тоа значи дека и во тоа време постоел турски јазик. ...“ (Ibid. 458-459)

Во патописот на анонимен автор „Нов преглед на историјата на Турската империја“, напечатен во Лондон 1663 и 1664 г., непознат автор го соопштува својот поглед на границите на Македонија:

„Мацедон [Древно име за Македонија. - А.М.] на исток опколен со Егејско Море, на запад од Албанија, на север од Горна Мизија [Мизија, римска област од р. Дрина до Црно Море и од Шар Планина до Стара Планина или Балкан. Горна Мизија била од Дрина и Шар на запад; до реката Цибар во Бугарија, на исток со главен град Сердика, денешна Софија. - А.М.], а на југ од Епир [Планинска област меѓу Грција и Албанија. - А.М.] и Ахаја [Ахаја, област вo северниот дел на Пелопонез. Патпописецот погрешно и Тесалија ја вклучува во Македонија. - А.М.]. Сега [Мацедон] главно е поделен на Тесалија. Мацедон е наречен и Мигдонија [Oбласт во Македонја на север од Тесалија, по долината на Вардар и с. Бешик. - А.М.], која сега Турците ја нарекуваат Јамболи [Oбласт околу Јамбол во Бугарија, која патописецот погрешно ја сметал во Македонија. - А.М.].“ (А.Матковски, op.cit. 398)

Историско-географска карта на I.Laurenbergio: Macedonia Alexadri Magni, Амстердам 1647 г. Картата е прездадена од други автори во 1700 (П.Мортие) и 1730 г. (К.Мортие).
Historianhttp://www.blogger.com/profile/07783718929733952551noreply@blogger.com0tag:blogger.com,1999:blog-38717923.post-38086117946742747282010-02-18T14:11:00.000-08:002010-02-18T14:11:25.579-08:00Грбовите на Македонија (4)
Mакедонскиот грб во грбовникот

на Корениќ-Неориќ од 1595 г.

Македонскиот грб во грбовникот на Корениќ-Неориќ од 1595 г.

Над грбот пишува: цимери македонске земље (грб на македонската земја), а под грбот: Macedoniae.

Не е познато кој бил Корениќ-Неориќ. За датумот на овој грбовник има спор. Во подолг текст на кирилица и латиница на првата страна од грбовникот, се гледа дека грбовникот требало да биде родословие на светите отци и „белези на земјите и на светлини племиња“ од илирското царство што ги насобрал Станислав Рупчиќ, управник на грбовите на царот Душан, а ги препишал од некоја многу стара книга што ја нашол на Света Гора во 1340 г. Овој запис е фалсификат, со цел да му се даде поголема важност и старост на грбовникот. Во грбовникот се дадени 11 земски грбови, т.е. „bazeli zemalja svetlih plemena“. Македонскио грб се среќава уште два пати во т.н. „општи грбови“, „комбинирани грбови“ или „сложени грбови“.

На првиот општ грб, на првото десно хералдичко поле (т.е. лево од гледачот) е македонскиот грб, жолт лав, кој овде не е исправен, со круна на главата на црвено поле, што одговара на посебниот македонски грб од овој грбовник. Бугарскиот е црвен лав, без круна на жолто поле. Во средината е двоглавиот орел - грбот на српската династија Немањиќ, а под него има лав, грб на босанската династија Котромановиќи. Над грбот на лентата пишува: „Цара Стипана Стиепана Немањића цимиер“, а под грбот на латински „Imperatoris Stephani Stephani Nemagnich insignia“. На вториот опш грб, над царската круна, на лентата пишува „Крала Степана Уроша Немањића цимиери“, а на лентата под грбот „Regis Stephani Urosy Nemagnich insignia“. (А.Матковски, op. cit. 77-81)

Македонскиот грб во грбовникот на Палиниќ

од крајот на XVI век, или почетокот XVII век.

Macedonie regniy

„Грбовникот сигурно е работен за семејството Војковиќ-Палиниќ, бидејќи нивниот грб е меѓу оние шест што се во боја... со цел семејството да се здобие со благородничко достоинство“. Македонскиот е нацртан грубо со црн туш, на главата на лавот има мала круна, а над штито војводска круна. (Ibid. 82-83)

Македонскиот грб во трудот

на Мавро Орбини од 1601 г.

Во 1601 г. во Пезаро (Италија) на италијански излегла од печат книгата „Il regno de gli Slavi hoggi corrotamente detti schiavoni [Превод: Царство на Славјаните, денес погрешно наречени скиавони - заб. А.Б.]. Historia di Don Mavro Orbini Rauseo, abbate melitense“, напишана од дубровничкиот историчар и опат на бенедиктанскиот манастир на Млет Мавро Орбини, роден во втората половина на XVI век, а како дата на неговата смрт се наведува 1614 г.

Според А.Матковски: „Делото има 500 страници, голем формат и е пишувано на италијански јазик. Тоа е историја на Словените воопшто и на Јужните Словени посебно. Според зборовите на самиот автор, овој труд требало да ја посведочи неговата привразност и љубов кон словенството. Иако книгата има многу недостатоци и неточности, поради тоа што е многу ретка и прво дело од таков вид, и денес е доста барана. Бидејќи во неа им оддавал признание и на противците на католичката црква и бидејќи ги славел и величел српските и бугарските „шизматици“ и премногу се повикувал на „еретските“ извори и писатели, римската курија ја ставила во Index prohibitorum Librorum (индекс на забранетите книги). ... [14]

...Делото му некритично и исполнето со панславизам. Тој пишувал дека Словените биле славен народ, но нивните дела немало кој да ги запише, бидејќи немале учени луѓе како што имале Евреите, Грците, Римјаните и др. Инаку, Словените владееле во Европа, Азија и Африка. Во почетокот ја опишува Скандинавија, која, според него, била стара татковина на Словените. Потоа во првите 205 старници ги опишува балтичките, моравските и дунавските Словени. Од стр. 206 ја опишува историјата на Далмација и Илирија сè до 1161 г. Од стр. 244 поминува на опишувањето на средновековните феудални јужнословенски држави. Според него, старите Словени се бореле со старите Египјани, ја урнале Римската империја, ја завладеале Франција и Шпанија и преминале во Африка и Азија. Со време од тој прасловенски народ се развиле посебни народи, како Готи, Авари, Шведи, Нормани, Фини, Трачани, Илири и др. Неговата книга се појавила во еден погоден момент кога Јужните Словени биле покорени од Турците и од Германците, со исклучок на малата Дубровничка Република и кога немале свои држави, а неговата книга раскажувала за големи држави и владетели меѓу Јужните Словени. Значи, неговото дело излегло од онаа средина со оние разбирања, што се во врска со хуманистичкото движење во Дубровник од крајот на XVI век.

Делото на Мавро Орбини е важно и поради тоа што било прв труд со печатени јужнословенски грбови, Меѓутоа Орбини не дал хералдички толкувања и објаснувања за грбовите.“ (Ibid. 83-84)

А.Матковски понатаму ништо не пишува за содржината на книгата на Мавро Орбини, а книгата на Орбини или страниците од неа кои се однесуваат на Македонија, сум ги барал и на други јазици, но безуспешно. Се разбира, има и други автори кои ја читале книгата на Орбини, па така ќе дознаеме нешто повеќе за тоа што го напишал Мавро Орбини за Македонија.

Но, прво да видеме дел од тоа што Матковски го напишал за македонскиот грб во книгата на Мавро Орбини.

„...бугарскиот грб е на стр. 398, каде што почнува излагањето на бугарската историја. Пред да почне насловот на српскиот дел од историјата, го ставил српскиот грб итн. Македонскиот грб го има само во општиот грбовник. Грбовите кај Орбини не се во боја, туку во црно-бел бакрорез. За своите грбови, за нивното значение, од каде ги земал, кој ги составил и сл., ништо не напишал. Меѓутоа дека Орбини се служел со грбовникот на Корениќ-Неориќ или од неговиот протограф се гледа од општиот, кој е речиси иста комбинација како и кај Корениќ-Неориќ, т.е. општ грб од 9 земски грбови.

Можеме само да констатираме дека јужнословенските грбови се мошне небрежно дадени и неводејќи сметка за боите. Покрај тоа има направено и две кардинални грешки. Првата гршка му е што над грбот напишал „Regno Arm di Stefano Nemagne re, et imeradore Di Rassia“ што значи дека Орбини го смета за грб на Стеван Немања. Тој знаел и потешки работи од српската историја и чудно е како можел наместо името на Стеван Душан, да го стави името на Стеван Немања. Другата крупна грешка му е што македонскиот и бугарскиот грб ги измешал и им ги изменил местата. Како во грбовникот на Корениќ-Неориќ, така и во сите други грбовници што биле правени подоцна, местото на македонскиот грб во општиот штит било во првото горно поле во десниот хералдички агол (т.е. лево од гледачот), а тој на тоа место го ставил бугарскиот (A. Arma del Regno di Bulgaria), а на местото на бугарскиот го ставил македонскиот грб (D. di Macedonia). Разлика има и во тоа, што македонскиот лав нема мала круна над главата, а бугарскиот има додека кај Корениќ-Неориќ е обратно. ...И покрај очигледните грешки, негова заслуга е што прв го отпечатил македонскиот грб и тоа заедно со другите јужнословенски грбови, напоредно со бугарскиот и српскиот, и така ја запознал светската културна јавност со него, за разлика од грбовникот на Корениќ-Неориќ, кој бил во ракопис и, бидејќи бил уникат, не можел да биде достапен за широк круг на луѓе. Така, во првата печатена историја на Словените воопшто на Јужните Словени посебно и македонскиот грб си го нашол своето, макар и скромно, место.“ (Ibid. 85-86)

Петар Богдан Бакшев (1601-1674)[15] во својата кратка статија „Историја на Охрид“ прилага цитати од книгата на Мавро Орбини:

„Абатот Мавро Орбини во својата книга, наречена „Цaрство на Словените“, /фолио 435/ не само што кажува дека градот Охрид е во Бугарија, но уште дека тој е престолнина на бугарските цареви и дека тие секогаш престојувале во тој град додека Турчинот не им го зеде царството. Тоа е познато на целиот свет и го кажува цела Бугарија.

Истиот автор Мавро Орбини, говорејки за еден архиепископ на Охрид, на име Давид, го нарекува само архиепископ на Бугарија. Тоа се потврдува и од познатиот со своите книжовни работи Теофилакт, кој бил архиепископ на Охрид и се нарекувал сам „Теофилакт архиепископ на Бугарите“.“ (Божидар Димитров, Петър Богдан Бакшев български политик и историк от XVII век. София 2001. 153)

Според Божидар Димитров: „Во почетокот на XVII век во Пезаро, дубровчанинот Мавро Орбини го прави првиот опит да напише целосна бугарска историја, одделувајки одделна студија од 75 страни излагање за бугарското минато во својата книга „Царство на Славјаните, денес погрешно наречени скиавони“. Излагањето за бугарската историја, коешто Петар Богдан за прв пат го цитира во 1640 г., е илистрирано, меѓудругото, со бугарскиот државен грб - исправен лав под царска круна - имено, тој грб Петар Богдан ќе го вклучи во својот личен грб и како грб на Бугарија во својата книга „Благосъкровище“ и во една карта составена можеби во тоа време.“ (Ibid. 70)

Петар Богдан Бакшев при пишувањето на својата статија „Историја на Србија и Призренската епархија“ пак се служи со книгата на Мавро Орбини.

„Тоа кралство [Србија] секогаш имало сопствени слободни кралеви и дури едно време беше преобразено во империја од славниот род на Неманите [Немањиќите].[16] Но после нив [српските владетели] се свртија наопаку во кнезови или деспоти... Тие го разделија кралството на одделни кнежества, како што кажува абат Мавро Орбини во својата книга насловена „Царство на Словените“, Фолио 264, отпечатена во Пезара 1601 г. Тоа се потврдува од вистинската традиција на целото тоа кралство Србија и се докажува од многубројните цркви и манастири, изградени од Неманите.

Истото српско кралство секогаш имало, како и денес, одделно духовно или црковно управување - патријаршија. Таа сосема е одделена од Константинополската и Охридската, кои не и се мешат во работата. Приматот на Пеќ во Србија секогаш ги назначувал своите епископи и архиепископи и, тоа го прави и денес, така што ги определува и ракополага. Во древноста ги кринусуваше споменатите српски кралеви и императори, како што пишува истиот автор (Мавро Орбини) во својата историја, опишувајки го кралскиот дом на Неманите на фолио 244. Тоа се докажува и од самиот патријарх, кој бил определен од самите Немани [Немањиќ] како што ми кажа сегашниот патријарх на Пеќ, наречен Гаврил, примат и архиепископ на цела Србија.

Но сето тоа станало со дозвола на римските папи, тоа ќе се види после некое време (во документите) на архивите на вашата Патријаршија, како што ми вети споменатиот патријарх. Тој патријарх во древноста немал друга црква или епископија надвор од таа на Скупи (Скопје), митрополија на Дарданија. „Скупи е во Горна Мизија, која ја вклучува и Дарданија во границите на Мизија, после новата поделба на Римската империја. Дарданија се одделува (во одделна провинција) и Скупи станува (нејзина) митрополија“.

Истиот автор (опишувајки ја) поделбата на провинциите во истиот (тој труд, зa Источен) Илирик, кажува: „На Провинција Дарданија (престолнината) е Скупи, простонародно Скопие; (На) Провинција Улпиана (престолнината е) Јустинијана Секунда, денес наречен Призрен, на Диоклециана - Несина или Несус“ (на) фолио 210, и покрај тоа што во истата „Географија“ (Антични белешки, фолио 24) Провинција 16 (е кажано): „На провинција Дарданија се потчинети 3 града: Скупи, метрополија, Мерлон и Упиана (или Улпиана), Јустинијана Втора, денес наречена Призрен“. ...Урбан III, вечна му памјат, во својата була пишува за основањето на Илирискиот колеџ, дека во калството Србија има три епископии: Скупи или Скопје, Јустинијана, наречена Призрен, и исто Ниш...“ (Ibid. 153-155)

Отец Паисиј Хилендарски (1722-1773), Македонец родум од гр. Банско (С.Димевски), во пишувањето на својата „Историја словеноболгарска“ (1762 г.) гo ползувал рускиот превод на „Царството на Словените“. За влијанието на Орбини во делото на Паисиј Хилендарски ќе се задржиме поопширно подолу во тектот, во врска со грбовите на Македонија присутни во преписите на Паисисевта историја.

Коста Црнушанов[17] во една своја брошурка пишува:

„На рака го имаме рускиот превод на книгата на Орбини од 1722 г., направен по заповед на Петар Велики, кој носи заглавие: „Книга Исторiография початiя имене, славы и разширенiя народа славенского и ихъ царей и владетелей подъ многими имянами и со многими царствiями, королевстами и провинцями. Собрана изъ многихъ книгъ историческихъ чрезъ господина Мавроурбина, архимадрита рагускаго... 1722“.

Во вториот дел од своето дело Орбини прави преглед на историјата на одделните словенски народи. На Бугарите им посветува специјална глава „Историски податоци за кралството на бугарскиот словенски народ“, која ги зафаќа страниците од 289 до 335. Тука даваме извадоци од неа, кои се однесуваат околу царувањето на Самуил:

„Кога браќата Давид, Мојсеј, Арон и Самуил - синови на Комитопул, човек уважуван кај Бугaрите - ги поттикнувале поданиците за отпор..., Унгарците (унгры) навлегле во Бугарија“ (стр. 308).

„Бугарското кралство било целосно победено и покорено под грчко робство. Но, во времето на Василиј Порфирогенит се дигнале Бугарите и управувањето на своето кралство им го предале на браќата Давид, Мојсеј, Арон и Самуил - деца на Комитопул, затоа што веќе бил прекинат кралскиот род во лицето на евнухот Роман, син на цар Петар. На крајот Самуил останал сам господар на Бугарија...“ (стр. 201).

„Самуил - бугарскиот крал, го нападнал Бладимир, владетелот во Далмација... и го држал во опсада... На крјот Владимир поради предавството на некаков негов жупан... паднал во заробеништво на Самуил“ (стр. 201).

„Самуил заповедал да ги попречат преминте со густи пречки... И кога му било сопштено за дижењето на имераторот со цел да навлезе во Бугарија - неговото кралство, тој застанал на страна пред оние прегради...“ Ксифиј поминал преку густите гори и во грб со својата војска ја “разбиле војската на Самуил, земајки во заробеништво 15 илјади Бугари“ (стр. 311).

„После смртта на Самуил - кралот бугарски, наследник станал неговиот син Радомир. Тој ја покорил целата област од Бугарија дури до Константинопол“ (стр. 202).

Василиј го охрабрувал Ароновиот син Владислав да го убие Самуиловиот син Радомир „ветувајки му го владеењето на Бугарија и бугарските провинции“. Штом Владислав го убил Радомир, „тогаш според ветувањето императорот на Владислав му испратил грамота, подпечатена со сопсвтениот печат и со признание да го владее бугарското кралство“ (стр. 312).

Но гледајки дека никогаш со сигурност „нема да владее со бугарското кралствотво, додека е жив Владимир, зетот Радимиров“, Владислав со измама го повикал кај себe „Владимир... како свет човек по душа ја прифатил поканата на Бугаринот“ и бил убиен (стр. 205).

„Но бидејки Владислав не го почитувал договорот, императорот сам навлегол во Бугарија и ги разорил Острово и неговта околина и ја разбил пелагониската војска, заповедајки да им ги извадат очите на сите бугарски војници, кои му паднале во рацете. Го завзел и Охрид - престолнината на бугарското кралство... Но Бугарите ги заклале сите Грци, оставени во гарнизоните во завземените градови“ (стр. 313).

А „имераторот влегол во Охрид, каде заповедал да се отвори азното на сите бугарски цареви“ (стр. 314). (Коста Църнушанов, Сръбски и хърватски свидетелства за българската народност в Македония. Благоевград - без год. на издвање. 16-18)

Во предговорот на книгата „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“, Блаже Конески пишува за влијанието на книгата на Мавро Орбини:

„...Зборот ни е за нешто што можеме да го наречеме славизација на историјата, разбирајќи под тоа еден стремеж да се прикаже во што поголем сјај словенското племе. Веќе во некои средновековни пролози името Скити се заменува со името Словени, што преставуваше јасна пројава на таквиот стремеж. Григориј Цамблак (XIV-XV век) го прошируваше името Илири на Балканските Словени. Во XVI век хрватинот Винко Прибоевиќ, којшто се влијаел од полските хроничари, пишувале за античките Македонци како за Словени и за Александар Велики како за словенски цар, што подоцна, во минатиот век [т.е. XIX век], го тврдеа нашите македонисти, секако поучени од ваквите порнешни искажувања. Во Москва никој друг, ами Иван Грозни, истакнуваше дека Русите биле покрстени од апостол Андреј во исто време кога и Грците. Особено преку контактите во Света Гора ваквите идеи, сугерирајќи аналогни решенија, се ширеа и во јужнословенската средина. Првата голема синтеза сепак ја направи еден католички опат, дубровчанецот Мавро Орбини, кога во 1601 г. ја издаде во Пезаро на италијански јазик својата книга „Кралството на Словените“. Милосник на идејата за старата словенска слава, тој ги вклучува меѓу Словените не само старите Македонци и Илирите, ами и повеќе од оние народи што со Големата преселба излегуваат на историската сцена. Само Словените, вели тој со нескриена гордост, успаеле да го освојат и разрушат вечниот град, Рим. За пример, само да се види дека Џинот имал од каде да се поучи, ќе ја спомнеме овде етимологијата што ја приведува српскиот историчар од XVIII век, Јован Раиќ, а со која се докажува словенската припадност на Печенезите. Имено, тие луѓе биле сточари, овчари, па кога ќе им застудело, валеле оган и ќе се навртеле околу него да ги печат нозете. Доказот се сметал за уверлив.

Ретко има историско дело, иако поставено на вакви кревки научни нозе, што извршило толку големо влијание врз формирањето на историската самосвест кај Словените, како што е тоа случај со историјата на Мавро Орбин. За нејзината популарност многу придонесува руското издание од 1722 г. Кога во XVIII век се зародува националната идеја и кај одделните јужнословенски народи, историографската задача се состоела во тоа, на својот сопствен народ да му се препише во што поголема мера она што Орбин го величеше како сесловенска слава.

Типичен пример за тоа ни дава Паисиј Хилендарски со својата „Историја славено-болгарскаја“.

И во времето кога настапи Џинот [Јордан Хаџи Константинов, р. ? во Велес - у. 1882 г. во Велес], и во поголеми и далеку поразвиени средини, сè уште имаше луѓе што, дури и кога се служеа со поусовршена научна техника, беа опфатени со силнината на митската мисла.“ (Јордан Хаџи Константинов- Џинот. Избрани страници. Приредил Блаже Конески. Скопје 1987. 23-25)

Џинот Џинот

За илустрација на „силината на митската мисла“ на Џинот, оценет од Б.Конески како „роден митоман“, приложувам два кратки цитати од неговите статии објавени во „Цариградски весник“.

Во бр. 211 од 05.02.1855 г., во стијата за Скопска Црна Гора, Џинот тврди:

„Село Бањани... Внатре во церквата са изображени цар Навуходоносор с гербо му в руце, цар Дарија и гербо му, цар Пор и гербо му, цар Александар Македонскиј и гербо негов нарицаемиј фаланга и клоб (чвор) Гордиев, и лев македонскиј.“

Во статијата „Статистичко описание. Споменик за села називаемии Мориево Прилепско“, напечатена во „Цариградски весник“ бр. 458 од 21.11.1859 г. Џинот пишува:

„Мориевски христјане са от најстарија Болгаре кои дошле от неизвестни векове с име Пејани и Мирмидони. Плиниј и Стравон ги казува да се храбрејшиј род скитскиј кои всегда ходили на бој напред с Александар Велики.“ (Ibid. 75 и 99)

Македонскиот грб

во Алтхановиот грбовник од 1614 г.

И на овој грбовник има запис од препишувачот со кој: „се сака да се каже дека свештеникот Станислав Рупчиќ, кој божем бил управник на грбовите во дворот на царот Душан, сосотавил грбовник... и дека и овој Алтханов грбовник е, всушност препис на таа можне стара книга што се нашла меѓу старите книги во библиотеката на Света Гора.“ (А.Матковски, op.cit. 87)

Грбовникот бил направен во Виена, во 1614 г. за младиот фелдмаршал - грофот Адолф Алтхан (1574-1636). Михаил Адолф Алтхман во својата 20 година бил полковник, учествуавл во војните против Осламнлиската империја, одел во дипломатски мисии во Цариград кај султанот и склучил договор за мир во 1627 г.

Во Алтнхановиот грбовник македонскиот грб е даден само еднаш, на грбот пишува: „Македонске земље цимери“, а под него: „Insignia regni Macedoniae“. Составувачот прво погрешил, наместо „Macedoniae“ напишал „Dalmatiae“, но го прецртал. Во времто кога А.Матковски ја напишал неговата книга грбовникот се чувал во Универзитетската библиотека во Болоња. (Ibid. 86-88)

Македонскиот грб од околу 1620 г.

Описот и на овој грб во книгата на А.Матковски стои под насловот: „Македонскиот грб во грбовникот што се наоѓа во Музејот на приеменета уметсност во Белград од околу 1620 г.“.

Во 1936 г. во виенската антикварница „Giehofer und Rauchburg“ грбовникот во кој е преставен овој грб на Македонија бил купен од тогашниот југословенски конзул во Грац, а истиoт до 1963 г. се чувал во неговото семејство.

Според А.Матковски: „Останува отворено прашањето за кого бил работен овој грбовник и кој го работел. Сигурно е дека бил работен за некоја многу богата и угледна личност, штом е работен со големо количество злато од најдобар квалитет. ...И покрај тоа што виенската антикварница „Giehofer und Rauchburg“ го датирала овој грбовник со 1620 г., Загорка Јанц смета дека датумот би требало да се корегира, бидејќи тој е пишуван на хартија произведена во времето од 1574 до 1603 г. ...Јанц смета дека овој грбовник настанал најдоцна до 1615 г.“

Во овој грбовник македонскиот грб е даден три пати, еднаш посебно и двапати во во сотав на општите грбови. На посебниот македонски грб: испарвен жолт лав (златно-жолта боја) со двокрака опашка, за разлика од многу други грбовници во кои македонскиот лав е со еднокарка опашка. Лавот на главата има мала круна. На првиот општ грб под него на лентата пишува: „Imeratoris Stephani, Stephani Nemanich insignia“, а на вториот општ грб: „Regis Stephani Vrosa Nemanich insignia“. Македонскиот лав и овде е даден со опашка што се дели на два крака, а бугарскиот грб е црвен лав на жолто поле. (Ibid. 91-92)

Македонскиот грб во грбовникот

на Марко Скороевиќ од 1636-1638 г.

Insignia Regni Macedoniae

Според Матковски, грбовникот бил подготвен за подарок на некоја висока и угледна личност. Тоа може да се види и од посветата. Наречен е „грбовник на Марко Скороевиќ“, бидејќи се смета дека го сликал од некој од некој „илирски“ извор и му го посветил на царот Фердинад III и царицата Марија.

„Правењето на овој грбовник - според А.Матковски - се сврзува со името на Андрија Охмучевиќ, близок роднина, а потоа и зет на Петар Охмучевиќ. Адмиралот Петар Охмучевиќ немал машко потомство, туку само една ќерка Аурелија, која уште малолетна се омажила со својот роднина Андрија Охмучевиќ. Андрија Охмучевиќ го наследил не само богатсвото на својот тест, туку и неговата благородничка суета, талентот на војсководец и неговата морнарска среќа. И тој станал адмирал во шпанската флота...

Иако на Дон Андрија Охмучевиќ благородништвото не му било спорно, тој пак се заложувал и постојано го докажувал своето потекло од „грофот на Тухељ“ и од „Duca di Castoria“.

Така, по негова иницијатива, во 1645 г. излегла расправата на Франческо де Петри, неаполски доктор по право: „Brave discorso genealogico delle Antichissima e Nobilissima Famiglia Ohmuchecich“, во која се опишувало потеклото на Охмучевиќи, повторно се објавувани веќе познатите фалсификувани повелби, божем издадени од цар Душан и други владетели. Но, овој пат во ова расправа биле вклучени 16 грбови и две геогрфски карти на феудалните поседи, на кои Охмучевиќи претендирале. Тоа биле картите на областите околу Костур и на „Смуцка жупа“.

Андрија Охмучевиќ ги добил сите благороднички права, како од Шпанците, така и од австрискиот цар Фердинад III, (во 1650 г.). Сепак, тој продолжува да организира печатењето на генеалогии на семејството Охмучевиќ и книги што го поткрепувале тоа. Во 1653 г., пак во Неапол, овој пат на шпански јазик, излегла книгата: „...[А.Матковски во оригинал, без превод го дал насловот на книгата на А.Охмучевиќ, кој зафаќа повеќе од 7 реда од една страница.]...“

Десет години по ова книга, т.е. во 1663 г., излегла втората печатена книга, „...[А.Матковски во оригинал го напишал насловот на книгата]...“. Во ова книга се раскажува за потеклото на родот Охмучевиќ, за нивните феудални поседи во Костурско и Смуцка жупа во Босна, и за феудалните привилегии што ги добиле од разни владетели. На дното на генеалошкото стебло на родот Охмучевиќ стоело: „Castoriae Nobilis Prou-e; Macedonia, eisq. opp. ru; Ano Dni 1349“.

На овој начин, т.е. прку грбовници и книги, чие издавање го поттикнувале, го организирале и го финансирале, почнувајќи од Петар Охмучевиќ, преку Андрија Охмучевиќ па и другите поколенија што доаѓале по нив, родот Охмучевиќ се прочул во цела Европа... На тој начин Петар и Андрија ја запознале цела Европа со нивните поседи во Македонија. Така, преку овие изданија, кои често се препечатувале, како и преку уште многу други што по смртта на Андрија ги издавале неговите синови и внуци, името Македонија, која според овие изданија била околу Костур, се популаризирало во цела Европа. Затоа од Мадрид на запад и до Одеса на исток, од Берлин на север и до Неапол на југ, се наоѓаат грбовници или книги во кои се славел родот Охмучевиќ, а заедно со нив се популаризирала и Македонија, како географски и етнички поим. Андрија не го терала само суетата на ваква работа, ами тој насетувал дека австриската војска се готви да навлезе на Балканскиот Полуостров и да ги осободи краиштата на кои тој претендирал. На ова го терало и тоа што во исто време во Прага живеал некој австриски офицер Никола Охмучевиќ. Тој во Прга го препишал „Осман“ од Гунделиќ и во врска со овој препис ставил запис во кој се вели дека во борбата против полумесечината ќе ги ослободи своите наследни феудални поседи во Македонија. Записот го напишал „u Parizu od Boemie, Nicolo Ohmucević pisa na 15 Aprila 1564“.

Адмиралот Андрија Охмучевиќ и сликарот на овој грбовник Марко Скороевиќ... се откажале од „босанско-илирската“ и од „српско-илирската“ идеја и создале нова „австриско-илирска идеја“.

На првиот општ грб „Insignia Imeratoris Stephani“ македонскиот грб е во првиот горен агол од десната хералдичка страна, а на вториот општ грб „Insignia Henrici filij Stephani Regis“ го нема македонскиот грб. Според Матковски „Ова е единсвен случај во општиот грб да отпадне грбот на Македонија... тоа е направено намерно да се истакне илирската идеја.“ (Ibid. 93-97)

Македонскиот грб

во белградскиот грбовник од ок. 1640 г.

Грбовникот се чувал во Народната библиотека во Белград, но изгорел на 06.04.1941 г. кога Белград бил бомбардиран од нацистите. Некои грбови од овој грбовник денес се познати според фотографии.

Грбовникот бил купен во книжарницата Херолт во Виена меѓу 1860 и 1873 г., а покасно во хреалдичката литература е наречен „белградски грбовник“. Според А.Матковски: Веројатно бил изработен за во првата половина на XVII век за адмиралот Андрија, син на Никола, кој во 1640 г. во Неапол водел постапка за докажување на благородништвото.

Грбовникот не бил во боја, боите биле означени со хреалдичко шрафирање. Во овој грбовник македонскиот грб бил три пати нацртан, еднаш посебно и двапати во состав на општиот грб. Посебниот македонски грб е многу едноставен: на германски штит бел лав на црвено поле. Матковски кажува дека тоа е единствениот случај каде лавот е во бела боја. Грбот нема круна. Од двата општи грба во „белградскиот грбовник“ слика е зачувана само од едниот. На општиот грб од кој е зачувана слика, под грбот пишува: „Regis Stephani Urosy Namagnicch insignia“, под овој текс било дадено објаснување кој грб на кого му припаѓа. Грбот на Бугарија во „белградскиот грбовник“ бил црвен лав на златно поле. (Ibid. 97-98)

Македонскиот грб

во Фојничкиот грбовник од 1675 г.

Грбовникот е наречен Фојнички затоа што од „незапомнени времиња“ се чувал во манастирот Св.Дух во гратчето Фојница. На насловниот лист на зборникот има запис на босанчица (босанска кирилица) и гласи: „Родословие босанскога алити илиричкога и сарпскога владанна заедно поставалено. По Стануславу Рупчићу попу на славу Стипана Немаћнића цара Сарбћлена и Бошћнана 1340“. - Но, српскиот цар Душан никогаш не ја освоил Босна.

Според А.Матковски, Фојничкиот грбовник бил само препис на некој стар грбовник од 1340 г. кој божем бил направен од некој си поп Рупчиќ и кој се чувал на Света Гора.

Појавата на грбовникот се сврзува со синот на Андрија, Пјер-Дамјан Охмучевиќ, своевремено прочуен навигатор и математичар, кој дошол во Дубровник каде станал адмирал на дубровничката флота.

Фојничкиот грбовник повеќепати бил потврдуван од разни надлежни власти. Австриските цареви Фердинад III и Леополд I без да ја проверуваат староста и вистината го потврдиле грбовникот во 1683 и 1703 г. Дубровничката Република на 22.01.1741 г. издала уверение во кое се вели дека грбовникот е веродостоен и дека оригиналот се чува во некоја библиотека на Св.Гора. И на 06.07.1800 г. бискупот фра Грга Илиќ потврдил на самиот грбовник дека тој „од памтивек се чувал кај фрањевците во Фојница“.

Во Фојничкиот грбовник македонскиот грб се среќава еднаш посебно и еднаш во состав на општиот грб. На македонскиот има жолт лав со круна на црвено поле, а на бугарскиот: црвен лав со круна на жолто поле. Над врвот на грбот, има три шлема крунисани со грофовски круни. На средниот шлем има црн двогалав австриски орел, кое нешто говори дека потомците на Андрија Охмучевиќ (у. 1654 г.), „илирско-српската идеја“ ја замениле со „австриско-илирска“. На другите два шлема поставени се македонскиот и бугарскиот лав со грофовски круни. (Ibid. 100-103)

14.) Појавата на првата печатена историја на Словени (како културен настан од општословенско значение) и нејзиното ставање во споменатиот показател на забранетите книги, отприлика се совпаѓа со слендите културни настани од тоа време: горењето на Џордано Бруно на клада (1600 г.), со времето кога Вилјам Шекспир (1564-1616) го завршил пишувањето на трагдијата „Хамлет“ (отпечатена 1603 г.) и, отприлика со времето кога Мигел де Сервантес (1547-1616) е во затвор (1602-1603), а потоа во 1605 г. го напечатил романот на „Дон Кихот“, кој за една година имал дури 6 изданија.

15.) Петар Богадан Бакшев (1601-1674), р. во Чипровец, Бугарија. За своето време стекнал виско образование во Рим. Во 1643 г. станал поглавар на бугарските католици, од папта е назначен за архиепископ на Софија. Тој е создвач на бугарската револуционерна организаја која во 1688 г. го дигнала Чипровското востание. Автор е на неколку историографки статии: „Описание на царство Българя“, „Кога и как Макроманите (Моравите) прегрнаха христовата вера“, „История на София“, „История на Охрид“, „История на Сърбия“, „История на България“ (1667).

16.) Спискок на владетелите на Рашка:

Околу 1083 - ок. 1114 г. Вукан.

Хронологијата на понатамошните жупани е несигурна. Најзначајни се Урош I, Урош II, Деса, Тихомир (брат на Немања).

1166-1196 Стефан Немања

1196 - ок. 1223 крал од 1217 Стефан Првовенчани

ок. 1223 - ок. 1234 Стефан Радослав

ок. 1234 - 1243 Стефан Владислав

1243-1276 Стефан Урош I

1276-1282 Стефан Драгутин

1282-1321 Стефан Урош II Милутин

1321-1331 Стефан Урош III Дечански

1331-1355 цар од 1345 Стефан Душан

1355-1371 цар Стефан Урош

1366-1371 крал Вукашин

1371-1389 кнез Лазар

1389-1427 деспот од 1402 Стефан Лазаревиќ

1427-1456 деспот од 1429 Ѓураѓ Бранковиќ

1456-1458 деспот Лазар Бранковиќ (Георгије Острогорски, Историја Византије, Београд 1998. 538-540)

17.) Покојниот Коста Црнушанов е родум од Прилеп. За време на бугарската фашистичка окупација бил еден од државните чиновници во Прилеп. Во Народна Република Бугарија одлежал неколку години во комунистичките логори поради тоа што не се согласувал со политиката на БКП по македонското прашање. Автор на поголем број статии во кои го застапува гледиштето дека современиете Македонци всушност се Бугари. Неговата најзначајна книга е: Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него. София 1992.
Historianhttp://www.blogger.com/profile/07783718929733952551noreply@blogger.com0tag:blogger.com,1999:blog-38717923.post-55729368708701748052010-02-18T14:06:00.000-08:002010-02-18T14:13:29.403-08:00Грбовите на Македонија (3)
Меѓу совремeниците на дон Педро Охмучевиќ ( р. ? - у. 1599) се Јаков Крајков „от пределех македонских“ и Јаков „от Македоние“.

Првиот, на еден печатен псалтир запишал: „Аз Јаков от пределех македонских, од места зовом Софија, Крајков син... И аште кому која потреба, в’схоштет от светих книг, то вса сија сут принесена в места Скопје, у Кара Трифуна.“

Вториот, во 1566 г. поговор на печатен псалтир запишал: „Изидох от Македоние, отч’ства моего и в’нидих в западних странах близ Рим, в град Венетиа, и тамо обретох стари калапи Божидара... И аз убо, Јаков родом и от’чством бех иже в подкрили великие гори Осоговцеј, близ Коласискаго [Коласија е старото име на Ќустендил. - Забелешка на Скаловска.], от места нарицаема Камена Река“. (Радмила Угриновска - Скаловска, Записи и летописи. Скопје 1975. 87-88).

Првиот познат македонски книжар е Кара Трифун. Тој во Скопје во втората половина на 16-ти век во неговата „словенска книжарница“ (така стои во старите книги) ги продавал венецијанските изданија на Јаков Крајков, на Ј.Загуровиќ и други црковни книги.

Страница од Часловот на Јаков Крајков.

Страница од „Часловот“ на Јаков Крајков, „от пределех македонских, од места зовом Софија“.

Според Скаловска: „Јаков, Крајков син од Софија и Јаков од Камена Река, село под Осоговската планина се печатарски трудбеници кои работеле во една од најстарите јужнословенски печатници на Божидар Вуковиќ во втората половина на 16 век. [Но] Не е утврдено дали се работи за едно лице или за двајца луѓе.“ (Ibid.) Aко едно лице може да има две родни места, тогаш да ги сметаме за еден ист човек Јаков од Софија и Јаков од близната на Ќустендил.

Патем, да го спомнeмe и Милети Македонски кој живеал во 17-от век. Во 1636 г. во печатницта на угаровлашкиот господар Матеј Бесараб, е напечатен црковнословенски псалтир, наменет: „најпаче же Болгаром Сръбом Оунгаровлахом Молдовлахом, и проч“. Како издвач на овој псалтир е забележан Мелети Македонски (Мелетiю Македонскомоу), светогорски монах „въ великой Болгарской лавре монастира Зоуграф зовемаго (Каратаевъ, Описанiе славяно-русскихъ книгъ. Спб. 1883, стр. 459-460).“ (Й.Иванов, Българите въ Македония Издирвания и документи за техното потекло, език и народност. Второ допълнено издание. БАН. София 1917. 173)

Историја Југославије, Белгад - нема година на издвање, нема наведено автори.

Во „Историја Југославије“ (издадена 30-те години во Кралството Југославија) во врска со употребата на името Македонија во XVI-XVII за означување на предели од Црна Гора, Босна и Србија стои следното објанение:

„Божидар Вуковић [т.е. погоре споменатиот Црногорец Божидар Вуковиќ], српски штампар у Млецима, год. 1519 казивао је за себе да је отачаством „од диоклитиских страна, у пределима маћедонским, од града Подгорице“ [денешниот главен град на Црна Гора]; год. 1566 један писар од из херцеговачког манастира Завале наводи да се налази „у странама македонским“; год. 1615 наводи се манастир Морачу да ја „у западним странама, у пределима маћедонским“, а год. 1661 неке хаџије у Јерусалиму говоре за се да су „од предела маћедонским, од земље Босне, од места Сарајево“. Ово проширење географског појма Маћедоније дошло је, несумљиво, по том обухватању целог српског подручја под власт охридске маћедонске цркве.“ (стр. 310 од Историја Југославије. На ова обемна книга, А4 формат на 615 страници, нема авор(и), година и место на издвање, само стои дека е издадена од „Народно Дело“ што значи во Белград. Претпоставувам, издадена е во првата половина на 30-тите години од XX век.)

Во едно писмо (ако истото е автентично) на германскиот владетел Рудолф II од 1579 г. до папата, српскиот град Шабац е вброен во градовите на Македонија:

„На најблажениот во Христа отец, господарот Грегориј XIII [Грегориј III, римски папа (1572-1585). Заб. од составувачите на зборникот. Во текстот на писмото стои: Грегориј XIII.]...

...дон Петар Црновиќ, инаку Ангел, дојде овде [т.е. кај Рудолф II] и покорно ми изложи дека тој води потекло од прастариот род на царот Константин [На кој цар Константин приредувачите на зборникот не дале појансување.], од татко Хелија-војвода од Sciabaiach [Шабац] роден во Salonae [Солун] и други делови на Македонија, и дека Турчинот.... го протерал од татковината... ја молиме Вашата Свтетост да го прифати споменатиот дон Петар“. (ИНИ, Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава. Скопје 1981. I. 141)

Св.Софија - Охрид.

Св. Софија - Охрид, катедралниот храм на Охр. арх.

