2/18/2010

Стравот и желбите на македонизмот во карантин (3)

Во текот на 1895/1896 г. Даме Груев е егзархиски училишен инспектор во Солунската егзархиска машка гимназија, но во учебната 1987/87 г. божем поради безбожност ја губи службата. За сослушвањето кај егзархот Јосиф I, Даме во своите спомени кажува:

Дамјан Груев Дамe Груев
Егзархот Јосиф I Егзархот Јосиф I

„учебната година 1897/98 останав без служба. По пријава на општинскиот претседател на Егзархијата ме повикаа на сослушување, божем поради безбожност.



Јасно му реков на егзархот дека нема зошто да страхува за мојата безбожност, туку поскоро за Организацијата за која му раскажав сè. Егзархот се држеше наклонето, не ме советуваше да се откажеме, но тогаш искажа само стархување, со избрзани акции да не предизвикаме австриска окупација на Македонија. Ние непријателски се однесувавме спрема српската пропаганда; егзархот бездруго бил убеден дека нашата активност не е без полза, бидејќи не најде ништо друго да ми забележи, освен споменатиот страв од австриска окупација. Се разделивме со добро со арно. Почетокот на „Братството“ во Солун се совпаѓа со последниот период на мојот престој со служба во Солун и со моето отпуштање. Од Солун по една година ме интернираа во Битола.“ (Спомени..., Скопје 1995. 107)

Ѓорче Петров Ѓорче Петров
Наскоро по сослушвањето на Даме кај егзархот Јосиф I, Ѓорче заминува во Цариград во мисија кај Егзархијата. За ова во своите спомени Ѓорече Петров кажува:
„За нас, како раководни сили се сметаа само испитани интелегентни другари, кои стојат повиско над другите. Стануваше потреба порамномерно да се распределат овие сили по околиите. ...Поставувањето на учителите за следните учебни години [Почнувајки од учебната 1898/99 г.] требаше да се изврши во согласност со речената потреба. ...општините под диктат на К’нчев во Цариград и на Братството во Солун дејствуваа спротивно на потребите на Организацијата со цел да ја поткопуваат и да подготват подлога за револуционерното Братсво. ЦК под притисок на многуте барања од внатрешноста во кажаната насока беше дошол до убедување дека само преку Егзархијата може да се спроведе ова барање со увереност оти и во Егзархијата може да се спроведе ова барање на Организацијата само преку морален притисок. Со мотив дека повеќето од нашите поугледни другари се чиновници на Егзархијата па ако некој од нив биде пратен во Егзархијата со мисија по ова прашање, не ќе има достаточно авторитет, та ме одбрале мене со надеж дека јас ќе поимпонирам итн. Јас со бугарски пасош на доктор по медицина, заминав во Цариград. ....и предадов на Егзархијата полномоштво од ЦК, со кое овој ме ополномоштува пред егзархијата да ги претставам барањата на ЦК. Претпоставив список од околу 70 лица, што требаше да се назначат.

На началникот на одделението Лазаров во кабинетот му го прочитав полномоштвото на ЦК, го искинав пред него, ги фрлив парчињата низ прозорецот и му дадов три дена да ги исполни нашите барања или, ако сакаат нека ме предат на турската полиција. Лазаров се уплаши, ми рече дека тој е началник, дека тој не одговара, дека егзархот решава итн., та да одам да му речам на егзархот. ...Лазаров го правев одговорен. По два дена отидов за одговор. Уплашен Лазаров ми рече: „Од мене веќе не сакајте ништо, зашто јас си подготвувам оставка и си заминувам за Бугарија“. Јас го повторив барањето и го посоветував да го исполни, а да не си дава оставка. ...Сите чиновници во Егзархијата за да го одбранат Лазарова беа му изјавиле на егзархот, дека или ќе земе мерки и ќе го спаси Лазарова, или сите заедно ќе си поднесат оставки. ...Егзархот веднаш го испрати Мишева во Софија за да настојува заедно со Комисев, кој беше ополномомштен од Егзархот да дејствува пред бугарската влада, да нè стегнат, за да ја ослободат Егзархијата од нашиот притисок, да ја спасат. А нашето барање тие го поставија како сосипување на Егзархијата. Од Софија им сопштија дека не можат ништо да направат и изгледа им сугерирале во Цариград да држат помирлив став и да избегнуваат крајности. Најпосле се сретнав со егзархот за го средиме прашањето.