Круната на Охр. архиепископи. Круната на Охр. архиепископи

Но, титулите на охридските архиепископи во период од 1515 - 1615 г. не го потврдуваат како точно тврдењето дека „охридската македонска црква“ го ширела името Македонија во Босна, Црна Гора и Србија.

Според Иван Снегаров: „Во турско време охридската архиепископи употребувале велечествени титули, кои после половината на XVI век не биле соодветни на реалната големина на нивната диецеза, туку изразувале претензии врз изгубени земји.“ На пр., Доротеј „родум Словен“ (И.Снегаров) во 1466 г. се потпишал: „Доротеј со милост Божја архиепископ на Прва Јустинијана и на сите Бугари и Срби и северните предели и други.“ Така се потпишал и Прохор („Словен“ - И.С.), во 1548 г. но без зборовите: „северните предели“, а во 1549 г. и без зборот: „сите“ (Според Љ.Стојановић, Прохор во 1541 е наречен папа, но И.Снегаров смета дека се работи за грешка: Прохор, со милост Божја архиепископ на Прва Јустинијана, папа на Бугари и Срби и Поморие и други). Паисиј е „првиот познат aрхиепископ кој Охридската архиепископија ја нарекол патријаршија“ (1566 г.) Гаврил (I), родум од Јанина, во 1587 г. на латински ја започнува една своја својата грамота: „Gabriel miseratione diuina Archiepiscopus Justinianae P. Archidarum et totus Bulgariae, Seruiae, Albaniae, utriusque Walachiae“. Во своето писмо од месец октомври 1587 г. тој се нарекол: „патријарх на Бугарија, Србија, Македонија, Албанија, Богданија (Botania) и Унгаровлахија.“ Атанасиј во свое писмо од 1596 г.: „Athanasius Dei gratia arhiepiscopus Prima Iustiniane, Achridensis, Vulgarie, Servie, Albanie, Valachie, Moldavie, Litivaniae patriarca Rassie; а во свое известие од 1615 г. „Athanasio Patriarcha della Prima Iustiniana“...“

Охрид 1915 г. - поглед на Св. Софија.

Охрид во 1915 г. - поглед на Св.Софија.

„Во втората половина на XVII в. охридските предстојатели на архиепископскиот престол како да немаат слабост кон величествени титули. Во 1660 г. Игнатиј (I) се потпишал само Архиепископ Охридски или на Охрид, како и Панарет во 1671 г. Исто и Зосима (I) во еден акт од 1663 г. се нарекол архиепископ на Прва Јустинијана Охрид, но во 1666 г. (се титулирал ) како архиепископите од византиско време: Зосима, по милост Божја архиепископ на Јустинијана, Охрид и цела Бугарија [Кај И.С. на грчки, во мој слободен превод]. Партениј во кодескот на костурскиот митрополит се потпишал исто како Зосима во 1663 г.“. Охр. архиепископ на 21.02.1719 г. се потпишал: „Јоасиф по милост Божја архиепископ на Прва Јустинијана Охрид и Цела Бугарија“. (Иван Снегаров, Итория на охридската архиепископия-патриаршия от падането и под турците до нейното инищтожение 1394-1767. МНИ София 1932. 378-381; 527).

Патем, идејата во титулата на Охр. архиепископи да се вметне додавката „на Прва Јустинија“ се појавува и реализира во XII век. Целта на Византијците била да ја претстават Охр. арх. како основана од императорот Јистинијан I (VI век), иако истата била уништена во аварско-словенските напади во крајот на VI и првите години на VII век.

Охридската патријаршија.

Охридската патријаршија (според картата во атласот на Димитар Ризов, Българите в техните исторически, етнографски и политически граници. Атласот е напечатен на германски, англијски, француски и бугарски во Белин 1917).

Во врска со тврдењето дека „охридската македонска црква“ го ширела името Македонија во Босна, Црна Гора и Србија, вниманието го заслужува следното тврдењето на Б.Ристовски:

„...за затврднување на бугарското име во Македонија решавачка улога изигрува и еден друг веќе спомнат факт: по пропаѓањето на Самуиловата држава византискиот император Василиј II, според вообичаениот ред во империјата, новозавземените територии ги раздели на теми и така Македонија, како центар на пропадната „бугарска држава“ [Самуилова Бугарија], стана тема со името “Бугарија“... Освен тоа, Василиј II уште веднаш ја детронира и Охридската патријаршија на ранг на архиепископија, но ја остави како автокефална црква, која меѓутоа сè до укинувањето во XVIII в. го задржа во својата фирма и бугарското име... Не толку краткотрајното владеење на српските феудални господари во Македонија не можеше да го избрише бугарското име, бидејќи Охридската архиепископија постојано го потхрануваше и не само во епархиите во Македонија, туку и во оние што беа надвор од денените нејзини граници. Затоа и не е чудно што, на пр., и Евлија Челебија во XV в. наоѓа Бугари и во Белград и во други места што биле под јурисдикција на црквата на Охрид.“ (Б.Ристовски, op. cit. 61-62; 64)

Белград на гравура од XIII-ти век.

Белград на гравура од 13-ти век.

Според Атанас Иширков: „Во студијата на Dr P.Matkovič, Putovanja po balkanskom poluotoku za srednjeg vieka, напечатена во Rad jugoslav. - Akad., кн. 42, стр. 56-185, гледаме дека во 11 век и покасно, кога византијците ја владееле денешна северна Србија и Бугарија, градовите Белград и Ниш се наречени бугарски градови. Така на пр. Lietbert, епископ камбријски, ја нарекува (1054 г.) северна Србија со името Бугарија, Белград - бугарски град. Матковиќ претпоставува дека тоа е во врска со стари спомени (до 1014 г. Бугарите навистина владеат со Белград) или пак дека таму имало бугарско население (Rad 42, стр.70). Изгледа дека во Белград секогаш имало силна бугарска колонија, која својот почеток можеби го води од долгогодишното владеење на Белград од Бугарите во 9, 10 и 11 век. Кога Сулејман Велики го завзел Белград во 1521 г. од тој град преселил многу Бугари во Цариград и неговатa околина. Спомен од тоа преселување е селото Белград кај Цариград [Hammer-Hellert, Historie de l’empire Ottoman. Paris. V, 19]. Евлија Челебија, кој подробно го опишал Белград врз основа на своите набљудувања, го пишува истото, дека во Белград се говори српски, бугарски, бошњачки и латински [Путопис Евлије Челебије о српским замљама у XVII веку превео с турског Дим.С.Чохаџић. Споменик XLII, стр. 10 и 12]. Стефан Караџиќ пишува дека во 1810 г. Бугарите биле сила во Белград [Скупљени историјски и етнографски списи Вука Стеф. Караџића. Београд 1898. I, 97]. Во околината на Белград имало исто бугарски села [Мемоари проте Матије Ненадовића. У Београду, 1883, стр. 104: „било је у Топчидеру десетак кућа сламњача бугарских, пак су празне остале, а Бугари побегли“, 1804 г. во време на српското востание]. Бугарски села во околната на Белград има и сега [Се однесува на 1915 г. - з.м.] (Види д-р Ј.Цвијић, Насеља српских земља. Расправе и грађа, књ. II (1903), стр. 970-971].“ (Атанас Иширков, op. cit. XI-XII.)

Јужната граница на Пеќката патријаршија во 1640-1655 г.

Јужната граница на Пеќката патријаршија во 1640-1655 г.

Мехмед Паша Соколовиќ (1505-1579), р. во Босна, убиен во атентат. Мехмед Соколовиќ.

Во 1567 г. великиот везир Мехмед Соколовиќ (везир од 1567 до 1579 г.) влијаел да биде издаден султански берат за обнова на српската пеќка патријаршија, за патријарх бил назначен брат му Макарие. Во границите на обновената Пеќка патријаршија влегле предели кои не биле српски - скопската, ќустендилската и самоковската епархија, а во титуилите на пеќките патријарси се спомнува и бугарското име, кое секако се однесува на споменатите три епархии. За првиот патријарх се кажува: „Макарие подржештоу србскоје начелства и Бл’гаром и поморским странам“ (Љ.Стојановић, Стари српски записи и натписи, бр. 645). Во 1580 г. за патријархот Герасим се говори како за: „архиепископа пекскаго и патријарха всем србљем и блгаром и северним странам“ (Истото, бр. 751). Во 1629 г. Паисиј се титулира: „Всем Србљем и Блгаром патриарх“ (Истото, 1202). Во 1682 г. патријархот се потпишува: „Арсениј, Божиеју милостију патриарх пеккски и всем Срб. и Блгар. и прочим“ (Истото, бр. 1749). (Цит. од Й. Иванов, Българите в Македония... 165-167) Титулата на патријархот Арсение III Черноевиќ според една преписка од неговото време е: „Архиепсикоп Сербскиј и Болграскиј, Словенскиј и всего Иллирика западнија страни патриарх“.“ (Според неколку српски зборници и др. извори, цитирано кај Атанас Иширков, Западните краища на българската земя. София 1915. XXXIII) Во титулите на Пеќките патријарси до укинувањето на Пеќката патријаршија во 1766 г. постојано е присутно и бугарското име.

културната атмосфера во која се појавил

првиот познат македонски грб

Блаже Конески, Македонската преродба. Скопје 1953 г. [10]

А.Матковски пишува и за „културната атмосфера“ во која се појавил првиот познат македонски грб:

„Еден од првите географи на XV век Enea Solvio Piccolomini ... сите Јужни Словени со општото име ги нарекува „Illyricae gentes“, т.е. „Илирски народ“. Ова име со ова значение постепено го примиле и претставниците на хрватскиот хуманизам, како симбол на саканато обединување и ослободување на сите Јужни Словени. Сè до 1485 г. во актите на Римската конгрегација од 1485 г. се јавува и изразот „natio illyrica“, а од 1496 г. и „nations illyricae“. Првите хрватски хуманисти се обиделе да ги означат дури и границите на „natio illyrica“. Така Јурај Шишгоржиќ... на јужнословенското подрачје гледа како на единствена културна и географска средина, одредувајќи ги границите на „Illyria“ и тоа: на запад до Фурландија, на север Унгарија, на исток Црното Море, а на југ Албанија и Грција. ...И хрватскиот писател од XVI век Винко Прибоевиќ во своето дело „За потеклото и згодите на Словените“, пишувано на латински јазик и печатено во Венеција во 1532 г., Македонците ги сметал за Словени. И Александар Македонски го сметал за Словен.“ (А.Матковски, Грбовите на Македонија... 55)

Александар III Велики - мозаик од I в. пр.н.е.

Александар III Велики - мозаик од I в. пр.н.е.

Иван Гундулиќ Иван Гундулиќ

Според Драган Ташковски: „Од каде... Филип и Александар Македонски, во главите на македонските Словени дошле како Словени, денеска не е многу тешко да се утврди. Првиот кој старите Македонци ги сметал за Словени бил доминиканецот Винко Прибоевиќ, кој во говорот одржан на соборот на Хвар во 1525 г. ги прогласил за Словени заедно со Аристотел - и Филип и Александар Македонски. Преку него оваа заблуда како факт ја презел не само Мавро Орбин, туку и сплитскиот јазичар Матија Алберти (1561-1623), кој вели дека: “словенскиот род под великиот Александар Србљанин на целиот свет закони им давал”. Најверојатно од него тоа го прифатиле дубровчаните: Домининко Златаревиќ (1558-1609), Иван Гундулиќ (1598-1638) и Јуниј Палмотиќ (1606-1657), Матија Рељковиќ и други. Иван Гундулиќ во својот “Осман”, како и Јуниј Палмотиќ во својот балетски текст “Глас”, го спомнуваат Александар Македонски како: “Србљанин” или “Словен”. ...Додека И.Гунделиќ, во својот „Осман“ во врска со Александар Македонски во певание III пишува:

“Тијем у њих се још зачини

што се у пјесан стави одавна

од Александра Србљанина

врз свијах цара-цара славна”,

дотогаш Ј.Палмотиќ во „Глас“ за ова пишува:

„Лесандро је цар велики

придобитник свега света

би му узрок да је толики

крепост ка је веровати.“

Преку нив ова фама се шири натаму, меѓу другите Словени. Од каде му дошла ваква мисла на В.Прибоевиќ, денеска [се однесува на 1970 г.] не е тешко да се утврди, ако се земе предвид дека тој бил под силно влијание на западноевропскиот, а особено на италијанскиот хуманизам и ренесанса кога, обновувајќи ја античката книжевност, е презентиран романот за Александар Велики, кој во првата половина на XVI век е преведен на српско-хрватски народен јазик.“ (Драган Ташковски, Раѓањето на македонската нација. Скопје 1970. 233-235)

Во споемената „Историја Југославије“ дадено е едно објаснување во врска со пишувањето на Андрија Качиќ-Миошиќ (1704-1760) во неговиот „Razgovor ugodnim narodim slovinskoga“ - 1756 г. дека Александар III Велики бил „Србљанин“:

Андрија Качиќ - Миошиќ (1704-1760). Андрија Качиќ-Миошиќ

„Он је, још увек твтрдо верујући у атентичност лажног словенског тестамената Александара Маћедонскога, престављао овог старог балканског владара како родоначалника правих словенских витезова, подвлачећи му значај многу већи него што је то чинио Гунделић, који га је исто тако, по истом схавтању, сматрао као „Србљанина“. Идући за Ритером, Качић је опевао словенске земље, које хватају „од мора латинскога“ до „Балтика леденога“ као „илиричку“ или „словинску“ државу. Илирци су једна грана Словена, наглашава он, прозвана тако по њиховом краљу Илирику; све илирско у исти мах је и словинско. У његовом Разговору са љубављу опевана је сва наша историја, од оних тамних ликова Дукљанске хронике па до краја века; и то Срби, и Хрвати, и Бугари.“ (Историја Југославије. 339)

Насловната од Razgovor ugodni naroda slovinskoga.

Андрија Качиќ-Миошиќ „Razgovor ugodni naroda slovinskoga“ во стихови пишува и за „Рељо Крилатиот“.

„Bosna slavi Ralju Bošnjanina,

Sen bieli Ivu Senjanina,

Ungaria Sibinjanina Janka,

Bulgarija Kraljevića Marka“.

Царството на Самуил.

Царството на Самуил (според Д. Ризов).

Андрија Качиќ-Миошиќ пишува и за историјата на „vitežka Bulgarija“. Тој со восхит пишува за цар Самуил „koji je oslobodio Bugarsku od grčkog nasilja“. Во неговиот еп од 160 стиха, под заглавјето „Psimo od kralja Vladimira“ пишува и за мажењето на Косара, ќерката на цар Самуил, со црногорскиот кнез Владимир.

Ете некоклу стиха:

„Gorko cvili sužanj Vladimire

U tamnici kralja bugarskoga,

Gorko cvili, da ne čuje niko,

Al, to čuje Kosara divojka:

Lipa ćerca kralja bugarskoga...

Tišila ga Kosara divojka:

Nemoj cvilit, moj sužnju nevoljni!

Ja samo ćerka kralja bugarskoga...

Samuela...“

Владимир и одговара:

„Prođi me se, Bugarko divojko,...

Jerbo ću ti brzo poginuti

U tamnici kralja bugarskoga,

Samuela, da ga Bog ubio!...

Ja sam, seko roda gospodarskoga;

Al, sam sužanj kralja bugarskoga...”

Косара оди кај татко и, со солзи го моли да и дозволи да се омажи за Владимир, потоа среќна се враќа кај Владимир:

„Ustani se, kralju Vladimire!...

Evo tebe zaručnica zove,

Lipa ćerca kralja bugarskoga...”

Тогаш цар Самуил:

„Zove k sebi bugarske terezije

da mu kroje sa zlatom haljine

Oblači ga u skrlet i zlato

Sinu sužanj kano sunce žarko...“

И почнува свадбата:

„Da je kome pogledati bilo

Samuela kralja kralja bugarskoga,

koga svoga zeta celivaše...”

(Група автори, Hrvatsko-bugarski uzajamni odnosi kroz stoleća. София 1999. 30-32)

Андрија Качиќ-Миошиќ во неговата стихотворба за Скендер бег, говори и за народноста на некој си Јанко од Дебар:

„Ал’ se nađe jedan izdajica,

Komu bihu jaspre omilile:

Dibrež Janko, da ga Bog ubio,

Bugarskoga roda i plemena.“ (A.Kačić-Miošić, Razgovor ugodni naroda slovinskoga. Zagreb 1896. 5-o izdanje, 133. Цит. од Й.Иванов, Българите в Македония... 164.)

Вук Драшковиќ

Вук Драшковиќ[11]

Понатаму пак според Матковски: „Хрватските преродбеници Х.Луциќ, Д.Златариќ, И.Гунделиќ, Ј.Палмотиќ и други Александар Велики го сметале за Словен, а некои од нив и како „kralj od Srbalja“. И Антун Враниќ... својот хрватски мајчин јазик го нарекува „илириски“. Во ваква културна атмосфера се јавил [меѓу 1584-1595 г.] грбовникот на Петар Охмучевиќ на чело со грбот на Илирија... За развојот на илирската идеја многу придонела и црковната реформација, која тогаш била во ек во Западна Европа. Иако протестантизмот само периферно ги зафатил некои јужнословенски народи, сепак брановите на ова движење се почуствувале што биле и кај словените што биле под Австриската империја.

Протестантите од Хрватска и Словенија морале да бегаат во Германија. Сите тие во туѓа земја се чувствувале како синови на еден народ. Во Urach близу Tubingen основале илирска печатница, каде што печателе протестантски книги наменети за целото протестантско подрачје од Трст до Црно Море. Книгите биле печатени на кирилица, латиница и глаголица. ...Тие сакале да создадат „илиски литератураен јазик“, што требало да биде разбирлив за сите Јужни Словени. ...Најизразит преставник на ова движење во триестите години на XVI век бил Матија Влаиќ, наречен „Илирик“... Сличен бил случајот со протестантскиот реформатор Примож Трубар (1508-1586). ...Иван Гундулиќ (1589-1683) во својот „Осман“ Александар Македонски го смета за Словен или „Србљанин“ и ја изразува вербата и способноста на јужнословенските народи сами да ја ликвидираат турската опасност. И во „Дубравка“ доминира култот на слободата и чувство „словенства“. ...Мавро Орбини во Пезаро 1601 г. ја издаде книгата „Царство на Словените“... Бил наречен [од великосрпскиот идеолог Стојан Новаковиќ] „татко на панславистичката мисла“. Јурај Крижаниќ (1618-1683) се смета за главен идеолог на панславизмот. ...Павао (Павле) Ритер Витезовиќ (1652-1713) во својата „Cronika“ што ја издал во 1698 г. во Загеб, пишува дека „словенски или илирски народ“ живеал од Јадранско Море до Камчатка. .... Филип Грабовац (1697-1749)... вели дека „илирски“, „словенски“ или „хрватски“ е еден јазик, еден народ со три имиња...

Андрија Качиќ-Миошиќ (1704-1760), фрањевац во својот труд „Razgovor ugodni naroda slovinskoga“ (Venecija, 1756) дава делумно во проза, а делумно во стихови, многу настани од „словенската“ (т.е. јужнословенската) историја, со што сакал да покаже дека Јужните Словени имале славни владетели и славно минато, без оглаед на тоа дали биле од Хрватска, Босна, Србија или Бугарија.

Андрија Јамбрешиќ во 1742 г. објавил четиријазичен лексикон, во кој за поимот „Illyricum“ дал толкување дека „ilirijanska zemlja“ е “Veliko Slovensko“ и дека на илирски јазик се зборува не само на Балканот, туку и во Моравска, Чешка, Унгарија, Полска, Литванија, Русија и др. Кога ги спомнува Кирила и Методија, вели дека глаголицата била „илирско писмо“.

Људвиг Гај (1809-1872) ... „Во Илирија - велел Гај - може да има само еден литературен јазик. Него не треба да го бараме на едно место, туку во целата голема „Илирија“...

Покрај Хрватите од „илирската идеја“ биле опфатени и некои Срби, како што бил Јован Раиќ (1726-1801), еден од најучените српски калуѓери од свое време, кој ја напишал „Историја разних слоевенских народов наипаче Болгар, Хорватов и Сербов“. И покрај недостатоците [Во неа не се смонуваат Македонците како одделен јужнословенски народ, а границата меѓу Србија и Бугарија Раиќ ја поставил на Косово Поле.], одиграла голема улога кај сите Јужни Словени.

Станко Враз (1810-1851). Станко Враз[12]

Од Словениците што биле опфатени со ова идеја се истакнал Станко Враз (1810-1851), кој станал и секретар на „Матица Илирска“ во Загреб.

И лица што некои ги сметале дека се по потекло од Македонија, биле опфатени или биле спроведувачи на илирската идеја. Таков бил Јулие Кловиќ, со хуманистичко име Guilio Clovio (1498-1578), којшто додека бил жив го сметале за најголем миниатурист. Роден е во Хрватска и го нарекле „Croatis Illyricis“ и „Macedo“ затоа што, како наведува Васари „porijeklom je bio Makedonac“. За неговото потекло многу се дискутирало „proglašavajući ga sa stajališta iridente Makedoncem, Ilirom i Taljaninom“. Работел во Италија каде ги изработувал во минијатури уметничките дела на Микеланѓело, Рафаел и други, поради што го нарекле „мал Микеланѓело“. Умрел во Рим...

Со ова идеја бил опфатен и Христoфор Жефаровиќ, Влав од Дојран, кој преминал во австриската монархија каде што во Виена, во 1741 г. ја издал прочуената „Стематографија“ со грбови на словенските народи. Самиот се потпишувал „Илирико-росијанскј опшчиј зограф“.

И по забраната на илирското име од страна на автсрискиот двор, имало лица по потекло од Македонија што биле поборници на јужнословенската идеја. Таков бил Емил Чакра (1837-1894) по потекло од Струга. Работел во Војводина, но ја посетувал и Македонија. Студирал во Прага и Виена. Во 1859 г. издава „Словенска Азбука“. Во 1860 г. во Нови Сад го издава весникот „Словенка“. Застапувал словенофилски идеи, верувал во федаративното уредување на Словените воопшто и на Јужните Словени одделно. Се застапувал за единствен јужнословенски јазик.

Носителите на илирската идеја биле свештеници, интелектуалци, трговци. Основната цел им била обединување на сите Јужни Словени под едно заедничко име „Илир“ во една голема „Илирија“. Општото име „Илир“ немало за цел да ги задуши имињата на одделните јужнословенски народи, туку напоредно со општото име ги истакнувале и одделните јужнословенски народи што дотогаш биле слабо или недоволно познати, како што бил случај со македонскиот. ...Овие идеи Русија прво ги одбива и дури кон средината на XVIII век почнува да ги прифаќа и да ги експолатира за своја цел. И Австриската монархија сакала да го искористи илирското име за свои цели, но биедјќи тоа станало популарно, особено во Хрватска и Војводина, на 11.I.1843 г. со декрет било забрането.

...По забраната, а особено по појавата на националните јужнословенски држави [Црна Гора, Србија 1814 г., Бугарија 1878 г., Словенија и Хрватска во 1918 г.] античките имиња „илир“, „илирска нација“, „Илирија“ и сл. почнале да се губат, бидејќи не биле сврзани со еден народ, туку со повеќе... Токму обратното е со античкото име Македонија. Бидејќи ова име било врзано не за повеќе народи, туку само за еден народ и тоа токму за во она време кога се формирал во нација и бидејќи друго старо установено и зачувано име немал, кое евентуално би можело да биде опозиција на новото име, тој го присивоил античкото име, на чија територија уште и живеал, за свое национално име. Но тоа не се случило само со Македонците, туку исто така постапиле и Хрватите кои античкото име „Croatia“ го подигнале на степен на национално име. Така античките имиња што повторно се појавиле во свеста на претставниците на јужнословенскиот хуманизам и ренесансата, како и кај преставниците на илирската идеја, се зачувале, па дури и се подигнале на повисок степен (национален), доколку тие имиња добиле нова национална содржина, како што е случајот со Хрватска и Македонија; а за ониe антички имиња, на кои им недостасувала ваква содржина тие се изгубиле (Илирија). .

..Како резултат на илирската идеја, кон крајот на XVIII век, дури и на автсрискиот двор и на врвните политичари и воени лица во австриската монархија им била веќе јасна етничката поделба на Јужните Словени, во која македонскиот народ го сметале посебен. Затоа, во Австро-турската војна од 1869 г., кога австриските војски навлегле во Македонија, австрискиот цар Леополд, на 26 април 1690 г., издал протекциона диплома во која оделно го повикувал секој народ „incolas Bulgariae, Serviae, Macedoniae, Albaniae universos in genere et specie“, да се борат со автсриската војска против заедничкиот непријател - Осамнлиската империја.

Ова малку подолга анализа - кажува А.Матковски - има за цел да укаже дека македонското име и македонскиот грб се јавиле како резултат на напредните движења во светот и на Балканот и дека Петар Охмучевиќ нешто свесно, а нешто несвесно, бил само двигател на една идеја што времето ја родило. Петар Охмучевиќ, како и другите преродбеници што ги споемнавме овде... не можеле да го изостават македонскиот народ и затоа во хералдичките илирски грбовници напоредно со српскиот, бугарскиот и хрватскиот грб, го ставиле и македонскиот, и на тој начин хералдички ја истакнале индивидуалноста на на секој од овие народи одделно. Така, тие на хералдички начин ја истакнале идејата за автономија на секој јужнословенски народ, вклучувајќи ја тука и Македонија, во една заедничка „илирска држава“.“ (А.Матковски, Ibid. 56-61 и 64)

10.) Во средината на 20-ти век, говорејки за настани од 1860 г. Блаже Конески кажува: „Александар Велики и неговите Македонци ги сметале (како што и денеска некои луѓе во нашиот прост народ) за чисти Словени. Тоа уверување не било измислено кај нас. Тоа било распространето пошироко, пренесено од постари истории. Александра го среќаваме на пр. преставен како Словен кај дубровничкиот поет Иван Гундулиќ. Тоа му годело на словенското самочуство.“ (Блаже Конески, Македонската преродба македонските учебници од 19 век. Скопје 1953. 80)

11.) Идејата дека древните Македонци биле Срби, повторно ќе се појави после Санстефанскиот мировен договор. Великосрпскиот идеолг Милојко Веселиновиќ во 1878 г. во својата брошурка „Србин и Македонија“ тврди дека еден дел од „Србите во Македонија“ доживеале: „славу и величину на 4 века пре Христа под својим краљевима: Велики Александром Филипом и другим још у старије доба.“

Во 1991 г. грчкиот професор по историја на Аристотеловиот универзитет во Солун, К.Вакалопулос зборувајки за „поробените Грци во Македонија“ и за „дострелите на скопската пропаганда“ кажува дека таа „машинерија“ е таква што „не би и било тешко да докаже дека сред Балканот има и Кинези“. (в-к Нова Македонија, Скопје 14.04.1991)

Неколку месеци покасно, на прес конференција во Атина, српскиот книжевник и политичар Вук Драшковиќ изјавува: „Јас сум слушал многу, односно не многу, но доста школувани луѓе од Скопје, кои од некаде веруваат дека Александар Македонски бил Словен и дека е нивен родоначалник. Има и луѓе кои веруваат во тоа, но тоа не е работа за конференции за печатот, туку за универзитети, а ако не помогнат универзитетите - тогаш за лекари... Но, секому мораме да му го почитуваме правото на национално чувство.“ (в-к Нова Македонија, Скопје 13.07.1991.)

12.) Станко Враз (1810-1851), Словенец, хрватски поет, литературен критичар. Еден од три-четворицата Словенци кои биле занесени со „илирската идеја“, но другите ја напуштат, а С.Браз е единсветиот Словенец - „Илирец“. Во 1845 г., рускиот учен Виктор Григорович на врќање од Македонија и Бугарија се среќава со Станко Враз. В.Григорович со себе понел повеќе од 200 народни песни од Македонија (меѓу кои неколку добиени од Димитар Миладинов) и од Бугарија, а Враз од нив препишал околу 60. Од нив во сп. „Kolo“ кн. IV и V во 1847 г. под насловот „Narodna pjesma bugarska“ објавил 27 народни песни, од кои 24 се од Македонија (од Галичник 15, од Струга, Битола, Ново Село Солунско, Мелник и др.). Враз „јуначките песни на западните и македонските Бугари“ ги оценува како „монотони и еднолични“, а за „јуначките песни на источните, или дунавско-балканските бугари“ кажува дека „се во женска рима.“ Или, кажано со други зборови за Станко Враз, Македонците како одделна етнографска единица не постојат.
Historianhttp://www.blogger.com/profile/07783718929733952551noreply@blogger.com1tag:blogger.com,1999:blog-38717923.post-25315208372749983242010-02-18T12:11:00.000-08:002010-02-18T12:11:34.938-08:00Грбовите на Македонија (2)
Според Милан Бошкоски: „Имињата Македонија, Македонски, Македонци, постепено се наметнувале за словенските племиња кои ја населиле територијата на класична Македонија. Постепено, низ средниот век, територијата на која живееле Македонските Словени била именувана од други или од жителите кои ја населувале, како Македонија, што е карактеристично особено за XIV-от век, додека самите нејзини жители постепено низ средниот век, од другите или од самите тие, се именувале како Македонци.“ (Милан Бошкоски, Имињата Македонија и Македонци во средновековните извори. Скопје 2003. 184)

Св.Софија - Охрид.

Под стреата на предната страна на Св.Софија во Охрид (соборниот храм на Охр.арх), во ѕидот под кровот, во еден ред има напис од тули на грчки. Написот е оштетен и не е целосен.

Напис на Св. Софија во Охрид.

Според Ј.Иванов, преводот гласи: „...Григори, кога подигна храм, мизијските народи ги поучува сèмудро на богонапишан закон. Година 6825 (од Хр. 1317).“ (Йордан Иванов, Български старини из Македония. Издава Българско книжовно дружество. София 1908. 211)

Во својата книга М.Бошкоски тврди: „Од аспектот кој го проучуваме, од особено значење се неколкуте преписи на Душановиот законик (донесен на 21 мај 1349 г. во Скопје), каде се забележани земјите на кои српскиот цар претендирал, ги имал под своја власт, или, пак, користејќи го нивното историско наследство и слава, сакал да ги вгради или ги вградил во својата титула. Во Раванечкиот препис на Душановиот законик, кој се смета за најстар од помладата редакција (првата половина на XVII век), српскиот цар се потпишал како: „Благочьестиваго и вернаго и христолюбиваго македоннскаго цара Стефан закон“, додека во Софискиот препис (вторта половина на XVII век) потписот на српскиот цар гласи: „Благочьестиваго и вернаго и христолюбиваго македоннскаго цара Стефана, србскаго, бльгарскаго, оугарскаго, далматскаго, арабанскаго, оугрвлахискаго, и ниимь многимь пределомь....“ (Ibid. 186-187)

Но, М.Бошковски премолчал како се титулирал самиот цар Душан (1331-1355).[7]

null

Општ грб од Стематографијата на Х.Жефарович. Во средината е Стефан Душан Неманиќ.

Во „Родословие српско“ познато како Трношки летопис, датиран во првата четвртина на 16-ти век, стои дека Волкашин по смртта на Стефан Душан се вратил во: “Болгарїй и Македонїй“, а својата војската ја собрал (регрутирал) од пределите на “Болгарїй, Македонїй и Албанїй“. (А.Иширков, op.cit. 7)

А.Матковски објаснува како е создадено верувањето дека цар Душан се титулирал и како цар Македонски:

„Петар Охмучевиќ ја гледал иднината на Јужните Словени во една заедница и затоа измислил два општи грба на Јужните Словени. Општите грбови ги составил така што ги земал земските грбови на одделните земји и од нив формирал два општи грба. ...Во средината на еден од два е ставен цар Душан, како најсилен владетел на Јужните Словени, а наоколу се редат земските грбови на Македонија, Бугарија, Србија, Босна, Хрватска и др., иако Хрватска, Далмација, Славонија и Босна никогаш не биле под власта на Душан. Под влијание на овој општ грб, кој подоцна се умножил и прецртувал, се јавила подоцнешната преработка на Душановиот Законик. Познато е дека постојат 20 преписи на овој Законик. Овие преписи можат да се поделат на две групи. Првите 10 преписи биле пишувани до XVII а другите 10 биле пишувани во XVII и XVIII век. Во десетте преписи на Душановиот Законик од XVII и XVIII век, под влијание на „општите грбови“ на Петар Охмучевиќ, кои веќе кружеле по Балканскиот Полуостров во разни преписи, цар Душан се јавува како цар Македонски, српски, бугарски, далматински, унгарски и сл. ...Првите 10 стари преписи на Душановиот Законик: струшкиот, [поименично се наброени и другите 9 преписи] ... го немаат изразот „македонискаго“, додека во ... [поименично се наброени и другите 10 преписи] ... стои и изразот „македонскаго цара Стефана Закон“.“ (А.Матковски, op. cit. 63-64)

Значи, тврдењето дека: „Стефан Душан се титулира(л) и како македонски цар“, дадено во зборникот на ИНИ, Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава (Скопје 1981. I. 128), не е точно.

Запис на фреска од Св.Ѓорги од XIV век, с. Горен Козјак.

„Аз поп Ивањко от Штипа, аз Станислав граматик от Штипа, аз Братан от Македонија да дохом“ - запис на фреска од Св.Ѓорги, кој е датиран од 14-ти век, с. Горен Козјак. Но, од кој град или село дошло лицето „Братан од Македонија“ во Горен Козјак - Штипско, не е познато. Која територија ја опфаќала Македонија според „Братан од Македонија“ не е познато. Можеби со поимот Македонија ја означувал етничката територија на античките Македонци во IV-III век п.н.е., а за селото Горен Козјак - Штипско сметал дека е во Пеонија?

Во својата книга М.Бошкоски приложил неколку цитати од византискиот писател Никифор Григора (ок. 1295 - ок. 1360), од кои издвојувам неколку:

„...главниот град Солун, кој е прв во земјата на Македонците...“; - „ромејските трупи од Македонија“ и дека: „Илирите [Албанците - з.м.], Трибалите [Србите - з.м.], Акарнанците и Тесалијците, кои биле соседни племиња со Ромеите кои живееле во Македонија“.

Според М.Бошкоски: „Словенските жители на Македонија тој [Н.Григора] секогаш ги именува како Македонци“, а: „кога вели дека: „македонските трупи ги обезбедувале градовите на Македонија“ авторот [Н.Григора] мисли на војниците собрани од територијата на Македонија, како поданици на Византиското Царство, во чиј состав преовладувале Македонците, односно Словените, кои со тек на време, по името на територијата, од страна на византиските автори биле нарекувани, а и самите се нарекувале Македонци. Во прилог на мислењето дека жителите на Македонија во XIV-от век веќе почнале да се нарекуваат Македонци, потврдува записот на словенски јазик во цркавата Св.Ѓорѓи од Горен Козјак, кој е датиран од 14-ти век.“ (Ibid. 158)

Плаштеницата подарок од византиски цар на Охр. архиепископ.

Византискиот император Андроник Палеолог II (1282-1328) на Охридскот архиепископ му падарил плаштеница со грчки натпис: „Пастиру на Бугарите, во жртвопринесувањето спомни си за владетелот Андроник Палеолог.“ (Йордан Иванов, Български старини из Македония. Издава Българско книжовно дружество. София 1908. 149-150)

Во почетокот на 30-тите години на XIV век византсикиот император Андроник II ги испратил историчор Н.Григора кај српскиот крал Стефан Дечански. Во својата патеписна белешка Н.Григора, меѓу другото пишува:

„Сите знаат дека Стримон [Струма] е непреодна река, и за пешаци, и за коњаници,затоа што таа е најголемата река од оние кои ја пресечуваат Тракија и Македонија... Таа извира од многу високи плани кои... граничаат на југ со Тракија и Македонија, а на север со земјите на Мизите и река Истар [Дунав]. Таа е најголемата од сите реки кои ја напојуваат скитската земја... Ние ја поминавме со мало кајче... Повеќето тамошни жители се стари преселници од Мизија... Целиот следен ден ние патувавме и стигнавме до едно градче, така да се каже, расположено над облаците, на месен јазик наречено Струмица“. (БАН, Македония Сборник от документи и материали. София 1978. 97-98)

Според овој запис на Никифор Грегора: „гратчето Скопје, кое се наоѓа во Трибалските планини“ е српско гратче, затоа што: „Под Трибалите тука се подразбираат Србите.“ (ИНИ, Документи за борбта на македонскиот народ за самостојност и за национална држава. Скопје 1981. I. 135)

Цареви Кули - Струмица.

Цареви Кули над Струмица. Погледот одтаму врз Струмичкото поле, навистина прави чувство како да сте „над облаците“.

Вториот и последен наведен од М.Бошковски византсики историчар кој го употребувал името Македонци е Лаоник Халкокондил (1425-1490), кој пишувал не само за Македонците од XV век, туку и за „Александар синот на Филип, кралот на Македонците“.

За завземањето на Скопје во 1391 г. од султанот Бајазит (1389-1402) Л.Халкокондил пишува: „Бајазит склучи мир со кнзевовите на Македонија [Кралот Марко и деспот Константин Драгаш. - заб. на М.Б.] и го насели Скопје, доведувајќи многу Турци од Европа и Азија, заедно со жените и децата. ...Се населиле насекаде низ Европа, до градот Скопје и областите на Трибалите и Мизите, сè до Македонија... Откако Бајазит, син на Мурат, ја населил со Турци Тесалија, областа околу Скопје, земјата на Трибалите од Филипол до Хемус и гратчето Софија, тој започнал да ги опустошува земјите на Илирите и Трибалите.“ (Ibid. 194)

Л.Халкокондил говорејки XV-от век за сосема јасно кажува: „јас повеќе Албанците би ги вброил кон Македонците, одошто кон некое друго племе на светот. Со ништо не се одделуваат дека не се од македонски род.“ (Ibid. 196)

Понатаму М.Бошкоски пишува: „Лаоник Халкокондил, освен што го употребава името Македонија во неговото античко, односно историографско - географско значение, тој го употребува и името Македонци за словенското насление во Македонија и Албанија во XV-от век. [Но, М.Бошковски не приложил цитат од Л.Халкондил, од кој ќе се увериме дека е така како што тври.] Ваквата тенденција која доаѓа од западноевропските земји, е под влијание на хуманизмот и враќањето кон традициите на славната антика, а се јавува како реакција на турското напредување кон Европа. Во овој период се шири и „Александридата“, романот за Александар Македонски, од словенските во западноевропските земји. Сето ова доведува до силна афирмација на Македонија и Македонците, како планови за обновуваање на славните антички држави, чии територии се наоѓале под турска власт. Со вакви и слични гледишта за употребата на името Македонија и Македонци во пишаните извори од XV-от век ќе наведам само уште два примери. Бургундскиот витез Бертранд де ла Брокиер (роден кон крајот на XIV, а умрел во втората половина на XV век) во своето дело „Патуваање преку морето“, напишано во 1457-та г. дава свои впечатоци за земјите низ кои поминал. ...За него Македонија се простира на исток до реката Марица со градот Адријанополис [Одрин] (некогашната тема Македонија), додека другиот дел на Македонија во неговите историско-географските гранци, е областа меѓу Рашка и Грција. Жителите кои ја населуваат земјата Македонија ги нарекува Македонци.“ (Ibid. 196-197)

Ете некои од цитатитите од делото на Бертранд де ла Брокиер кој ги навел М.Бошкоски:

„Набргу потоа стигнав во Филипол [Пловдив - з.м.], кој е главен град на Македонија... јававме еден ден преку рамнина и ноќевавме во планинско село. ...има две села населни со луѓе од Бугарија, од кои едното село е на границата помеѓу Бугарија и Македонија... Турчинот го држи царот [Јован VII Палеолог (1392-1448) - заб. на М.Б.] во Цариград и сите Грци, Македонци и Бугари, па и деспотот на Рашка [Ѓураѓ Бранковиќ (1427-1456) - заб. на М.Б.] и сите негови поданици... А има... и многу христијани кои прислино му служат на Турчинот, како Грците, Бугарите, Македонците, Албанците, Есклавоните, Рашаните и од Србија, поданиците на деспотот на Рашка, и Власите...“ (Ibid. 197) „Патописецот - Бертрандон де ла Брокиер - за Србија ги употребува и имињата Расија и Рашка. Под Есклавонците (т.е. Склавонците) овде веројатно треба да се подразбират Хрватите, бидејќи Склавонија ги опфаќала: Хрвтаска, Србија, Захумље и Зета.“ (ИНИ, Документи за борбта на македонскиот народ за самостојност и за национална држава. Скопје 1981. I. 135)

Двете цркви во манастирот Св.Јоаким Осоговски

Калуѓерите од манастирот Св. Јоаким Осоговски (или Сарандапорски) во близина на Крива Паланка во 1474 г. биле во Дубровник да бараат помош од тамошната република, а дубровничкиот совет (consilium Rogatorum) одобрил да се дадат 20 перпери (златници) „милостиња на бугарскиот манастир Св.Јоаким (...elemosinam monastiro Sancti Joachim partum Bulgarie. - Liber Rogat. K.Jiriček, Das christiliche Element in der topographischen Nomenclatur der Balkanländer, p. 63-64, Sitzungsb. d. Akademie, B. 136).“ Во 1586 г. монаси од Осоговскиот манастир заедно со монаси од Ќустендил (Коласија) и Трн, снабдени со препорачитлно писмо од српскиот патријарх Саватија, отишле да бараат милостиња од рускиот цар. Во архивските документи во Москва, според Ј.Иванов, за оваа посета стои: „О прiеде къ нимъ изъ Болгарской земли, изъ обителли Благовещенiя митрополита Виссарiона Колоссейскаго, и отъ великой горы (О)соговици изъ обители пустиножителя Iокима, игумена Гервасiя, да изъ Былина монастыря Архангельскаго священника Стефана“. (Й.Иванов, Българите в Македония... София 1917. 165 и 168)

Во „Проектот“ на Павле Мавроцен, венецијански пратеник во Рим, од околу 1461-1462 г. се вели:

„Кога ќе бидат разбиени непријателските сили никој не се сомнева дека цела Бугарија, Србија, Босна, Македонија, Епир, Тесалија, Грција или Атика и Пелопонез, веднаш ќе се вратат кон верните... Србите и Босанците, со кои неодамна водев разговор, веднаш ќе се одметнат од од непријателот... Поттикнати од од овој пример Тесалијците, Грците, Пелапонешаните, Епирците и Македонците, сите ќе се одметнат од непријателот...“ (Ibid. 199)

За жал, во книгата на М.Боковски нема ниту еден историски извор кој говори дека самите „Македонци“ се нарекувале Македонци.

Илустрација од Манасиевата хроника.

Минијатура од словенскиот превод на Манасиевата хроника - XIV век. На илустрацијата: Александар Македонски војува со египетскиот крал Птоломеј. Околу 1344-1345 г. по порачка на бугарскиот цар Иван Александар (1331-1371) преведенена е „од грчки на словенски“ хрониката на невпактскиот митрополит Константинос Манасес (р. ? - у. ок. 1187 г.).

Стјепан Антолјак во прилогот „„Македонија“ и „Македонците“ во средниот век“ (1972 г), пишува дека од сите византиски писатели од XIII и XIV век: „...најинтересен е Иван Кантакузен (XIV век), кој наведува едно писмо од турскиот султан, упатено до него. Во тоа писмо овој владетел го нарекува не само крал на Грците, Бугарите, Власите, Русите, Албанците итн, туку покрај сето тоа: Симеон и дури „меч на Македонците“.“

Во еден документ од 1389 г. се појавува како цариник на босанскиот владетел Стјепан I Твртко „Novak Makiedon“, а во еден друг спис од 1399 г. имаме „Novak Makiedon“, што секако значи „Македонец“. Во ... [Се однесува на 1614 г.] наидуваме на личност која се нарекува дури „Македонец“, а тоа е авантуристот Александар Николин од Паштровиќи“.

На една минијатура на Манасиевиета хроника глостарот од XV век „го ставил - покрај кирилскиот текст - изаразот „De Cruma rege Macedonie“ [Се однесува бугарскиот кан Крум (802-814).] и „Cruma rex Macedonie“. На една друга страна, пак, на минијатурата, под ликот на бугарскиот цар Иван Александар (1331-1165) напишал дури: Sanctus Johannes Alexander Macedo (Македонец - С.А.) Но тоа сепак не значи дека глостарот тогаш сметал оти „Бугарија“ и „Македонија“ е исто... Тоа беше обратна тенденција, зашто во тој век Бугарија се идентификува со Македонија, која ја превладува со својот назив оваа првава, како што тоа го потврдува хрватскиот писател од XVI век, хрватинот Винко Прибоевиќ [ Според Д.Ташковски, В.Прибоевиќ е првиот кој старите Македонци ги прогласил за Словени.] ...споменатиот Прибоевиќ во своето дело „O podrijetlu i zgodama Slavena“ изнесува дури дека Бугарија некогаш се нарекувала Македонија. Во истиов овој век наидуваме на една триода (црковна книга), која е печатена од „Стефан од Скадар од Р.Х. во летото 1563 во земјите македонски во градот Скендери (Скадар: С.А.)“, а во еден извештај од 1648 г. се говори дека е „la nation Albanese e Macedon e povera, è tiraneggiata dal Turco“. Во еден документ од 1593 г. Македонците посебно се наведуваат од Србите (tutti li Macedonesi et i Seruiani) и во истиот тој спис се говори дека во Македонија живеат три нации: Албанци, Грци и Словени... Врз основа на овие бројни изврни примери, кои се однесуваат на средниот век на историјата на македонскиот народ, можеме да го кажеме следното:

цар Самуил, - цртеж според пронајдениот череп. цар Самуил

Не постои ниеден изворен податок за тоа дека Македонците самите себе си се нарекувале Бугари.

Обратно - нив византиските писатели ги нарекувале „Македонци“ за разлика од Бугарите, што индиректно може да значи дека тие во тоа време така се нарекувале себе си. ...Меѓутоа, бидејки за време на владеењето на Самуил... Македонија била споена со дел од денешна Бугарија... тоа била една од причината што тогаш и подоцна преовладувало името „Бугари“, иако одделни византиски писатели во текот на вековите точно ги разликувале едни од другите.“ (Стјепан Антолјак, Средновековна Македонија. Скопје 1980. 175-178)

Битолската плоча .

Битолската плоча е пронадејна во 1956 г. во битолската Чауш-џамија. За првпат нејзиното постоење во јавноста е соопштено 1959 г. Според Радмила Угринова - Скаловска, Битолската плоча: „помлада е за околу 25 годни од Самуиловата плоча...[ок. 1018 г.] Направена е по заповед на Јоан Владислав, еден од наследниците на Самуила. …Истакнувањето на бугарското потекло од страна на Јоан Владислав е во согласност со настојувањето на Самуиловиот род да се поврзе со државноправната традиција на Симеоновото царство. Од друга страна, и западни и византиски писатели и хроничари, сите жители на царството на Петар [бугарски цар, владее од 927 до 969 г.], наследникот на бугарскиот цар Симеон, ги наречувале Бугари. Под тоа име биле опфатени и Македонците, Аромуните, Арабанасите, Еременците, Турците и др.“

Дел од содрината на плочата, според преводот на Скаловска:

„Овој град [Битола] се соѕида и се направи од Јоан самодржец [цар] на бугарското (блъгарьскаго) цраство... Овој град (крепост) беше направен за цврсто засолниште и спасение на животот на Бугарите (Блъгаромь)... Овој цар и самодржец беше родум Бугарин (Блъгарїнь), тоест внук на благоверните Никола и Рипсимија, син на Арона, постариот брат на самодржавниот цар Самуил...“ (Р.У. - Скаловска, Записи и летописи. Скопје 1975. 43-44.)

Колку што ми е познато, најраниот византиски пишуван извор во кој Ромеецот (говорејки за дел од наелението на Халкидик) не прави разлика меѓу „Словени-Бугари“ е грамота од 960 г. на византискиот император Роман II (959-963).

Патописните белешки на странските патници кои патувале по Македонија во XV и XVI в. не ја потврдуваат „констатацијата“ на М.Бошкоски „за употребата на името Македонија и Македонци во пишаните извори од XV-от век“.

Во патописот на Џио Марио Дељи Анџиолело од 1470 г., кој бил заробеник на султанот Мехмед II Освојувач, за Света Гора стои: „тука се наоѓаат многу манастири на христијански калуѓери, од кои некои се Грци, други Македонци, Власи па дури и Италијанци како и од други нации“. (Александар Матковски, Македонија во делата на странските патописци 1371-1777. Скопје 1991. 67)

Во средината на 1502 г., Владислав де Сорго и Лука де Бона, дубровчани (веројатно трговци во Скопје), на италијански јазик до „Ваши светлости“ во Дурбовник пишуваат за распространетоста на: „...болеста чума... [која] ...се јавува по многу места во Скопје, проникнувајки главно во мали места и засегна добри луѓе во куќите на Бугари и во куќите на Турци“. (БАН, Македония Сборник от документи и материали. София 1978. 102)

Во патописот на Корнеие Шпегер, кој патувал за Цариград во 1533 г., авторот говори за границата меѓу Србија и Бугарија:

„Prebaciviši pomenutu rieku (Morava), udjoše u Srbiju, jer Morava dieli Bugarsku od Srbije.“ (Petar Matković (хрватски географ од 19 век), Putovanja po balkanskom poluotoku XVI vieka. Putovanje Kornelija Duplica Špregera g. 1533. Цитирано кај Атанас Иширков, Западните краища на българската земя. София 1915. 7)

Во 1546-1549 г. низ Турција патувал Фрнацузинот Пјер Белон. Тој ги посетил металопреработувачките работилници во Сидерокапса на Халкидик. За народноста на оние кои работеле во рудниците, Белон кажува:

„Луѓето што живеат во рудничкото место Сидерокапса се собрани од секаде и зборуваат на различни јазици, како словенски, бугарски, грчки, турски, албански. ...Рударите кои сега овде работат во поголем дел се Бугари. Селаните од соседните села, кои одат на пазар се христијани и зборуваат српски јазик и грчки. Евреите во истиов случај, овде толку се намножиле што придонесло шпанскиот да стане опш јазик; па зборувајќи меѓу себе тие не говорат друг јазик. ...Називите кои денес се употребуваат во Сидерокапса за означување на металите, не се ни грчки, ни турски: бидејќи Германците, кои од скоро почнале да работат во овие рудници ги учеле жителите да ги викаат нештата во врска со земните метали и рударските инструменти на германски јазик, а кои туѓинците, како Бугарите, така и Турците ги попримиле. ...Римјанинот Паулус Емилиус, откако го победил царот Персеј [Последен цар (178-168 г. пр.н.е.) на древна Македонија.], им забранил на Македонците да вадат злато... Латините отпадоците ги нарекуваа сгурии, додека рударите Срби, Бугари, Албанци, Евреи, Турци и Грци го употребуваа германскиот збор шлакна. ...зависно од народите, Србите, Бугарите, Власите и Турците го нарекуваат варовник или варовитник, додека Грците асбест.“(А.Матковски, op. cit. 128-132; 134 136)

Во патописот на францускиот писател Andre Thevet, кој во 1549 г. трганал на својот пат по Блискиот Исток, авторот пишува и за неговата посета на Света Гора, при што ги набројува нему познатите православни верници:

„Бидејќи сите оние што под убедување на Грчката црква ги боготворат и почитуваат калуѓерите од пл. Атос, како Грците, Сирказите [Грузијците], Власите, Бугарите, Московитите, Русите, Бошњаците, оние од Србија и Хрватска, и делови од Славјаните (Есклавони), како и христијаните распрснати по брегот на Големото море [Средоземно Море].“ (А.Матковски, op. cit. 169)

Во патописот на Филип Дифрен Кане од 1573 г., кој во Македонија поминал на релацијата Качаничка Клисура - Скопје - Ќустендил, за македонските места авторот го запишал следното:

„...Скопје, мошне голем град според некои во Бугарија, но според мое мнение тој е во Македонија ако се сметаат старите граници, и некогаш се викал Стоби, сосед на Мигдонија. [Патописецот или погрешно напишал Stobi место Scupi или погрешно мислел дека Scopia било старо Stobi. - Забелешка на А.М.] ...На 6 февруари 1573 г. стигнавме во Добрица [Не ние е познато кое е ова место... Меѓутоа и други патопсисци го спомнуваат така... Можеби е селото Нагоричани, некогашно Жеглигово, источно од Куманово. - Заб. на А.М.] Оттука до Серица [Кумановското с. Страцин, во Македонија. - Заб. А.М.] ...Ова место е во Бугарија или како ние ја викаме Долна Мизија. Поминувајќи неколку планини стигнавме во Шерка [Најверојатно денешното село Кирла, источно од Крива Паланка. - Заб. на А.М.] Ова место е сиромашно христијанско село... Жените во овој крај, сите сиромашни... Христијаните Бугари [Тој уште е во Македонија и погрешно смета дека веќе поминал во Бугарија и затоа така пишува. - Заб. А.М.] се бричат, но косата ја оставаат долга...“ (А.Матковски, op. cit. 208-210)

Според мислењето на telogot Stephan Geriachs, кој патувал за Цариград во 1578 г.: „U varoši (Niš) ima malo Krišćana, koji se zovu Srbi (Servianer), jer ovde svršava Bugarska, a odpočinje Srbija (Servia).“ (P.Matković, Putovanja etc. ..., цит. од А.Иширков, op. cit. 11)

Во 1579 г. францускиот писател Jeaques de Lavardin пишува: „Pologue, qi est partie de Macedonie et Bulgarie (Полог е дел од Македонија и Бугарија). ...Scpoie chef de Macedonie (Скопје е главен [град] во Македонија).“ (Jeaques de Lavardin, Historie de George Castriot surnomme Scanderbeg, roy d’Albanie. Paris, 1621. 1-2 и 269. Цит. од А.Иширков, op. cit. 11-12)

Венецианскиот бајло во Цариград M. Paolo Contarini, во 1580 г. тврди дека: „Bugarska se proteže od Morave do Plovdiva.“ (P.Matković, Dnevnik o putovanju mletačkog baila M.Pavla.. etc., цит. од А.Иширков, op. cit. 12) Исто и Melchoir Besolt, вработен во амбасадата на Лихтенштај во Цариград, кој во 1584 г, патувал за Цариград, пишува дека границата меѓу Србија и Бугарија е на р. Морава. И Чехот Václav Vratislav, кој во 1591 г. патувал во Цариград, пишува: „...Moravu, a ta voda děli Servii neb Srbsko a Bulgárii.“ (А.Иширков, op. cit. 13-14)

Во патописот на Иван Каваза од мај 1591 г., кој патувал како дел од персоналот на новоназначениот венецијански пратеник во Цариград Лоренцо Бернардо, а во Македонија влегле преку Леш и Елбасан, во врско со тоа што сега не итересира стои следното:

"...Струга, град во Бугарија, крај границата со Албанија. ...Струга е град, таа повеќе е село и е прво место што се наоѓа во Бугарија по излегувањето од Албанија. ...Пред да се влезе во Струшкото Поле, кое речиси сето е обработено и мошне плодно, се поминува преку еден мост што ја дели Албанија од Бугарија. Бугарите имаат словенски јазик, а православна вера (il rito greco). ...Битола е мошне населено место во Бугарија. Како што има 1500 куќи од кои околу 200 еврејски. ...влеговме во едно мошне широко поле од Турците наречено Varrona [Треба Вардарово. Кај византиските писатели ова поле под ова име се спомнува уште во 1204 г. Тука живеало турско племе Вардариоти, кои биле христијани и имале свој епископ потчинет на Охридаката архиепископија. - Заб. на А.М], а од Бугарите Slanizza [Нареченао е така бидејќи полето е солено. Уште во средниот век во употреба било и ова име. По доаѓањето на Турците, едно време го прекрстиле во Тузла. Туз на тур. значи сол. Тузла - Сланица. Заб на А.М. - Всушност Сланица е постарото име за Ениџевардарското поле. - Заб. моја.]. ...На два часа пред да втасаме во Солун, преку еден дрвен мост, долг можеби 300 чекори ја минавме реката Vardar. ...Овој мост е границата меѓу Бугарија и Тесалија. Во негова близина има неколку куќи од каде дојдоа неколку млади Бугари да нè пречекаат со погачи печени под пепел.“ (А.Матковски, op. cit. 296-301)

Според А.Матковски: „Под влијание на италијанскиот хуманизам, ширењето на класичните науки и враќањето на античкиите вредности, сè повеќе се проучува античката историја, грчкиот јазик, археологијата, античката филозофија и сл. Тогаш оживуваат спомените за силните стари царства, на пример за Александар Македонски, тогаш се појавуваат заборавените антички имиња, како, на пример, Македонија, Илирија и други. За нашиов труд - кажува А.Матковски - е важна појавата на овие две имиња (Македонија и Илирија) во јужнословенската хералдика, бидејќи од првиот хералдички илирски грбовник што се појавил меѓу 1584 и 1594 на Петар Охмучевиќ, па сè до последниот кон средината на XIX век, овие имиња не само што се спомнуваат, туку се истакнуваат на видно место.

Македонија на картата на Птоломеј.

Македонија на картата на Птоломеј.

Македонија на картата на Птоломеј.

Сè до 1490 г. учените луѓе од Западна Европа - според А.Матковски - немале точна претстава каде се наоѓа Македонија. Некои мислеле дека денешен Пловдив бил центарот на Македонија, други денешна Добруџа и Црна Гора ги сметале во Македонија. ...Во 1490 г. во Рим биле објавени картите на Птоломеј, а кон крајот на средината на XVI век основачот на модерната научна картографија Герардус Меркатор (1512-1594) ја изработил и првата карта на Македонија, печатена во Дуизбург во 1589, а потоа препечатена во Амстердам во 1628 г. ...

Македонија на картата на Меркатор.

Македонија на картата на Меркатор.

Грбот на Илирија во грбовникот на дон Педро Охмучевиќ. [8]

„Св. Ероним“ - патрон на замислената Илирија. [9]

...Заслугата на хуманизмот и ренесансата воопшто и на хрватските хуманисти одделно е и во тоа, што пак го изнеле на видело името Македонија, што го создале македонскиот грб, и вклучувајќи го во збирката на јужнословенските грбови, на античкото име му дале нова словенска содржина, која потоа, преку дубровничките, венецијанските и другите трговци, се пренесувала во Македонија. Сличен бил случајот и со името Илирија (Illyric). Во ова време под ова име се подразбира прво Хрватска, потоа и Србија, а уште подоцна сите Јужни Словени. Носителите на хрватскиот хуманизам сметале дека Хрватите биле потомци на Илирите.“ (А.Матковски, Грбовите на Македонија... 53-55)

7.) Српскиот крал Стефан Душан 1345 г. во своето писмо до венецискиот дожд Андреј Дандуло се титулирал: „По божја милост Стефан, крал на Србија, Диоклеја, Зах’лмија, Зета, Албанија и Приморието и владетел на не мал дел од царството Бугарија и господар на речиси цела Романија.“ Споемантиот „ дел од царството Бугарија“ се однесува на Македонија. (БАН, Македония Сборник от документи и материали. София 1978. 99) Истата година, после завземањето на Сер (Г.Острогорски), Душан се објавил и за „император и самодржец на Србија и Романија“ (Византија), т.е. за „цар на Србите и Грците“, а малку потоа српскиот архиепископ го издигнал во ранг на патријарх („патријарх на Србите и на Грците“) под чија јурсидикција ја ставил и Охридската архиепископијна и од новоназначениот патријарх во Пеќ, на Велигден, 16. апр. 1346 г. во Скопје бил крунисан за император. Грците му ја признале само титулата „цар на Србите“ (Д.Оболенски). Во уводот кон својот Законик Стефан Душан изјавува дека е: „благоверни цар вьсем Срьблем и Грьком и странам Бльгарским“. (Стојан Новаковић, Законик Стефана Душана цара србског. У Београду 1898. 3) Во една грамота издадена во Мелник 1350 г. Душан се титулирал: „цар Стефан на Срби, Грци и Бугари [Бльгаромь]“. (Ст. Новаковић, Законски споменици, Београд 1912. 708) Во друга грамота дадена 1347 г. на Хилендарскиот Манастир, Душан се потпишува: „Стефан во Христа Бога благоверни цар и самосдржец на Србите, Грците и Бугарите“. (Ст. Новаковић, Законски споменици, Београд 1912. 417). Во српската хроника на Пеќката патријаршија се трди дека Душан владеел и „землю болгарску“, т.е. дека: „беше и себе царем: сербскои, греческои и болгарскои области назвав“. (Обшти лист из патријаршије Пећке. Гласник XXXIV. Белград 1872 г.) Цитирано кај Йордан Иванов, Българите въ Македония Издирвания и документи за техното потекло, език и наодностъ съ етнографска карта и статитсика. Издва БАН. Второ допълнено издание. София 1917. 155.

8.) Грбот на Илирија во т.н. илирски грбовници. Грбот на Илирја бил застапен и во незачуваниот грбовник на дон Педро Охмучевиќ.

9.) Св. Ероним - патрон на Илирија, бил застапен и во незачуваниот во грбовник на дон Педро Охмучевиќ.
Historianhttp://www.blogger.com/profile/07783718929733952551noreply@blogger.com0tag:blogger.com,1999:blog-38717923.post-32784334003615416452010-02-18T11:58:00.000-08:002010-02-18T11:58:37.397-08:00Стравот и желбите на македонизмот во карантин (5)
Во предговорот кон спомените на Јане Сандански (Скопје 1995) македонскиот историчар Иван Катарџиев, тврди дека Јане Сандански после Општиот рилски конгрес (октомври 1905 г.) застанал на македонистички позиции.

Јане Сандански (во средината) со свои соборци.

Спиро Певецот, Георги Казепов, Јане Сандански, Говедарчето и Петар Милев.

Според А.Динев: „Сите на снимката се убиени од великобугарите.“

Х.Силјанов во вториот том од неговата најзначајна книга го приложил сведочењето на Стефан Камилев кој раскажува за една дискусија на Јане Сандански којашто ја искажал на средба во Софија на 26.11.1907 г. на која се расправало по предлогот да се влезе во прговори и согласност со Б.Сарафов и И.Гарванов (членови на ЗП на ВМОРО).

На ова средба според сведокот, присуствувале: Ѓорче Петров, Димитар Стефанов, Петар Поп Арсов, Пере Тошев, Христо Чернопеев, Ѓорѓи Ѓерѓиковиќ (српски поручник, учесник во Илинденското востание, редактор на српскиот весник „Автономна Маћедонија“ во 1905г.), Антон Страшимиров (бугарски писател), Димо Хаџи Димов, Стојно Стојнев (соборец на Ј.Сандански), д-р К.Д. Списаревски (правен консултат и началник во министерството за земјоделие), Стефан Кемилев (помошник правен консултант во Земјоделската банка), Иван Харизанов (радикал, роднина на Ј. Сандански), д-р Стефан Сарафов (реномиран лекар), Александар Радославов (учител) „и други некои лица“.

Во врска со тоа што сега нè интересира С.Кемилев сведочи:

Јане Сандански (1872-1915) „великан од илинденската епоха“.

Јане Сандански

„Јане ја разви тезата, дека е погубно за македонското население и за самата Бугарија, македонското прашање да се третира во смисла на национално обединување на Бугарите и дека луѓето на другото течение се предале на бугарската влада. Тој објаснуваше во општи линии, дека треба да се работи за будење на сознанието на масите, дека тие се самостоен народ, дека имаат право на слободен живот и дека треба да се борат за извојување на својата слобода без да се потпираат на туѓа помош, затоа што тие кои би дошле да ги ослободат, всушност ќе дојдат да ги заробат. На тие фрази присутните се спротиставија со многу разумно аргументирани размисли. Јане се раздразни и во една од своите реплики налутено изјави:

- „Јас не го чекам брзото ослободување на Македонија. Тоа може да не дојде дури и во моите денови, но јас сакам да го запазам народот и да го организирам, и ако тоа се случи тој ќе ја добие својата слобода."

Јасно беше - заклучува Кемилев,- дека Сандански по тоа прашање немаше конкретно нацртан план и јасна претстава за возможностите, но тој не отстапуваше, затоа што тоа беше логична последица на завземеното од него становиште, дека македонското прашање не може да се реши, штом се постави како бугарско прашање.

Се стаса до прашањето: што да се прави. Тука Јане веќе имаше план, и тоа наполно конкретен:

„Сатарот! Ќе си ги измериме силите и убеден сум дека ќе ги смачкаме затоа што сме прави“.

Сите присутни, освен членовите на Серскиот окружен комитет, едновремено и спонтано протестираа и се искажаа поединечно. Се изнесоа несоборливи аргументи против една борба на взаемно истребување, имено: 1) дека тоа ќе го компромитира делото во очите на туѓиот свет, 2) дека вербата ќе ја изгубат самите маси кои никогаш не ќе можат да ги разберат мотивите на такво истребување, 3) дека ќе се разочарат работниците во Организацијата, на кои им се туѓи тие борби во врвовите, 4) дека и најкомпромитираните дејци од спротивниот лагер, ако загинат во таа борба, ќе бидат oвенчани со ореолот на маченици, 5) дека бугарското општествено мнение [Тука поимот - бугарско, се однесува и на мнозинското население во Македонија.], кое треба да биде морална поткрепа на Организацијата, ќе премине сосема на страната на нападнатите, 6) дека бугарските власти ќе ги затворат границите за серчани и основано ќе го започнат нивното проследување и др. и др. Протестите и возвраќањата се истураа еден по друг, кој од кој по силни и аргументирани и тоа го стави Сандански во голема недоумица, затоа што никој не го поткрепуваше. Во таа бура членовите на Серскиот комитет молчеа, но јавно беше дека декларацијата на Сандански беше направена со нивна согласност.

Сандански го прекрати возбудувањето со зборовите:

- „Е добро, кажете вие нешто поумно и возможно, за да го прифатиме и ние.“

Чернопеев предложи серчани да се вратат на своите места и да заземат одбранбена положба. Понатаму дискусијата се разви околу идејата за издавање на списание „Револуционерен преглед“ и создавање во Софија задрганично претставништво на серчани... со задача да се спечали општественото мнение за автономна и самостојна Македонија.

Сандански и неговите луѓе, кои со егзекутирањето на Даев веќе го беа осветеле самоистребувањето, лицемерно изјавија, дека „наполно го восприемат тој начин на дејствие, затоа што тој е во согласност со нивните разбирања. Настапи олеснување, затоа што знаеа дека заканите на Сандански не се шега.“

Антон Страшимиров (1872-1937), бугарски писател и симпатизер на ТМОРО. Антон Страшимиров [44]

Изборот на редакциски персонал не стана, се појавија несогласувања, бидејки никој од предложените редактори и соработници не го сакаше А.Старшимиров, кого Сандански сакаше по секоја цена да се наложи. Без да се дочека решавањето на прашањето, Јане стави крај на разиграната комедија и замина за Дупница. Заедно со него од Софија изчезнаа и неговите другари. Два дена после нивното заминување Паница го изврши тоа за кое беше дојден." (Х.Силянов, Освободителните борби на Македония След Илинденското възтание, Издание на Илинденската организация, София 1943. 2. 497-499)

Ако е точно тврдењето на И.Катарџиев дека Јане Сандански после 1905 г. застанал на македонистички позиции, тогаш доказите за тоа би требало да ги најдеме во печатените органи на т.н. санданисти: „Конституционна заря“ и „Единство“ кои се здружуваат во еден весник „Народна воля“, како и во дејноста на Нарoдната федеративна партија, т.е. во дејствувањето на Јане за време на лажниот „хуриет“[45].

Пречек на дебарската чета во Дебар 1908 г.

Пречек на дебарската чета во Дебар 1908 г.

Христо Станишев (1869 Кукуш - 1952 Софија), неколкукратен претседател на ВМОК. Христо Станишев [46]

Во своите спомени деецот на ВМОК Христо Станишев кажува:

„Дојде Хуриетот 1908 г. јули. - Серчани веднаш се братимеа со младотурците. После доста колебање се направи фаталната постапка да се симнат четите во градовите и да се побратимат со младотурците. Најнеотстапчив беше неучениот војвода Апостол Ениџеварарското сонце. За да го наговорат, од Солун ги праќат аптекарот Иван Тенчев [раководител на Солунскиот рев. округ и брат на д-р Х.Тенчев - иден претседател на НФП] и офицерот Кемал (попосле Атататурк) да го барат по Енџевардарските мочуришта. После тридневни скитања, го нашле и успеале да го убедат.

Мустафа Кемал паша - Ататурк Кемал Ататурк

Апостол Петков Ениџевардарското сл’нце (1869 с. Бојмица -1911 во вој со аскерот) Апостол Петков [47]

...Веднаш после симнувањето на четите и признавањето на Отоманската уставна империја, претставниците на Великите сили во Македонија, кои ја спроведуваа реформската акција си заминаа. Италијанскиот претставник во Македонија на нашите учители им кажал дека симнувањето на четите во градовите и признавањето на создадената положба е најголемата грешка на Организацијата, затоа што, ако тие беа постојани во борбата тогаш претставниците на Великите сили немало да си заминат и ќе се спроведела и правосудната реформа, која во тоа време англискиот крал Едвард VII и Николај II ја утврдиле во Петерсбург. А со неа речиси се основаше Автономна Македонија.

Наскоро после пропаѓањето на конституционите клубови и разоружителната акција на младотурците, од која пропишта дете во мајчина утроба, Т.Александров ја обнови ВМРО и борбата продолжи до Балканската војна.“ (От София до Костур, Освободителните борби на българите от Македония в спомени на дейците на Върховния македоно-одрински комитет. София 2003. 76)

Куманово 28.07.1908 г.

Куманово 28.07.1908 г.

Крсто Лазаров (1881-1944) Крсто Лазаров [48]

Кумановскиот околиски војвода на ВМРО Крсто Лазаров во неговите спомени за „хуриетот“ кажува:

„Мојата чета уште не беше симната во градот, а кратовската и штипската беа симнати во градовите. ...Мојата чета тогаш броеше 6-7 души. Ги сретнав во с. Ораовец - Кумановско, откаде се упативме во градот, каде бевме срдечно пречекани. ...При нашиот пречек од името на граѓаните говореа архиерејскиот намесник Давид Нoков, Георги Малински и Монев. Два дена после моето пристигнување од Бугарија, во Куманово влегоа и српските чети. Последните беа пречекани од Монев, Думановски и свештеник Давид Ноков. Последниот владееше одлично турски јазик и тој беше на чело на групата скопјани и кумановци која замина за Солун [да слават за хуриетот] . Свештеник Ноков се разболе од радост. После една седмица од Србија дојдоа и српските чети. Тогаш дојде Коста Пеќанац, Ѓорги Скопјанчето, Јован Довазенски, и Мицко - стариот.

Цела седмица преку хуриетот пиевме и јадевме сè на турска сметка и после се легализиравме. Како легален поминав од 16 јули 1898 до Коледа 1909 г. На хуриетот се симнаа сите чети - Качаци, Турци, Арнаути. Така на пример, гр. Скопје беше исполнет со Качаци. Такви се беа симнале и во Куманово.

Турците наскоро издадоа закон за безделниците, кој се однесуваше на нас, затоа што не бевме се зафатиле уште на работа.

Милан Ѓурлуков р. 1884 г. во Кривогаштани - 1945 во Прилепско убиен од власта. Милан Ѓурлуков [49]

Турците му наместија на Милан Ѓурлуков ќулаф и го пикнаа во затворот. Во Скопје беше убиен Васил Аџаларски. Ситуацијата од ден на ден почна да се влошува. Наскоро во Куманово поради насилството на еден Турчин над Бугари, се одржа голем митинг ...на кој учествуваа и србоманите. Се држеа говори, митингот беше раководен од учителот Ангел Георгиев, кој најпосле требаше да избега. Некои од граѓаните власта ги обвини пред суд, мене уште не беа ме подгониле. Но, сомневајки се да не паднам во затвор, една ноќ го напуштив Куманово и заедно со Кралев избегавме во едно од кумановските села, од каде по канал заминавме за Бугарија.

Напролет се зафатив одново со четништво. Сега тоа стануваше во потешки услови: Турците превзедоа посериозни мерки. Настапи обезоружителната акција и низ селата пливна многу војска. Годините после хуриетот беа тешки за четничкото движење. ...Со Србите не се гоневме и односите со нив ни беа поомекнати. Веројатно, подготовката на Балканскиот сојуз си го направила своето влијание. Во градовите, што се однесува до протести пред турската власт, Бугари и Срби дејствуваа здружено.“ (Македония во пламъци, Освободителните борби на българите от Македония в спомени на дейци на Вътрешната македоно-одринска революционна организация, София 2003. 204-205)

Македония за македонците Свобода Братство Равенство

Илустрација од брошурката на Васил Главинов „Македонија и каде е надежта“ (Софија 1902). На илустрацијата, момата ја преставува Македонија. На знамето пишува: „МАКЕДОНИЈА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ“ (В.Главинов со поимот Македонец го означува секој жител на Македонија без разлика на народност), а на малата лента на врвот на копјето е напишано: „Свобода Братсво Равенство“.

Егзархискиот учител Борис Јанашлиев родум од Дојран во својата книга за Дојран (Софија 1934 г.), пишува за животот во Дојран пред и за време на „хуриетот“:

Султан Абдул Хамид II Султан Абдул Хамид II

„Антагонизмот меѓу Бугарите и гркоманите заедно со србоманите се разгоруваше од агентите на грчката и српската пропаганди, кои дејствуваа сложно; простичките патријаршисти, и гркомани и србомани, не беа злобни. Кога се кареа, гркоманските, како и србоманските деца, им викаа на бугарските: „бугаре-магаре“, а бугарските во своја заштита им говореа: „Г’рци в’лци береме, на врата ги бесеме“, или „Ср’б чингене, дамга ѓотуне“ (турски, кое значи: српски цигани со белег на задникот). Турските деца пак од фанатизам на христијанските им викаа „ѓаур“, на еврејските „чифут“, на циганските „ќафир“, „фираон“, а фанатиците Турци, кога коњот, или магарето не им врвеше, му викаа: „ѓаур оглу, ѓаури“ (ѓаурски син, гаурин)...

Прилеп во „хуриетска“ атмосфера.

Прилеп во „хуриетска“ атмосфера.

Нијази-бег Нијази-бег

Енвер-бег Енвер-бег

После разни перипетии во животот на Македонија: ту мирно со веселби, ту со афери и во затвор, или судири на бугарски чети со аскерот, или со новоформираните грчки и српски чети, после 1903 г., од кои последиците беа лоши и за самите Турци кои имаа цел „раздели и владеј“, најпосле, во месец јули на 1908 г. младотурските офицери Енвер-бег и Нијази-бег преку револуција, го објавија „Хуриетот“ - Конституција [Устав] и Турската империја од апсолутна монархија се прогласи за уставна монархија. „Хуриет“ значеше слободен живот за сите националности. И почна да се пее „Хуриет марш“.“

Битола во „хуриетска“ атмосфера.

Битола во првите денови на „хуриетска“ атмосфера. Во 1909 г. во Битола (во кој живееле мал број Албанци) националните дејци на Албанците на еден свој конгрес ја примаат својата општо албанска латиница.

Радост, „љубов“, бакнежи, прегратки и веселби меѓу Бугари и Турци. И јас - пишува Борис Јанашлиев - не правев исклучок; како, може ли? - Хуриет! Ватан кардашлари (Татковински браќа)! Уште ги помнам преградките со Руфат-бег, а тој пијан - ќор ќутук! Говорите еден после друг се излеваа и секогаш со типична еднообразна содржина, кои почнува: - „Севгели ватандашлар! Огуз ики сенден ики... (Сакани сотаковници! Од пред 32 години наваму тие ќафири, тие х’нз’ри, тие муртати, како пијавици пиејки ни ја крвта, нè доведоа до таа очајна положба!“... - напади против лошите Хамидови управници до Хуриетот). Говорите завршуваа: - „Јашас’н Ватант! (Да живее татковината!); Јашас’н миллет! (Да живее народот!); Јашас’н ватан-кардашлари! (Да живеат татковинските браќа!); Јашас’н Енвер-бег! Јашас’н Ниази-бег!“... и после секое провикување - ракоплескање и... следуваа тапани, свирки, пак бакнежи, пак прегратки, пак веселие, пак пиење и пак народ и тоа деноноќно! Боже, блаженство!!! Ете ти рај, ете ти живот! Арт’к, може ли да не биде задоволен целиот народ?! И во говорите уште: - „Бундан јотее, севгели кардашлар, шекер фабрикаси... (Од сега натаму, сакани браќа ќе имаме фабрики за шеќер, фабрики за предиво и многу други нешта ќе бидат, ќе бидат и ќе бидат!)“

Битола 1908 г. - пречек на четите на ВМОРО на Широк сокак.

Битола 1908 г. - пречек на битолските комити на Широк сокак.

Ентузијазмот беше голем! - кажува Јанашлиев - И ако сето тоа беше искрено, тоа би било невидено чудо, откако со големи салтанати и свечености, бакнежи и прегратки, се пречекаа веќе вратените од планините бугарски чети и четници! Да, да така беше! И Бугарите, како што си се наивни, искрени и добродушни, си помислија дека веќе дошла слободата во Турција, почнаа да гуљаат [да се насладуваат на животот безгрижно, да уживаат] заедно со Турците, веќе како „кардаши“ (браќа) и почнаа да ги кажуваат сите тајни на Револуционерната оргнизација. Турците ни ги научија сите тајни. Еден пијан Турчин во Дојран го беше изрекол тоа кое го мислел и коешто всушност Турците воопшто го мислеа: „Тјуклер арабајле таушан авларлар (Турците со кола зајци ловат)“, а таа мисла во медениот месец турските водачи ја прикриваа, поради што беа го уапсиле тој Турчин. Веселбите продолжуваа. Весели возови се организираа. Со таков воз бевме за Солун. Таму чувме еден инспиративен говор на турски јазик од свештеникот Давид Нoков од Велес, на кој и Бугари, и Турци, и Евреи, и Грци му ракоплескаа и викаа: „Браво попе!“. Тапаните, свирките и др. станаа нешто вообичаено. Бајраци се редеа, клубови се уредуваа. Турците си уредија свој клуб „Иттихад ве тереки“ (Обединение и напредок). Ни дојдоа гости Поројлии [с. Порој, Солунско], на кои Турците им приредија банкет.

На Братската могила во с. Апоскеп, Костурско.

За време на „хуриетот“, оддавање почит на Братската могила во с. Апоскеп - Костурско. Во могилата се погребани комити кои загинале пред и после востанието.

Замолен од офицерите Алид-ефенди и Џуди-ефенди, јас им ги нацртав портретите (голем формат) на Мидхад-паша, бивш турски реформатор, на Енвер-бег и Ниајзи-бег, како и слика-фантазија - мома со отомански бајрак во рака, која го симболизира хуриетот, за турскиот клуб во Дојран, и добив еден одличен подарок. И ние Бугарите отворивме наш клуб во Дојран, како во другите градови. Си купивме сламени шапки - фесовите ги оставивме настрана - нели е Хуриет?

На Братската могила во с. Апоскеп за време на „хуриетот“.

За време на „хуриетот“ при оддавањете почит на Братската могила во с. Апоскеп.

Меѓутоа, на малдотурците почнавме да не им се допаѓаме со своите клубови и, со шапките. Поради тие и други причини многу основано нашите Бугари си подметнуваа иронично во разговор: „Шимден сонра ѓаура „ѓаур“ демејџекс’з’н“ („Од сега панатаму на ѓауринот „ѓаур“ нема да му кажувате“), а тоа го кажуваа и самите Турци. И тие нè разбираа, и ние ги разбиравме. И наместо да се рашируваат правата и да се дадат нови правдини, за да ја разбере народот фактички благопријатната промена и да има целосна доверба и верба, младотурците се зафатија да ни ги одземат нашите училишни правдини, добиени со толкава борба во минатото, во апсолутистичкиот монархистички режим. Со тоа ја изгубија нашата доверба: училиштата ни беа срцето, кое Бугарите не би си го дале, а младотурците го сакаа токму него, нашето најскапоцено, да ни го истргнат. И така Бугарите во Македонија, кои беа огромното мнозинство во целото население, кои се бореа толку многу и дадоа толку скапи жртви за слобода и правда, беа жестоко излажени: тие добија само 4 пратенички мандати во турскиот парламент, без ништо друго, а ги ризикуваа своите училишта. Младотурците посакаа да ни ги направат училиштата државни, да не зависат од Егзархијата, туку од „Маерифа“ (Министерството на просветата во Турција), поради што тргнаа да бараат следбеници на таа идеја. Бугарите се разделија на „клубисти“, кои ја отфрлуваа, и „федералисти“, кои ја примаа промената на училиштата. Дојран беше клубистички.

Дел од гр. Дојран во 1913 г.

Северниот дел од градот Дојран (денешен Стар Дојран) во 1913 г.