Ѓорче Петров Ѓорче Петров
Егзарот Јосиф I Егзархот Јосиф I

...Ми остави впечаток дека егзархот ни најмалку не отстапува од каузата Егзархијата во Македонија да биде единствен раководител на духовно-општествениот живот таму. На оваа база тој не покажуваше склон да направи каква и да е отстапка. ...Јас му докажував дека интересите на Организацијата сега стојат погоре отколку престижот на егзархиските чиновници и дека пред овие интереси на Организацијата тој треба да ги жртвува ситните работи на чиновничката дисцилина. Сето тоа му изгледаше премногу радикално, цел преврат. Тој сам призна дека неговите луѓе се веќе 45% во наши раце, но зошто сум дошол јас таму, во Цариград да му ги разбуричкувам работите? Најсетне јас му реков дека ќе ја принудиме Егзархијата да ги исполни барањата на Организацијата, имено ќе му ги исплашиме чиновниците во Егзархијата, кои ќе ја напуштат, ќе ги заплашиме и ќе ги истераме учителите што се против нас, а со Егзархијата, ќе им сугерираме на учениците да ги напуштат гимназиите и тн. и тие ќе ги напуштат. Му докажував дека младината е веќе во наши раце и дека интересите на Егзархијата треба да им отстапат на нашите интереси. По принцип ние сами сакаме да го запазиме црковно-учебното дело надворешно и дека ќе и помагаме на Егзархијата, колку за тоа, но Егзархјата треба веќе да оди по нас; назад да го вратиме текот е невозможно. Егзархот се обиде да ја заштити евулуционата дејност на Егзархијата пред револуционерната, дека црковно-учебното дело ја спасило Бугарија итн., дека револуционерното дело носи само само уништување. Јас му го докажував обратното. Не можеше да ми оспори дека револуционерното дело кај нас се јавува за стапало погоре над црковно-учебното дело и дека овој факт веќе се налага. Моите наводи беа многу категорички, превртаџиски. Најпосле егзархот удри друга тема: „Не сум ли и јас патриот, џанам, не му служам ли и јас толку време на тој народ, зашто да се вршат тие работи без да знам јас?“ итн. Разбрав дека егзархот сака да ги знае нишките на делото. Тогаш разбрав дека и првата идеја да се роди револуционерното „Братство“ никнала во Егзархијата, можеби во главата на егзархот. Јас му докажував дека поради неговата положба ние треба нарочно да избегнуваме да го посоветуваме во овие работи. Но тој не се убеди, си остана на мислењето дека тој може да знае и да биде дури корисен, а всушност, дека би требало нишките на делото да бидат во негови раце. Тој се жалеше дека бугарската влада со акцијата од 1895 г. му го разбуричкала делото во Македонија, дека сето ова му пречи пред турската влада итн. Му се плашеше окото од нашите младински вовлекување, дека може да пропадне сето дело на Егзархијата. Јас бев егзалтиран, не малку остро зборував, длабоко убеден дека нашето дело е право и барав директно од егзархот да биде умен, да не ја прогонува нашата кауза. Му повторував дека ние сме веќе сила во земјата и апелирав на неговата благоразумност да се избегнат судири. Егзархот го снижи тонот и змолча. Јас се простив со него уверен дека сè ќе успеам во својата мисија.

Димитар Ризов (1863 Битола - 1918 Берлин) Димитар Ризов [23]

...Јас останав таму 40 дена. Ризов пред мене, ...се одбил при егзархот и се преставил како задолжен од ВК и од владата да ги изнесе барањата на ВК. Тој предал список за да се преместат некои учители, а други да се назначат. Беше предал список од ВК, спроти кој Даме да не биде во Солун, јас да не сум во Софија, ами преку бугарската влада да ме натерат така што ќе ме назначат за учител. ...Езгархот ми го покажа овој список, но јас реков дека не го признавам, бидејќи само ЦК има право да прави такви списоци, а не ВК. Тогаш разбра егзархот дека јас не стојам добро со Ризов така што отогаш егзархот почна... да ме поднаговара да сум примел да ме назначат за инспектор во Скопско за да ги парализирам акциите на Ризов. Егзархот не го сакал Ризова и тој го примил само по должност, но внатрешно се плашел од Ризов да не се истакнува многу и да не ја парализира улогата на Егзархијата.
Егзархот се плашеше од секого што би можел со нешто да го намали неговиот престиж на единсвен авторитет. Воопшто Ризов како агент во очите на егзархот беше непријатен и тој се плашеше од неговата активност. Затоа фактот, што јас му го оспорував правото на Ризов и на ВК да се меша во учебното дело во Македонија, всушност му беше пријатен на Егзархијата... Многу го обвинуваа Ризова дека е способен да ја поткоопува Егзархијата, главно со својот авторитет на (трговски) агент на бугарската влада... Најпосле по прашањето за кое бев дошол чиновниците разбраа дека егзархот не ќе смее да се противи и ги примија нашите барања. ...Се вратив во почетокот на септември. Од тогаш стана обичај во Организацијата ЦК за поглавните сили пред учебнота година да поднесува список во Егзархијата. И сега [1908 г.] овој обичај се рализира. Но и тогаш Егзархијата не исполни сè што сакавме; сите сили, означени во списокот, не беа поставени, но глaвно се исполни: тогаш се готвеше сеопшт крах, Дамета го беа веќе отпуштиле, итн., така што и за тоа се предупреди.