Наскоро се случи, Бугарија ја објави својата независност, Австрија ја анексира Босна и Херцеговина, Крит објави соединување со Грција и др. настани и Турците не знаеја со што понапред да се справат. На една маса, во разговор со нас, еден мајор Турчин-цариграѓанин (стамболија), тогаш најважен младотурски фактор во Дојран, ни кажа: „Анлаин, Македонија Сахара гиби јапмадан, вермејеџезеин“ („Разберете, нема да ја дадеме Македонија пред да ја преобразиме во Сахара“). И почнаа митинзите: против Бугарија (говореше директорот на грчкото училиште, на грчки... Кој го разбра?) - меѓутоа Бугарин не говореше; против Грција и Крит - ниту Грк, ниту Бугарин говореше; против Австрија, за Босна и Херцеговина, говореа Турци. Викаа: „Гирди вермеиз!“ (не го даваме Крит), „Босна-Херцеги вермеиз!“ (на ја даваме Босна-Херцеговина), но сето тоа си остана само шум. Турците од јад ги бојкотираа австриските фесови, поради анексијата на Босна и Херцеговина.

Христо Чернопеев Христо Чернопеев

Најдоа и во Дојран Бугари-агитатори федералисти со калапци на главите - и тие ги бојкотираа фесовите! - Отоманци! (Ама зашто не со шапки на главите? - Затоа што тогаш шапките го олицетворуваа „ѓаурлукот“). Меѓу тие агитатори беше со висок кал’плија калпак на главата и војводата Христо Чернопеев, којшто беше се објавил за „федералист“. Директорот на прогимназијата и на основните училишта Георги Митов (од Дојран), во еден возбуден говор ја исмеа неговата нова ролја, ролја на турско орудие. Чернопеев му одговори дека тој е орудие на егзархијата и орудие на Бугарија. На таков начин Бугарите против себе си имаа и Бугари. Турците си ги триеа рацете сакајки да создат од сите нас „Отоманци“, а не да ги рашират правдините до степен на федералистичко управување на Турција. И после детронирањето на Султан Абдул Хамид и неговото доведување во Солун во вила „Алатини“, дури и после смрта на Абдул Хамид, Турците, наречени веќе младотурци си останаа старотурци.

Четата на Х.Чернопеев во Младотурската револуција.

Четата на Х.Чернопеев во Младотурската револуција.

При пописот на народностите во Северозападна Македонија - Тетовски и Гостиварско - членот на комисијата, Турчин, го прашува повиканиот Бугарин, да ја каже својата народност: - Ти што сакаш, али Стара Патрикаана (кажано со почит), или Ексархија (кажано намршетено, натртено и со презир)? И ако прашаниот каже „Стара-Патрикаана“, Турчинот го потчука со „аферим оглум“, ако каже „Екзархија“, тој му вика налутено: „Ќафур оглу, ќафури“.

Втората тиквешка чета во Младотурската револуција.

Втората тиквешка чета во Младотурската револуција.

Во Дојран младотурците сакаа суште да се прикриваат. Имаше едни Турци кои ги симпатизираа Бугарите. Дури некои од нив се стремеа да го научат нашиот писмен јазик...

Првата тиквешка чета во Младотурската револуција.

Првата тиквешка чета во Младотурската револуција.

Грчката пропаганда започна да ја засилува својата дејност, за да може да си ги запази бугарогласните Елини и, ако можеше да позалаже и да привлече други. Гркоманскиот владика само тарашуваше, агитираше. Гркомените купија лимени [дувачки] инструменти и ангажираа Турчин музикант да им ја уреди музиката. И во Гевгелија гркоманите го направија истото. А и Бугарите тат не стоеле со скрстени раце - и тие нагласиле музика со дувачки инструменти со капел мајстор учителот Аргир Манасиев, војводата. И јас во Дојран собрав младинци, прибравме 30 турски лири, купивме виолини, контрабас и разни други музички инструнменти и направивме оркестар под мое раководство. ... За празникот „Св.Илија“ 1909 г. дојдoа од Гевгелија и грчка и бугарска музика. Музикантите гркомани од Гевгелија почнаа да инсинуираат. Двете гркомански музики - дојранската и гевгелијската - си беа направиле естрада врз 3-4 лотки, со пармакл’ци, а гевгелијските Бугари добро се беа наредиле врз естрадата на лотки. Гркоманите „ликуваа“ со две музики и обиколуваа околу терасите на кафаните покрај езерото, на кои тераси граѓани и гости се веселеа. Поради нивното предизвикување, нашите Бугари од терасата на Шоповата кафана со нервоза и сила нафрлија столови врз главите и врз инструментите на гевгелијските грчки музиканти. Резулатат на тоа, скапани глави и скршени инструменти. Некои стрелаа во воздух. ... Во месец фебруари 1911 г., Бугарите ја добија црквата „Св.Илија“ [во Дојран], која беше спорна и за нејзиното спечалување се бараше 2/3 мнозинство [добиено на референдум]. На 1910 г., после месец септември, почна акцијата за разоружување. Мнозина паднаа во затворите, а и мнозина излегоа илегални. Разоружувањето си следуваше и во 1911 г.“. (Борис Д. Янишлиев, Дойран. София 1934. 45; 60-65. Книгата која полува е без корица, без првите и последните неколку страници.)

44.) Антон Страшимиров, р. 1872 г. во Варна - Бугарија. Татко му е од с. Гулина Бања, Разлошко. Бугарски писател, белетрист, драматург. Симпатизер на ТМОРО, до 1898 г. социјалсит, меѓу најактивните соработници на тогашните бугарски социјалистички гласила. Потоа, како радикалдемократ е пратеник во Народното Собрание на Бугарија. Во 1900-1901 г. редактор на македоно-одринскиот весник „Реформи“. Воспоставува контакни со Г.Делчев, Д.Груев, Ѓ.Петров и П.Тошев, кои ги смета за четирите најзначајни столбови на ТМОРО. За време на Хуриетот во Солун заедно со Ѓ.Петров го уредува списанието „Културен живот“. Во Првата светска војна е воен кореспондент во Главниот шатаб на бугарската армија. Во 1923-1927 г. станува близок на комунистите. Починал 1937 г. во Виена каде заминал на операција на срцето. Романот „Роби“ го посветил на легендарниот војвода К.Асенов - Мечката (грабнувањето на мис Стон), Солунските атенти и П.Тошев.

45.) Мадотурската револуција е државен преврат во Труција извршен на 10.07.1908 г. под раководтсво на младотурската партија „Иттихад ве Тереки“ (“Обедининие и напредок“). Со овој преврат всушност е спречена примената на Равелската спогодба, склучена во јуни на 1908 г. меѓу рускиот император Николaј II и англискиот крал Едвард VII, кои изработуваат нов проект за реформи во Отоманската империја и за давање автономија на христијанските провинции во империјата.

„Хуриетот“ најпрво е обајвен на 6-ти и 7-ми јуни во помачкото село Тимјаник, а од таму во Неготино и Кавадарци, од Енвер бег и од Нијази бег во Кичевско, кој превратот (младотурската револуција) го започнува во турскиот гарнизон во Ресен. Нијази-беј ја развластува месната администрација и наскоро со востанички сили, составени од турски војници и Албанци, воспоставува контрола над Преспа, Охридско, Струшко, Дебарско и над некои албански градови. Од Солунскиот гарнизони се придружува и Еневер-бег. Испратените едници од султанот Абдул Хамид II му откажуваат послушност, нивниот командат Шемзи-паша е убиен во Битола, каде младотурските сили влегуваат на 22.07.1908 г., а потоа и во некои други македонски градови. Ј.Сандански дејствува со младотурците во Солун. На 23.07.1908 г. младотурците во Солун организираат големи демонстрации и ги ослободуваат политичките затвореници. По испратениот ултиматум на младотурците до султанот Абдул Хамид II, тој на 24.07.1908 г. го враќа на сила претходно суспендираниот устав од 1876 г., според кој султанот има поголема власт од парламентот и владата, но во истиот се наведени еднакви права за сите турски поданицици, без разлика на верска и национална припадност. Млатотурците пропагираат збратимување меѓу сите поданици на Турција под лозунгот „Јашасан хуриет, адалет, музавет“ („Да живее слободата, братството и единството!“), со што, всушност пропагандно се истакнуваат причините поради кои не треба да се наложи Равелската спогодба. На 13.04.1909 г. Абдул Хамид II организира контраудар против младотурците. Младтотурските сили од солунскиот гарнизон, жандармеријата, албански доброволци и над 1000 доброволци предводени од Јане Сандански и Христо Чернопеев, Тодор Паница и други, под команда на Мухамед Шефкет паша, по тридневни битки кај Чатлаџа, успеваат да ги поразат силите лојални на султанот. На 27.04.1909 г. турско народно собрание го детронира Султан Абдул Хамид II, а на негово место го поставува брат му Султан Мехмед V. Крајниот епилог за Македонија е, ниту примена на Равелската спогодба, ниту „хуриет, адалет, музавет“.

46.) Христо Станишев, р. 1863 г. во Кукуш. Учи во родниот град, во Солун, завршува градежно инжинерство во Белгија. Работи како стенограф во Народното собрание на Бугарија, проф. во Солунската бугарска гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Како инженер ги гради: зградата на Англиската легација во Софија, споменикот на „Цар Освободител“ во Софија, железничката линија Левски-Свиштов, учествува во изградбата на храмот „Св. Александар Невски“. Во Балканските војни доброволец. Неколкукратен претседател на ВМОК. По 1928 г. се определил на страната на В.Михајлов. Починал 1952 г. во Софија.

47.) Апостол Петков - Ениџеврадарското сонце, р. 1869 г. во с. Бојмица, Гевгелско. Во Организацијата е „покрстен“ 1897 г., војвода, учесник во Илинденското востание. По востанието војува против андарите (грчите четници). Во 1911 г. пак формира чета на ВМРО. Загинува во бој со аскерот истата година кај с. Крушари, Ениџевардарско.

48.) Крсто Лазаров, р. 1881 г. во с. Конјух, Кумановско. Својата четничка активност ја започнува во ВМОК, од 1901 до 1903 г. е четник во четата на капетан Ј.Стојанов. Учествува во Илинденското востание во четата на скопскиот војвода Никола Пушкаров. Во 1904 г. влегува во Македонија со четата на Тодор Паница, па заминува во четата на А.Бабата. Од 1905 до 1931 г. е кумановски околијски војвода. Водел борба против српската вооружена пропаганда во Македонија. Учесник во балканските и Првата свестка војна. Во Првата балканска војна неговата чета кај Куманово учествува во разбивањето на турската војска, со што Кумановчани и овозможуваат на српските сили да излезат како победници од битката и да го продолжат нивното навлегување во Македонија. Убиен 1944 г. како соработник на бугарскиот фашистички окупатор заедно со 48 Кумановчани.

49.) Милан Ѓурлуков, р. 1884 г. во с. Кривогаштани. Завршил гимназија во Прилеп. Четникувал во четата на Г.Наумов, а во Илинденското востание во одредот на Питу Гули. По востанието четникува во четата на П.Ацев. Војвода во Крушево (1904-1908). По „хуриетот“ од „санданистите“ посочен како организатор на убиството на членот на НФП Добри Даскалов од Кавадарци. Во Балканските и првата светска војна М.Ѓурлуков учествува во редовите на бугарската армија. После војните Светиниколски војвода. Убиен 1945 г. во Прилепско од страна на југословенската власт.
Historianhttp://www.blogger.com/profile/07783718929733952551noreply@blogger.com0tag:blogger.com,1999:blog-38717923.post-42293295245741545162010-02-18T11:52:00.000-08:002010-02-18T11:53:40.933-08:00Стравот и желбите на македонизмот во карантин (4)
Како еден од значајните настани во „македонското национално ослободително движење“ во борбата против „врховистичките орудија“ после Првата светска војна, во македониската историографија се смета упатениот на 9-ти март 1919 г. „Апел до македонскиот народ“.

Но, апелот не е до „македонскиот народ“ (во македонистичка смисла на поимот), туку до „македонското население“. Во овој aпел до македонското население меѓу другото се кажува:

„1. Македонското население, без разлика на народност и вера, ...има цврста и свесна желба неговата земја да се запaзи цела и неразделена како самостојна политичка единица на

Балканот во нејзините природни балкански граници врз базата Солун како општ центар, Вардарската долина, Скопје и Битола со нивната стопанска и економска заднина. Овој свој стремеж да заживее мирно и слободно македонското население е готово да го подвлече и отворено преку еден плебисцит кога ќе се отстранат заинтересираните администрации.

2. На ваквата создадена држава да и се даде самоуправа со полна рамноправност и еднакви права на сите народи без разлика на бројност...

3. Додека се организира и зацврсти внатрешно и до целосно изживување на тукушто стивнатите расправии и страсти меѓу разните народности... идната самостојна Македонија да добие солидни меѓународни гаранции за својата постојана неутралност и да биде под меѓународна заштита против секаквите завојувачки стремежи однадвор...

4. ...Кристализирани одамна во својата национална физиономија, никоја од народностите во Македонија не сака туѓо политичко ропство... Притоа македонското население... е исправено пред неопходноста... да живее самостојно, само за себе во братски односи со сродните балкански народи, доколку нивните влади ќе ја почитуваат Македонија како постојан и рамноправен фактор на Балканот.

Ако овие барања се навистина барања на нашите сонародници... ние потписниците на овој апел... ги имаме квалитетите да ја претставуваме бившата рeволуционерна организација и да и служиме верно, дајте ни ја довербата, дајте ни ја поткрепата. Ние ќе се помачиме оваа организација со сите незјини зачувани сили да стане повторно на своите нозе. ...“

Aпелот до македонското население на Привремeното претставништво на бившата ВМРО (серчани) и од други дејци на ВМОРО, е потпишан од: „Ѓ.Петров, П.Ацев, Т.Деливанов, М.Герџиков, Т.Серски, А.Лозанчев, Д.Х.Димов, Д.Икономов, Хр.Јанков, Кр.Љондев, Н.Пушкаров, Протојереј Томо Николов, Чуд.Кантарџиев, Р.Ризов, Г.Скрижовски, П.П.Арсов, Пав.Христов, Лука Џеров, М.Шкатров, Ар.Ма-ев [Аргир Манасиев], Ст.-В. [Стаматов Војвода] и др.“ (ИНИ, Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, Скопје 1981. 607-608)

Гоце Делчев Гоце Делчев

Ѓорче Петров Ѓорче Петров

Околу два месеца покасно, првиот потпишан на погоре споменатиот апел од 9-ти март 1919 г. Ѓорче Петров, во својата беседа за Гоце Делчев одржана во Софија на 4. мај 1919 г. на покана на група македонски студенти по повод 16 годни од загинувањето на Гоце, кажува:

„Делчев, не беше само борец за македонското ослободително дело, туку и човек на бугарската општествена мисла. ...Делчев умре по слаткото прикажување со една бабичка среде бугарско село [с. Баница, Серско - Егејска Македонија]. ...вратите на Организацијата беа широко отворени за сите Бугари, безразлично од нивните политички убедувања... Живот на Делчев среде народните кругови се одвиваше младешки, но на секој чекор тој личеше на учител: да ги разбуди кај Бугарите смелоста, неустрашливоста и другите квалитети за кој тој беше лично пример. ...Револуционерната дејност на Гоце Делчев во Организацијата почна 1894 г. како учител во штипско Ново Село.

Македончињата, 4-5 души од Военото училиште... формирале таен социјалистички кружок... Делчев беше најбудниот меѓу нив. ...Никој од неговите другари не можеше да си спомне зошто тој го избрал токму Штип и по чија ургенција бил назначен таму. ...Според една верзија, преку летото во 1894 г. Гоце заминал за Солун каде се сретнал со Даме и со негова помош бил назначен за учител во Штип.

Ефрем Чучков, другар на Гоце, нè уверуваше, дека Гоце уште од Софија знаел дека ќе оди во Штип, бидејќи се распрашувал за градот... Еден другар на Гоцета, кукушанецот Георги Имов, кој беше отпуштен од Военото училиште, пред Гоцета, ...може да биде врската со Даме. Чучков предполага дека врската е воспоставена преку него. ...Ентузијазмот на Делчев, кој дејствуваше на чувствата и методичкиот ум на Даме Груев, којшто дејствуваше на сознанието, ги поставија темелите и ја издигнаа зградата на онаа револуционерна тврдина од град Штип, чија слава стигна дури и до Србија, кога штипските младинци во текот на 1914 г., како регрути во Крагуевац, откажаа да му дадат заклетва за верност на крал Петар, пеејќи бугарски патриотски песни.[29]

Сакаме да истакнеме, - кажува Ѓорче, - дека по Битола со Пере Тошев, Штип со Делечев стана второто по значење револуционерно гнездо во Македонија. ...Денешното поколение, македонско-бугарско население, израснато во целина во револуционерната атмосфера, калено во борби и страдања, ќе биде готово да ги следи до крај неговите завети за татковината. ...Македонија ја загрозува подлабоко робство - српското и грчкото кое е гарантирано, ако не засекогаш, тогаш за долго врме. ...Едно знам, дека паметењето на народните борци - светци било потребно за поколенијата, за да ги буди и повикува на работа.“ и т.н. (Ѓорече Петров, Беседа за Гоце, Скопје 2003. 11; 21; 22; 24; 27-29; 50; 86 и 88.)

Од лево на десно: 1. Ѓорче Петров, 4. Тодор Александров, 6. Андреј Љапчев, 7. Симеон Радев, 8. Војвода Стаматов.

Од лево на десно: 1. Ѓорече Петров, 2. Тодор Александров, 6. Андреј Љапчев, 7. Симеон Радев, 8. Војвода Стаматов.

Тодор Александров (1881-1924) Тодор Александров [30]

Пред десетина години во РМ се актуелизира едно писмо на Тодор Александров, со дата од 6-ти јуни 1919 г., до Панајот Каранфилов во кое стои дека:

"Само тесниот - болшевик [Димо] Х.Димов, анархистот - мрзливец [Михаил] Герџиков, шмекерот - велзевул Ѓорче [Петров] и сандинистите предавници во минатото и сега на бугарскиот народ, говорат и агитираат дека треба да се бара автономија на Македонија, зато што таа е одделна економска и географска единица, со оддделен "македонски народ", со своја вековна историја и за да не ги плаќале долговите на Бугарија, а некои од нив се закануваат така: "ако по чудо биде дадена цела Македонија на Бугарија ние ќе се бориме со оружје во рака, за да не го дозволиме тоа обединение".” (Димитар Галев, Тодор Александров Од автономија до самостојна држава, Скопје 1995. 199)

Димо Хаџи Димов (1875-1924) Димо Хаџи Димов [31]

Во првиот број на Билтенот на Привременото претставништво на бившата ВМРО, чиј главен уредник бил Димо Хаџи Димов, во статијата „Да сме на чисто“ се кажува:

„...Нè обвинуваат дека не се чувствуваме достаточно како Бугари, злословат дека го прикриваме своето национално качество и дури дека ни недостасува секакво бугарско сознание. Обвинуваат, интригуваат, кљукарствуваат, клеветаат, но не откриено и со докази, а по недостојни патишта и со најдолни средства...

...И така, што сме ние? Бугари ли сме, или не сме Бугари? На тоа прашање ќе одговориме засега со неколку извадки од публикации и документи, издадени од средината на дејците од бившата Внатрешна револуционерна организација, која по право и долг се издига и се признава како единствена изразителка на погледите на Македонија и на македонското население.

Георги Скрижовски (1882 с. Скрижово - 1925 убиен од егзекутор на ВМРО) Георги Скрижовски [32]

Во полномоштвото дадено на нашиот претставник во Париз, првата точка на нашите барања е редактиктирана така: „Бугарското население во Македонија заедно и сложно со нас има најцврста желба, длабоко верувајки дека таква е желбата и на сите останати националности таму, така што таа земја да се запази цела и неделива како автономна и самостојна единица на Балканот“ и т. н.

Бугари ли говорат тука или не?

...Истакнувајки ги тие барања, ние заедно со целото македонско население чувствуваме и изјавуваме, дека балканскиот проблем нема друго решение, ако се сака искрено полното смирување на Балканот и блиското и сигурно побратимување на непријателски поставените членови на балканското семејство. Тоа го кажуваме како Бугари со високо бугарско чувство и не криеме, како што не сме го криеле тоа пред војните и во времето на револуционерните борби, дека македонското прашање во неговата целина не е бугарско прашање, како што не е грчко и српско, и поради тоа наоѓаме дека дека ниту една од балканските влади не може и нема право да ги изразува интересите и погледите на македонското население во неговата целост.

Скривме ли од надворешниот свет, дека сме Бугари? И дека говориме и си ја изјавуваме желабата како Бугари? ...Не ли е тоа јазик бугарски, говореме од Бугари и за Бугари?“ (БАН, Македония Сборник от документи и материали, София 1978. 611-612)

Брошурката: Назадъ къмъ автономията Декларация по разрeшението на македонския въпросъ, София 1919 г.

Димо Хаџи Димов, Александар Бујнов, Георги Скрижовски и Чудомир Катарџиев се коавторите на брошурката: Назад кoн автономијата Декларација за решението на македонското прашање, Софија 1919 г.

Чудомир Кантарџиев (1883-1924) родум од Сливен. Чудомир Кантарџиев [33]

Александар Бујнов (1879-1924) родум од Шумен. Александар Бујнов [34]

Димо Хаџи Димов во брошурката Назад кoн автономијата Декларација за решението на македонското прашање, застапувајки се за уредување на Македонија по образец на Швајцарија, на стр. 21-26 пишува:

"Вистина е, дека меѓу подјармените националности во Македонија најголема ролја и најрешавачко влијание извршуваа, секоја во својата сфера и со својот метод, бугарската и грчката... специјално за борбата против турскиот режим и неговото господарство воопшто треба да се каже дека бугарскиот елемент се покажа многу пореволуционерен... И ние гледаме дека, меѓу бугарското население во Македонија, исто и меѓу неговата интелегенција се зароди една нова идеја, имено идејата да се запази Македонија во нејзините географски граници... Идејата за автономијата на Македонија... е идеја бугарска... Бугарите во Македонија, најобесправени и најугнетувани од сите националности во Македонија... македонското бугарско население имаше неодложна потреба да се ослободи од турската тиранија... Македонија ќе има значение само како цела и неделива... Таа идеја меѓутоа си остана само бугарска. Автономната идеја кај Бугарите доби широк полет заедно со создавањето на Внатрешената македонска револуционерна организација, која бугарска по состав, се појави како организација доволно решителна..."

Легендарните македонски револуционери - санданисти единстевно останати верни на заветите на Делчев.

Според Ангел Динев: „Легендарните македонски револуционери - санданисти единстевно останати верни на заветите на Делчев, коишто достојно изумреа во борбата против бугарскиот врховизам.“ Од лево на десно, седанати се: Таската Серски,[35], Чудомир Кантарџиев и Димо Хаџи Димов. Стојат од лево на десно: Тодор Паница,[36] Горги Скрижовски, Ѓорги Казепов[37] и Стојо Хаџиев.[38] Според Ангел Динев: „Снимката за серските револуционери би била полна кога би придодавале Јане Сандански[39] и Александар Бујнов. Разбира се тоа се само интелектуалци - револуционери на Серскиот револуционерен округ, т.н. „Санданисти“ раководители на ВМРО после смртта на Гоце Делчев.“ (А.Динев, Илинденска епопеја. Скопје 1949. 2. 461)

Сава Михајлов, Јане Сандански, Крсто Асенов и Христо Чернопеев.

Учесници во грабнувањето на мис Стон:

Сава Михајлов,[40] Јане Сандански, Крсто Асенов - Мечката[41] и Христо Чернопеев[42]

Елена мис Стон Елена мис Стон

Сава Михајлов Сава Михајлов

Елена мис Стон за нејзиното грабнување напишала и објавила спомени, во кои за народноста на нејзините киднапери пишува дека се Бугари.

Американската мисионерка секако не е „платеник на бугарската буржоазија“. Во нејзиниот речиси шест месечно престој среде македонските револуционерни не стекнала впечаток дека нејзините грабнувачи манифестериле „македонска национална свест“.

Крсто Асенов Крсто Асенов

Христо Чернопеев Христо Чернопеев

Петко Пенчев[43], кој во 1904 и 1905 г. четникувал во четата на Јане Сандански, во своите сеќавања за војводата кажува:

„Сандански беше опкружен со ореолот на краен левичар. И јас требаше да го платам данокот на малдешкиот занес, кој беше ги заразил повеќето мои другари студенти. ...речиси без никакво познавање за македонските борби, јас требаше да ги слушам неприкинатите громки говори на Сандански против бугарскиот империјализам. Серско беше поштедено, според самата географија, од вооружените непријателства на српската и грчката пропаганда и не познавме друг непријател на македонската слобода, освен Бугарија.

Јане Сандански Јане Сандански

Тогаш Сандански беше под силно влијание на Хаџи Димов, Харлаков [Никола Харлаков (1874-1927) р. во гр. Габрово -Бугарија, член на ЦК на БРСДП(т.с.)] и други преставници на левиот социјализам. Ние ги третиравме, така да се каже, како орудија на официјална Бугарија, не само врховистите и сарафистите. Дури и Груев, Гарванов, Матов, воопшто битолските дејци не беа поштедени од нашиот непомирлив фанатизам.

Сандански, меѓутоа, се наметнуваше на сите со непомирлив фанатизам. Висок, едар, спретен... и очи, кои пронижуваат. Сандански беше вистинско горско божество. Неговата волја беше челична, а дарбата на организатор не му се одрекуваше и од неговите непријатели.“ (Христо Силянов, Освободителните борби на Македония След Илинденското възтание. Издание на Илинденската организация. София 1943. 2. 442)

Четата на Јане Санадански во 1903 г. Четата на Јане Сандански во 1903 г. Меѓу четниците е и бугарски поет Пеју Јаворов.

29.) Во март 1914 г. Кралството Србија собрало во Крагуевац околу 1000-1200 регрути од Македонија. Но, на 10.04.1914 г. побунетите регрути откажале да се заколнат на верност на српскиот крал Петар Караѓорѓевиќ. Од Штип во Крагуевац имало околу 70-80 регрути, од кои, над 60 одбиле да се заколнат. Константин Ангелов, учесник во бунтот сведочи:

„... За миг воздухот беше расцепен од громогласното „ура“! Не сакаме да се колнеме! Не сме Срби и сл. Војничкиот строј при командата „мирно“ се наруши, се растури, се разбрка. Настапи неописив хаос. Сите присутни беа стаписани и изненадени. Офицерите разлутени, со измакнати сабји мавтаа, тепаа, но без резултат - нередот стануваше уште поголем. Граѓаните, мажи, жена и деца ги зафати паника, бегаа... Картина на вистински бунт... на официјално место, пред официјални лица и странски претставители.“

Од кочанско имало регрутирано околу 250 души. Санто Витанов, родум од с. Горни Полог, Кочанско, учесник во бунтот, во свите сеќавања кажува:

„Ни ги променија и презимињата, а не советуваа и да си ги промениме и имињата, нашите биле бугарски. Првата закачка изби кога започна прозивката на „виќ“. Не се одзовуваме, а не викавме ни „ја“, туку „јас“ или „аз“, тие што веќе поминале низ бугарските училишта... Некаде околу 1 или 2 април 1914 г. ни датоа текст на заклетвата за српскиот крал. Тоа предизвика вознемирување прво кај писмените, а потоа и кај сите други. Штипјани радовишани кажале на нашите [кочанчани]: како нашите дедовци и татковци се колнеле на Фердинанд, а ние да се колнеме на верност на српскиот крал? Меѓу сите почна да се шепоти, што сме ние, народ или ништо? ... Дојде и тој час. Свештеникот почна збор по збор да ја чита заклетвата... Старешините почнаа да не подбуткуваат и да ни викаат. Ние молчевме. Одеднаш од средината се чу силен глас „Ура“, не сме Срби, се колнеме на Фердинад. Во нашиот круг стана голема бркотница. Нè опколија српски вооружени војници, а старешините почнаа да нè тепат. ...Потоа затворија 20 души, а на другите почнаа да ни зборуваат и да нè убедува попот, дека Бугарите се виновни, тие не лажеле, ние во старо време сме биле Срби.“

Во сведоштвото за еден од радовишките учесници во бунтот се кажува:

„...„Не се колнеме, не сме Срби“. Кога српските офицери слушнаа дека некои од војниците го фалеа бугарскиот цар Фердинанд, ги фати бес и почнаа да нè тепаат, во кругот, во собите, преку денот и ноќта. Миле Кошев го убија. Илија Габрешанецот го убија. ...Убија и зтворија и неколку млади и весели момчиња од селата.“ (Димитар Галев, Белиот терор во Југоисточна Македонија. Штип 1991. 1. 524-532)

30.) Тодор Александров Попорушев, р. 1881 г. во Штип. Завршил педагшоко училиште во Скопје. Учител во Кочани, Виница, Кратово и пак во Кочани. Застанува на чело на Кочанската револуционерна околија. Во март на 1903 г. осуден на 5 години затвор. Пресудата ја издржува во Куршумли-ан во Скопје до април 1904 г., кога е амнестиран. Потоа учител во Ново Село, Штипско. На 10.01.1905 г. станува илегален, дејствува во Скопско. Во 1907 г. заминува за Бургас, каде работи како учител. По убиството на Б.Сарафов и И.Гарванов, повикан е од Х.Матов во Софија да биде касиер на ВМОРО (дотогаш касиер бил И.Гарванов). Во 1910 г. работи на обновувањето на Организацијата. Во новиот ЦК влегуваат Х.Чернопеев, Т.Александров и П.Чаулев, резервен член на ЦК е А.Протогеров. Организацијата официјално е обновена во октомври 1911 г., а целта е истата: автономна Македонија. Се движи со четите во Солунко и Кукушко. За време на првата балканска војна со чета го завзема Кукуш неколку дена пред пристигнувањето на бугарската војска. Во почетокот на 1913 г. од штабот на Македонско-Одринското ополчение е назначен за началник на разузнавачкиот пунк во Штип. Во септември на 1913 г. ВМОРО дига востание во Битолско, Охридско и Дебарско во кое учествуваат Албанци и Турци (во преговорите со Албанците учествувале П.Чаулев и Ј.Сандански). Со Валандовска акција во 1915 г. Т.Александров одигрува клучна ролја Бугарија во Првата светска војна да застане на стараната на Централните сили. За време на војната како офицер за порачки служи во 11-та пешадиска македонска дивизија во состав на бугарската армија. Со кајзерот се сретнал двапати, во Ниш и Софија. Награден е од германскиот кајзер со железен крст и позлатена сабја. Во тоа време е постојан контакт со цар Фердинанд, со принц Борис, принц Кирил и министер претседателот В.Радославов. По војната учествува во работа на Исполнителниот комитет на македонските братства во Бугарија. Неговото повторно застанување на чело на ВМРО не е прифатено од редица дејци на ТМОРО. Во ноември 1919 г. обвинети за втурнување на Бугарија во војната, затворени се Т.Александров, А.Протогеров и над 100 дејци на ВМРО, но бегаат од софискиот затвор. Користејки ги врските со бугарските офицери обновува и создава организациски пунктови во Ќустендил, Неврокоп и Петрич, од каде со чети навлегува во Македонија. Во 1921 г. ВМРО учествува во убиството на бугарскиот премиер А.Стамболијски, кој се обидел да ја забрани вооружената дејноста на ВМРО. Во 1923 г. ВМРО учествува во задушувањето на т.н. септемвриско востание во Бугарија. Еден од иницијаторите е за создавање на Македонскиот научен институт во Софија и на Македонските политички организаци (МПО) во САД и Канада. Во негово време ВМРО го завзема раководството во Великата масонска ложа на Бугарија, создава Македонска парламентарна група во Народното собрание на Бугарија. Стапува во конакт со дејци на Коминтерната (помошен орган на советската надворешна политика). Во мај 1924 г. во Виена го потпишува Мајскиот манифест, но Д.Влахов, Н.Харлаков и П.Чауелев го публикувале манифестот во Виена во в-кот „Балканска федерација“ (бр.1, 15.07.1924), па Т.Алескандров и А.Протогеров на 01.08.1924 г., под притискок на бугарскиот премиер А.Цанков, со декалрација се откажуваат од Мајскиот манифест прогласувајки го за „мистификација“. На 31.08.1924 г., кај с. Сугарево - Балгоевградско, убиен е од членови на ВМРО (Ш.Валхов и Д.Вретенаров) при патување за конгресот во Пирин Планина. Според т.н. михајловсти убиството е организирано од А.Протогеров, според т.н. протогеровисти организаторот на убиството е В.Михајлов.

31.) Димо Хаџи Димов, р. 1875 г. во с. Горно Броди, Серско. Син на Хаџи Димко Хаџи-Иванов, борец против панелинизмот и соработник на Стефан Верковиќ. Татко му на Димо Хаџи Димов, хаџи Димко Иванов со зет му Георги Иванов Зимбилиев подготвиле 140 села во Серската епархија во фебруари на 1869 г. да потпишат махзари (молби) за нивно присоединување кон Егзархијата. Хаџи Димко околу 1880/1 г. се преселува во Дупница. Д.Х.Димов завршил педагошко училиште во Ќустендил. Една деценија работи како бугарски учител во Дупница. Во Организацијата стапува во 1896 г., а од есента 1899 г. воспоставува соработка со Г.Делчев. Од 1990 г. член на бугарската социјалдемократска партија, а по нејзиниот расцеп во 1903 г. член на БРСДП (т.с.) - Бугарската работничка социјалдемократска партија (тесни социјалсисти), чиј долгогодишен претседател е Димитар Благоев родум с. Загоричени. Од 1900 г. до својата смрт постојно пишувал статии, реферати, брошурки по македонското прашање. Во 1908 г. доаѓа во Солун, заедно со Д.Мирасчиев го редактираат списнието „Конституционна заря“. Активсит на НФП. Во Балканските војни се бори во 7-мата рилска дивизиаја. Во 1920 г. по директива на БКП, формира незјина секција - Емигрански коминистички сојуз, кој никогаш не добива масовна поткрепа од македонските иселеници во Бугарија. Во 1923 г. пред кравањето на т.н. септемвриско востание („антифашистичко“), затворен е како пројавен активист на БКП (т.с.). Во 1924 г. избран е член на ЦК на БКП (т.с.)., потоа и за пратеник во Народното собрание на Бугарија. Убиен е на 13.09.1924 г. во Софија, од: „националсистичката ВМРО“, или од „полицаец“, односно од „платен агент на бугарскиот двор и фашистичката воена клика“.

32.) Георги Скрижовски, р. 1882 г. во с. Скрижово, Драмско. Завршил педагошко училиште во Серес, извесно време учител во Демирхисарско. Поттикнат од Г.Делчев влегува во четата на Димитар Гоштанов, а потоа во четата на Ј.Сандански. Учесник во Илинденското востание, член на Серскиот револуционерен комитет. После Илинденското востание формира своја чета, дејствува во Разлошко. По Првата светска војна живее во Свиленград. Убиен 1925 од екзекутор на ВМРО.

33.) Чудомир Кантарџиев, р. 1883 г. во гр. Сливен - Бугарија. По завршувањето на средното образование кратко време работи како учител во Бургаско. Како близок соработник на Ј. Сандански дејствува во Серскиот револуционерен округ. Во 1906 г. е избран за ревизор на четите. Учествувал во соборувањето на режимот султанот на Абдул Хамид во Цариград. Активист на НФП. Во балканските војни (1912-1913) учествивал со доброволечка чета во бугарската армија. 1924 г. убиен во меѓусебните пресметки во ВМРО.

34.) Александар Бујнов, р. 1879 г. во Шумен - Бугарија. Во редовите на ТМОРО влегува 1903 г., прво учествува во борбите во Скопско, а откако се поврзал со Ј.Сандански во борбите во Серско. По Младотурската револуција е еден од создавачите и раководителите на НФП. Избран за пратеник во Отоманскио парламент, по Првата светска војна избран за пратеник и во Народното собрание на Бугарија. Септемри 1924 г. убиен од екзекутор на ВМРО.

35.) Таската Серски, крстеното име му е Атанас Спасов, р. 1880 г. во с. Врања, Горноџумајско (денес Благоевградско). Завршил педагошко училиште во Сер. Учесник во битката против аскерот во в. Баница кога загинува Г.Делчев. По востанието член на Серскиот револуционерен округ, војвода на чета. Активист на Народната федеративна партија, во 1910 г. избран за член на Централното раководство на НФП (заедно со д-р Х.Тенчев, Д.Мирасчиев, Ч.Кантарџиев и А.Бујанов). Во првата балканска војна се бори во четата на Ј.Сандански. Умира 1925 г. на операционата маса - „од ножот на проф. Александар Станишев“.

36.) Тодор Паницата, р. 1879 г. во гр. Орехово - Бугарија. Во Варна завршува гимназија. Учествува во Илинденското востание, со четата на Н.Пушкаров ги обиколува Скопско, Кумановско и Кратовско. По востанието формира чета во Серскиот револуционерен окргуг и тесно соработува со Ј.Сандански. Егзекутор на смртна пресуда над Б.Сарафов и И.Гарванов (ноември 1907) изречена од Ј.Сандански во името на Серскиот револуционерен округ. По Младотурската револуција, застанува на страната на младотурската власт. По Првата светска војна станува еден од членовите на Македонската федеративна организација. Соработува со грчкото и српското разузнавање, потоа и со советското. Во 1922 г. емигрира во Виена. Учествува во создавањето на ВМРО (Об). Егзекутиран е 1925 г. од Менча Крничева, идната сопруга на В.Михајлов.

37.) Георги Казепов, р. 1880 г. во с. Калиманци, Горноџумајско (Благоевградско). Завршил педагошко училиште во Сер, учителстува во неколку села и во Мелник. За време на Илинденското востание се бори во четата на Ј.Сандански. Во Мелник избран за секретар на околиското раководство на ТМОРО. Во 1905 г. формира своја чета, а на конгресот на Серскиот револуционерен округ (1907) вклучен е во Окружниот револуцонерен комитет. Во 1908 г. станува легален и учествува во создавањето на НФП. 1923 Г. „убиен е во масовната ликвидација на македонските револуционерни дејци од страна на неоврховистите“.

38.) Стојо Хаџиев, р. 1879 г. во с. Голешево, Мелничко. До 1900 г. учител, а потоа се одава на револуционерна дејност. После востанието е постојан член на Серскиот револуционерен комитет. Еден од основателите на НФП. Во март 1912 г. заедно со А.Бујанов е избран за пратеник во Отоманскиот парламент. Учествува во Првата светска војна. Убиен 1924 г. од екзекутор на ВМРО.

39.) Јане Сандански, р. 1872 г. во с. Влахи. Завршил осоновно образование и два класа гимназија во Дупница, околу двеипол години работи како чевларски чирак. Во 1892/4 г. ја отслуслужува воената обврска во бугарската армија, добива подофицерски чин. Од 1894 г. во следните двеипол години работи како помошник молбопишувач во адвокатската канцеларија на вујко му, а до 1899 г. како самостоен молбопишувач. Во 1895 г. во една чета на Врховниот комитет учествува во т.н. мелничка атака. Во 1897 г. пак влегува во Македонија со чета на Врховниот комитет. Во фебруари 1899 г. станува директор на бугарскиот државен затвор во Дупница, истата година со Д.Д.Хаџидимов во Дупница го реоганизираат македонскот друштво „Младост“, во кое членувале повеќе Бугари родум од Бугарија, отколку македонски емигранти. Во 1899 г. се запознал со Г.Делчев и Ѓ.Петров. Во април 1901 г. со чета на Организацијата, составена од 8 души, влегува во Македонија како војвода на централистите. На 21.08.1901 г. учествува во грабнувањето на американската протестантска мисионерка Елена мис Стоун и нејзината придружничка Катерина Стефанова Цилка (родум од Банско), за чие ослободување Организацијата добива 14.000 турски златни лири. Кон крајот на јуни 1902 г. четата на Ј.Сандански напаѓа врховистичка чета од 18 души, при што убиваат 5-мина. Во август 1902 г. напаѓа уште една врховистичка чета, мислејки си дека напаѓаат турски аскер. За време на Горноџумајското востание (септември 1902) се повлекува од борбата против врховистите. Лично се објавува против кревањето на Илинденското востание. На 17.09.1903 г. (Крстовден), Серскиот округ решава да учествува во востанието. Тогаш Ј.Сандански се побратимува со поранешни врховисти од групата на ген. Цончев и заедно водат битки против турскиот аскер. Во 1905 г. безмилосно казнува една четата предводена од поранешни врховисти. Во 1908 г. војува на страната на младотурците. Еден од создавачите на НФП. Во првата балканска војна неговата чета заедно со Мајор Цонев влегуваат во Солун ден пред 7-мата Рилска дивизија. Противник на застануњето на Бугарија на страната на Централните сили во Првата светска војна. Во 1915 г. убиен од „врховистите“.