По востанието егзархот ја зеде пак нишката во свои раце, а минатата година (1907) веќе имаше прв пат генерално ослободување од замешаните (во Организацијата - белешка на Љ.Лапе) и секој обид за да се спречи тоа немаше да биде успех, зашто Организацијата веќе немаше авторитет.“ (Ѓ.Петров, Спомени..., Скопје 1984. 112-117)

Иван Хаџи Николов Иван Хаџи Николов

За занчението на постигнато во споменатата мисија на Ѓ.Петров, Иван Хаџи Николов во своите спомени кажува:

„Во текот на 1898/99 г. Централниот комитет презеде и оствари две работи што му дадоа силен поттик на револуционерното дело во Македонија, и кои мошне многу јасно ја олеснаа работата на Комитетот. Тоа беа оснивањето на Четничкиот институт и воведувањето во практика да се испраќаат списоци до Егзархијата за назначување на учители - дејци во позначајните пунктовои.“ (Спомени, Скопје 1995. 63)

Христо Силјанов (1880 Цариград - 1939 Софија) Христо Силјанов [24]

За понатамошниот тек на судирот и разврската меѓу т.н. егзархисти, првиот историчар на Илинденското востание Христо Силјанов, пишува:

„... „Револуционерното братство“ си создаде таен хектографиран весник „Борба“, воведе заклетва на своите членови, создаде клонови во Прилеп, Велес и Сер. Вооружени со револуционерна идеја, црковниците можеа веќе да си најдат приврзаници меѓу учениците и да образуваат свој одделен кружок во гимназијата. Меѓутоа, на 3 јуни 1898 г. во кафаната „Колумбо“ станува убиството на учителот-хемичар Хр. Ганов од Плевен, нагласено од Бугаринот ренегат Пејчиновски. [Убиството го извршил Црногорец, заедно со српскиот учител Пејчиновски.] Присутниот Ив. Гарванов смело притрчува во помош на нападнатиот свој другар и паѓа тешко ранет. Иако во тоа време односите меѓу „Ревулуционерното братство“ и Организацијата се најизострени, српскиот напад за миг ја премавнува нетрпеливоста. Ив. Х. Николов истата ноќ во болницата го придружува ранетиот Гарванов; Хр. Татарчев му предлага да го лекува бесплатно; Хр. Матов му испраќа од Скопје писмо со сочуство и гнев кон извршителите, а Дамјан Груев го замислува и организира казнувањето на Пејчиновски, извршителот на Ганевото убиство. (Пејчиновски загинува во Солун, истата година од раката на еден организациски терорист.)

Михаил Апостолов Попето (1871 с. Дикања Бугарија - 1903 с. Гавалјанци, Кукушко) Михаил Попето [25]

И покрај тие убави пројави на рицарски патриотизам, „Револуционерното братство“ полага врвни напори да спечали почва: ја засилува својата агитација, влегува во врски со Врховниот комитет во Софија, замислува дури и да организира свои чети и да подготвува кражби. Во април 1900 г. комитетските луѓе стрелат врз директорот на педагошкото училиште, Наумов. (Хр. Матов во своите „Лични бележки“ (стр. 116) тврди - и треба да му се верува - дека нападот бил извршен без знаење на Централниот комитет. - Забелшка на Хр. Слијанов.) Тој напад ги распалува страстите и настапува еден момент. кога братоубиствата изгледаат неизбежни. Братството решава да ги убие Матов, Груев, Хаџи Николов и П.Тошев („Спомени на Ив. Гарвановъ“, стр. 12) и само случајноста го осуети исполнувањето на пресудата. Гарванов оди во Софија да ја бара подршката на Врховниот комитет и да им ја разјасни на политичките кругови опасноста од „брзањето со револуција“. Иако во тоа време Борис Сарафов е во затеганати односи со задграничниот претстваник на Внатрешната организација Ѓорче Петров, од Врховниот комитет го советуваат „Братството“ да работи за помирување. Истиот совет Гарванов го добива и од министер претседателот Рачо Петров. Не се поохрабрувачки за Грванов и неговите средби со другите партиски водачи, ниту неговото објаснување со Егзархот, кое се случува истата година. Прашан: „Ваше Блаженство, каков бил и ќе Ви биде планот на Вашата работа во Македонија?“ - Егзархот одговорил: „Да имаме повеќе владици и да втурнеме повеќе интелегенција во земјата, та таа сама да си ги решава работите.“ („Спомени на Ив. Гарвановъ“, стр. 124-125)
Иван Гараванов Иван Гараванов
Егзархот Јосиф I Егзархот Јосиф I

Таа мудра политика на Јосиф I - да ја снабдува земјата со интелегенција, оставајки на волјата на последната понатаму „да го решава сама прашањето“, не можеше да им се допадне на бившите црковници, кои, метомаорфозирани сега во револуционери, сакаа да направат од Егзархијата сојузница и активна учесничка за разнебитување на револуционерното дело.

Нивното разорување, кога го слушнаа известувањето на Гарванов, беше големо. Требаше ли да продолжат до крај и да загинат неславно среде локви од братска крв, или да капитулират. Патриотизмот и здравиот разум им поткажа да го пртпочитат второто. ... Во октомври 1902 г. се постигна спогодба. Членовите на Братството беа подведени под заклетва и примени во Организацијата.

Согласно спогодбата, Централниот комитит требаше да прими по свој избор еден од другата страна во Централниот комитет, а другите во месниот. И по правда и по разум, членството во ЦК му се паѓаше на Гарванов, затоа што Гарванов не беше само формалниот пртетседател, но и душата на „Револуционерното братство“. Не му го дадоа. Му го дадоа на Јосиф Кондов, почетен месен трговец, но без секакви квалитети на вожд, а Гарванов, - опрделениот да биде вожд - го направија член на месен комитет. Гарванов молчеливо ја голтна својата огорченост и заработи, иако не во општото раководство на Организацијата, со рицарска искреност и цврстина. „Од Савел, кој ги прогонуваше неофитите на револуционерната организација, се пресврте во ревносен Павел“... И кога, во текот на Солунската афера, [јануари 1901 г.] Организацијата беше лишена од сите свои стари раководители. „Павел“ го прима нејзиното раководство. Тој со фанатизам ја бранеше нејзината независнот од секакви надворешни посегнувања и си спечалува непријателството на генерал Цончевиот Врховен комитет, кој го смета за „ренегат“. Ништо од тоа. Тој, „црковникот“, свесно го забрзува Илинденското востание.“ (Христо Силяновъ, Освободителнитe борби на Македония Илинденско възтание. Издание на Илинденската организация. София 1933. 125-127)
Иван Цончев (1859-1908) Иван Цончев [26]
Ѓорче Петров во спомените кажува:
„Се плашевме од Гарванов за да не се префрли кај Цончев. Со Гарванов не бев добар. ...Цончевци решавајќи по планот за навлегување, многу сметале на Гарванова... Гарванов бил нивен човек и овие сигурно биле со него во договор тој однатре да им предаде сè во случај на востание. Таков договор имало (сега, кога го убија Сарафов и Гарванов, Цончевите луѓе со злоба зборуваат за Гаравнова: „Така му треба, Предавник! Цончевистите повеќе се лутеа на Гарванов како на предавник отколку на Сарафов). ...Борис [Сарафов] настојуваше да се спогодува ЦК со „Братвото“ на Гарванов, на што јас се противев. ...До моментот на затварањето другарите од ЦК беа во борбата со Гарванов, борба која што не беше ништо друго освен продолжување на борбата со „Братсвото“. Хаџи Николов не беше веднаш затворен и додека да го затворат уште се разбиравме со другарите во Солун. Го наговориле и Дамета да му го предаде ЦК на Гарванов и го задолжиле да ми пише мене за да ме убеди да го признам Гарванов... дека овие може да ја разрушат Организацијата, ако ја нападнат сега, така што ако го признаеме Гарванова ќе ги омекнеме, ќе го обезоружаме Гарванов да се бори против нас. Затоа да сум го признал Гарванова. ...Имаше веќе умствен и морален пад кај Дамета. ...А Веќе беа зафатени и неговите другари, Матов и др. ...Делчев макар и да го делеше моето мислење... стапи во улога да го поткрепува Гарванова, но со цел да го одделиме од врхвистите. И навистина малку попосле, штом Гарванов малку се почуствува на положба самостојно и штом ја доби довербата со Делчев, се отцепи од врховистите... Подоцна кога Гарванов дојде овде, влезе во лична дружба со Делчев. Јас стоев настрана, докрај не го признавав и не го признав. ...Гарванов се скара веќе со цончевци, и врховистите тогаш го нарекле предавник и докрај не можеа да го трпат и да му простат. Потоа Гарванов почна да ги гони врховистичките чети што понапред ги подржуваше. ...Се пушти глас дека... јас сум сакал да ги убијам Карвалова и Сарафова. Незнам од кого го разбрал Гарванов ова... Им напишал писма на на Делчева и Дамета и на разни други, дека ќе било многу лошо за Организацијата, та да ме наговорат да не го правам ова. Ова срдечност на Гарванов по повод на еден лажлив слух докажуваше само последен пат дека Гарванов е во врска со владата и дека секогаш се чувствувал како човек на Бугарија.“ (Спомени, 147; 149-151)