40.) Сава Михајлов, р. 1877 г. во село Мачуково. Се школувал во родното село, Солун и Цариград. Учителствува во разни места во Македонија. Во Организацијата се вклучува 1895 г. Во 1901 г. заедно со Ј.Сандански, Х.Чернопеев и К.Асеов учествува во грабнувањето на мис Стон. Учесник во востанието, во Гегвгелскиот крај. Војвода. По востанието заминува за Бугарија. По враќањето во Македонија четникува во четата на А.Петков. Загинал 1905 г. кај с. Смоја, во борба со турскиот аскер, се самоубива жив да не падне во рацете на непријателот.

41.) Крсто Асенов - Мечаката, р. 1877 г. во Сливен - Бугарија. Завршил гимназија во Варна. Близок соработник на Г.Делчев и Ј.Сандански. Учествува во грабнувањето на мис Стон. Солунски војвода, активно учествува во подготовките на востанието. На Илинден 1903 г. четите на К.Асенов, А.П.Теризев - Ениџевардарското сонце и на И.Карасулијата, сите околку 250 души, се собрале во с. Корнишор да го осветат знамето. Потоа К.Асенов го поканува свештеникот да ги венча со познатата револуционерка и учителка во Кукуш Ана Малешвска, ќерката на Дедо Иљо Малешевски. Но, по венчавката некои негови четници, обвинувајки: „Ние ќе правиме востание, а тој се жени“, подло стрелаат во рицарот роден за необични подвизи.

42.) Чернjу Пеев, од македонските револуционери прекрстен на Христо Чернопеев, р. 1868 г. во с. Дерманци, Луковитско - Бугарија. Фелдфебел во буграската армија. Во 1899 г. во „делото“ е вклучен од Г.Делчев, учествува во грабнувањето на мис Стон. Војвода во Кукушко, Горноџумајско; Валандовско, Гевгелско, Тиквешијата и особено во Струмичко. Во 1901 г. неговата чета од силен турски аскер е опколена во с. Бајалци (Валандовски), но со неколкумина четници успеваат да се извлечат. Заминува за Бугарија, но пак се враќа во Македонија. Борец против врховистите. Учесник во Илинденското востание. После востането пак е со чета во Македонија, соработува со Ј.Сандански. Активно учествува во формирањето на НФП во Солун, член на централното раководство. Но, потоа ќе се дистанцира од Ј.Сандански. Станува член на ЦК на ВМРО. За време на Првата балканска војна е во редовите на Македоно-Одринското ополчение. Во 1914-1915 г. пратеник е во бугарското народно собрание. Како офицер на бугарската армија загинува во Првата светска војна на Криволак (1915), погребан е во црквата во Ново Село, Штипско.

43.) Петко Пенчев, р. 1880 г. во Варна - Бугарија, член на ТМОРО од 1903 г., учесник во Илинденското востание во четата на Х.Чернопеев, па заминал во Женава на студии, но пак ги напуштил студиите за да стене четник во четата на П.Кљшев. Брзајки да замине по втор пат во четите на ТМОРО, станал четник во четата на Ј.Сандански (1904-1905). Во 1904 г. е избран за член на Серскиот комитет. По 1905 г. поминува на страната на Х.Матов. Во 1906 г. го уредува весникот „Реформи“ на штипската организација на ВМОРО, тогаш раководена од М.Развигоров. Во 1907-1908 г. заедно со В.Пасков го редактира весникот „Илинден“. Во 1912 г. П.Пенчев како војвода на ВМРО дејствува во Гевгелиско. По балканските и Првата светска војна се вклучува во Демократската партија на Бугарија. Починал 1946 г.
Historianhttp://www.blogger.com/profile/07783718929733952551noreply@blogger.com0tag:blogger.com,1999:blog-38717923.post-24087550969045912682010-02-18T11:48:00.000-08:002010-02-18T11:48:46.590-08:00Стравот и желбите на македонизмот во карантин (3)
Во текот на 1895/1896 г. Даме Груев е егзархиски училишен инспектор во Солунската егзархиска машка гимназија, но во учебната 1987/87 г. божем поради безбожност ја губи службата. За сослушвањето кај егзархот Јосиф I, Даме во своите спомени кажува:

Дамјан Груев Дамe Груев

Егзархот Јосиф I Егзархот Јосиф I

„учебната година 1897/98 останав без служба. По пријава на општинскиот претседател на Егзархијата ме повикаа на сослушување, божем поради безбожност.

Јасно му реков на егзархот дека нема зошто да страхува за мојата безбожност, туку поскоро за Организацијата за која му раскажав сè. Егзархот се држеше наклонето, не ме советуваше да се откажеме, но тогаш искажа само стархување, со избрзани акции да не предизвикаме австриска окупација на Македонија. Ние непријателски се однесувавме спрема српската пропаганда; егзархот бездруго бил убеден дека нашата активност не е без полза, бидејќи не најде ништо друго да ми забележи, освен споменатиот страв од австриска окупација. Се разделивме со добро со арно. Почетокот на „Братството“ во Солун се совпаѓа со последниот период на мојот престој со служба во Солун и со моето отпуштање. Од Солун по една година ме интернираа во Битола.“ (Спомени..., Скопје 1995. 107)

Ѓорче Петров Ѓорче Петров

Наскоро по сослушвањето на Даме кај егзархот Јосиф I, Ѓорче заминува во Цариград во мисија кај Егзархијата. За ова во своите спомени Ѓорече Петров кажува:

„За нас, како раководни сили се сметаа само испитани интелегентни другари, кои стојат повиско над другите. Стануваше потреба порамномерно да се распределат овие сили по околиите. ...Поставувањето на учителите за следните учебни години [Почнувајки од учебната 1898/99 г.] требаше да се изврши во согласност со речената потреба. ...општините под диктат на К’нчев во Цариград и на Братството во Солун дејствуваа спротивно на потребите на Организацијата со цел да ја поткопуваат и да подготват подлога за револуционерното Братсво. ЦК под притисок на многуте барања од внатрешноста во кажаната насока беше дошол до убедување дека само преку Егзархијата може да се спроведе ова барање со увереност оти и во Егзархијата може да се спроведе ова барање на Организацијата само преку морален притисок. Со мотив дека повеќето од нашите поугледни другари се чиновници на Егзархијата па ако некој од нив биде пратен во Егзархијата со мисија по ова прашање, не ќе има достаточно авторитет, та ме одбрале мене со надеж дека јас ќе поимпонирам итн. Јас со бугарски пасош на доктор по медицина, заминав во Цариград. ....и предадов на Егзархијата полномоштво од ЦК, со кое овој ме ополномоштува пред егзархијата да ги претставам барањата на ЦК. Претпоставив список од околу 70 лица, што требаше да се назначат.

На началникот на одделението Лазаров во кабинетот му го прочитав полномоштвото на ЦК, го искинав пред него, ги фрлив парчињата низ прозорецот и му дадов три дена да ги исполни нашите барања или, ако сакаат нека ме предат на турската полиција. Лазаров се уплаши, ми рече дека тој е началник, дека тој не одговара, дека егзархот решава итн., та да одам да му речам на егзархот. ...Лазаров го правев одговорен. По два дена отидов за одговор. Уплашен Лазаров ми рече: „Од мене веќе не сакајте ништо, зашто јас си подготвувам оставка и си заминувам за Бугарија“. Јас го повторив барањето и го посоветував да го исполни, а да не си дава оставка. ...Сите чиновници во Егзархијата за да го одбранат Лазарова беа му изјавиле на егзархот, дека или ќе земе мерки и ќе го спаси Лазарова, или сите заедно ќе си поднесат оставки. ...Егзархот веднаш го испрати Мишева во Софија за да настојува заедно со Комисев, кој беше ополномомштен од Егзархот да дејствува пред бугарската влада, да нè стегнат, за да ја ослободат Егзархијата од нашиот притисок, да ја спасат. А нашето барање тие го поставија како сосипување на Егзархијата. Од Софија им сопштија дека не можат ништо да направат и изгледа им сугерирале во Цариград да држат помирлив став и да избегнуваат крајности. Најпосле се сретнав со егзархот за го средиме прашањето.

Ѓорче Петров Ѓорче Петров

Егзарот Јосиф I Егзархот Јосиф I

...Ми остави впечаток дека егзархот ни најмалку не отстапува од каузата Егзархијата во Македонија да биде единствен раководител на духовно-општествениот живот таму. На оваа база тој не покажуваше склон да направи каква и да е отстапка. ...Јас му докажував дека интересите на Организацијата сега стојат погоре отколку престижот на егзархиските чиновници и дека пред овие интереси на Организацијата тој треба да ги жртвува ситните работи на чиновничката дисцилина. Сето тоа му изгледаше премногу радикално, цел преврат. Тој сам призна дека неговите луѓе се веќе 45% во наши раце, но зошто сум дошол јас таму, во Цариград да му ги разбуричкувам работите? Најсетне јас му реков дека ќе ја принудиме Егзархијата да ги исполни барањата на Организацијата, имено ќе му ги исплашиме чиновниците во Егзархијата, кои ќе ја напуштат, ќе ги заплашиме и ќе ги истераме учителите што се против нас, а со Егзархијата, ќе им сугерираме на учениците да ги напуштат гимназиите и тн. и тие ќе ги напуштат. Му докажував дека младината е веќе во наши раце и дека интересите на Егзархијата треба да им отстапат на нашите интереси. По принцип ние сами сакаме да го запазиме црковно-учебното дело надворешно и дека ќе и помагаме на Егзархијата, колку за тоа, но Егзархјата треба веќе да оди по нас; назад да го вратиме текот е невозможно. Егзархот се обиде да ја заштити евулуционата дејност на Егзархијата пред револуционерната, дека црковно-учебното дело ја спасило Бугарија итн., дека револуционерното дело носи само само уништување. Јас му го докажував обратното. Не можеше да ми оспори дека револуционерното дело кај нас се јавува за стапало погоре над црковно-учебното дело и дека овој факт веќе се налага. Моите наводи беа многу категорички, превртаџиски. Најпосле егзархот удри друга тема: „Не сум ли и јас патриот, џанам, не му служам ли и јас толку време на тој народ, зашто да се вршат тие работи без да знам јас?“ итн. Разбрав дека егзархот сака да ги знае нишките на делото. Тогаш разбрав дека и првата идеја да се роди револуционерното „Братство“ никнала во Егзархијата, можеби во главата на егзархот. Јас му докажував дека поради неговата положба ние треба нарочно да избегнуваме да го посоветуваме во овие работи. Но тој не се убеди, си остана на мислењето дека тој може да знае и да биде дури корисен, а всушност, дека би требало нишките на делото да бидат во негови раце. Тој се жалеше дека бугарската влада со акцијата од 1895 г. му го разбуричкала делото во Македонија, дека сето ова му пречи пред турската влада итн. Му се плашеше окото од нашите младински вовлекување, дека може да пропадне сето дело на Егзархијата. Јас бев егзалтиран, не малку остро зборував, длабоко убеден дека нашето дело е право и барав директно од егзархот да биде умен, да не ја прогонува нашата кауза. Му повторував дека ние сме веќе сила во земјата и апелирав на неговата благоразумност да се избегнат судири. Егзархот го снижи тонот и змолча. Јас се простив со него уверен дека сè ќе успеам во својата мисија.

Димитар Ризов (1863 Битола - 1918 Берлин) Димитар Ризов [23]

...Јас останав таму 40 дена. Ризов пред мене, ...се одбил при егзархот и се преставил како задолжен од ВК и од владата да ги изнесе барањата на ВК. Тој предал список за да се преместат некои учители, а други да се назначат. Беше предал список од ВК, спроти кој Даме да не биде во Солун, јас да не сум во Софија, ами преку бугарската влада да ме натерат така што ќе ме назначат за учител. ...Езгархот ми го покажа овој список, но јас реков дека не го признавам, бидејќи само ЦК има право да прави такви списоци, а не ВК. Тогаш разбра егзархот дека јас не стојам добро со Ризов така што отогаш егзархот почна... да ме поднаговара да сум примел да ме назначат за инспектор во Скопско за да ги парализирам акциите на Ризов. Егзархот не го сакал Ризова и тој го примил само по должност, но внатрешно се плашел од Ризов да не се истакнува многу и да не ја парализира улогата на Егзархијата.

Егзархот се плашеше од секого што би можел со нешто да го намали неговиот престиж на единсвен авторитет. Воопшто Ризов како агент во очите на егзархот беше непријатен и тој се плашеше од неговата активност. Затоа фактот, што јас му го оспорував правото на Ризов и на ВК да се меша во учебното дело во Македонија, всушност му беше пријатен на Егзархијата... Многу го обвинуваа Ризова дека е способен да ја поткоопува Егзархијата, главно со својот авторитет на (трговски) агент на бугарската влада... Најпосле по прашањето за кое бев дошол чиновниците разбраа дека егзархот не ќе смее да се противи и ги примија нашите барања. ...Се вратив во почетокот на септември. Од тогаш стана обичај во Организацијата ЦК за поглавните сили пред учебнота година да поднесува список во Егзархијата. И сега [1908 г.] овој обичај се рализира. Но и тогаш Егзархијата не исполни сè што сакавме; сите сили, означени во списокот, не беа поставени, но глaвно се исполни: тогаш се готвеше сеопшт крах, Дамета го беа веќе отпуштиле, итн., така што и за тоа се предупреди.

По востанието егзархот ја зеде пак нишката во свои раце, а минатата година (1907) веќе имаше прв пат генерално ослободување од замешаните (во Организацијата - белешка на Љ.Лапе) и секој обид за да се спречи тоа немаше да биде успех, зашто Организацијата веќе немаше авторитет.“ (Ѓ.Петров, Спомени..., Скопје 1984. 112-117)

Иван Хаџи Николов Иван Хаџи Николов

За занчението на постигнато во споменатата мисија на Ѓ.Петров, Иван Хаџи Николов во своите спомени кажува:

„Во текот на 1898/99 г. Централниот комитет презеде и оствари две работи што му дадоа силен поттик на револуционерното дело во Македонија, и кои мошне многу јасно ја олеснаа работата на Комитетот. Тоа беа оснивањето на Четничкиот институт и воведувањето во практика да се испраќаат списоци до Егзархијата за назначување на учители - дејци во позначајните пунктовои.“ (Спомени, Скопје 1995. 63)

Христо Силјанов (1880 Цариград - 1939 Софија) Христо Силјанов [24]

За понатамошниот тек на судирот и разврската меѓу т.н. егзархисти, првиот историчар на Илинденското востание Христо Силјанов, пишува:

„... „Револуционерното братство“ си создаде таен хектографиран весник „Борба“, воведе заклетва на своите членови, создаде клонови во Прилеп, Велес и Сер. Вооружени со револуционерна идеја, црковниците можеа веќе да си најдат приврзаници меѓу учениците и да образуваат свој одделен кружок во гимназијата. Меѓутоа, на 3 јуни 1898 г. во кафаната „Колумбо“ станува убиството на учителот-хемичар Хр. Ганов од Плевен, нагласено од Бугаринот ренегат Пејчиновски. [Убиството го извршил Црногорец, заедно со српскиот учител Пејчиновски.] Присутниот Ив. Гарванов смело притрчува во помош на нападнатиот свој другар и паѓа тешко ранет. Иако во тоа време односите меѓу „Ревулуционерното братство“ и Организацијата се најизострени, српскиот напад за миг ја премавнува нетрпеливоста. Ив. Х. Николов истата ноќ во болницата го придружува ранетиот Гарванов; Хр. Татарчев му предлага да го лекува бесплатно; Хр. Матов му испраќа од Скопје писмо со сочуство и гнев кон извршителите, а Дамјан Груев го замислува и организира казнувањето на Пејчиновски, извршителот на Ганевото убиство. (Пејчиновски загинува во Солун, истата година од раката на еден организациски терорист.)

Михаил Апостолов Попето (1871 с. Дикања Бугарија - 1903 с. Гавалјанци, Кукушко) Михаил Попето [25]

И покрај тие убави пројави на рицарски патриотизам, „Револуционерното братство“ полага врвни напори да спечали почва: ја засилува својата агитација, влегува во врски со Врховниот комитет во Софија, замислува дури и да организира свои чети и да подготвува кражби. Во април 1900 г. комитетските луѓе стрелат врз директорот на педагошкото училиште, Наумов. (Хр. Матов во своите „Лични бележки“ (стр. 116) тврди - и треба да му се верува - дека нападот бил извршен без знаење на Централниот комитет. - Забелшка на Хр. Слијанов.) Тој напад ги распалува страстите и настапува еден момент. кога братоубиствата изгледаат неизбежни. Братството решава да ги убие Матов, Груев, Хаџи Николов и П.Тошев („Спомени на Ив. Гарвановъ“, стр. 12) и само случајноста го осуети исполнувањето на пресудата. Гарванов оди во Софија да ја бара подршката на Врховниот комитет и да им ја разјасни на политичките кругови опасноста од „брзањето со револуција“. Иако во тоа време Борис Сарафов е во затеганати односи со задграничниот претстваник на Внатрешната организација Ѓорче Петров, од Врховниот комитет го советуваат „Братството“ да работи за помирување. Истиот совет Гарванов го добива и од министер претседателот Рачо Петров. Не се поохрабрувачки за Грванов и неговите средби со другите партиски водачи, ниту неговото објаснување со Егзархот, кое се случува истата година. Прашан: „Ваше Блаженство, каков бил и ќе Ви биде планот на Вашата работа во Македонија?“ - Егзархот одговорил: „Да имаме повеќе владици и да втурнеме повеќе интелегенција во земјата, та таа сама да си ги решава работите.“ („Спомени на Ив. Гарвановъ“, стр. 124-125)

Иван Гараванов Иван Гараванов

Егзархот Јосиф I Егзархот Јосиф I

Таа мудра политика на Јосиф I - да ја снабдува земјата со интелегенција, оставајки на волјата на последната понатаму „да го решава сама прашањето“, не можеше да им се допадне на бившите црковници, кои, метомаорфозирани сега во револуционери, сакаа да направат од Егзархијата сојузница и активна учесничка за разнебитување на револуционерното дело.

Нивното разорување, кога го слушнаа известувањето на Гарванов, беше големо. Требаше ли да продолжат до крај и да загинат неславно среде локви од братска крв, или да капитулират. Патриотизмот и здравиот разум им поткажа да го пртпочитат второто. ... Во октомври 1902 г. се постигна спогодба. Членовите на Братството беа подведени под заклетва и примени во Организацијата.

Согласно спогодбата, Централниот комитит требаше да прими по свој избор еден од другата страна во Централниот комитет, а другите во месниот. И по правда и по разум, членството во ЦК му се паѓаше на Гарванов, затоа што Гарванов не беше само формалниот пртетседател, но и душата на „Револуционерното братство“. Не му го дадоа. Му го дадоа на Јосиф Кондов, почетен месен трговец, но без секакви квалитети на вожд, а Гарванов, - опрделениот да биде вожд - го направија член на месен комитет. Гарванов молчеливо ја голтна својата огорченост и заработи, иако не во општото раководство на Организацијата, со рицарска искреност и цврстина. „Од Савел, кој ги прогонуваше неофитите на револуционерната организација, се пресврте во ревносен Павел“... И кога, во текот на Солунската афера, [јануари 1901 г.] Организацијата беше лишена од сите свои стари раководители. „Павел“ го прима нејзиното раководство. Тој со фанатизам ја бранеше нејзината независнот од секакви надворешни посегнувања и си спечалува непријателството на генерал Цончевиот Врховен комитет, кој го смета за „ренегат“. Ништо од тоа. Тој, „црковникот“, свесно го забрзува Илинденското востание.“ (Христо Силяновъ, Освободителнитe борби на Македония Илинденско възтание. Издание на Илинденската организация. София 1933. 125-127)

Иван Цончев (1859-1908) Иван Цончев [26]

Ѓорче Петров во спомените кажува:

„Се плашевме од Гарванов за да не се префрли кај Цончев. Со Гарванов не бев добар. ...Цончевци решавајќи по планот за навлегување, многу сметале на Гарванова... Гарванов бил нивен човек и овие сигурно биле со него во договор тој однатре да им предаде сè во случај на востание. Таков договор имало (сега, кога го убија Сарафов и Гарванов, Цончевите луѓе со злоба зборуваат за Гаравнова: „Така му треба, Предавник! Цончевистите повеќе се лутеа на Гарванов како на предавник отколку на Сарафов). ...Борис [Сарафов] настојуваше да се спогодува ЦК со „Братвото“ на Гарванов, на што јас се противев. ...До моментот на затварањето другарите од ЦК беа во борбата со Гарванов, борба која што не беше ништо друго освен продолжување на борбата со „Братсвото“. Хаџи Николов не беше веднаш затворен и додека да го затворат уште се разбиравме со другарите во Солун. Го наговориле и Дамета да му го предаде ЦК на Гарванов и го задолжиле да ми пише мене за да ме убеди да го признам Гарванов... дека овие може да ја разрушат Организацијата, ако ја нападнат сега, така што ако го признаеме Гарванова ќе ги омекнеме, ќе го обезоружаме Гарванов да се бори против нас. Затоа да сум го признал Гарванова. ...Имаше веќе умствен и морален пад кај Дамета. ...А Веќе беа зафатени и неговите другари, Матов и др. ...Делчев макар и да го делеше моето мислење... стапи во улога да го поткрепува Гарванова, но со цел да го одделиме од врхвистите. И навистина малку попосле, штом Гарванов малку се почуствува на положба самостојно и штом ја доби довербата со Делчев, се отцепи од врховистите... Подоцна кога Гарванов дојде овде, влезе во лична дружба со Делчев. Јас стоев настрана, докрај не го признавав и не го признав. ...Гарванов се скара веќе со цончевци, и врховистите тогаш го нарекле предавник и докрај не можеа да го трпат и да му простат. Потоа Гарванов почна да ги гони врховистичките чети што понапред ги подржуваше. ...Се пушти глас дека... јас сум сакал да ги убијам Карвалова и Сарафова. Незнам од кого го разбрал Гарванов ова... Им напишал писма на на Делчева и Дамета и на разни други, дека ќе било многу лошо за Организацијата, та да ме наговорат да не го правам ова. Ова срдечност на Гарванов по повод на еден лажлив слух докажуваше само последен пат дека Гарванов е во врска со владата и дека секогаш се чувствувал како човек на Бугарија.“ (Спомени, 147; 149-151)

Ѓорче Петров Ѓорче Петров

Пере Тошев Пере Тошев

Ѓорче Петров во својата беседа за Пере Тошев дава уште едно видување за разврската на односите со т.н. егзархисти:

„Околу 1898-1899 г. организацијата доживеа сериозна криза. Надворешните бугарски фактори, бугарската власт, Врховниот комитет и Егзархијата едногласно ја прогласија Организацијата за опасна за општото бугарско дело и презедоа една комбинирана акција против неа целејќи да ја пикнат во орбитата на бугарската политика, со тоа да се земе нејзиното раководство од лица кои ќе бидат лојални на бугарската власт. Ризов и К’нчев стоеја на чело на таа кампања спроти самостојноста на организацијата.

Но, сето тоа сврши среќно и без потреси, од кое никој немаше да има корист, а самото тоа ќе имаше поразувачки резултати за сите.

Покојниот К’нчев се помири со постоењето на организацијата, а покојниот Ризов, кој беше трговски агент во Скопје, со своите рапорти до дворецот и владата, зазеде една поособена позиција кон организацијата.

Овој среќен крај на борбата се должи многу, да не кажам најмногу, на Перевиот авторитет и неговата тактичност.

Другите видни водачи, вклучувајќи ги Гоце и Даме, одамна беа впишани во црната книга на бугарските фактори. Пере единствено се користеше со нивната доверба и поради тоа по нивно настојување тој беше преместен во Солун.

Кога Пере го кажа својот решителен збор за самостојност на организацијата за нив беше изгубена сета надеж за преземање на калето од внатре и тие се помирија со положбата, и се утешуваа со околноста дека централната личност достојно може да служи како гаранција за сериознаоста на работата.“ (Ѓорче Петров, Беседа за Гоце. Скопје 2003. 101-102)

Во своите спомени през 1908 г., Ѓорче Говори и за национанлните чувства на Пере Тошев: „Пере е Националист по убедување. ...Силна расправија имаше со Перета по националното прашање и бидејќи не се разбиравме, го оставивме да виси. Пере сакаше без колебање да и се даде национален колорит на Организацијата“. (Спмени, 206 и 212)

Лука Иванов (1867 Панаѓуриште, Бугарија - 1907 С’ботско, Воденско) Лука Иванов [27]

Вечерта на Илинден 1903 г. Ѓорче Петров заедно со резервниот поручник во бугарската армија Лука Иванов, тргнуваат од Ќустендил да се сретне со својата чета, за да учествуваат во востанието. Во четата која броела над 100 четници бил и Црногорецот Јово Јовановиќ и уште еден резервен поручник во бугарската армија (Геогргиев). Чисто војводската работа во четата Ѓорче му ја доверил на Андон Ќосето. Пред да ја поминат бугарско-турската граница до Ѓорече пристигнале заплашувања дека бугарската армија нема да го дозволи навлегувањето на четата во Македонија. Во всрска со ова Ѓорче во своите спомени кажува:

„Ги свикав сите момчиња од четата и поединечно им го побарав мислењето, што да правиме во случај да нè нападне бугарската војска и да посака да нè разоружа. Од сите само дваесетина момчиња изјавија да се биеме, а другите изјавија дека ќе го предат оружјето.“ (Спомени, 182 и 185)

Четата на Ѓорече Петров во почетокот на август 1903 г.

Четата на Ѓорче Петров во почетокот на август 1903 г.

Блаже Конески (1921 с. Небрегово - 1993 Скопје), „творецот на македонската азбука“. Блаже Конески

Според Блаже Конески[28]: „револуционерната организација се зачна и преку негација на егзархиските дејства во Македонија“.

Според Конески: „Црковната борба против Патријаршијата доведе до создавање на самостојна бугарска Егзархија, со султански ферман од 28 февруари 1870 г. Некои македонски епархии веднаш, а други малку подоцна паднаа под нејзина власт. Меѓутоа, како што беше Егзархијата уредена на централистички принцип... се судри со македонските општини што настојуваа да си ја зачуваат својата самостојност. Веќе во седумдесетите години се јавува во Македонија движење за одделување од Егзархијата...При крајот на 19 век пак, баш низ борбата против органите на Егзархијата, се оформува револуционерно движење што за своја цел го постави создавањето на автнимна Македонија. Ѓорче Петров, еден од оснивачите и раководителите на револуционерната организација, изнесува во своите „Спомени“ дека околу 1890 г. се јавува реакција „против стремежите на Егзархијата бесконтролно да господари во црковните и училишните работи во земјата... Немаше владика и повиден егзархиски учител што не беше подложен на навреди и гонење од страна на населението“. Ова движење тој го смета како „прв чекор кон самодејност“ во Македонија: „Тоа неосетно се прероди во револуционерно движење. Од почетокот во револуционерното дело неосетно и главно учество зедоа истите луѓе што ја водеа борбата против Егзархијата“.“ (К.Тошев - Ѓ.Милошев, Преглед на литературата со примери, учебник за II клас на средните училишта, Скопје 1971. 370 и 328.)

К.Тошев - Ѓ.Милошев, Преглед на литературата со примери, учебник за II клас на средните училишта, Скопје 1971.

К.Тошев - Ѓ.Милошев, Преглед на литературата со примери, учебник за II клас на средните училишта, Скопје 1971.

Ѓорече Петров Ѓорче Петров

Но, според кажаното од Ѓорче Петров не било така, како што „прераскажувал“ Б.Конески, имено:

„Околу 1890 г. неосетно се јави во сите поважни бугарски центри [Се однесува на македонските градови] настроеност кај младината против владиците, општините, егзархиските учители и службеници, [во тоа време и Ѓорче е егзархиски учител] и една струја против посегањата на Егзархијаат бесконтролно да господарува во црковните и училишните работи во земјата. ...Определенето, до кое што посегаа младинците, беше општините да минат во рацета не на старците и духовниците, како што беше дотогаш, ами во рацете на младинците. ...Немаше владика и повиден егзархиски учител, што не беше подложен на навреди и преследување од страна на населението. Оваа движење се паѓа паралелно со појавата т.н. од некои македонски „сепаратизам“, изразен преку списанието „Лоза“ во Софија, раководено од Арсов, Балашчев, Хаџи Николов и др. Кружокот „Лоза“ претендира и денес [1908 г.] дека ова движење во Македонија се должело на нивната агитација. ...не може ни најмалку да се каже дека оној кружок околу „Лоза“ го подигнал тоа движење. ...бев и јас соучесник во реченто движење против Егзархијата, и второ, бидејќи сметав оти намесникот на владикава не вршеше што треба, не си беше наместо, пречеше.

...На пр. во околијата Битолска имаше две србомански села Свинштина и Метимир (близу до Смилево) - од долги години овие села станале гркомански, после тоа станале србомански. Никој не можел да ги одврати. Јас успеав да се зближам со нив, им влегов под кожа и тие дури ги изгореа српските книги (две вреќи), се согласија да прејдат во Егзархијата. Триумфирав со овој успех. Тие дојдао во Битола да поднесат молба. На Неофита му реков да ги пречека селаните љубезно, да је земе молбата и да и ја даде на власта. .

..Неофит откажал да ја земе молбата, не сакал да се меше во села од туѓа епархија (селата беа од Охридската епархија) итн итн. Стана тоа и без него. Но после на Велигден пак протежирав да им се даде свештеник и пак Неофит беше против тоа. И Григорија [битолскиот егзархиски владика] после се разлути, оти сум се мешал во епархиските работи и др. дивотии. Јас бев предложил начин како да се издржуваат училиштата во секое село со општински приходи... немаше никакви селски училишта, но Егзархијата ја претпочиташе оваа состојба отколку да се погрижи да ги уреди училиштата... Јас и станав непријател на Егзархијата оти ја поканив на реформи.“ (Ѓорече Петров, Спомени корепонденција, Скопје 1984. 48-49)

23.) Димитар Ризов, р. 1862 г. во Битола, се школувал во Битола и Пловдив. Бугарски дипломат, врши дипломатски функции во Скопје (прв бугарски трговски конзул), Белград, Рим, Берлин. На француски јазик го публикува трудот „Етнографија на Македонија“. Во текот на Првата светска војна издава атлас на карти на државните граници на Бугарија. Во Бугарија уредник на неколку весници со македонска проблематика. Во 1902 г. Ѓорче Петров во својата статија „Македонското освободително дело на българска почва“ го нарекува: „најопасен подривач на македонското дело“, а Димитар Благоев: „човекот со стоте мненија“. Полемизира и со Кузман Шапакарев по повод неговиот труд: „Материали за животописанието на Бртая Миладинови Димитър и Константин“. Починал 1918 г. во Берлин.

Според македонскиот историчар Љубен Лапе: „На секаде ја бранел каузата на Бугарија, преку објавување на книги, статии и атласи.“, а според Глигор Тодоровски бил: „човек на Фердинант Кобургски“. Уредниците на зборникот „Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, Скопје 1981, том 1., на стр. 539 тврдат: „Оштествениот деец од Македонија Димитар Ризов имал можности отворено да се стави на услуга на великобугарската национална кауза и на великобугарската државна политика. За таа своја поткупувачка дејност тој бил демаскиран и јавно критикуван од страна на Ѓоречета Петров. Меѓутоа, самиот Ризов во моменти на носталгија пристапувал поинаку кон проблемот на Македонија и кон македонското прашање, се обидувал да се доближи до објективната вистина. За ова дава податоци знаменитиот хравтаски и југословенски склуптор Иван Мештровиќ во своите „Спомени“. Зборувајќи за своето познанство со Димитар Ризов во Рим 1912 г. ...Од овие разговори донесуваме неколку одломки. „...ми зборува како уврен Југословен. Мане, како на Хрват, ми ја објаснуваше вистинската состојба на работите во Македонија... Ми раскажуваше дека Македонците, говорејќи за објективната вистина, не се ни Бугари, ни Срби, туку македонски Словени, кои говорат на свој посебен македонси јазик или наречје. ...Нашиот свет, рече, беше само „Македонски христијанин“, ...кога се разви грачата пропаганда, „Македонски христијанин Славјанин“. Нам ни беше сеедно која христијанска, земја ќе ни помогне да се ослободиме од Турците... Нам, на Словените, ни беше сеедно во која гимназија (ќе учеме). Јас, на пример со многумина свои другари, кои после станаа Бугари, учев српска гимназија. Вистина е дека професорите во гимназијата ни зборуваа дека сме Срби, како и на оние во бугарската гимназија оти сме Бугари, но ние во себе си мислевме, а тоа и дома ни го зборуваа: сеедно, нека прикажуваат тие, но ние сме си македонски Словени христијани...“

24.) Христо Силјанов, р. 1880 во Цариград. Пандо Кљашев за својот соученик и соборец кажува: „Татко му на Силјанов бил охриѓанец, се оженил во Цариград за Гркинка, умрел млад. Христо со сестра си и поголемиот брат останал кај роднините на мајка си, пораснал како Грче, потоа отишол во српско училиште во Цариград, и најпосле доаѓа како бугарски стипендист во 3. клас во Солун. Подоцна заедно завршивме гимназија во Битола“. Во Битола во тоа време наставник бил Д.Груев. Таму Хр.Силјанов станува член на Организацијата. Едно време е наставник во Прилеп и Леринско. Високо оброзованаие по историја завршува на Софискиот универзитет, потоа специјализира во Швајцарија. Пристапува во четата на М.Лерински, која во Југозападна Македонија го придружува Гоце Делчев. На Гоце му посветил свои стихотворби. За време на востанието дејствува во Одринско. Учествува на конгресот на Одринскиот револуционерен округ, одржан на Старнџа на меснотса Петрова нива, заедно со Анастас Разбојников е избран за секретар на конгресот. За време на востаничките дејствија во Одринскиот револуционерен округ, започнати на верскиот празник Преображеден (6/19 авг. 1903) е во четата на Михаил Герџиков. На Ќустендилскиот конгрес е поставен за дополнителен член на ЗП на ЦК на Организацијата. Кога избувнале Балканските војни пак е на чело на чета на Организацијата, истата продирела длабоко во Костурско. По влегувањето на Бугарија во Првата светска војна затворен како симпатизер на Русија. Редактор на неколку списанија. Автор е на две стихозбирки со револуционерна тематика, на голем број меморски историографски трудови и др. Долги години претседател на друштвото на софиските журналисти. Потпретседател на Македонскиот научен институт. Х.Силјанов е првиот историчар на Илинденското востание кој ги ползувал архивите на бугарското министерство за надворешнми работи. Починал 1939 г. во Софија. Вториот том од „Освободителнитѣ борби на Македония Следъ Илинденското въстание“, во издание на Илинденската организација, публикуван е 1943 г. во Софија.

Х.Силјанов ја осудува негативната ролја на ВК. Застанува против групата на Јане Сандански, а тоа е веројатно е една од причините поради која од комунистичката македонска историографија прогласен за „прикриен врховист“ и „неоврховист“.

25.) Михаил Апостолов - Попето, р. 1871 г. во с. Дикања, Радомирско - Бугарија. Завршил гимназија во Софија. Деец на ТМОРО, војвода. Соработник на Гоце Делечев, со кого во 1897 г. учествува во грабнувањето на Назалaм Бег во Струмица. Извршува организациска дејност во Серско, Гевгелиско, Ениџевардарско. Загинува 1903 г. во борба со турскиот аскер во с. Гавалјанци, Кукушко.

Според А.Динев: „во градот Сер, терористот - апостолот на ВМОРО Михаил Апостолов Попето, по пресуда на ЦК на Организацијата, ја уби жена му на директорот на на Педагошкото училиште Анастас Наумов [родум од Прилеп, - з.м.] и самиот него тешко го рани. Наумов беше приврзаник на Иван Гараванов и на идеите на „Револуционерното братство“.“ (Илинденска епопеја, Скопје 1978, 1. 82)

Соборците на Попето имаат најубави зборови за него. Според Х.Силјанов: „Попето е најголемиот по значение ученик на Делчев. Тој е првиот војвода на агитациона-организациска чета. Мих. Апостолов Попето е шоп од Софијско.“ Во 1919 г. Ѓорче Петров говерјки за Гоце Делчев, кажува иза Попето: „Делчев од внатрешноста се враќеше обично многу уморен и ослабнат. Како четнички тип тој беше надминат по совршенство и скрупули само од Михаил Попето, кој во тој однос одеше до совршенство. Тој одеше постојано испокинат, како циган, полубос, затоа што сè што имаше ново го даваше на четниците.“ (Ѓорече Петров, Беседа за Гоце, Скопје 2003. 66)

26.) Иван Цончев, р. 1859 г. во гр. Дреново. Завршил воено училиште во Софија, потоа се школува во Русија. Учесник во Руско-турската војна 1877/78 и во Српско-бугарската војна 1885 г. Генерал во војската на Кнежеството Бугарија. Во 1901 г. привремено ја напушта воената служба и застанува на чело на ВМОК. За време на Горноџумајското, т.е. т.н. врховистичк востание (1902), член на ГШ на востанието. Во Илинденското востание се помирува со Ј.Сандански и заедно делуваат во Серскиот револуционерен округ. По Илинденското востание се враќа во Бугарија. Поради здрастевни причини се повлекол од јавниот живот. Починал 1908 г.

27.) Лука Иванов, р. 1867 г. во Панаѓуриште - Бугарија. Деец на ТМОРО. Завршил воена акдемија, бил офицер во руската армија, а во бугарската резервен поручник. Учествува во Илненското востание, а по востанието останува како војвода на околска чета во Воденско. Води бројни судири со турскиот аскер и грчките андартски чети во Воденско и Ениџевардарско. Во 1906 г. во четата го прима американскиот новинар Алберт Сониксен. 1907 г. загинува во судир со грчките чети крај с. С’ботско, Воденско.

28.) Блаже Конески, р. 1921 во с. Небрегово - Прилепеско. Основно образование и нижа гимназија завршил во Прилеп. Виша гимназија во Крагуевац (Србија) како стипендијант на великосрпската полика. Во тоа време имало 150 такви стипендијанти, деца на сиромашни родители (патријаршисти и егзархисти) и деца на познати србомани; - татко му на Блаже Конески бил српски чиновник, а првиот српски војвода во Прилепско Глигор Соколовиќ Љамето (1905), познат и како Мицко војвода, е прв братувчед на татко му на Б.Конески. Српските воспитаници мeѓу кои биле Б.Конески, Л.Колишевски, и др. среде народот биле нарекувани „јаничари“. По завршувањето на гимназијата во Крагуевац, во Белград се запишува на Медицинскиот факултет, но после еден семестар следи студии по филологија, а по капитулацијата на Кралството Југославија на Софискиот универзитет „Св.Климент Охридски“ продолжува да студира филологија. Во 1944-1945 г. како член на Првата и Втората (нефилолошка) комисија за нормирање на македонскиот литературен јазик и правопис се залагал за целосно усвојување на Вуковата (српската) азбука и незјина примена во Македонија. Професор на филолошкиот факултет и ректор на универзитетот „Кирил и Методија“ во Скопје. Прв претседател на Друштвото на писателите на Македонија и прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите (1967-1975). Член на повеќе странски академии (Белград, Загреб, Сараево, Лоѓ, Чикаго). Поет, објавил неколку стихозбирки. Автор на: „ Македонски правопис со правописен речник“ (коавтор со К.Кепески, 1950), „Граматика на македонскиот литературен јазик“ (1952 и 1954), тритомен „Речник на македонскиот јазик“ со српско толкување (1960, 1965, 1966), „Јазикот на македонската народна поезија“ и др. Умрел во Скопје 1993.
Historianhttp://www.blogger.com/profile/07783718929733952551noreply@blogger.com0tag:blogger.com,1999:blog-38717923.post-65682503171486012992010-02-18T11:44:00.000-08:002010-02-18T11:44:55.898-08:00Стравот и желбите на македонизмот во карантин (2)
Македонскиот историчар Крсте Битовски во 1997 г. пишува:

„Дилеми: како се викала ревoлуционерната организација при нејзиното формирање и дали познатиот, меѓутоа недатиран Устав кој Организацијата го нарекува „Бугарско-македоно-одрински револуционерни комитети“ е прв? [Не е Бугарско-македоно-, ами Бугарски македоно- з.м.] Кај нас, [т.е. во РМ] со определена задршка, се смета дека е тој прв Устав на Организацијата. Патем, тој не треба да се бара во Бугарија - го има и во нашата библиотека.