Ѓорче Петров Ѓорче Петров
Пере Тошев Пере Тошев
Ѓорче Петров во својата беседа за Пере Тошев дава уште едно видување за разврската на односите со т.н. егзархисти:
„Околу 1898-1899 г. организацијата доживеа сериозна криза. Надворешните бугарски фактори, бугарската власт, Врховниот комитет и Егзархијата едногласно ја прогласија Организацијата за опасна за општото бугарско дело и презедоа една комбинирана акција против неа целејќи да ја пикнат во орбитата на бугарската политика, со тоа да се земе нејзиното раководство од лица кои ќе бидат лојални на бугарската власт. Ризов и К’нчев стоеја на чело на таа кампања спроти самостојноста на организацијата.
Но, сето тоа сврши среќно и без потреси, од кое никој немаше да има корист, а самото тоа ќе имаше поразувачки резултати за сите.
Покојниот К’нчев се помири со постоењето на организацијата, а покојниот Ризов, кој беше трговски агент во Скопје, со своите рапорти до дворецот и владата, зазеде една поособена позиција кон организацијата.
Овој среќен крај на борбата се должи многу, да не кажам најмногу, на Перевиот авторитет и неговата тактичност.
Другите видни водачи, вклучувајќи ги Гоце и Даме, одамна беа впишани во црната книга на бугарските фактори. Пере единствено се користеше со нивната доверба и поради тоа по нивно настојување тој беше преместен во Солун.
Кога Пере го кажа својот решителен збор за самостојност на организацијата за нив беше изгубена сета надеж за преземање на калето од внатре и тие се помирија со положбата, и се утешуваа со околноста дека централната личност достојно може да служи како гаранција за сериознаоста на работата.“ (Ѓорче Петров, Беседа за Гоце. Скопје 2003. 101-102)
Во своите спомени през 1908 г., Ѓорче Говори и за национанлните чувства на Пере Тошев: „Пере е Националист по убедување. ...Силна расправија имаше со Перета по националното прашање и бидејќи не се разбиравме, го оставивме да виси. Пере сакаше без колебање да и се даде национален колорит на Организацијата“. (Спмени, 206 и 212)

Лука Иванов (1867 Панаѓуриште, Бугарија - 1907 С’ботско, Воденско) Лука Иванов [27]

Вечерта на Илинден 1903 г. Ѓорче Петров заедно со резервниот поручник во бугарската армија Лука Иванов, тргнуваат од Ќустендил да се сретне со својата чета, за да учествуваат во востанието. Во четата која броела над 100 четници бил и Црногорецот Јово Јовановиќ и уште еден резервен поручник во бугарската армија (Геогргиев). Чисто војводската работа во четата Ѓорче му ја доверил на Андон Ќосето. Пред да ја поминат бугарско-турската граница до Ѓорече пристигнале заплашувања дека бугарската армија нема да го дозволи навлегувањето на четата во Македонија. Во всрска со ова Ѓорче во своите спомени кажува:
„Ги свикав сите момчиња од четата и поединечно им го побарав мислењето, што да правиме во случај да нè нападне бугарската војска и да посака да нè разоружа. Од сите само дваесетина момчиња изјавија да се биеме, а другите изјавија дека ќе го предат оружјето.“ (Спомени, 182 и 185)

Четата на Ѓорече Петров во почетокот на август 1903 г.
Четата на Ѓорче Петров во почетокот на август 1903 г.


Блаже Конески (1921 с. Небрегово - 1993 Скопје), „творецот на македонската азбука“. Блаже Конески

Според Блаже Конески[28]: „револуционерната организација се зачна и преку негација на егзархиските дејства во Македонија“.

Според Конески: „Црковната борба против Патријаршијата доведе до создавање на самостојна бугарска Егзархија, со султански ферман од 28 февруари 1870 г. Некои македонски епархии веднаш, а други малку подоцна паднаа под нејзина власт. Меѓутоа, како што беше Егзархијата уредена на централистички принцип... се судри со македонските општини што настојуваа да си ја зачуваат својата самостојност. Веќе во седумдесетите години се јавува во Македонија движење за одделување од Егзархијата...При крајот на 19 век пак, баш низ борбата против органите на Егзархијата, се оформува револуционерно движење што за своја цел го постави создавањето на автнимна Македонија. Ѓорче Петров, еден од оснивачите и раководителите на револуционерната организација, изнесува во своите „Спомени“ дека околу 1890 г. се јавува реакција „против стремежите на Егзархијата бесконтролно да господари во црковните и училишните работи во земјата... Немаше владика и повиден егзархиски учител што не беше подложен на навреди и гонење од страна на населението“. Ова движење тој го смета како „прв чекор кон самодејност“ во Македонија: „Тоа неосетно се прероди во револуционерно движење. Од почетокот во револуционерното дело неосетно и главно учество зедоа истите луѓе што ја водеа борбата против Егзархијата“.“ (К.Тошев - Ѓ.Милошев, Преглед на литературата со примери, учебник за II клас на средните училишта, Скопје 1971. 370 и 328.)

К.Тошев - Ѓ.Милошев, Преглед на литературата со примери, учебник за II клас на средните училишта, Скопје 1971.
К.Тошев - Ѓ.Милошев, Преглед на литературата со примери, учебник за II клас на средните училишта, Скопје 1971.

Ѓорече Петров Ѓорче Петров

Но, според кажаното од Ѓорче Петров не било така, како што „прераскажувал“ Б.Конески, имено:

„Околу 1890 г. неосетно се јави во сите поважни бугарски центри [Се однесува на македонските градови] настроеност кај младината против владиците, општините, егзархиските учители и службеници, [во тоа време и Ѓорче е егзархиски учител] и една струја против посегањата на Егзархијаат бесконтролно да господарува во црковните и училишните работи во земјата. ...Определенето, до кое што посегаа младинците, беше општините да минат во рацета не на старците и духовниците, како што беше дотогаш, ами во рацете на младинците. ...Немаше владика и повиден егзархиски учител, што не беше подложен на навреди и преследување од страна на населението. Оваа движење се паѓа паралелно со појавата т.н. од некои македонски „сепаратизам“, изразен преку списанието „Лоза“ во Софија, раководено од Арсов, Балашчев, Хаџи Николов и др. Кружокот „Лоза“ претендира и денес [1908 г.] дека ова движење во Македонија се должело на нивната агитација. ...не може ни најмалку да се каже дека оној кружок околу „Лоза“ го подигнал тоа движење. ...бев и јас соучесник во реченто движење против Егзархијата, и второ, бидејќи сметав оти намесникот на владикава не вршеше што треба, не си беше наместо, пречеше. 

...На пр. во околијата Битолска имаше две србомански села Свинштина и Метимир (близу до Смилево) - од долги години овие села станале гркомански, после тоа станале србомански. Никој не можел да ги одврати. Јас успеав да се зближам со нив, им влегов под кожа и тие дури ги изгореа српските книги (две вреќи), се согласија да прејдат во Егзархијата. Триумфирав со овој успех. Тие дојдао во Битола да поднесат молба. На Неофита му реков да ги пречека селаните љубезно, да је земе молбата и да и ја даде на власта. .