Бугарската историографија Уставот го прогласува за дело на Конгресот на Внатрешната организација (ВО) одржан 1896 г. Три причини се основни (јас би рекол чисто политички - кажува К.Битовски) што го инспирираа К.Пандев да посегне по такво очевидно фалсификување на вистината.

Прво, Уставот е донесен во позрело време на Организацијата, кога се претпоставува дека таа била консолидирана, а нејзините решенија беа далеку пообмислени за разлика од првата година кога Г.Делчев и Ѓ.Петров уште не бе нејзини членови и кога импровизациите беа возможни; второ, автори на Уставот од 1896/97 беа Делчев и Ѓ.Петров, што би требало да значи дека двајцата први луѓе на ВО го определиле националниот (бугарски) карактер на Движењето во Македонија; и трето, најважно, со што треба да се „докаже“ дека големите успеси што ги постигна Револуционерната Организација во својот развиток (масовност, држава во држава, предизвикување на сериозна криза на Балканот и Европа...) биле постигнати во времето на Уставот со бугарска национална маркантност!

Целата ова работа е олесната со фактот што и овој Устав не е датиран. „Откритието“ на К.Пандев дека Уставот од 1896/97 г. бил тој што ги канел само Бугарите во борба (што е сосема нелогично бидејќи во Организацијата до 1902 г. беа вклучени, речиси, сите Македонци - патријаршисти и значаен број Власи, поради што еден познат битолски Влав, Модис, подоцна, Илинденското востание ќе го прогласи за грчко), во Бугарија е прифатено безмалку како епохално. И денес [1997 г.], доколку на кој и да е бугарски историчар му се испрати фотокопија на Уставот од Британскиот архив (Уставот бил испратен во Лондон во 1898 г.), од која се гледа дека тој точно го определува името на Организацијата - ТМОРО (1897 г.)! Историчарот тоа ќе го смета како провокација на „скопските историци“. Едноставно, тие луѓе сакаат да го цитираат К.Пандев, зашто неговите лаги повеќе им се вклопуваат во сметките отколку очевидната вистина.“ (сп. „Македонско Време“, Скопје - март 1997)

Спомени С.Арсов, П.Кљашев, Л.Џеров, Г.П.Христов, А.Андреев, Г.Папанчев, Д.Димитров, Скопје 1997 г.

Со некои од спомените на соборците на Гоце Делчев македонската

јавност имаше можност да се запознае за прв пат дури во 1995 и 1997 г.

Во СФРЈ беа на списокот на забранети книги.

Дејците на „здравата организација“ за својата националност

Георги Поп Христов (1876 с.Крстофор, Битолско - 1962 Софија) Георги Поп Христов [12]

Георги Поп Христов во почетокот на 1902 г. го придружува Г.Делчев во обиколката низ Битолско. Во неговите спомени стои и следното:

„Сфаќав дека идејата се состои главно во будење на бугарштината и затоа самиот агитирав во тој дух по околните гркомански села, на пример во Буково... Завршив во 1895/96 г. и бев назначен за учител во с. Кавадарци... Клетвата гласаше вака: „Те (ве) заколнувам, во името на чесноста, на Бога и на верата (3 пати), дека отсега натаму до последната капка крв ќе работиш за браќата во Македонија и Одринско; те (ве) заколнувам дека ќе бидеш послушен и дека нема да издадеш ништо од тајната која сега ти се доверува, ниту со мисла, ниту со дело; во спротивно, ако издадеш било со мисла, или со дело, ќе бидеш убиен од твоите браќа со кама, или со револвер, кои ги бакнуваш“. (Се бакнуваат камата и револверот). Така се станува член-работник во Организацијата. ...Веднаш по клетвата самиот си го определуваш членскиот влог. ...Во Кавадарци, по клетвата, ми ги дадоа да ги прочитам уставот и правилникот. Сеуште не се размислуваше како понатаму ќе се реализира (слободата), дали Македонија ќе биде одделно кнежество или не, дали ќе се соедини со Бугарија и сл. Во текот на распустот работев само со селаните. Во почетокот... самите не се одлучуваа да се вклучат, се плашеа. Кога им велев дека ќе дејствуваме самостојно, одговараа: „Што можеме ние сами да направиме?“ Зборував во црквата, со примери од евангелието им докажував дека треба да се жртвуваме за верата како што се жртвувал Исус Христос.“ (Спомени С.Арсов, П.Кљашев, Л.Џеров, Г.П.Христов, А.Андреев, Г.Папанчев, Л.Димитров, Скопје 1997. 289-291)

Симбол на одговорноста пред Бога и татковината.

Ангел Андреев[13] после Илинденското востание бил уапсен во Грција. За настанот, А.Андрев го рекол следното:

„На испитувањето им реков дека сум Бугарин, а не Грк, дека бевме под патријаршијата село Рудари но дека сега не знам под кого сме. Им кажав и дека учествував во востанието... Не ми веруваа дека сум Македонец. "Ти си од Бугарија" ми велеа. ...Во затворот дојдоа новинари. Се чудеа како под диктат на Бугарите од Бугарија сме се нафатиле да правиме востание. Ние одговоривме дека не работиме ниту за Грција, ниту за Бугарија, ниту за Србија, туку само за Македонија. Не само едно лето, туку 10 годин се подготвувавме и налет на нивната ученост штом поверувале дека за едно лето можело да се подготви едно такво дело - револуција, која ги обедини и гркоманите и Власите и Бугарите против заедничкиот непријател. ...Нè прашуваа кого сакаме за кнез во Македонија; ние сме биле историски поврзани со Грција и требало да сакаме грчки кнез. Ние одговоривме дека сега не мислиме на тоа - нека ни помогнат Грците да се ослободиме, па потоа лесно за тоа“. (Ibidedem p. 333-334)

Славејко Арсов Кикиритков (1878 Ново Село, Штипско -1904 с. Гигенци, Кратовско) Славејко Арсов [14]

Славејко Арсов со Марко Лерински други четници, во почетокот на 1902 г. го придружуваат Гоце Делчев во обиколката на Костурско, Воденско, Леринско и Битолско. Во спомените на С.Арсов, во врска со тоа што нè интересира сега стои следното:

Во "селото Гугово (Воденско)... го направивме последното општо собрание заедно со Делчев. По завршувањето на собранието Делчев одделно мене и на Марко ни даде упатства за идните дејства како да се постапува при агитирањето, особено во мешаните села, каде имаше гркомани; да се говори дека целата на четите не е луѓето да ги прават Бугари или Грци, туку да се ослободат од Турците, а потоа којшто сака нека биде. Во чисто егзархиските села се објаснуваа лошите страни на живот, се правеше кус историски преглед на турското ропство и сл. Се објаснуваше колку било силно некое време бугарското царство, кои биле причините да падне под Турците, т.е. неслогата." (Ibid. 52)

Георги Иванов, познат како Марко Лерински (1860/2? с. Жернава, Котленско - 1902 П’теле, Леринско) Марко Лерински [15]

Во врска со учеството на Гоцевиот телохранител Марко Лерински во агитацијата на Организацијата, во спомените на војвода Пандо Кљашев се кажува:

"Зборуваше и Марко на својот источнобугарски говор. Вооодушевувањето кај селаните беше големо." (Ibid. 172)

Тома Давидов (Ловеч, Бугарија 1863 - 1903 с. Рбиново, Охридско Тома Давидов [16]

Во спомените на Славејко Арсов за агитацијата во Битолско и заколнувањето на новопримените членови стои следното:

"војводата ја кажува клетвата, а тие повторуваат: "Се колнеме во името на Бога, верата и честа, дека отсега ќе служиме на нашата татковина Македонија и Одринско, ќе ги слушаме наредбите на нашите главатари...." Потоа им се честиташе: "честито!" ... Им се објаснуваше што означува "татковината наша Македонија и Одринско", дека, имено говориме еден јазик, дека сме една вера, дека треба заедно да работиме, а не посебно, што е повелба и сл." (Ibid. 57)

Ресенската чета со војводата Славејко Арсов.

Ресенската чета со војводата Славејко Арсов.

Во врска со агитацијата во Преспанско Славејко Арсов кажува:

„Кога Петров (Војвода во Костурско) дошол во селото Герман (гркоманско село со 150 куќи, 50-тина куќи се отцепиле и преминале во егзархијата)... направил собрание со селаните, на кое бил и кметот. Им се објаснувало делото кое е општо за сите, а не само бугарско. (Ibid. 70)

Легендарниот војвода Питу Гули (1865-1903), Влав по мајка, Албанец по татко. Родум од Крушово. Питу Гули [17]

Славејкo Арсов агитирал и среде македонските Власи: „Од селото Маловиште (влашко село) излегоа вооружени 20 души. Раководител беше Стефан Барџак (Цинцар). ...Кога дојдов во Подмочани, ме пречека. ...Ми кажа дека пред некој ден дошол од Ѓавото каде ги подготвувал селаните. Посакав и јас да зборувам и во меаната ги викнавме сите селани Власи, меѓу нив и гркоманските Власи. ...Ги поканив да ни се придружат, дека не сакаме да станат Бугари, дека со тоа не се занимаваме и сл.“ (Ibid. 130)

Крушевската чета на Питу Гули.

Ѓорче Петров Ѓорче Петров

Ѓорче Петров во своите „Материали по изучваннието на Македония“ (Софија 1896 г.), напишани додека тој е егзархиски учител по географија во Скопје (1881-1891) и Ботола (1891-1895), а наменети за Военното министерство во Софија, тврди дека:

„Македонското население (се) состои од Бугари, Турци, Арнаути, Власи, Евреи и Цигани. (...) VI. Бугари. Тие ја составуваат масата на населението во областа што ја опишувам. При сите извртувања на официјалната (турска) статистика пак тие фигурираат повеќе од половината на целото население." (БАН, Документи и материали за историята на българския народ, София 1969. 265) Во 1902 г. Ѓорче Петров издава брошурка „Македонското освобиделно дело на българска почва“. Самиот наслов говори за сè што сега е предмет на нашиот интерес.

Ангел Динев (1891 с. Смоквица, Гевгелиско - 1952 Скопје) Ангел Динев [18]

Ангел Динев во својата „Илинденска епопеја“ пишува:

„Патријарх на македонското национално будење воопшто беше скопскиот владика дедо Теодоси, кој му даде идеја на Ѓорче Петров, еден од членовите на ЦК на ВМРО, да собира материјали за географската и етнографската историја, за самостојна македонска национална култура. ...Ѓорче собра материјали и напиша голема и убава македонска историја. Но таа не виде бел ден. Откупена во ракопис за 30 илјади лева, тогашни пари, таа изчезна.“ (Ангел Динев, Илинденска епопеја, Скопје 1978. I. 70)

Првото зидание на кн. I на „Илинденска епопеја“ од А.Динев излегло 1944 г. во Софија, а второто 1978 г. во Скопје. Втората кн. од „Илинденска епопеја“ на А.Динев, Скопје 1949 прво издание и 1978 г. второ издание.

Егзархиската машка гимназија „Св.Кирил и Методиј“ во Солун.

Солунската егзархиска машка гимназија „Св.Кирил и Методиј“ е основана во 1880 г. под покровителство на Егзархијата, по иницијатива на Кузман Шапкарев и Методи Кусев. Од 1887 г. во неа почнува да работи педагошкиот, а во 1899 г. и трговскиот оддел. Во 1897/8 г. поради нетрпеливоста меѓу т.н. егзархисти (еволуционисти) и Органиацијата, гимназијата се наоѓала пред сериозна опасност да биде затворена. На 01-04.01.1903 г. во гимназијата е одржан конгресот на ТМОРО на кој е донесено решението за крвење на Илинденското востание. По нејзиното затврање во 1913 г. од стрна на грчката власт, гимназијата продолжува да работи во Горна Џумаја (Благоевград).

Професори и ученици во Солунската егзариска машка гимназија 1888/1889 г.

Професори и ученици во гимназијата 1888/1889 г. Григор Прличев во првиот ред трет од лево. Во Солунската егзархиска машка гимназија предавелае истакнати просветни дејци: Кузман, Шапкарев, Трајко Китанчев, Васил К’нчов, Иван Гарванов, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Ников, Ѓорче Петров. Во неа се школувале Гоце Делчев, Даме Груев, Пере Тошев, Борис Сарафов и многу други дејци на ТМОРО.

Ѓорче Пeтров Ѓорче Пeтров

За судирот меѓу „сепаратистите“, т.е. Организацијата и т.н. партија на егзархистите (или евулуционистите), кој се зачнал уште во 1894 г., Ѓорче Петров во своите спомни кажува:

„Борбата против Егзархијата од несакање се претвори во револуционерна и за мнозина од солунските дејци може да се каже дека се нашле во чудо, бидејќи работата изгледала посериозна отколку што си ја мислеле. Егзархијата и нејзините луѓе во Солун, Битола и други места во почетокот не веруваа дека новава дејност [т.е. подготовката за востание] ќе даде некакви вистински резултати зашто не допуштаа дека населението ќе тргне по такви лесни луѓе, за какви тие ги сметаа своите противници, главно солунските. Тие сметаа дека сè произлегува од Солун и веруваа дека тие наречени „сепаратисти“ го прават тоа не со скриена намера да дигаат револуција, туку како една нивна партиска маневра за да ги турнат и да се издигнат тие, да си создадат популарност соборувајќи ги своите противници. Така мислеле егзархистите како Шопов во Цариград, секретар на егзархот, Селџобалиев; К’нчев, А.Тошев, А.Наумов, учители во Солун, Самарџиев и Кондов, граѓанин од Солун.[19] За егзархистите револуционерното дело претставуваше такво доколку во него гледа партија, средство да бидат биени од противниците. ...Во Солун беа дошле од Кукуш ми се чини во 1894 г. околу 400 лири во ЦК. Ова го беа намирисале егзархистите, а беа дочуле и други работи, од кои разбрале дека влијанието на „багабонтите“ не е така мало (ние пак ги викавме „умните“) и дека работата им е посериозна отколку што си мислеле. Потресени од тоа, според меѓусебен договор на Солун со Цариград го испратија Самарџиев да пропатува низ Македонија за да се поднаучи како стои делото и да агитира колку што може против него. Самарџиев во Костурско, агитирајќи, јавно зборувал: „Овие убави села ќе бидат упропастени, крепете ги црквите и училиштата. Бугарија има 200.000 штика и со нив ќе се ослободи Македонија“. Со оваа мисија ги обиколил Солунско, Битолско и дел од Скопско; бил и проповедувал во Охрид, Лерин, Костур, Битола, Ресен, Крушево, Прилеп, Велес, Скопје, Штип, Струмица, Гевеглија и Воден. ...Спрема Самарџиев единствено утешно било тоа што во таа работа биле вмешани и „серизони“ луѓе - Матов (во Скопје), Пере Тошев (во Битола) и уште јас во Битола. ...Како последица на овие откритија на Самарџиев настанува пресврт кај егзархиските луѓе спрема „Организацијата“. Таа уште не се викаше „организација“ - овој термин после излезе.

Христо Матов (1872 Струга - 1922 Софија).

Христо Матов [20]

Место да ја отфрлат решително, тие усвојуваа друга тактика, изгледа, бидејќи се помириле со постоењето на организацијата како со неопходна потреба, а смело решиле да ја земат во свои раце кога ќе ги отстранат „несериозните“ луѓе. Како последица за таа цел сакаа да ги употребат споменативе погоре „сериозни“ луѓе - Перета, мене и Матов. ...Со Перета се согласивме, дека ќе треба да се обидеме да се мавне ова партизанштина како остаток од бившите борби. Ние веќе подозиравме дека егзархиските луѓе сакаат да го земат делото во свои раце. При сè тоа примивме да посредуваме да се сообразат партизанските противречности, да се примат сите во организацијата на општи начела. И ние со Перета допуштавме дека и нашите пријатели во Солун малку претеруваат во своите партизански настроености, кога го зеле веќе во свои раце делото. Имаше нешто како бојкот на Самарџиевата книжарница, бидејќи беше кај „умните“, а сите младинци одеа во книжарницата на Х.Николов, бидејќи беше од „багабонтите“. Ова сè беше станало без распоредување, туку само по себе. Раздразливоста беше голема. Со Перета бевме на мислење дека некои работи треба да се изгладат, дека треба вратите на организацијата да и се отворат и на Самарџиевата партија и да се изгуби името на старите кавги: „егзархисти“ и „антиегзархисти“.

Егзархот Јосиф I, бугарски егзарх во Цариград (1877-1912), крстено име Лазар Јовчев (1840-1915)

Егзархот Јосиф I

...Да расправам една случка со егзархот. ...По тоа време беше се подигнало некакво прашање, ми се чини од Русија, да се дигне Егзархијата [од Цариград]. И во Егзархијата се чувствуваше потреба за една поткрепа кај месното население во вид на манифестации, декларации и тн. Агентите на Егзархијата беа малку очаени, имаа сомнение, дали ќе ги добијат саканите манифестации од сите општини со потписи и печати со кои се искажува доверба во егзархот и се бара од владата да го задржи егзархот, да не го остава населението без Егзархијата. Какво беше прашањето што го исплаши толку егзархот, ние не знаевме, но ние покажавме дека не сме туѓи на тоа прашање. Танев, секретар во училишниот оддел, кој се сметаше поблизок до нас заедно со Лазаров [началник на училишниот оддел при Бугарската егзархија во Цариград] (К’нчов се сметаше повеќе наш противник), се обрна кон нас, Централниот комитет, и нè покани да го поткрепиме и ние тоа барање на егзархот. Предлогот го примивме без никаков отпор; ги поканивме нашите другари од провинцијата и Егзархијата беше претрупана со молби. Некои од овие молби беа многу оригинални и срдечни. Ние од срце го примивме тоа, зашто бевме убедени, дека Егзархијата како установа треба да постои во Цариград и ако се боревме со неа, се боревме по егзархиски работи, во врска со нашата идеја.

На денот на Св.Кирил и Медодиј во бугарската гимназија во Солун.

Чествување на денот на словенските просветители

„Св.Кирили и Методиј“ во егзархиската машка гимназија во Солун.

Во прво време при отпочнувањето на делото неделните училишта послужија како агитационо средство за групирање и возбудување на поинтелегентната младина. По иницијатива на младинците и со сочуство на првите работници на делото неделните училишта беа отворени во повеќето чисто бугарски градови во земјата. [Кажаното од Ѓ.Петров се однесува на Македонија.] И тие служеа како општествен фактор за противтежа спрема општините, кои што се стремеа кон владиците и не можеа да станат духовен центар на сите слоеви на населението. Предавањата од учителите, често блиски до бунтовнички, макар и не отворено (во Штип имаше и отворени бунтовнички предавања од Даме Груев), библиотеки, книги за читање - тоа се трите улоги на неделните училишта. Главаната улога беше, што тоа беа места, каде се зборуваше и се зајакнуваше млaдината. На К’нчов, Наумов и компанијата им доаѓа итра мисла да образуваат во Солун читалиште и да формираат единствена организација од сите читалишта во Македонија, да го направат Солунското неделно читалиште централно, уврени дека тоа ќе биде во нивни раце, затоа што покрупните учителски и граѓански сили беа на нивно раполагање. По тој начин мислеа да го поткопат авторитетот на ЦК, да го издигнат својот и да ја добијат младината на своја страна. ...Јас се сетив каде одат и по мое настојување се реши да се прими идејата за основање на неделно училиште во Солун без да се споменува за организаирање на на други читалишта и без да се спомнува дека солунското ќе биде централно. ...Бевме ополномоштени јас и Гарванов да го составиме уставот на неделното училиште и се реши дека тоа како ново и младо не може само по себе да се прогласи за централно. Неделното училиште постоеше некое време - сврши за 7-8 предавања, а предметите им се предаваа на неписмени и полуписмени.

...Да се вратиме кон прашањето за мојата главана работа - за мојата мисија за посредништво. Штом стигнав во Солун противната страна ме дочека добро: Сарафов, Самарџиев, Наумов. Во долги разговори си го кажаа мислењето, си ја искажаа и желбата нашироко. Од сето тоа извадов заклучок дека сакаат ЦК да се дели меѓу двете партии. Тие ми зборуваа отворено. И Сарафов зборуваше... сè во тој правец, така што ЦК да се дели наполу, да се се подготвуваат како две странки. Но се гледаше дека нивната интимна желба беше да ја земат работата во свои раце и да отстранат од Солун некои од нивните непријатни лица. Колушев, Гарванов и јас смислено бевме образувале тесна другарска компанија. Јас смислено дружев со нив со намера даги привлечам и да ги запишам во Организацијата. Дури и за тоа им направив формален предлог, но ми откажаа. Гарванов ми рече дека е веќе доцна за нив, дека (обични) редници не може да стануваат. Гарванов врвеше за близок и ваму и таму, та му се доверуваме. ...Меѓу лицата што сакаа да ги отстранат требаше да биде и Даме Груев.

Иван Гарванов (1869 Стара Загора - 1907 Софија, убиен по запвед на Ј.Сандански), претседател на ЦК на ТМОРО од јануари 1901 до пролетта 1903 г.

Иван Гарванов [21]

Јас се убедив дека овие луѓе ниту мислат сериозно за делото, ниту се подготвени за тоа. Поставив прашање во ЦК и го побарав мислењето на другарите од Комитетот. Сите го примија посредништвото да стане и беа согласни да влеземе во разбирање. ...Најпосле по решение на другарите од ЦК им направив јасен и определен предлог, дека и тие и нивните луѓе без разлика ќе се примаат во Организацијата без приговор. Даме, јас Пере Тошев искрено го сакавме тоа за да се ослободиме од ваквото прашање. Татарчев и Х.Николов уште малку дипломатсвуваа - кај нив тргите од партизанските кавги сеуште не беа изгубени. При сето тоа не можевме и ние туку така на овие луѓе да им дозволиме да влезат право во ЦК. Тие не прифатија, што беше глупо, зашто ако тие беа влегле на општа основа, без сомнение брзо ќе влезеа и во комитетот. Еден човек како Сарафов само да сакаше ќе влезеше. Но се гледа дека тие тоа не го сакале. Никој не дојде да даде клетва и односите пак по старо си продолжија. Но разлика имаше во тоа што и противниците зедоа да се однесуваат со поголемо уважение кон нас, па и делото се беше издигнало. Тоа што не можеа да го постигнат преку мене, се надеваа да го постигнат преку Перета.

Пере Тошев (1865 Прилеп - 1912 убиен во Дреновска клисура) Пере Тошев [22]

Пере дојде во распустот 1896 г. и со наша согласност и тој се зафати со таа улога, но и тој дојде до истиот безупешен крај, само уште со таа разлика, што се раздели со нив остро, ги испцува. После тоа изгубија секаква надеж да се доберат до раководството по тој пат. ...И затоа тие се принудија да фатат друг пат: излегоа да проповедат божем исто што и ние, само со претензија на умереност. Определените проповеди им беа овие: „Бугарија ќе нè ослободи и од Бугарија да чекаме сè, ние треба само да се подготвуваме. Пушки да не се купуваат и да не се внесуваат, зашто кога ќе потребаат Бугарија ќе ги даде. Револуционерност да не се пројавува во акции, туку само во морална подготовка.“ Тоа му беше основата на „братсвото“ коешто тие го основаа попосле - 1989 г. Во истиот распуст во 1896 г. кога Пере водеше преговори, јас стигнав во Софија, привремено испратен. И овде го направија истиот обид прку Врховниот комитет во истата насока и преку мене (како понапред со Перета), но без успех. Потоа тие - во Солун и Цариград - престанаа да прават слични обиди и сосоема отворено и непријателски се зафатија со агитација за да ја разрушат Организацијата. К’нчев, како инспектор, [егзархиски училишен инспектор] систематски ги проселдуваше учителите, наши сомисленици и ги зaмeнуваше само со „незамешани“ учители. Наумов, како бивш директор на Педагошкото училиште (Педагошки курс во Солун) дејствуваше енергично во таа насока и меѓу учителите. Целата егзархиска машина и услужуваше на оваа контра агитација. Едновремено почнаа и интриги против Организацијата пред Врховниот комитет во Кнежеството и пред бугарската влада, за да создадат настроеност против Организацијата. Конечно ова струја се оформи со создавањето на „Братството“ - „Револуционерното братсво“. Тоа беше последниот обид на егзархистите да го земат во свои раце влијанието во земјата што им се измолкнуваше. К’нчов во согласност со егзархот и Селџобалиев ја дадоа идејата за Братсвото. Тие го најдоа погоден Гарванов за да го протистават на нашите луѓе. Бидејќи Гарванов беше посклон од сите егзархиски приврзаници да се оддаде на револуционерна дејност, тој сигурно ќе влезеше во нашите редови, ако беше поканет порано за член на ЦК. Токму затоа за да го придобијат Гарванова, се согласија да го стават Братсвото на божемна револуционерна база, колку да можат полесно преку блискоста на целите да се превземат позициите на ЦК. Братсвото немаше друга идеја... Најсилен поттик за да се засили работата за отварањето на трговските агентства во Македонија беше тој што Егзархијата поднаѕираше во нашата организација опасен непријател, што ќе го разруши сето егзархиско дело. [Првите бугарски трговски агентства-преставништва во Македонија биле отворени 1897 г. Кнежество Бугарија (независно во 1908 г.), во периодот за кој говори Ѓ.Петров, немало право да отвара свои димломатски претставништва.] Од друга страна Егзархијата и нејзините луѓе постојано се обраќаа кон владата и од неа чекаа спас. За да може да се спречи опасноста од револуционерната организација се отворија агентствата за тиа да нè запираат и да не парализираат. За ова цел ставија во нив луѓе блиски до делото - Ризов, Наумов, Карајовев, за да нè парализираат, Ризов играше двојна улога - од една страна како познат на нашите, таму се зближи со нив и скаше да им даде да разберат, дека тие без бугарската влада ништо не можат и дека ако таа се објави против организацијата во Бугарија и таму преку нив, агентите, може да ја поништи. Како пријател на делото и на повидните дејци, тој ги предлагал своите услуги да ја отстранат оваа опасност под услов дека неговите совети ќе се слушат внатре и дека дејноста на Организацијата ќе се води во тој правец, што тој го наоѓа за добар. За да игра поголема улога Ризов уште овде беше подејствувал јас да не стојам во Бугарија, да не седам овде во Софија, туку да појдам во Одрин. Тој беше уредил во Егзархијата, така што Даме да биде преместен во Серез, за да не биде во Солун, а Пере Тошев да биде во Солун. На него сметаше бидејќи беше во лично пријателство. Од друга страна Ризов се застапуваше кај владата за нашата кауза, ја истакнуваше во пошироки размери нашата вредност и сила, ја претставуваше Организацијата за сила во земјата итн., но не даваше да се разбере, дека тој ќе соумее да ја крепи положбата како агент на бугарската влада и како близок на револуционерите. Тој општеше и со кнезот. Тој имаше дадено одлични извештаи за нашата Организација, главно за да се претстави како неопходно потребен. Инаку Ризов како агент на бугарската влада, особено пред турските власти, се држеше најдобро од сите. Никој не го замени досега [1908 г.] во тој поглед.

...Од моите први допири со владата во мене настана голем преврат, во моите поими за улогата на официјална Бугарија во ослободувањето на Македонија. Тогаш се зародија во мене, а после и понашироко во другите, состојбите на коишто попосле легна Организацијата, а имено положбата за самостојност во акциите и надеж само во себе. Двеста илјада штика на Бугарија на кои ние во почетокот им ги предававме сите надежи, веќе не нè соблазнуваа. Сфативме дека само што ќе постигнеме со наши сили тоа ќе биде сигурно постигнато.“ (Ѓорче Петров, Спомени - кореспонденција, вовед, коментар и редакција Љубен Лапе, Скопје 1984. 61-64; 68-72; 90 и 94)

12.) Георги Поп Христов, р. 1876 с. Крстoфор („Христовор“), Битолско. Во с. Буф (Леринско) образованието го започнал на грчки јазик, потоа учи во егзархиското училиште во своето родно село. Звршил педагошкото училиште во Солун. На 19.02.1902 г. е уапсен и осуден на смрт. Амнeстиран во фебруари 1903 г. На Смилевскиот конгрес бил избран за заменик на Дамјан Груев како член на Главниот штаб на востанието. За време на востанието војвода во Леринско. По востанието доаѓа во Бугарија, 1904 г. се враќа во Македонија, учествува во обновувањето на делото во Битолско, Костурско и Леринско. Учествува на Прилепскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ и на Рилскиот конгрес во окт. 1905 г. По младотурската револуција (1908) ја легализира својата работа, но после две години турската власт пак го осудува на заточене во Мала Азија, од каде бега во 1911 г. Учествува во балканските и Првата светска војна. Во еден период по Првата светска војна, до 1925 г., член е на ЦК на ВМРО. Соработува со А.Протугеров. Во 1931 г. по наредба на В.Михајлов се повлекува од активното учество во вмровските работи. Објавил автобиографски спомени „Револуционерната борба во Битолскиот округ“, Софија 1953 г. Умира 1962 г. во Софија.

13.) Ангел Андреев, р. 1867 г. во с. Рудари (Преспанско). Учел две години во грчкото училиште во с. Герман. Учествувал во пресметките со врховистите. Со ревизионата чета на капетан Тома Давидов доаѓа во Македонија. По Смилевскиот конгрес е назначен за војвода на 15 села во Преспанско.

14.) Славејко Арсов Кикиритков, р. 1878 г. во Ново Село, Штипско. Основно образование завршил во родното место, учел во Скопје и една година во Софија 1897/98. Брат му Михаил станал член на Организацијата во времето кога Даме и Гоце учетелствувале во Штип. Славејко се заколнал 1896 г., при што татко му Арсо рекол: “Едниот син ми загина, а сега него ќе го замени помладиот.“ С.Аров при крајот на 1899 г. се настанува во Кичево каде го развива делото. Есента на 1901 г. станува четник во четата на Марко Лерински. Со капетан Тома Давидов учествува во дејноста на ревизионата чета. А.Арсов е војвода во Битолско и Ресенско. По востанието оди за Бугарија, на врќање оттаму на 09.07.1904 г. кај с. Гигенци - Кратовско, загинува во битка со турската војска.

15.) Марко Лерински, сценско име на Георги Иванов, р. 1860 или 1862 г. во с. Жернава, Котленско - Бугарија. Фелдфебел во бугарската армија. Учесник во српско-бугарската војна во 1885 г. Во 1895 г. се вклучува во четите кои ВМОК ги праќа во Македонија, но по нивната неуспешна мисија се враќа во бугарската армија. При крајот на 1901 г. и почетокот на 1902 г. го придружува Г.Делчев „од другата страна на Вардар“. Во 1902 г. по наговор на Г.Делчев и Ѓ.Пeтров станува војвода на Организација. На 13.07.1902 г. четата на М.Лерински е опколена во с. П’теле, во жестока битка загинува со дел од своите соборци.

16.) Тома Давидов, р. 1863 во Ловеч - Бугарија. Лекар. Учесник во српско-бугарската војна 1885 г. Капетан во бугарската армија. Во 1899-1901 г. е потпретседател на ВМОК , т.е. на т.н. врховисти. Во 1902 г. дејствувал во Македонија во својство на војвода, потоа назначен е за ревизор на четите на ТМОРО во Битолско. Загинува 1903 г. во с. ’Рбиново (Охридско), во борба со турската војска. А.Андреев за дејствувањето на ревизионата чета во селата по цела југозападна Македонија, кажува: „Сменувавме војводи, разместувавме, четници, држевме воена обука. Ги прегледувавме сметките на војводите. Се правеа белешки за планините, местата, каде може да се крие храна, брашно и др.“ (Ibid. 317) С.Арсов во своите спомени кажува: „дојде и капетан Давидов - околу 10 фебруари. Давидов пред тоа ги имаше обиколено Битолско, Леринско, Преспа и дојде во Ресенско. Се сретнавме во Болно, првпат. Беше скромен, кроток, тих. ...тој одеше во комплетна oфицерска униформа - со сабјата, со медалите, капата со шинел-палерина, со еполети... Тоа оставаше впечаток врз луѓето, доста охрабруваше.“ (Ibid. 83)

17.) Питу Гули, р. 1865 г. во Крушево, од мајка Влаинка и татко православен Албанец. После 1882 г. П.Гули заминува на печалба во Софија, во Македонија се врќа со чета во 1885 г., но е упасен и осуден на 7 години заточение во Дијаркебир - Мала Азија. Во 1902 г. четникува во четата на Т.Давидов. Ранет е во битка и префрлен на лекување во Бугарија. Пролета на 1903 г. формира своја чета и се враќа во Македонија. За време на востанието член е на Горското начелство, но одбива да се повини на решението на Горското началство за повлекување на востаничките сили од Крушевската република. Со најгоемиот дел својата чета загинува на 12.08.1903 г. на Мечкин Камен.

18.) Ангел Динев, р. 1891 г. во с. Смоквица, Гевгелиско. Во 1918 г. емигрира во Бугарија, во Скопје се вратил 1948 г. Публицист и „историчар на македонското национално движење (левица)“, автор е на неколку труда: „Македонските Словени“ Софија (1938), „Илинденската епопеја“, кн. I. Софија 1944 и кн. II. Скопје 1949. „Политичките убиства во Бугарија“, Скопје 1951 г. Починал 1952 г. во Скопје.

19.) Атанас Шопов - Офејков (1853-1922), р. во Панаѓуриште, дипломирал право во Петроград. Судија на Апелациониот суд во Бугарија, во 1884-1897 г. секретар на Бугарската егзархија во Цариград, редактор на „Новини“, претставник на трговското агенство во Солун (1897-1907), генерален конзул во Солун (1909-1913), автор на неколку книги за Македонија. - Васил К’нчев (1862-1902), р. во Враца, студирал хемија во Русија и Германија, началник на училишниот оддел при Егзархијата, буг. етнограф, проф. во Солунската егзархиска гимназија. Во 1901 станува министер за народна просвета во Бугарија. Убиен од еден отпуштен службеник од истото министерство. Автор на неколку дела: Положението на българите в Македония (1895), Йордан Хаджи Константинов Джинот (1896); Македония етнография и статистика, во два тома со етнографска карта - 1900 г. и др. Коне Самарџиев (1854-1912), р. во Прилеп, книжар. Од 1889 г. почнал да издава „Книжици за прочит“ и народни календари со популарна содржина. - Јосиф Кондов од Прилеп, банкар, член на Тајното ревулуционерно братство, па член на ЦК на ВМОРО. - М.К.Сарафов директор на двете гимназии во Солун, водач на егзархистите во Солун. - Христо Ганев од Плевен, хемичар и професор. - А.Тошев, после трговски агент и ополномоштен министер. - Анастас Наумов педагог од Прилеп, член на „братството“, потоа и на ВМОРО. - Неделчо Колушев, д-р, учител во Солунската гимназија и член на „братството“, на ВМОРО, подоцна буг. дипломат во Солун и Цетиње.

20.) Христо Матов, р. 1872 во Струга, дипломира на Софијскиот универзитет, професор по литература и директор на егзархиското педагошко училиште во Скопје. Во 1898 станува член на ЦК, во 1901 г. осуден на заточение во Подрум кале, амнестиран 1902 и станува член на ЗП. Учествува на Рискиот конгрес на ВМОРО (1905). По Младотурската револуција, заедно со основачите на ВМОРО А.Димитров и Х.Батанџиев, еден од основичатите на Сојузот на бугарските конституциони клубови во Македонија. На Ќустендилскиот конгрес (1908) е избран за член на ЗП. Учествува во Првата светска војна. Автор на публицистички трудови. Тешко се разболува и во 1922 г. во Софија се самоубива.

21.) Иван Гарванов, р. 1869 г. во Стара Загора - Бугарија. Завршил математика и физика на Софискиот универзитет (1892), специјализарал во Виена. Професор во Солунската егзархиска гимназија (1894-1903). Основач на Тајното револуционерно братство (1897). Од 1990 г. член на Организацијата, а од јануари 1901 до пролета на 1903 г. претседател на ЦК на ТМОРО. По Солунските атентати е осуден на заточение. Амнестиран во 1904 г., заминува за Бугарија, во 1906 г. член е на ЗП. Убиен во 1907 г. од Тодор Паницата по заповед на Ј.Сандански, во име на Серскиот револуционерен конгрес.

22.) Пере Тошев, р. 1865 во Прилеп, се школувал во Солун и Пловдив. Егзархиски учител во Скопје, Битола и Солун. На Солунскиот конгрес во 1896 г. станува член на ЦК. Во 1901 г. осуден на заточение, амнестиран, пролетта пред востанието дејствува во Мариовско. Учествува на Прилепскиот конгрес, на Рилскиот конгрес поднесува Правилник, избран за член на ЦК. Учествува на Серскиот конгрес. Во 1908 г. еден од редакторите на „Конституциона заря“. Убиен на пат за дома 1912 г. во заседа во Дреновската клисура.
Historianhttp://www.blogger.com/profile/07783718929733952551noreply@blogger.com0tag:blogger.com,1999:blog-38717923.post-72464663680135592382010-02-18T11:41:00.000-08:002010-02-18T14:34:03.329-08:00Стравот и желбите на македонизмот во карантин (7)Дали Ванчо Михајлов манипулирал со цел да го оцрни Јане Сандански како расколник во ВМРО, или има вистина во тврдењето дека Јане Сандански после убиството на Б.Сарафов и И.Гарванов се сраќавал со Фердинад?

Ванчо Михајлов Ванчо Михајлов

Во своите спомени Ванчо Михајлов приложил писмо за кое кажува дека е напишано од Иван Балабанов, во кое, Балабанов на 27.12.1957 г. на В.Михајлов меѓу другото му напишал:

„Не беше за мене тајна дека Сандански влегуваше многу често во Дворецот [т.е. кај Фердинанд] преку северната врата и на мене ми правеше впечаток дека таму влегуваше со револвер во џебот... Дали тој се сметал за лошо платен за тоа кое го извршувал и станал непријател на Фердинанд ќе можете вие подобро да оцените.“

Понатаму Ванчо Михајлов кажува:

„Чудни се - да го употребам најмекиот израз - тие средби на Сандански со царот, - тој Сандански, кој се истакнуваше како заколнат непријател на врховизмот... Голема недоумица и сомничави прашања кај многу современици предизвикувал фактот што цар Фердинад испратил венец за да биде положен врз гробот на Сандански, наскоро откако бил убиен. Венецот е положен од Иван Вапацаров, родум од Банско [таткото на поетот Никола Вапцаров, четникувал во четата на Ј.Сандански]. Самиот Вапцаров повторуваше дека таа работа никако не може да ја разбере - цар Фердинанд испраќа венец за Сандански...“ (Ванчо Михајлов, Спомени II. 253-255).

Кажаното од Ванчо Михајлов само по себе не значи дека е точно.

Шакир војвода Шакир војвода [57]

„другарот“ Лазо Лазо Колишевски

Но, Драган Кљакиќ пишува дека „другарот Лазо“ му раскажал за една „поучна“ средба меѓу Лазо Колишевски и Крсто Гермов - Шакир војвода, која се случила 1961 г. во Скопје.

Според Д.Кљакиќ, Шакир војвода на ова средба покрај другото на „другарот Лазо“ му го кажал следното:

„Дојдов да ти кажам уште една работа: сите пишувате, и порано пишуваа, внатрешни, надворешни, врховисти, централисти и слично, е, па додов да ти кажам дека на Дворот (мисли на бугарскиот двор во Софија) велгувавме сите: едни низ главаната врата, други низ малата врата, некои низ капиџик, некои низ прозорец, некои преку таван, а некои богами и преку баџа! Току да знаеш, сите влегуваа... [Трите точки се ставени од Д.Кљакиќ] освен еден човек... Таму не влезе само Гоце Делечев...“ (Драган Кљакиќ, Времето на Колишевски. Скопје 1994. 182)

Тврдењата си се тврдења, но кога не се поткрепени со докази, нема и неспорен одговор на погоре поставеното прашање.

ПРОДОЛЖУВА - нов текст откако ќе биде завршен Грбовите на Македонија - се налага актуелна тема.

ПРОДОЛЖУВА ВО СЕПТЕМРИ 2005 г.