..Неофит откажал да ја земе молбата, не сакал да се меше во села од туѓа епархија (селата беа од Охридската епархија) итн итн. Стана тоа и без него. Но после на Велигден пак протежирав да им се даде свештеник и пак Неофит беше против тоа. И Григорија [битолскиот егзархиски владика] после се разлути, оти сум се мешал во епархиските работи и др. дивотии. Јас бев предложил начин како да се издржуваат училиштата во секое село со општински приходи... немаше никакви селски училишта, но Егзархијата ја претпочиташе оваа состојба отколку да се погрижи да ги уреди училиштата... Јас и станав непријател на Егзархијата оти ја поканив на реформи.“ (Ѓорече Петров, Спомени корепонденција, Скопје 1984. 48-49)

23.) Димитар Ризов, р. 1862 г. во Битола, се школувал во Битола и Пловдив. Бугарски дипломат, врши дипломатски функции во Скопје (прв бугарски трговски конзул), Белград, Рим, Берлин. На француски јазик го публикува трудот „Етнографија на Македонија“. Во текот на Првата светска војна издава атлас на карти на државните граници на Бугарија. Во Бугарија уредник на неколку весници со македонска проблематика. Во 1902 г. Ѓорче Петров во својата статија „Македонското освободително дело на българска почва“ го нарекува: „најопасен подривач на македонското дело“, а Димитар Благоев: „човекот со стоте мненија“. Полемизира и со Кузман Шапакарев по повод неговиот труд: „Материали за животописанието на Бртая Миладинови Димитър и Константин“. Починал 1918 г. во Берлин.
Според македонскиот историчар Љубен Лапе: „На секаде ја бранел каузата на Бугарија, преку објавување на книги, статии и атласи.“, а според Глигор Тодоровски бил: „човек на Фердинант Кобургски“. Уредниците на зборникот „Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, Скопје 1981, том 1., на стр. 539 тврдат: „Оштествениот деец од Македонија Димитар Ризов имал можности отворено да се стави на услуга на великобугарската национална кауза и на великобугарската државна политика. За таа своја поткупувачка дејност тој бил демаскиран и јавно критикуван од страна на Ѓоречета Петров. Меѓутоа, самиот Ризов во моменти на носталгија пристапувал поинаку кон проблемот на Македонија и кон македонското прашање, се обидувал да се доближи до објективната вистина. За ова дава податоци знаменитиот хравтаски и југословенски склуптор Иван Мештровиќ во своите „Спомени“. Зборувајќи за своето познанство со Димитар Ризов во Рим 1912 г. ...Од овие разговори донесуваме неколку одломки. „...ми зборува како уврен Југословен. Мане, како на Хрват, ми ја објаснуваше вистинската состојба на работите во Македонија... Ми раскажуваше дека Македонците, говорејќи за објективната вистина, не се ни Бугари, ни Срби, туку македонски Словени, кои говорат на свој посебен македонси јазик или наречје. ...Нашиот свет, рече, беше само „Македонски христијанин“, ...кога се разви грачата пропаганда, „Македонски христијанин Славјанин“. Нам ни беше сеедно која христијанска, земја ќе ни помогне да се ослободиме од Турците... Нам, на Словените, ни беше сеедно во која гимназија (ќе учеме). Јас, на пример со многумина свои другари, кои после станаа Бугари, учев српска гимназија. Вистина е дека професорите во гимназијата ни зборуваа дека сме Срби, како и на оние во бугарската гимназија оти сме Бугари, но ние во себе си мислевме, а тоа и дома ни го зборуваа: сеедно, нека прикажуваат тие, но ние сме си македонски Словени христијани...“

24.) Христо Силјанов, р. 1880 во Цариград. Пандо Кљашев за својот соученик и соборец кажува: „Татко му на Силјанов бил охриѓанец, се оженил во Цариград за Гркинка, умрел млад. Христо со сестра си и поголемиот брат останал кај роднините на мајка си, пораснал како Грче, потоа отишол во српско училиште во Цариград, и најпосле доаѓа како бугарски стипендист во 3. клас во Солун. Подоцна заедно завршивме гимназија во Битола“. Во Битола во тоа време наставник бил Д.Груев. Таму Хр.Силјанов станува член на Организацијата. Едно време е наставник во Прилеп и Леринско. Високо оброзованаие по историја завршува на Софискиот универзитет, потоа специјализира во Швајцарија. Пристапува во четата на М.Лерински, која во Југозападна Македонија го придружува Гоце Делчев. На Гоце му посветил свои стихотворби. За време на востанието дејствува во Одринско. Учествува на конгресот на Одринскиот револуционерен округ, одржан на Старнџа на меснотса Петрова нива, заедно со Анастас Разбојников е избран за секретар на конгресот. За време на востаничките дејствија во Одринскиот револуционерен округ, започнати на верскиот празник Преображеден (6/19 авг. 1903) е во четата на Михаил Герџиков. На Ќустендилскиот конгрес е поставен за дополнителен член на ЗП на ЦК на Организацијата. Кога избувнале Балканските војни пак е на чело на чета на Организацијата, истата продирела длабоко во Костурско. По влегувањето на Бугарија во Првата светска војна затворен како симпатизер на Русија. Редактор на неколку списанија. Автор е на две стихозбирки со револуционерна тематика, на голем број меморски историографски трудови и др. Долги години претседател на друштвото на софиските журналисти. Потпретседател на Македонскиот научен институт. Х.Силјанов е првиот историчар на Илинденското востание кој ги ползувал архивите на бугарското министерство за надворешнми работи. Починал 1939 г. во Софија. Вториот том од „Освободителнитѣ борби на Македония Следъ Илинденското въстание“, во издание на Илинденската организација, публикуван е 1943 г. во Софија.
Х.Силјанов ја осудува негативната ролја на ВК. Застанува против групата на Јане Сандански, а тоа е веројатно е една од причините поради која од комунистичката македонска историографија прогласен за „прикриен врховист“ и „неоврховист“.