57.) Крсто Гермов - Шакир војвода, р. 1875 г. во Прилеп, работи како кројач - шнајдер. Во Организацијата влегува 1901 г. во четата на П.Ацев, пролетта на 1904 г. го придружува Ѓ.Петров, после е со војоводата Н.Каранџулов. Војува против врховисти, грчки и српски чети. Во 1906 г. упасен од турската власт и осуден на доживотен затвор, амнестиран од младотурците во 1908 г. Во 1910 г. во разоружителната акција од страна на турската власт подложен на мачење, потоа заминува за Софија. Таму отфара свое кафе, па работи и како кондуктер во Дирекцијата на трамваите. Учествува во балканските војни, во бугарската и српската армија. По војната живее во Софија. Соработува со списанието „Македонски вести“ (Софија 1935-36) уредувано од А.Динев. Доаѓа во Асномска Македонија. Како највозрасен народен пратеник на 01.09.1946 г. во Скопје го отвара Првото заседание на Македонското народно собрание. Името на К.Гермов е централна личност во романот на Стале Попов „Шакир војвода“.
Historianhttp://www.blogger.com/profile/07783718929733952551noreply@blogger.com0tag:blogger.com,1999:blog-38717923.post-5392948518754051252009-03-24T19:45:00.000-07:002010-02-18T12:05:29.148-08:00Грбовите на Македонија (1)
Според Александар Матковски: „земските грбови ги претставуваат етничките граници, т.е. територијата до каде се простира една етничка целина. Тоа се грбови кои претставуваат еден народ или една земја, без разлика на моментните државно-политичко-административни граници.“ (Александар Матковски, Грбовите на Македонија. Скопје 1990. 20)

„Во научна смисла, грбовите се појавиле во времето на крстоносните војни (1096-1270), кога крстоносците, за да се распознаваат на која воена единица и припаѓаат, биле принудени на штитовите да ставаат некој заеднички амблем, кој потоа станал наследен за таа единица, семејство, род и сл. како што крстот бил заеднички амблем на сите крстоносци. По враќањето од војните, крстоносците си ги задржале тие белези, а потоа нив ги примиле и нивните потомци. ...

И втората причина за појавата на грбовите лежела во феудално-војничка организација на крстоносците, а потоа и на сето благородништво. Уште германскиот крал Фридрих Барбароса вовел институција на турнири (ок. 1150 г.). Подоцна тие се рашириле во цела Западна Европа, каде што разни рицари и благородници доаѓале да го покажат своето јунаштво и воена вештина. Но, бидејќи, од глава до пета биле покриени со железо, гледачите не можеле да ги распознаат и затоа било потребно учесниците да бидат обележени со видни знаци, кои потоа станувале нивни, сопствени и наследни. Друг витез немал право ниту да го присвои тој знак-амблем, ниту да се бори носејќи го него. Така тој амблем станувал грб - траен белег на одделно лице, а подоцна и на семејството. Воинствените амблеми на штитовите постепено станувале постојани и наследни и така се развиле во грбови. Грбовите се појавиле на оружјето, на штитовите и поради тоа секој грб има штит, а во штитот е амблемот. Од ова се гледа војничкиот карактер и војничкото потекло на грбот и тоа во времето кога штитот бил едно од главните оружја. Поради тоа, во повеќето западноевропски јазици и грбот и оружјето се нарекува со ист збор. Така, во латинскиот јазик „arma“ значи грб и оружје, а „armorum insignia“ значи „знак на оружјето“. Италијанискиот збор „arma“ значи и едното и другото, додека германскиот збор „Wappen“ значи грб, а „Waffen“ оружје (всушност тоа е ист збор во постара и во помлада форма). Францускиот збор за грб е „arme“ или „armoiries“, и англискиот „arms“ истовремено значат и оружје. Во тоа време, во унгарскиот јазик шлемот со членката се викале „цимером“ или „цимеир“, па поради тоа и грбот се вика „цимер“.

...Во Русија се јавил многу доцна, дури во XVII век, а употребата била озаконета во XVIII век, во времето на Петар I....

На територијата на Византиското царство и во подоцнежната Османлиска империја, грбовите не биле во употреба. Јужнословенските народи што биле под турска власт не знаеле за употребата на грбот сè до XIX век па затоа и во нивниот речник не постоел грб. Наместо „грб“ се употребувал старословенскиот „знамение“, „белег“, „штит“, унгарскиот збор „цимер“ или латинскиот „арма“. Дури во првата половина на XIX век кај Јужните Словените дошол зборот „герб“ од Русија. Кај Русите овој збор и денес, покрај грб, значи и уште наследство, татковина, наследник и господство, а бил примен и гермаснкиот збор „ербе“ - „ербен“, кој и денес уште има исти значења како и кај Чесите. Значи, овој германски збор, преку Чешка и Полска преминал во Русија, а оттаму кај Јужните Словени. Така сè до почетокот на XIX век зборот „грб“ не бил познат кај Јужните Словени...

...Уште со појавата на огненото оружја грбот почнал да го губи своето значение, бидејќи се променила начинот на војувањето, турнирите постепено исчезнувале, штитовите и шлемовите биле заменувани со пушки. Грбовите го загубиле војничкиот карактер, а го зачувале само апстрактниот белег дека сопственикот на грбот е од „сина крв“ и „благороден сој“. Меѓутоа, со Француската револуција од 1789 г., која прокламирала буржоаска еднаквост, и овие привелегии по крв, сој и потекло биле укинати.“ (Ibid. 12-13.)

null

Илустрација од времето на „илирската идеја“

Спред А.Матковски[1]: „Најстар грбовник во кој има грбови на јужнословенските народи бил составен од Urlich Richental... Овој грбовник бил завршен околу 1420 г. ...Во грбовникот на Рихентал се наоѓаат разни варијанти на семејни и провинциски хрватаски, далматински, босански и српски грбови. Македонски и бугарски грбови нема.

Вториот, многу важен грбовник, во кој има грбови на јужнословенските народи, е од 1483 направен од Конард Груненеберг. ...Во овој грбовник се наоѓаат византискиот, српскиот, босанскиот, хрватскиот, два турски и два бугарски грба, но го нема македонскиот грб.

Во 1544 г. излегла од печат прочуената „Cosmograhia“ od Sebastian Munster, печатена во Базел. ...Во неа ги нема грбовите на Македонија и Бугарија, но ги има грбовите на Србија, Босна, Византија и Турција.

Во грбовникот на Виргилие Солис... од 1555 го нема македонскиот грб, но има грбови на други јужнословенски земји...

Петтиот многу редок, баран и ценет печатен грбовник е од J.Sibmaher ...и покрај тоа што е грандиозен (има 85 тома)... има само еден семеен македонски грб, но ги има грбовите на другите јужнословенски народи...“ (Ibid. 41-43)

Шпански атлас од 1579 г.

Шпански атлас од 1579 г.

Александар Матковски, Грбовите на Македонија. Скопје 1990.

Појавата на македонскиот грб според А.Матковски се врзува со настојувањата на шпанскиот морепловец Петар (Педро) Охмучевиќ (син на дубровнички трговец и бродоградител) да ја добие шпанската благородничката титула „дон“.

Почнувајки од 1580 г. Петар Охмучевиќ почнал да прави фалсификувани документи со цел да докаже дека е: „од јасне и присвитле обитељи и куће кнеза Реља Охмучевића Гргурића... тринесет порода по мушкој крви од којизих изајдоше бани од Костура у Мацедонији“, т.е. потомок на Хреља или Реља Охмучевиќ, феудалец од средината на 14 век кој во народните песни е наречен „Рељо Крилатиот“.

Грб на Византија. [2]

Според Матковски, Реља - Хреља Охмучевиќ бил едно од доверливите лица на цар Душан, кој од Хум (Босна) дошол во Македонија и тука станал „duca du Kastoria“. Реља Охмучевиќ владеал околу Струма со градовите Струмица и Мелник. Во почетокот му бил вазал на српскиот цар Душан (1331-1355), но склучил договор со Византија против Србија. Меѓутоа наскоро се помирил со цар Душан, кој од непријател станал сојузник на Византија. Реља Охмучевиќ во првата половина на XIV век од темел го обновил Рилскиот Манастир. Во 1335 г. изградил една импозантна одбранбена кула, а во 1343 г. покрај кулата изградил и црква, на кое место сега се наоѓа подоцна изградената црква (1834-1837). Само кулата од времето на Реља сеуште постои. Имено, на 13.01.1833 г. избувнал пожар во кој изгореле речиси сите згради, освен кулата на Реља.

null

Упатсво за боење на грбовите во Стемтографија на Христифор Жефарович (1741), во тоа време сопственикот на печатената стематографија требало сам да си ги обои грбовите, или да плати некој друг да го стори тоа.

Грб на Немањиќите од Стематографијата на Х.Жефарович.

Грб на српската династија Неманиќ (1166/8-1371) според Стематогафијата на Х.Жефарович, но не е докажано дека Стефан Душан Силни имал свој грб.

Во 1580 г. Петар Охмучевиќ и брат му Слано изградиле црква „Св.Ероним“ близу Дубровник во која истакнале грб на семејството Охмучевиќ со напис дека биле: „потомци на Хреља и Гргур-банови на Костур“.

Лав на бугарски и српски монети.

Лав на бугарска монета од XIV век и на српска монета XV од век.

Грб на Македонија во Рилскиот манастир 1843 г. [3]

Но, според историчарите ќесарот Хрељо немал пород, т.е. син Гргур како што тврдел Петар Охмучевиќ. Умрел во 1342 или 1343 г. како калуѓер во Рилскиот Манастир, а според А.Матковски: „изгледа по наредба на цар Душан бил задавен“.

Служејки се фалсификати Педро (Петар) Охмучевиќ во 1584 г. почнал да докажува дека неговиот божемен предок Хреља (Реља) Охмучевиќ согласно повелбата издадена 1349 г. во „stolnomu gradu Ohridu“ од „velikog kralja Ilirije“, т.е. српскиот цар Душан (1331-1355), ги добил титулата „ban kosturske države i sve Maćedonske zemlje“ и на „mudro i viteško posluženie“ градовите: Костур, Лерин, Новиград, Вастанац (?), Дианатор (?) и Прилеп, кои семејството Охмучевиќ ги управувало се додека Неманиќевците не биле ликвидирани од Мрњачевиќевците - кои пак биле причината за пропаста на „Илирското кралство“. Мрњачевиќевците наводно го убиле кралот Урош, а заедно со Урош загинал и Хреља кој што го заштитувал, а по смртта на Хреља, син му Гргур божем се преселил од Македонија во Босна.

Лав на прстени XIII и XIV од век најдени во Бугарија.

Лав на прстени од XIII и XIV најдени во Бугарија.

Бранковиќевци. [4]

Мрњавчевиќевци. [5]

Во фалсификувањето на една од повелбите со кои се послужил Педро Охмучевиќ учествувал босанкиот бискуп Антун Матеј кој тврдел дека видел разни стари писма и повелби пишувани на „ilirskim jezikom“, или „popijevkama“, соборина „od vladika, katunara, staraca i iz raznih popijevaka iz svih krajeva Ilirije i Makedonije“ од кои заклучил дека семејството Охмучевиќ биле благородници, што значи дека и народната поезија за „Хрељо Крилатиот“ имала свое учество и дека таа поезија во XVI век била позната во Босна. „...во ова време се работи на тоа, да се создаде едно движење на балканските христијани против Турците. Папата Климент III во 1592 г. сакал да создаде сојуз против Турција, во кој би влегувале Шпанија, Австрија, Полска и Русија. Ова е времето кога охридскиот патријарх Анастасија стапува во врска со Шпанците и со други европски владетели и им нуди да ги подигне балканските христијани. Во јули 1593 г. албанските старешини му пишале на папата Климент III дека ќе ги побунат сите Албанци против Турците. На тоа писмо бил удрен печат со следниот напис: „Sigillium Regni Macediniae et Albaniae“. Во печатот имaло грб, а на грбот на кнезовска круна. Во 1593 г. избувнало востанието на Србите во Банат. Тогаш имaло подготовки за востание во Бугарија. Долги години Неапол бил центарот на сите антитурски движења. Сето ова ја загревало надежта за скоро ослободување на балканските христијани и затоа тогаш се јавувале самонаречени потомци на старите владетели: Комнени, Црноевиќ, Дукаѓини, па дури и претенденти за турскиот престол, како што бил „султанот Јахја“. Сите тие, па и Петар Охмучевиќ, се надевале дека ќе си ги „вратат“ имотите на нивните „претци“.“ (Ibid. 52)

Семејниот грб на дон Педро Охмучевиќ. [6]

Меѓу 1584 и 1595 г. Педро Охмучевиќ направил еден зборник од измислени и собрани грбови и објавил дека тој мајсторски изготвен грбовник бил пронајден на Света Гора, каде неводно бил составен во 1340 г. Овој зборник во 1596 г. му помогнал на Педро Охмучевиќ да ја добие титулата „дон“ и да стане член на шпанскиот благороднички ред Св.Јаков. Според А. Матковски, поради ова потреба на Педро Охмучевиќ и неговата сметка дека при евентуално ослободување од Турско царство ќе стане сопственик на голем имот во Македонија, се појавил првиот јужнословенски грбовник, каде за прв пат се појавил македонскиот грб со лав како амблем, а Педро Охмучевиќ станал составувач на првиот хералдички илирски -јужнословенски грбовник и еден од првите преставници на „илирската идеја“.

Во 1990 г. А.Матковски пишува: „Засега не може точно да се каже зошто токму лавот е примен за амблем на македонскиот грб.“ Според Матковски: „Кај древните Грци орелот се сметал како амблем на Зевс... Атина, како држава град и град, имала свој амблем - бувот, Коринт - крилатиот коњ, на шлемот на Ахил имало лав, Александар Македонски имал - морски коњ. На штитовите на Торијаците и Мизијците имало змии, за да се разликуваат од Елините. На знамињата на римските легиони бил орелот.“ (ibid. 44 и 12)

„Ѕвездата од Вергина“.

Шеснаесеткракото сонце e откриено 1977 г. во Кутлеш (Вергина) од грчкиот археолог Андроникос. Според интерпретациите на овој археолог коските во златниот ковчег биле на Филип II, a шеснаесеткракото сонце (ѕвездата од Вергина) била „амблемот на македонската династија“, т.е. симбол на македонското кралско семејство. Во почетокот на 90-тите години од минатиот век македонската и грчката дијаспора, првите на црвена основа, вторите на сина, го развеаја овој симбол на своите знамиња во Австралија, а во август 1992 г. Собранието на РМ го избра на државен симбол на РМ. Од откриетието на шеснаесеткракото сонце до неговата прва масовна употреба во 1988 г. од страна на Грците поминале повеќе од 10 години, но авторот на првата македонска книга од областа на хералдиката (1990 г.) не го спомнува овој амблем.

Заслугата на хрватските хуманисти

За да се осознае каква заслуга А.Матковски им дал на „хрватските хуманисти“ се налага потребата од поопширен вовед.

Пеоците и античките Македонци во VI век пр.н.е.

Териториите на античките Македонци и Пеонците во VI век п.н.е. (според Е.Петрова).

Откако Александар III Велики ги уништил и прогонил Трибалите од територијата на денешна Северна Македонија и пошироко на север, таму ја прошириле својата територија Дарданците.

Според тврдењето на Анте Поповски името Македонци било усвоено од „македонските Словени“ истовревено со словенската колонизација, имено: „бил остварен чин на импозантна историска средба на две етнии: македонската античка етнија, која вкрстувајќи се со словенската - исчезнувала како самобитна и автогена, и етнија која ги наследила не само незјините огништа и слава, туку по еден неодминлив и непореклив природен закон ги наследи во многу нешта и крвта и поривот и заветот на античките Македонци.“ („Историја без географија“ - Анте Поповски во книгата Македонија на стари мапи подготвена од Илија Петрушевски, Скопје 1992. 7)

Античките Македонци во IV и III век пр.н.е.

Пeонците во IV - II век п.н.е. и граници на Македонците во IV век п.н.е (зелените точки) и во III век п.н.е. (зелената линија). Картата е објавена од Анета Димова во сп. „Македонско Сонце“ (Скопје, 25.06.2004)

После опустошувачките походи на Келтите во Тракија, Македонија и Грција во 280 - 279 г. пр.н.е., според Д.Петрушевска ги имаме следните интересни нешта за етничката ситуација во античка Македонија:

“...кога Македонија доживеала тешко опостошување со наездата на Галите [Келтите наречени Гали од Римјаните], овие [Келтите-Галите] влегле во средна Грција... а, потоа враќајќи се пак преку Македонија [276 г. пр.н.е.] ја ограбиле и неа, ги разурнале градовите, го одвеле населението во ропство, земјата речиси опустела. Антигон Гоната [277-239 г. пр.н.е.], ги победил и ги потиснал Галите и основал во Македонија династија Антигониди која останала на власт се до потпаѓањето на Македонија под римска власт [168 г. пр.н.е.].” (ИНИ, Историја на македонскиот народ. Скопје 1969. I. 46)

И, што е исто така значајно: “Во времето на политиката на миграција, што ја спроведувале Антигонидите [цел еден век, од 277 до 168 г. пр.н.е.], земјата силно се елинизирала”. (Ibid. 54-55.) Или, кажано со зборовите на Славко Димевски: “во времето на Антагонидите [277-168 г. пр.н.е.] дошло до масовна миграција на Грците кон Македонија.” (Славко Димевски, Историја на Македонската Православна Црква. Скопје 1989. 10.)

Според Драган Ташковски: „македонското име, кое од XVII век почна да се употребува меѓу македонските Словени, не го донесоа само дубровничките, венецијански и други трговци од Запад. Напротив, во тоа значително придонесоа и нашите трговци и кираџи кои одеа во Европа и се судираа со овие нови разбирања за нивната земја и народност. Факт е и тоа дека тоа име во почетокот го усвоија само еден тесен круг луѓе, што е и обичен случај со секоја нова идеја. Но со времето тоа сè повеќе и повеќе се ширеше и се усвојуваше од македонските Словени, кои во него најдоа не само неутрално име што би ги „оделувало“ од другите соседни народи, туку и за да го обележат најадекватно својот етнос.“ (Драган Ташковски, Раѓањето на македонската нација. Скопје 1970. 153-154)

null

Границите на Македонија во 167 г. п.н.е и околу 150 г. (според Ф.Папзоглу).

.......... Граници на Македонија во 167 г. п.н.е. Градот Lichnidus (Охрид) се наоѓа во Илирија, границата меѓу Македонија и Дарданија минува меѓу Bylazora (Велес) и Scupi (Скопје), а градот Bargala (Штип) e во територијта на Медите.

_ _ _ _ Граници на I, II, III и IV-тата македонска област во 167 г. п.н.е.

_ . _ . _ Граници на римската Провинција Македонија до околу 150 г.

Според С.Димевски: „Паралелно со менувањето на границите и територијата на Македонија се менувал и етничкиот состав на населението. Така уште во времето на походот на македонскиот цар Александар Велики бројот на старото македонско население се намалил, а во времето на Антагонидите [277-168 г. пр.н.е.] дошло до масовна миграција на Грците кон Македонија. Потоа со паѓањето под римска власт, дошло до населување на италските колонисти. Покрај нив, во Македонија живееле Траки и Илири, а во периодот на доцната антика и цела низа варварски племиња. Ваква била етничката положба на Македонија во времето кога во неа започнало да се шири христијанството, главно од непосредните Христови ученици - апостолите, некаде кон средината на I в. по Христа.“ (Славко Димевски, Историја на Македонската Православна Црква. Скопје 1989. 10.)

Според Блаже Ристовски: „македонското национално име ние сме го зеле дури од половината на минатиот [19-и век] век... Денешното македонско име потекнува не само од географскиот поим Македонија, туку и од античкото народно име Македонци, бидејќи при прифаќањето на ова име како од туѓинците така и од самите Македонски Словени, последните се сфаќани не само како наследници на територијата на македонската држава на Филип и Александар Македонски, туку и како потомци на старите Македонци, кои што беа прогласени за најстари Словени на Балканов. Но сево ова е резултат на подоцнежните векови, главно по XVI в., и најпрвин се појави и се разви надвор од Македонија, па дури потoа беше прифатено и од самите Македонски Словени.“ (Блаже Ристовски, Македонскиот народ и македонската нација. Скопје 1983. I. 57; 66-67)

null

null

Границите на римската Провинција Македонија од околу средината на II век дo крајот на V или почетокот на VI век (според Ф.Папзоглу).

Во 1983 г. Блаже Ристовски пишува: „Вистина, основната маса на денешниот македонски народ се Словените што дошле на овој дел од Балканскиот Полуостров главно во VI и на почетокот на VII век, но и покрај сите погроми тие не го нашле овој простор наполно испустен: апсорбирајќи делови од затечените народи (антички Македонци, Илири, Траки, Грци, Римјани, прадедовците на денешните Албанци и Власи и др.) Словените ја апсорбирале и нивната култура и при тоа смешување постепено се создавал народ со претежно словенски етнички елементи, со словенски јазик и словенско-византиска култура. ...Во историјата на македонскиот народ несомнено важна улога имал словенскиот карактер на основниот етник, но не може и не треба да се превиди ни значењето на античките Македонци што посредно му дадоа на овој народ територија, име и крв. Ако историјата на турно-монголските Бугари се прима како неразделен дел од историјата на современиот бугарски народ, зошто Македонците да не го почитуваат минатото и славата на својата земја, на своето име и на дел од својата крв? Зашто, како што вели Д.Македонски во 1871 г. „не зинала земјата па да ги голтне“ тие стари Македонци, ами тие се влеале во масата на овој народ.“ (Ibid. 22 и 32)

Димитар Василев Македонски (1847-1898) Д.В.Македонски

Секако дека не зинала земјата да ги голтне „тие стари Македонци“, но Димитар Василев Македонски (р. 1847 во с. Емборе Кајларско - убиен 1898 г. во Цариград) во својата статија „По македонскыйтъ въпросъ“ (По македонското прашање) напечатена во в. „Македонiя“ од 16.02.1871 г. кажува нешто сосема друго од тоа на кое алудира споменатиот член на МАНУ. Имено, во таа статија напишана во врска со отсуството на покана за учество на „Македонците“ на Архиепископскиот собор за уредувањето на Егзархијата, Д.В.Македонски до главниот редактор на весникот „Македонiя“ Петко Рачов Славејков (1827-1895) гневно пишува:

„И поднаучете си малку историја, или барем научете ги каракеристиките на историјата и ќе се уверите дека Македонците не се Цинцари, ниту друг некој народ, но чисти Бугари како вас; оттаму ќе научите дека Македонците не се изгубиле од лицето на земјата, како што си дозволуваат некои да кажуваат, затоа што, колку што ние знаеме, тие не згрешиле некогаш до толку, што, да зине земјата и да ги голтне.“ (Фотокопија статијата во в. Македонiя од 16.02.1871)

null

Цитираниот пасус од статијата на Димитар Василев Македонскый „По македонскыйтъ въпросъ“ напечатена во в. „Македонiя“ од 16.02.1871 г., во која не говои за „стари Македонци“, туку своите современици Македонци, кои според него биле: „чисти Българи“.

null

Димитар Василев Македонски е автор на: „Буквар за употребение в македонските училишта“, „Скратен православен катихизис“, а во својата „Кратка свјаштена историја за училиштата по Македонија (на македонско наречие)“, напечатена „Во печатницата на Македонија“, Цариград 1867 г., пишува:

„П.[Прашање] Кои се оние Бугари, што се крстија во почетокот на први век после Рождество Христово?

Од. [Одговор] Тие се Бугарите што живеат во Македонија?

П. Од кого се покрстени тие?

О. Од Апостол Павле...“

null

Глинена биста на цар Самуил, според пронајдениот череп (Лебединскаја).

цар Самуил

Пак според Блаже Ристовски: „...токму во ...Самуилова(та) држава македонскиот народ почна да се афирмира како народ... се разви словенска народна свест, но со двојно наименување: со народното име „Словени“ и со државното - „Бугари“. Натамошниот над двовековен развиток на Македонија како византиска административна област со наименувањето „Бугарија“ сè повеќе го заличуваше народното наименување што остана конзервирано во јазикот на старата литаратура и во живиот говор на соседните Албанци и го утврди наименувањето „Бугари“...

null

Војските на цар Самуил во неуспешна опсада на Солун, - минијатура од хрониката на византискиот историчар Јоан Скилица (втората половина на XI век).

....Паѓањето на Македонија под српското владеење донесе ново затемнување на народното име, а потпаѓањето под долготрајното османлиско ропство... кога на преден план се исфрлаат одредбите „раја“, „каурин“, „христијанин“ и сл. доведува до еден своевиден процес на деконституирање, кој меѓутоа мошне бавно се развиваше и не стигна да се заврши, бидејќи во XIX в. го затече новиот процес на образување на нацијата...“ (Б.Ристовски, op.cit. I. 34-35)

null

Воено-администраивни области во Византија (теми), тема Бугарија со главен град Скопје (формирана после поразот на Самуиловото царство) и тема Македонија со главен град Одрин и втор град Пловдив. Византиската тема Македонија била формирана во 796 или во 802 г., а во следните дваипол века името Македонија се однесува на Горна Тракија - територијата на тема Македонија е променлива, од Пловдив до Цаиград и од Црното Море до р. Струма. Од 886 г. до 1056 г. Византија владее Македонска династија, a незјиниот основател Василиј I Македонец (867-887) родум e од Одринските села.

Лик на императорот Василие II од византиската Македонска династија.

Лик на византискиот император од Македонската династија Василиј II Македонец (979-1025) наречен „Бугароубиец“ после ослепувањето на Самуиловите војници. За време на управувањето на императорите од Македонската династија културата во Византија цути. Специфичностите во архитектурата, во фрескосликарството, во ова фаза од византиската култура која го опфаќа периодот X-XI век, според Д.Оболенски: „често се нарекува „Македонска ренесанса“. Вниманието на византиските интелектуалци е насочено кон Античноста, кон проучувањата на сознанијата во математиката, медицината, земјоделието, историјата и друго од времето на Античноста. „Романот за Александар“ (Македонски) од Псевдо-Калистен бил преведен од грчки на словенски во XI век.

null

Граници на провинциите според Хиерокле (помеѓу 451-535 г.) и Константин VII Порфирогенит (според Х.Меловски и Н.Проева). Константин VII Порфирогенит (913-959), учениот император од византиската Македонска династија, станал познат и како писател на историографски дела во кои наоѓаме значајни информации за историјата на древните Македонци и историјата на Словените.

1.) Александар Матковски, р. 1922 во Крушево. Своевремено и денес спомнуван како најзначаен македонски авторитет во хералдиката како помошна историска наука. Повеќе пати наградуван, бил член на МАНУ. Починал во Скопје.

2.) Грб на Византија со црвен монограм на династијата Палеолози (1261-1453).

3.) Во Рилскиот манастир во 1844 г. поставени се четири грба над кои пишува: Македонiя, Българiя, Сербиа и Босна. Грбот на Македонија е црвен лав на жолто поле, а на Бугарија е жолт лав на црвено поле. Сите грбови се прикажени според Стематографијата на Христофор Жефаровиќ. Зографирањето на обновениот Рилски манастир станало во 1844-1846 г. Во зогарфирањето учествувале иконописци од Македонија и Бугарија.

4.) Кајот на XVI век - лавот на семејниот грб на српскиот владеал на Скопје Вук Бранковиќ (1388-1398). Дали Бранковиќевци имале свој семеен грб не е докажано. Вук Бранковиќ ковал пари со лав, на неговиот печат исто така имало лав. Син му Ѓураѓ имал монети, печат и грб со лав.

5.) Семеен грб на Волкашин (1356/8-1371) и Марко (1371-1395) Мрњавчевиќ - Крали Марко од кајот на XVI век -. Дали Мрњавчевиќевци имале свој семеен грб не е докажано.

6.) Семејниот грб на шпанскиот адмирал дон Педро Охмучевиќ, кој според А.Матковски потекнувал од благородничко семејство. Грбовникот на дон Педро Охмучевиќ не е зачуван, или не пронајден, но познат е според многубројните преписи.
Historianhttp://www.blogger.com/profile/07783718929733952551noreply@blogger.com0tag:blogger.com,1999:blog-38717923.post-71731514803006691362009-03-24T19:41:00.000-07:002010-02-18T12:01:34.212-08:00Од другата страна на менталната бариера
„Народот ги сака и ги почитува моќните, силните луѓе, победниците, им ги простува лесно злоделата и нечесноста. Српскиот народ е катасрофално лекомислен: Тито му е голем и најголем: тој го ослободи од Германците и го спаси од Русите, му даде бројни и ситни и корисни за животот права, можности за стекнување и уживање, за неработење, крадење... Малиот, беден и несреќен народ се поистовети себе си со Тито, ако е тој голем големи сме и ние.“ - Добрица Ќосиќ, во СФРЈ познат како југословенски писател, а потоа и како српски политичар. (в-к „Нова Македонија”, Скопје 29.04.1995)

Творците на советскиот канибализам.

Отецот и синот на првото тоталитарно робство во светот,

„другарите“ Ленин и Сталин.

На почетокот од 30-тите години од XX век, во сатирата „Ускомчел“ (у-совршен комунистички човек) писателот И.Ернбург го исмева „новиот тип болшевик“ чиј „извор на верување“ е во „силата на декретите“.[1]

Сатирата е одобрена од „другарот Сталин“.[2] Господарот на животот и смртта во Земјата на големата лага,[3] духовниот отец, пастирот и владиката на сите „советски другари” со сите средства работи „изворот на верување” да извира од државниот систем за контрола на мислите на поданиците.

Најмилиот другар. Сите во срцата го носиме

Во советскиот инкубатор „најмилиот другар“ на патот кон „светлата иднина“[4] ја игрa ролјата на семожен авторитет: спасител - месија, визонер - пророк и безсмртен со „ликот и делото“; - Исус Христос, татко и мајка на сите „советски народи и народности“.[5]

Ставени во состојба на неспособност да бидат објективни за реалноста во која се наоѓаат „широките народни маси“ лагата ја доживувале како вистина, вистината како лага, измамата како човекољубие, ропството како слобода.

Браварот Јоже се стекна со 7 почесни титули доктор на науки.

Откритието дека човек може да биде манипулиран од името на науката, дека неограничената власт може како што сака да манипулира со „широките народни маси“, во еден или во друг правец, е една од причините за подемот, но и за распадот на СССР, на СФРЈ и на сличните тоталитарни режими.

Сталин, Тито, и другите како нив, секој во цутот на својот режим, успеале на своите поданици да им наметнат целосна погрешна претстава за себе и целосно искриевена слика за реалноста во која се наоѓаат.

Ние создадовме нов тип човек, советски човек!

Во 1936 г. „таткото на сите советски народи и народности“ изјавува: „Ние создадовме нов тип човек, советски човек“![6]

Неколку години покасно, Хитлер на светот му го претставува својот „у-совршен“ Германец.

Јас ја фанитизирам масата за да направам од неа инструмент на мојата политика. - Фирерот на Национал Социјалистичката Германска Работничка Партија

„Јас ја фанатизирам масата за да направам од неа инструмент на мојата политика.“ - Адолф Хитлер фирерот, водачот и најмилиот на Национал-Социјалистичката Германска Работничка Партија (NSDAP).

Неколку децении покасно, во „братството“ на новиот тип „југословенски човек“[7] се појавува и Титовиот „у-совршен“ Македонец. Задоен со лага, одгледан со измама, ислашен од мислата да биде самостоен, создаден е секогаш да биде инфериорен.

у-совршени Македонци: другарот Лазо, другарот Црвенковски... југословенска идила.

У-совршени Македонци: втор од лево „другарот“ Крсте Црвенковски, четврт од лево „другарот“ Лазо Колишевски, прв од десно „најмилиот другар“- таткото и мајката на „југословенските народи и народности“.

Тоталитарните робови: Сталиновиот нов тип човек, Хитлеровиот у-совршен Германец, Титовото Македонче и другите слични на нив (малиот, беден, несреќен и катастрофално лекомислен српски народ), се производ на една иста технологија на власт. Огромните разлики во нивните желби, стравови, страсти, склоности кон добро или зло, беа поради различните доживувања во светогледот создаден од различниот сурогат на опиумот за народот.[8]

Маршалот!

Маршалот! Најдобро знаеше како да ги фанатизира масите, учеше не само од неговите први „големи учители Ленин и Сталин“, ами и од фашистичкиот дуче и нацистичкиот фирер.

Слободата е осознаена нужност

Слободата не е само политичка категорија, таа е и психолошка категорија. Колку ќе се чувствува слободен еден човек, не зависи само од политичкиот систем во општеството, туку и од структурата на личноста, од интеракцијата меѓу нејзините чувства, стремежи, нејзиниот светоглед, од една страна и карактерот на општеството од друга страна, како креатор на одреден светоглед и креатор на личноста.

Карикатура на познатата титоистичка карикатура за Сталин.

Карикатура на прочуената во 1948 г. карикатура за Сталин од титоистичкиот хумористист З.Џумхур.

Во една мудрост за вистината се кажува: додека едни ја барат, други ја кријат, а трети без неа мирно спијат.

Беспрекорното познавање на фактите истовремено не значи и критичко мислење. За критичкото мислење, за слободата на мислата, решавачкото не е што се мисли, туку како се мисли, т.е. клучното е: каков е заклучокот според тоа како се дошло до заклучокот, а не самата содржина за која се верува дека е заклучокот.

Маршалот многу ги сакаше децата од сите раси и националности, а најмногу децата на „југословенските народи и народности“.

Маршалот многу ги сакаше децата од сите раси и националности, а најмногу децата на „југословенските народи и народности“.

Знаење и верување не е исто

Кога се соочуваме со интерпретации за минатото, т.е. со вести од минатото, првото што треба да направиме е да најдеме валиден одговор на прашањата: како е осознаена содржината на интерпретацијата, со каква цел е презентирана, кој е тој што ја напишал, во какви општествено-историски прилики ја напишал, кои се неговите мотиви (какви се неговите размисли, какви се неговите желби, страсти и стравови, каква е неговата склоност кон добро и зло).

Истовремено, како мисловни суштества, секогаш треба да имаме на ум, колку можеме, како луѓе, да се издигнеме над нашите субјективни желби, стравови, страсти и предрасуди, за да бидеме објективни при восприемањето на фактите и донесувањето на заклучоците. Односно, колку можеме да ги совладаме трите ментални пречки кои ја попречуваат критичката мисла: предрасудите (усвоените погрешни претстави), однапред замислените идеи кои не кореспондираат со фактите и емоциите (омраза, љубов, страв, неоправдан сомнеж).

Молотов, Сталин и Тито во Москва април 1945 г.

Молотов, Сталин и Тито во Москва април 1945 г. На оваа средба најмногу се радувале Македонците и Албанците кои се надеваат дека Сталин ќе ја одигра главната ролја во создавањето на балканска или јужнословенска федерација. Великосрпските комунисти очекувале дека Тито ќе ја зачува „независноста на нова Југославија“.

Историјата не е егзактна наука

Таа не располага со експериментални дисциплини (како хемијата, билогијата, или физиката) со кои може да се стекнуваат и докажуваат сознанијата.

Во егзактните науки 2+2=4 независно од волјата на луѓето, а во т.н. „општествени науки“ сe зависеше од волјата на партиските „научни работници“.

За разлика од егзактните науки, во „историографијата“ фактите зборуваат само кога ќе бидат повикани, а логично разумните интерпретации можат да бидат конструирани и без содржински да кореспондираат со реалноста.

Читателот секогаш не може да го преиспитува тоа што му се кажува дека е вистина.

Читателот и да знае, не може да знае се, тоа е човечка ситуација.

Од друга страна, т.н. пишувани историски извори, т.е. сознанијата (интерпретациите) за настаните од минатото стигаат до нас претходно „обработени“ од нејзините запишувачи, кои, исто така се производ на интеракцијата меѓу запишувачот, општеството и предходните запишувачи.

Во тоталитарниот инкубатор

самоволието на господарот на мислите беше прогласено за единствениот пазител на умот и вистината. Неговите стражари на менталната бариера во моделирањето на нашиот светоглед, а со тоа и нашето поведение, на нас поданиците ни одредуваа што да гледаме, што да слушаме, како да го доживеаме виденото и чуеното, на што да се сеќаваме, а што да заборавиме.

Вмровска карикатура за сатрапот Тито.

„Не е доволно да се има социјализам, и грѓаните мора да бидат превоспитани во социјалсистички дух.“ - Една од „божјите заповеди“ изречена од „другарот Тито“ на Пленум на ЦК на КПЈ 1948 г.

Во така моделираната претстава за „нашето“ во тоталитарниот виртуелен свет, создаден со строга контрола на спознајните можности на поданиците - превоспитаници, Титовите „другари“ се стремеа од своите превоспитаници да создадат совршени робови (животот нема смисла без „најмилиот другар“) - емотивно осакатени и во секој друг поглед неспособни да го осознаат нехуманото поведение на „најмилиот другар“ и неговата камарила.

Титовите креатори на историјата

исто како Сталиновите, немаа за цел пред јавноста да презентираат одговори на прашањата што навистина се случувало во минатото. Ползувајки илегална технологија (т.н. научна историографија се служи со строго определени инструменти), продуцираа произволни интерпретации за минатото и сегашноста како сурогат на вистината за историското минато, со цел да наметнат верувања, од кои „спонатано“ ќе произлезе поведението на оние кои наумиле да ги манипулираат.

Согласно нивните цели, креацијата на посакуваната иднина ја проектираа во непроменливото минато, а таквата проекција ја сервираа во форма на логично разумна интерпретација за настани од историјата. Затоа, прво го конструираа „заклучокот“, а потоа им приоѓаа на фактите. Од гледиштето на историјата како наука која се занимава само со минатото, тоа е исто како докторот прво да ја постави дијагнозата, а потоа според неа да ги монтира наодите.

Москва, април 1945 г. - Тито, Сталин, Молотов го потпишуваат договорот за „вечна дружба“ на „нова Југославија“ со СССР.

Москва , април 1945 г. - Тито, Сталин, Молотов го потпишуваат договорот за „вечна дружба“ на „нова Југославија“ со СССР.

За да го доведат својот објект на манипулација во состојба на верување, Титовите креатори на историјата не бираа средства: дрско ги презираа историските сведоштва, ја злоупотребуваа неинформираноста на објектот што е предмет на нивната манипулација, настапуваа сметајки на изолацијата на јавноста од изворите на вистинита што ги криеа. Работеа со сите сили да ја онеспособат јавноста критички да мисли за тоа што кажуваа дека е вистина. Токму затоа, така изградената логично разумна интерпретација, кога ќе дојде во допир со изворите на вистината, се разлага на лаги.

Черчил и Тито во Велика Британија 1953 г.

Во 1944 г. Черчил го советувал Тито да избере: или да биде „сиромашен советски чиновник“, или со британска помош да ја одигра ролјата на „балкански мангуп“. Најмилиот другар му ветил дека ја избрал „независноста на нова Југославија“, но откако маршалот со својата армија влегол во Трст, Черчил се посомневал дека Тито ќе се спротистави на Сталиновиот продор во Европа. На фотографијата: во 1953 г. Черчил му честита на Тито за тоа што „маршалот“ успеал да го насамари Сталин.

За разлика од лажинаучниот комунизам

во вистинската наука сознанијата не се докажуваат со најпримитивната аргументација, т.е. со аргументите што произлегуваат од моќта на убедувањето на суровата сила и подлоста на измамамата.

Фабрикантите на сурогатот на историографија во Титова Југославија (исто како и во Караѓорѓевата), кон граѓаните во Македонија се однесуваа, не како кон слободни човечки личности, туку како кон непријатели, односно како окупатор кон домашно население.

Енверхоџини бункери.

Со безмилосната експолатазија на близнаците Лага, Цензура и Фалсификат, во „Титовиот специфичен пат“ кон „светлата иднина“, имавме сурогат на историографија, составен од дозирани и злоупотребени вистини, произволни заклучоци, догми, табу-теми и анатеми, внедрени во нашите глави како ментална бариера од несаканите за режимот историски вистини, исто како што бетонските бункери во Енверхоџина Албанија беа во функција на дотичната државна параноична идеологија.

Ако сурогатот на историографијата фабрикувана во Титова Југославија е светост, тогаш и Енверхоџините бункери се светост.

Нашата претстава за нашето историско минато

треба да биде изградена врз основа на знаења и верувања кои непопречени од ништо слободно извираат од реалноста во историските сведоштва. Во градењето на претставата за нашето историско минато потребна ни е критичка мисла, потребен ни е култ кон вистината, а не култ кон македонизмот во карантин.

Целиот живот на Јосип Броз Тито е посветен на битката за среќа на луѓето, за среќа на децата.

„Има симболика во ова слика, иако се сосема мали деца. Целиот живот на Јосип Броз Тито е посветен на битката за среќата на луѓето, за среќата на децата од земјите на сите континенети, на сите раси и бои.“ - Од монографијата Јосип Броз Тито, Скопје 1982.

Нема човекољубец на кого му се потребни подметнатите лаги од времето на догматскиот начин на мислење, кога, ние, како југословенски поданици-превоспитаници, бевме должни со своето поведение јавно да потврдиме дека го доживуваме како вистина сето тоа што ни кажуваа дека е вистина.

Иконографијата на КПЈ во првото повеќе партиско Собрание на Република Македонија.

Иконографијата на Комунистичката партија на Југославија поставена во првото повеќепатиско Собрание на Република Македонија.

Еден конституиран народ нема зошто да се плаши од сопствената историја

Но, како одамна правно политички оформена нација, во соочувањето со непријатните вистини од нашето колективно минато сеуште имаме бурен отпор кон откривањето на комунистичките тајни. Тоа, непријатните вистини ги прави уште поболни и уште повознемиерувачки.

За да стане некоја единка зрела, интегрирана личност, а не да остане расцепкана личност, таа треба да биде способна да ги носи во себе и непријатните, вознемирувачки содржини и сознанија за себе.

Аналогно на тоа, на колективен план, таквото комунистичко - националистичко историско пуританство е пречка на вистинското национално созревање и интегрирање на еден инаку веќе правно и политички конституиран народ.

Поради сето тоа, неприфатливо е поведението на тие што во името на науката, во името на културата и националното достоинство, се спротиставуваат на разоткривањето на комунистичките тајни, а притоа себе си од цревоугодништво, злоба, лицемерие, или од заблуда, се рекламираат како единствени заштитници на честа и угледот на македонската нација.

Првото повеќепартиско собрание на РМ конституирано на 08.01.1991 г.

Првото повеќепартиско собрание на РМ конституирано на 08.01.1991 г.

1.) „Исус му кажа ако сакаш да бидеш совршен оди продај го имотот свој и раздели го на сиромаси... и секој што ќе остави куќа, или брат, или сестра, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви, заради моето име, ќе наследи сто пати повеќе и ќе добие живот вечен.“ (Матеја 19:21-29)

2.) „Но вие сте... луѓе придобиени, за да ги возвишете совршенставта на Оној, Кој ве повикал од темнината, во Својата чудна светлина... бевте како овци изгубени, кои немаа пастир, но сега се обрнавте кон Пастирот и Владиката на вашите души... кој ве повикува за својата вечна Слава... по вашето кратко страдање, да ве усоврши, укрепи и направи непоколебливи.“ (Прво соборно послание [писмо] на Апостол Петар 2:9-10; 5 и 5:25)

3.) През 1936 г. во Париз, хрватскиот комунист Анте Цилига, после својот грозморен престој во СССР, ја издава книгата „Земјата на големата лага“, во која открива некои од најзначајните лаги на советската пропаганда за божемната земја на „научниот комунизам“. По повод на ова книга, Јосип Броз Тито и Едвард Кардељ во францускиот печат полимизираат со Цилига. Полемиката завршува на суд, со пресуда Тито да плати 1 (еден) франк како морална сатисфакција на Цилига.

4.) Ветениот комунистички животен стандард во материјално изобилство (8 часа работа, 8 часа образвание и 8 часа одмор) во „светлата иднина“ всушност е инспириран од животот на првите христијани:

„А народот, што поверува, имаше едно срце и една душа: и никој ништо од својот имот не го наречуваше свое, туку се им беше заедничко. Не постоеше ниеден меѓу нив што имаше потреба за нешто; бидејќи оние, што имаа ниви или куќи, ги продаваа и парите земени за нив ги донесуваа и ги клаваа пред нозите на апостолите: и секому му се даваше според неговите потреби.“ (Дела од Св. Апостол Лука 4:32;34-35)

Првите социјалисти биле христијани, а Карл Маркс прогласен за „основач на научниот социјализам и комунизам“, станал таков како што ни го претставуавше комунистичата пропаганда, во моментот кога религијата ја прогласил за „опиум за народот“.

5.) „А Исус му рече: Ако можеш да поверуваш? Се е можно за оној кој верува!“ (Марко 9:23)

6.) „да го отфрлите од себе стариот човек според вашето поранешно живеење, ...да се обновите со духот на својот ум и да се облечете во новиот човек, создаден според Бога во правда и светост во вистината.“ (Послание на Св.Павле до ефесјаните 4:22-24)

7.) Со преименувањето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците во Кралство Југославија, се појавува и синтагмата „југословенски човек“, како израз на великорспкиот хегемонизам. Кралот Александар Караѓорѓевиќ со големи амбиции се зафатил да создаде „југословенски човек“, но не успеал да си го доврши делото до крај. Во 1934 г. во Марсилија, егзекуторот Владо Черноземски со неколку истрли во „српскиот крал“ ја извршил смртната пресуда изречена од В.М.Р.О. Според великосрпска легенда, смртно погодениот југословенски крал пред да умре успеал (секако како загрижен татко на тукушто родениот „југословенскиот човек“) да остави завет: „Чувајте ми Југославију!“.

На Јосип Броз му успеа да ја зачува „нова Југославија“ (1945-1990), но Титовото превоспитување на Караѓорѓевиот „југословенски човек“ не даде трајни резултати. За само 10 години после неговата смрт, истовремено со распадот на „социјализмот како светски процес“, се актуелизира и втората најзначајна лага на титоизмот, дека на АВНОЈ во Јајце било решено „југословенското национално прашање“.

8.) Според Карл Маркс религијта е опиум за народот.

сп.Актуел (Скопје 11.11.2005)

Публикувано во сп. Актуел (Скопје 11.11.2005)

Historianhttp://www.blogger.com/profile/07783718929733952551noreply@blogger.com0tag:blogger.com,1999:blog-38717923.post-42237900043438650732009-03-24T19:25:00.000-07:002010-02-18T12:02:53.990-08:00Стравот и желбите на македонизмот во карантин (1)
Блазе си им на таквите кои без нужната проверка го усвојуваат сето тоа што им годи како вистина!

Непријатната вистина боли. Но, уште понездраво е да се живее со опсесивно бекство од вистината за себе, дезориентиран во магловитиот штит на себезалажувањето.

Зборот доверба не постои во научната методологија

Оттука, неприфатлив е отворениот повик на Бранко Црвенковски искажан во 1998 г. на предизборниот митинг на СДСМ во Гази Баба:

„СДСМ секогаш покажувала на дело како се сака својата татковина и никогаш, како некои други, не го постави прашањето дали Илинденците се чувствувале Македонци или не...“
(в-к. „Нова Македонија“, Скопје 06.10.1998)

Е, уште да е така! Љубовта е слепа, ама не е безусловна. Затоа, понекогаш, говориме за невозратена љубов, за неоправдана доверба, за измама, за заблуда и, за критичко мислење. А, без објективно мислење нема вистинска љубов. Одговорот на прашањето дали некому крвта му е извадена со памук, или со брадва, не го амнестира злосторикот. Насилството во љубовта е перверзија, а забраната, или подведувањето да не се говори отворено и искрено за сомневањата, е насилство.

Лидерот на СДСМ во случајот покажува како не треба да се сака татаковината. Не, не тврдам дека Б.Црвенковски не си ја сака татковината, но неговото сакање во случјов повеќе е подведување на националистичко самозадоволување, отколку негување на вистинска, искрена љубов.

null

Бранко Црвенковски на митингот на СДСМ во Гази Баба 1998 г.

За разлика од политиката во уметноста и во науката нема табу теми. Академскиот сликар Родољуб Анастасов (р. 1935 г. во Скопје, дипломирал во Белград) со својата пројава на слободно мислење наречена „Македонски иконостас - 12-те апостоли на ВМРО“ го прекршил табуто на себезалажувачкиот македонизам, отфрлајки го догматскиот начин на мислење со кој југокомунистичките главатари го диригираа поведението на своите поданици во воображената реалност на Титовиот тоталитарен кафез. Или, кажано со други зборови, Родољуб Анастасов со тоа што се насладувал во широката автономија на својата личност, според оние кои сеуште се заглавениво веќе пожолтениот црнобел коминтерновски филм, сторил голем грев. Направил вербален деликт, си дозволил за „анатемисаните“ во покојанта СФРЈ (1945-1990), пред јавноста во повеќепартискта РМ да зборува со ликовниот израз без омраза, исто како за возљубените, со што го алармирал духовениот имунолошки систем на себезалажувачкиот македонизам.[1]

Стражарот на менталната бариера Стево Шароски во сп. „Старт“ (дек. 2001 г.) превзема акција како антитело на бугарски антигени против оние што ги зел на нишан тргајки од погрешна теза - навредениот чесен Македонец не го интересирале ниту времето, ниту уметничкиот аспект, туку историјата! Шароски од една страна тврди дека изложбата требало да се нарече: „Седуммината апостоли на ВМРО, нивните кодоши и двајцата јуди“ - заклучук кој би бил својствен за еден „ванчомихајловист“, а од друга страна се зафаќа да ја брани „историската вистина“ на македонистичкиот фундаментализам според кој имало болна и „здрава македонска револуционерна организација“. Значи, според С.Шароски постановката на Р.Анастасов е бајато невкусна, еретична и ѓаволски грешна, затоа што академскиот сликар не водел сметка за духовниот карантин на „здравиот“ македонизам, па на едно место, ги ставил портретите на „ангелите“ и „ѓаволите“, - портретите на „здравите“ Македонци и „нивните кодоши“ не можеле да се сликаат со ист уметнички предизвик и излагаат со иста авторска гордост заедно со портретите на „двајцата јуди“, „одродените - антимакедонци“. Според фалш дијагностика на Шароски „здравите“ биле свесни и совесни Македонци, а болните биле тие кои што „убивале луѓе од својот род, само поради тоа што одбивале да бидат во заблуда во каква биле тие - одродите“, поради што нели, заслужуваат само омраза и презир. За волја на војната против заблудата, за чиј воин себе си се претставува Шаровски, да се обидеме да осознаеме какви претстави за својот и за македонскиот национален идентитет имале дејците на „здравата македонска револуционерна организација“.

Основачите на БМОРК/ТМОРО

д-р Христо Татрачев (1869 Ресен - 1952 Торино) Даме Груев (1871 Смилево - 1906 Русиново) Иван Хаџи Николов (1861 Кукуш - 1934 Софија)

Христо Татарчев [2] Дамјан Груев [3] Иван Хаџи Николов [4]

Петар Поп Арсов (1868 Богомила - 1941 Софија) Христо Батанџиев (? Геменџе - 1913 фрелн во море од Грци) Антон Димитров (1867 Ајватово - 1933 Софија)

Петар Поп Арсов [5] Христо Батанџиев [6] Антон Димитров [7]

Уставното име на „здравата Организација“

д-р Христо Татарчев на млади години. д-р Христо Татарчев

Во споменитe запишани од Љубомир Милетич[8] во 1917 г., Христо Татарчев кажува:

Во почетокот на на 1894 г. во време на празниците, пак споменатите шестмина се собравме пред Водици во живеалиштето на Антон Димитров... за да го поставиме темелот на една организација. Долго расправавме за целта на таа организација, и најпосле се задржавме на автономијата на Македонија со предимство на бугарскиот елемент. Не можевме да го прифатиме ставот за „директно присоедунување со Бугарија“, затоа што увидовме дека тоа ќе сретне големи тешкотии, поради спротиставувањето на големите сили и аспирациите на соседните мали држави и на Турција. Ни поминуваше мислата дека една автономна Македонија потем би можела полесно да се обедини со Бугарија, а во краен случај, ако не се постигне тоа, ќе може да послужи како обединувачка алка на една федерација на балканските народи. Одринско, колку што се сеќавам, отпрвин не влегуваше во нашата програма, и мислам дека после беше дојдено до замислата и таа област да се вклучи кон автономна Македонија. Откако се согласивме за целта на нашата организација - на истата средба се зафативме да изработиме статут на Организацијата. Прирака ми беше еден том од „Записите“ на Захариј Стојанов, и од нив го зедовме за урнек статутот на „Бугарскиот револуционерен комитет“. Го задолживме Поп Арсов, врз основа на тој статут, да изработи и нацрт за нашиот статут. На истата седница долго се разгледуваше прашањето каково име да носи Револуционерната организација и Комитетот. Ова прашање ни одзеде прилично време, и најпосле, колку што се сеќавам, усвоивме да се нареачат: „Македонска револуционерна организација“, а Комитетот - „Централен македонски револуционерен комитет“, а скратено „Ц.М.Р.К.“. На други средби стутот беше дефинитивно примен, сè така од истиот тој состав на шестмината. Тогаш веќе, во согласност со усвоениот статут, беше конституиран првиот Централен комитет... Истата таа 1894 г., на 15 август, стана осветување на новоизградената бугарска црква во Ресен од владиката Григориј, и таму се одржа првиот револуционерен конгрес, на кој беа дојдени 12 до 15 мина делегати од месните комитети. Таму бевеме јас, Груев, Пере Тошев, Лозанчев, Ѓорѓи Пешков, Александар Чакаров и др. Три дена едноподруго продолжија седниците во нашаат куќа. Делегатите известија за состојбата на Организацијата. ...По конгресот Централниот комитет почуствува потреба да биде изработен и еден внатрешен правилник, според кој ќе се раководат месните револуцинорни комитети. Задачата да го состави тој правилник му беше поставена на Хаџи Николов, и овој правилник беше усвоен од Централниот комитет, сè така во истиот состав од шестмината, во дефинитивната форма, до крајот на истата година.
“ (Спомени И.Х.Николов, Д.Груев, Б.Сарафов, Ј.Сандански, М.Герџиков, д-р. Х.Тататрчев, Скопје 1995. 331-333)

Спомени И.Х.Николов, Д.Груев, Б.Сарафов, Ј.Сандански, М.Ѓерџиков, д-р Х.Татарчев, Скопје 1995.

Анастас Лозанчев (1870 Битола -1945 Софија) Анастас Лозанчев [9]

Анастас Лозанчев во своите спомени пишува:

На 15 август 1894 г. се осветуваше цркавата во Ресен. ...Во Ресен бевме собрани јас, д-р Хр. Татречев, Д.Груев, Тр. Доревски, Алекс. Панов, Григор Попев и др. Пере Тошев не беше тогаш не беше со нас. ...Кога зборува за осветувањето на црквата, д-р Татарчев вели дека имало „конгрес на Организацијата“. Ништо слично. Може да се каже дека имаше собир, ама не когрес.
“ (Анастас Лозанчев, Илинденското востание. Скопје 2003. 17-18)

Во забечешките на спомените на своите соборци Анастас Лозанчев пишува:

„Докорот вели: на 15 август 1894 г. ... во Ресен, се случи првиот револуционерен конгрес. ... Јас велам: имаше собир, не конгрес. На средбата се зборуваше за почнување на револуционерна пропаганда. Пере Тошев не беше во Ресен. Немаше посветување, немаше ни покрстување. Со Дамета разменивме само по неколку мисли, дека треба да се работи како што се работело во Бугарија на други места. Се договоривме од Бугарија да набавиме поголемо количество револуционерна литература. ...Се поигруваа со мене како фотограф, со зборовите на оној Чех фотограф, вкулечен во работа на комитетот во Бугарија: „а-бисте фотографовали мене“. Го прашав Дамета: Со кого ќе работам во Битола. Ги дигаше рамениците.“
(Ibid. 119)

Првиот дел од автобиографските спомени на Х.Татарчев, Софија 1995.

Во автобиографските спомени на Христо Татарчев пишувани во 1934-1936 г. во Италија, во врска со тоа што се сега не инетересира стои следното:

„Реално на третата средба, која стана през коледарските празници на 1893 г. во живеалиштето на Антон Димитров... се пристапи без многу размена на мисли кон конституирањето на конспирацијата...[стр.24] ... Притоа нејделикатна и најтешка работа беше да се определи целта, по која се водеа продолжителни дискусии, при сето тоа ја имавме морална и политичка база во чл. 23 од Берлинскиот конгрес. Меѓутоа мачнотијата се состоеше во синтезата на идеализмот и реалноста. Нашето внатрешно чувство и мисла се движеа повеќе околу општобугарскиот идеал - присоединувањето на Македонија кон Бугарија, но требаше да туриме воденичарски камен на таа во толку многу години култивирана мечта во македонскиот народ и слободниот бугарски народ и да вршиме реална политика. Затоа го зедовме чл. 23 како девиза на нашата дејност и бидејки чл. 23 ни се гледаше како апстрактен поим, кој тешко би се разбрал од нашиот народ, решивме да го замениме со една попластична фигуративна формула - автономија на Македонија во нејзините географски и етнографски граници, како што тоа се запиша во уставот на организацијата. Такво едно решавање на македонското прашање, мислевме, ќе ги задоволи еднакво правично етничките единици на земјата, како и аспирациите на нејзините соседни држави и големите сили, и го менаџиравме едновремено и суверинитетот на Турција. Минималната слобода, која се постигнуваше на тој начин, го гарантираше достаточно материјалниот и културниот развиток на сите нации во Македонија. Ние не можевме да дејствуваме подруго и предварително да ја одредуваме судбината на македонскиот народ и му оставаме нему понатаму да си ја искова својата судбина: тој би се присоединил кон Бугарија, или би станал алка на една Балканска конфедерација. Тоа, кое би му било диктирано покасно од неговите интереси, тој е слободен да прави што сака. После утврдувањето на целта на организацијата се зафативме за изработка на нејзиниот устав. Последното стана врз основа на тој од Буграскиот револуционерен комитет во „Записките“ на Захари Стојанов, кој го имавме на рака, така што секој член се поддаде на автономна размена на мисли - критика. Му се наложина П. Попарсов да го изработи проектот и на едно од следните заседанија се прифати проектот, со мали измени, за устав на организацијата и се даде името „Македонска революциона организация“, а на Солунскиот комитет, образуван од наш шестмината - „Централен македонски революционен комитет“ (ЦМРК).[стр.25]...

Пирфатен еднаш автономниот принцип, ни налагаше да бидеме последователни и во понатамошните решенија и да го избегнуваме сето тоа, кое, во инородното населние би возбудило сомнение на тесноград национализам. Поради таа причина го напуштивме зборот българска од револуционерната организација; истотка и таа од централниот комитет. Одринско од почетокот не влегуваше во нашата програма. Целото наше внимание тогаш беше насочено околу Македонија; но покасно почна да се зацврстува идејата во нас, така што нашата организација да го опфати и Одринско, каде судбината на христијанското население, особено на буграското, не се разликуваше со ништо од тоа на македонскиот народ и каде политичко-социјалните и економски услови беа речиси идентични со оние во Македонија. Притоа чл. 23 од Берлинскиот конгрес не охрабри доста во тој однос и зафативме попосле да го обмислуваме поопстојно и тоа прашање - дали ќе биде полезно, ако и Одринско биде вовлечено во нашата програма. Најсетне дојдовме до заклучок дека и таа област треба да составува дел од нашата ревулуционерна дејност, така што, на тој начин си мислевме дека се даваше едно задоволително решение на балканското прашање. Решението за тоа се зеде едвам при крајот на 1895 г. и почна да се применува во дејство во 1896 г. Три суштетсвени формулирани изводи залегнаа во уставот на револуционерната организација: цел, состав и средства. Како цел, како што е кажано погоре, се прифати автономијата на Македонија, а како сотав на организацијата се дозволи секој Бугарин, од кој и да е крај, може да биде член на организацијата, откако се покрсти по установената формула - заклетва пред евангелие и кама, како симбол на одговорност пред Бога и татковината, и тоа по убедување, но не и по изнасилување на личната волја. Тоа решение - да се примат за членови на организацијата само Бугари - ни се диктираше од од сушноста и карактерот на заговорот, поради кое на прво место требаше да се врбуват членови од оние средини кои беа најугнетени, интелектуално и морално издигнати, цврсти и издржливи по карактер. Во тој однос бугарскиот народ беше посоодветен и надежен елемент и притоа преставуваше мнозинство во земјата; така што револуционерната организација може да се потпре врз него без големи ризици. Сетне, самите основатели на конспирацијата произлегуваа од средината на бугарскиот народ, така што нивниот афинитет беше многу природен. ...Националниот карактер на заговорот во почетокот, значи беше една неопходност да се заштити (организацијата), диктиран од специјалните услови во земјата, во кои, тој ја започна својата дејност, но таа, никако не се раководила од другата тенденција, освен од идејата за слбодата и благосостојбата на целиот македонски народ. Меѓутоа, покасно кога организацијата се почуствува доста силна, за да ја афронтира секоја угроза и опасност, откаде и да било, се допуштија во неа сите македонски христијани, доста тие да се воодошевуваат од истата идеја и да бидат искрено предани на ослободителното дело. Меѓу нив први беа Власите...
[стр.26-27]

Како средсво за реализирање на револуционерната идеја се предвиди во уставот народно масовно востание; ...да се наложи во меѓународната политика и да предизвика едно ефикасно замешување од страна на големите сили за решавање на македоно-одринското прашање, за кое се беа ангажирале на Берлинскиот конгрес.
[стр.27-28]

Ресен, 15.08.1894 г. осветување на црквата „Св.Кирил и Методиј“.

Ресен, 15.08.1894 г. осветување на црквата „Св.Кирил и Методиј“.

...на 15 август 1894 г. стана в Ресен средба меѓу 15 души од првите раководители: Д.Груев, П.Тошев. И.Хаџиниколов, А.Лозанчев, Г.Пешков, Ал. Чак’ров, д-р Хр.Татарчев и др., за размена на мисли по постоечката веќе револуционерна организација, како и по сите оние прашања кои ја засегаа. Заседанијата стануваа во татковската куќа на последниот и траеше три дена. Тоа беше првиот ревулуционерен конгрес, на кој се определи поведението кое конспирацијата требаше да го држи кон Егзархијата и општинските училишта. Се зеде решение за да се земат општините и училиштата во наши раце.[стр.35] Ревулуционерното дело, значи, беше се распространило во 1896-1897 г. низ целата земја и во големите центри имаше крупни раководители; така на пример П.Тошев беше во Битола, Хр.Матов - во Скопје, П.Попарсов - во Штип, Хр.Попкоцов - во Одрин, Т.Деливанов - (во Кукуш), Александар Чак’ров - во Охрид, Велко Думев - (во Велес), Кирил Прличев во Воден, Павел Генадаиев - во Мустаф паша и др. Веќе се почувствува потребата да се систематизира работата во организацијата и да се оформи присоединувањето на Одринско кон ВМРО. За таа цел во текот на училишната ваканција на 1896 г. беше свикан конгрес од повидните раководители на организацијата. На него учествуваа: Гоце Делчев, Пере Тошев, Христо Матов, Петар Попарсов, Кирил Прличев и ЦК: Д.Груев, Ѓорче Петров, Иван Хаџиниколов, Андон Димитров, Христо Батанџиев и д-р Христо Татарчев. ...Се создадоа следните организациски окрузи: Солунски, Битолски, Скопски, Штипски, Струмички, Џумајски (во кој влегуваше и Сер) и Одрински, заедно со Цариград.[стр. 41] На конгресот се истакна исто така потребата, револуционерната идеја да се распростре и над другите незадоволни туѓи народи, без разлика на вера и народност, поаѓајки од становиштето дека делото тогаш ќе има чисто македонски карактер и ќе дејствува на тој начин за премавнување на пропагандите и националните раздори, како и за создавањето на мир, спогодба и взаемна соработка - за напредокот на и благото на општата татковина. Одринско, над кое ЦК беше се замислил уште на крајот на 1895 г., за да влезе и тоа во програмата на ВМРО, беше истотака објект на долги размени на мисли - дали би било рационално и полезно за ослободителната општа кауза на бугарското племе, и се прифати најпосле едногласно дека тоа не треба да се третира одделно од Македонија и треба да составува единствена кауза со Македонија, така што ќе се положат сите сили за да се изедначи во подготовката со таа во Македонија. Врз основа на гореспоменатите размени на мисли се реши да стане и промена на уставот, така што се дозволи секој Македонец и Одринец, без разлика на народност и вера, да може да биде член на организацијата, но којшто не е компромитиран со ништо и може да биде полезен за делото.[стр. 42-43] Револуционерната идеја беше најпрво во подем од бугарската интелегенција во Македонија. На почетокот нејзината пропаганда се извршуваше исклучиво среде бугарското население. Такво ограничување се налагаше од нејзниот конспиративен карактер; но кога револуционерната идеја закрепна релативно добро во еден дел од бугарскиот народ, нејзиното раширување и врз другите небугарски народи и вероисповеди можеше да биде реализирано без страв за суштествувањето на револуционерното дело. На основачкиот конгрес при крајот на 1896 г. се зеде решение да им дозволи на незадоволните месни елементи без разлика на народност и вера да влезат во конспирацијата, доста тие да не бидат познати поради престапнички дејанија. ВМРО не ги делеше Бугарите протестанти во Разлошко, Струмичко и тиквешко и унијатите во Кукушко, Дојранско и Солунско од Бугарите егзархисти и ги вбројуваше од самиот почеток на заедничка основа во редовите на организацијата. Таа не им ги повредуваше ни најмалку религиозните им чувства... Влашката интелегенција беше првата од туѓите христијански народности, која стапи во револуционерното дело.“ [стр. 109] (Христо Тататрчев, Вътрешната македоно-одринска революционна организация като митологична и реална същност, София 1995)

Кој го напишал уставот на БМОРК? П.Попарсов или Ѓ.Петров?

Гоце Делчев (1872 Кукуш - 1903 Баница) Гоце Делчев [10]

Во врска со "првиот поподробен устав на Организацијата", кое нешто би требало да значи дека станува збор за уставот на БМОРК, а не за уставот на ТМОРО, во спомените на Ѓорче запишани од Милетич, под заглавието "Ѓорче Петров заедно со Делчев го изработува првиот поподробен устав на Организацијата", стои следното:

"Во време на распустот во 1896 г. направивме еден вид конгрес во Солун, 15-16 души. Од Солун бевме 6-8 души, од Битола Пере Тошев, од Воден Кирил Прличев. Од солунските бевме јас, Татарчев, Даме, Андон Димитров и Николов. Тогаш прв пат се видовме со Матов, Делчев, Поп Арсов, прв пат тогаш се запознавме меѓу себе. Работата зеде пошироки размери и сите ја бевме почуствувале потребата поцврсто да се организира работата. Тоа собрание, така да се рече, беше основачко. И од тогаш датира солунската организација, тогаш веќе ЦК се призна. Дотогаш уште не се знаеја членовите на ЦК, се дотогаш одеше на другарски начела и секој работеше во својата средина главно по свое сфаќање и само другарски се советуваше... Тогаш се направи прв пат обид за административно уредување на Организацијата... Таму се истакна потребата од устав и правилник. Дотогаш беше во сила еден краток правилник од неколку члена изработени од Дамета (клетвата и др.) Тоа правилниче беше несистематско, литографирано. Се реши да се изработи еден полн правилник, устав. Кога дојдов во Софија, тука во Софија го изработив (со Делчев), го напечатив и го испратив. Ги поканив Ризов и Љапчев да ми поможат... Потоа јас сам го изработив уставот."

Ѓорче Петров (1865 Прилеп - 1921 Софија, убиен) Ѓорче Петров [11]

Но, во спомените на Ѓорче ми се чини имаме една интервенција од нејзиниот запишувач, во врска со изработката на уставот на организацијата за кој Ѓорче кажува дека е од 1896 г., Милетич во загради додал: "(со Делчев)", бидејки Ѓорче, изјавил: "јас сам го изработив уставот". Белким Ѓорче нема да си ги препишува сите заслуги за изработка на уставот само на себе! А тоа би можело да значи дека Ѓорче го изработил сам уставот на БМОРК, па оттука може да следува претпоставката дека Гоце и Ѓорче го напишале уставот на ТМОРО во 1902 г.

За жал, од спомените на основачи и дејците на Организацијата не може точно да се утврдат датумите кога МРО станала БМОРК, и кога БМОРК е преименувана во ТМОРО.

Според македонскиот историчар Иван Катарџиев: „Денес веќе нема никави дилеми од формална гледна точка, т.е. спрема Уставот и Правилникот, како во почетокот била именувана, од основачите, Македонската револуционерна организација. Како што соопштуваат Дамјан Груев и д-р Христо Татарчев под влијание на бугарската револуционерна литература таа „била оформена според образот на статутот на Револуционерната организација во Бугарија пред нејзиното ослободување“. Иако ниту Груев ниту Татарчев ниту пак другите спомнуваат како формално била именувана, тоа денес веќе се знае. Постоечките документи говорат дека таа била наречена „Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети“. Оваа име Организацијата го добила на својот прв Конгрес одржан во летото (15 август 1894) во Ресен. Меѓутоа, согледувајќи ја целата несоодветност на ова име со македонските услови и битие, од една и појавата на Врховниот комитет 1985 г. во Софија, на конгресот 1896 г. во Солун било решено името на Организацијата да се промени. Таа била наречена „Тајна македоно-одринска револуционерна организација“. Формално своето општо народно и трајно присутно име во свеста на Македонецот, „Внатрешна македоно-одринска револуционерна организација“ (ВМОРO) го добила на Рилскиот конгрес есента 1905 г. ...во првиот Устав и Правилник (од 1894) се вели дека член на БМОРК може да биде секој Бугарин без разлика на пол, кој не е компромитиран“. Тоа значи дека во својата почетна активност појдовните основи на Револуционерната организација биле доста ограничени и националистички насочени. Таа требала да се потпира само на оној дел од македонскиот народ што бил под јурисдикција на Бугарската егзархија, т.е. под влијание на бугарската верска и просветна пропаганда. Македонците кои биле под грчка и српска или некоја друга слична пропаганда немале право на членство во организацијата. Треба да се каже дека брзо по оснивањето на Организацијата и особено по влегувањето на Гоце Делчев во нејзините редови (есента 1894), била согледена сета неподобност, сета штетност за македонските услови и македонското политичко битие крајно ограничувачките националистички основи на Организацијата и во практика биле напуштени. Две години подоцна, по решение на Солунскиот конгрес од 1896 г. во новите документи тие и формално ќе бидат отстранети. Новите цели на Организацијата, тие што трајно останале во меморијата на нејзините активисти, решително се ослободиле од секаков национализам давајќи и општонароден, интернационален карактер, лик што одговарал на народносните прилики во тоа време во Македонија.“ (Иван Катарџиев, Кон спомените на И.Х.Николов... Скопје 1995. 8-9 и 11-12)

Одговорот на прашањето кога БМОРК станува ТМОРО, во 1896 или 1902 г., не може со сигурност да се утврди и од известувањето на српскиот генерален конзул во Битола Мих.Г.Ристиќ до српскиот министер за надворешни работи, С. Лозаниќ, напишано во Битола на 25.01.1903 г.

"До пре више од годину дана [тоа е до крајот на 1901г., или до почетокот на 1902 г.] рад комитета имао ја чисто бугарско обележје, они су носили бугарску заставу ослобођења, они су својих присталица налазили само у онима који су пригрлили бугарску народну идеју. Наших [т.е. србоманите] и гркомана су се туђили па чак и пробојавали те се од њих морали осигуравати разним претњама. У последње време [т.е. при крајот на 1902 г.] они су понели стег ослобођења хришћана уопште и на мах се стали обраћати за помоћ и сарадњу свима хришћанима ма које народносне боје оне били."
(БАН, Освободителната борба на българите в Македония и Одринско 1902/1904 - дипломатически документи, София 1978. 76)

Ф.Аданир ги разгледува сознанијата од истражувањата на Катарџиев и на бугарскиот историчар Пандев, за годината кога БМОРК станува ТМОРО, при што го дал следниот заклучок:

"Во рамките на ова истражување не е можно дефинитивно да се објасни горе изложеното комплексно прашање. Сепак треба да се укаже на тоа дека австроунгарскиот конзул во Скопје, Пара, на својот извештај бр.225 од 14.11.1902 г. му придодава документ во превод, кој го назначува како нов Статут на Револуционерната организација. Овој документ го носи насловот: "Статут на Тајната Македоно-Одринска Револуционерна Организација" и во секој поглед е идентичен со документот објавен 1902 г. според Пандев, како и со Статутот, кој според мислењето на Катарџиев бил составен уште во 1897 г. Врз основа на оваа фактичка состојба треба да се претпостави, дека вистинската дата на документот е онаа на Пандев, а не онаа на Катарџиев. Во изложеното истражување потпирајки се врз Пандев се тргнува од тоа дека Револуционерната организација до 1902 г. се вика: "Бугарски македоно-одрински револуционерен комитет" (БМОРК). Во 1902 г. следувало прекрстувањето во "Тајната македоноодринска револуционерна организација". Од 1905 г. конечно станува ВМОРО, а нешто подоцна ВМРО."
(Fikret Adanir, DIE MAKEDONISGHE FRAGE ihre entestehung und etwicklung bis 1908. Wiesbaden Германија 1979. 112)

Според чл. 1 и чл. 4 од Уставот на ТМОРО, член на Организацијата може да биде "секој Македонец и Одринец, без разлика на народност", што значи дека именката Македонец во случајов е употребена како географско и политичка одредница за означување на сите народности што живеат во Македонија, а не како етнографска одредница. Во Прилепскиот нацрт паравилник од 1904 г., во т.1 е формулирано дека: "член работник во ВТМОРО може да биде секој жител во Европска Турција, христијанин, без разлика на народност". (Спомени на Кирил Пърличев 36 години във ВМРО, София 1999. 94)

1.) Во ликовната постановка „Македонски иконостас - 12-те апостоли на ВМРО“, Р. Анастаов ги насликал портретите на: Г. Делчев, Д. Груев, Х. Татарчев, П. Попарсов, И.Хаџиниколов, П.Тошев, П.Шатев, Ј. Сандански, Д. Хаџидимов, В. Ковачев, Т. Александров и В. Михајлов.

2.) Христо Татарчев, р. 1869 г. во Ресен. Завршил медицина во Швајцарија и Берлин. Прв претседател на ЦК. Во јануари 1901 г. уапсен и осуден на пет години затвор. На 18.08.1902 г. амнестиран. Од крајот на јануари 1902 г. до 1905 г. член на ЗП. Во востанието директно не учествува. Во март 1908 г. на Ќустендилскиот конгрес избран за советник на ЗП. За време на Младотурската револуција собира оружје за ВМОРО и учествува во политичкиот живот на легалната органиации - Сојуз на буграските конституциони клубови и Народна федеративна партија. Во Балканските војни и Првата светска војна д-р. Татарчев е раководител на воена болница на фронтовите. Во 1919 г. со својата дејност и публицистика влегува во конфликт со Т.Александров и А.Протогеров, обвинувајки ги за злоупотреба на пари и присвојување на раководните иснтитуции на ВМРО. Во 1921 г. учествува во Основичкото собрание на Македонската федеративна емигрантска организација во Бугaрија. Во 1923 г. емигрира за Италија. После убиството на Протогеров застанува на позициите на В. Михајлов. За време на Втората светска војна се враќа во Бугарија, извесно време живее во Ресен, потоа во Софија и Нова Загора, а во 1949 г. од Бугарија заминува за Италија. Умира на 05.01.1952 г. во Торино.

3.) Дамјан Груев, р 1871 г. во Смилево (Битолско). Завршил шести клас во Солунската бугарска гимназија „Св.Кирил и Методиј“. Во јануари 1888 г., во една група од 19 души меѓу кои и П.Попарсов, привлечен од српската пропганда, заминува да учи во Белград бесплатно на сметка на Друштвото „Св. Сава“. Таму завршува гимназија и пак на сметка на „Св. Сава“ се запишува во Великата Школа. Во 1891 исклучени од школата го напушта Белград. Се запишува историја на Вишото училиште во Софија, но во 1891 г. и оттаму е исклучен. Во Софија со неколкумна сомисленици од кругот околу „Лоза“ создаваат „Дружба“ со цел да бараат примена на член 23 од на Берлинскиот договор. По убиството на министерот за финасии Х.Белчев, Даме и некои од неговите другари биле упасени како осомничени. Во април 1891 г. заминува за Македонија. Поддал молба да биде назначен за егзархиски учител Во Битола, но молбата му е одбиена. Назначен е за учител во Смилево. Следната година учителствува во Прилеп, а летото на 1893 заминува во Солун, каде работи како коректор во печатницата на К.Самарџиев. Даме е иницијаторот за средбата на 23-ти октомври 1893 г. во Солун. Избран е секретар и касиер. Во 1894-1895 г. назначен е за учител во Штип, каде заедно учителствува со Г.Делчев и Т.Делииванов. Во 1897/98 е интерниран од Солун во Битола, на 06.08.1900 г. е уапсен и осуден е на 10 години затвор. Но, и од битолскиот затвор Даме раководи со Делото. На 29.05.1902 г. од затворот во Битола е испратен во Подрум кале. Тука затворските казни ги издржуваат Х.Татарчев, Х.Матов, П.Тошев, И.Хаџиниколов и др. Пролета на 1903 г. е амнестиран. На Смилевскиот конгрес во почетокот на мај 1903 г. Даме избран e за член на Главниот штаб на востанието во Битолскиот револуционерен округ. На Рилскиот конгрес (окт.1905) избран е за член на ЦК. На 23.12.1906 г. кај с. Русиново (Малешевско) загинува во бој со турска потера.

4.) Иван Хаџи Николов, р. 1861 г. во Кукуш. Завршил вишо трговско училиште во Линц (Австрија). Професор во Солунската бугарска гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Еден од „лозарите“. Во 1893 г. отвара своја книжарница во Солун. Член на ЦК. Во јануари 1901 г. е осуден, казната ја издржува во Подрум кале. По амнестијата во 1903 се преселува во Софија. Се занимава со издавачка дејност и со трговија. Тешко заболен од параноја во 1934 г. се самоубива.

5.) Петар Попарсов, р. 1868 г. во с. Богомила (Велешко). Завршил литература на Софијскиот универзитет. Потоа работи како професор во Македонија. Во 1891 г. прави обид да создаде револуционерна организација. Еден од создавачите на Младата македонска книжовна дружина во Софија. За време на Винишката афера (1897), како професор во Штип бил затворен од турската власт во Подрум Кале. На Рилскиот конгрес избран за член на ЗП. По балканските војни живее во Бугарија, работи како прогимназиски професор во с. Костенец. Умира во Софија 1941 г.

6.) Христо Батанџиев, роден во Гуменџе. Во 1893 г. бил секретар на егзархиската митрополија во Солун. Во 1913 г. е заробен и убиен од Грци така што го фрлиле во морето.

7.) Антон Димитров, р. 1867 г. во с. Ајватово (Солунско). Студирал право на Вишото училиште во Цариград, а потоа и на Универзитетот во Лиеж (Белгија). Работи како професор во Солунската бугарска гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а подоцна како адвокат и судија во Битола и Цариград. После Првата светска војна се преселува во Софија, починал 1933 г.

8.) Љубомир Милетич, р. 1863 г. во Штип. Татко му Ѓорги, војводински србин бил чител во Македонија. Мајка му на Љ.Милетич е велешанка. Славјанска филологија завршил во Загреб и Прага. Професор на Софијскиот универзитет, член на БАН и на МНИ. Уредник на сп. „Македонски преглед“ (1924-1936). Запишал и публикувал спомени на 27 македонски револуционери. Починал 1937 г. во Софија.

19.) Анастас Лозанчев, р. 1870 г. во Битола, завршил во Солунската буг. гимназија. На Смилевскиот конгрес избран за член на ГШ на востанието. Во 1904 г. делува во Охридско и Дебарско, потоа се преселува во Софија. Во 1908 г и за време на војните доаѓа во Битола. Во 1943 г. во Битола учествува во прославата на Илинденското востание. Починал 1945 г. во Софија.

10.) Гоце Делчев, р. 1872 г. во Кукуш, убиен од турскиот аскер на 04.05.1903 во с. Баница, Серско. Член на ЦК 1896-1901 г. Oсновоположник на четничкиот институт на Организацијата. Гоце е најмалку оспоруваниот апостол на ВМРО.

11.) Ѓорче Петров, р. 1864/5 г. во Варош, Прилепско. Учител во Штип, Скопје, Битола (1888-95) и Солунската гим. „Св. Кирил и Методиј“ (1895-97). Долгогодишен член на ЗП. Учестник во Илинденснкото востание. Во Првата светска војна кмет на Драма, восле 1919 г. се застапува за независна Македонија и балканската федерација. Во Бугарија работи како началник за настанување на бегалците од Македонија, Тракија и Добруџа. Соработува со Стамболијски. Убиен на 28.06.1921 г. по заповед на В.Михајлов.
Historianhttp://www.blogger.com/profile/07783718929733952551noreply@blogger.com3