25.) Михаил Апостолов - Попето, р. 1871 г. во с. Дикања, Радомирско - Бугарија. Завршил гимназија во Софија. Деец на ТМОРО, војвода. Соработник на Гоце Делечев, со кого во 1897 г. учествува во грабнувањето на Назалaм Бег во Струмица. Извршува организациска дејност во Серско, Гевгелиско, Ениџевардарско. Загинува 1903 г. во борба со турскиот аскер во с. Гавалјанци, Кукушко.
Според А.Динев: „во градот Сер, терористот - апостолот на ВМОРО Михаил Апостолов Попето, по пресуда на ЦК на Организацијата, ја уби жена му на директорот на на Педагошкото училиште Анастас Наумов [родум од Прилеп, - з.м.] и самиот него тешко го рани. Наумов беше приврзаник на Иван Гараванов и на идеите на „Револуционерното братство“.“ (Илинденска епопеја, Скопје 1978, 1. 82)
Соборците на Попето имаат најубави зборови за него. Според Х.Силјанов: „Попето е најголемиот по значение ученик на Делчев. Тој е првиот војвода на агитациона-организациска чета. Мих. Апостолов Попето е шоп од Софијско.“ Во 1919 г. Ѓорче Петров говерјки за Гоце Делчев, кажува иза Попето: „Делчев од внатрешноста се враќеше обично многу уморен и ослабнат. Како четнички тип тој беше надминат по совршенство и скрупули само од Михаил Попето, кој во тој однос одеше до совршенство. Тој одеше постојано испокинат, како циган, полубос, затоа што сè што имаше ново го даваше на четниците.“ (Ѓорече Петров, Беседа за Гоце, Скопје 2003. 66)

26.) Иван Цончев, р. 1859 г. во гр. Дреново. Завршил воено училиште во Софија, потоа се школува во Русија. Учесник во Руско-турската војна 1877/78 и во Српско-бугарската војна 1885 г. Генерал во војската на Кнежеството Бугарија. Во 1901 г. привремено ја напушта воената служба и застанува на чело на ВМОК. За време на Горноџумајското, т.е. т.н. врховистичк востание (1902), член на ГШ на востанието. Во Илинденското востание се помирува со Ј.Сандански и заедно делуваат во Серскиот револуционерен округ. По Илинденското востание се враќа во Бугарија. Поради здрастевни причини се повлекол од јавниот живот. Починал 1908 г.

27.) Лука Иванов, р. 1867 г. во Панаѓуриште - Бугарија. Деец на ТМОРО. Завршил воена акдемија, бил офицер во руската армија, а во бугарската резервен поручник. Учествува во Илненското востание, а по востанието останува како војвода на околска чета во Воденско. Води бројни судири со турскиот аскер и грчките андартски чети во Воденско и Ениџевардарско. Во 1906 г. во четата го прима американскиот новинар Алберт Сониксен. 1907 г. загинува во судир со грчките чети крај с. С’ботско, Воденско.

28.) Блаже Конески, р. 1921 во с. Небрегово - Прилепеско. Основно образование и нижа гимназија завршил во Прилеп. Виша гимназија во Крагуевац (Србија) како стипендијант на великосрпската полика. Во тоа време имало 150 такви стипендијанти, деца на сиромашни родители (патријаршисти и егзархисти) и деца на познати србомани; - татко му на Блаже Конески бил српски чиновник, а првиот српски војвода во Прилепско Глигор Соколовиќ Љамето (1905), познат и како Мицко војвода, е прв братувчед на татко му на Б.Конески. Српските воспитаници мeѓу кои биле Б.Конески, Л.Колишевски, и др. среде народот биле нарекувани „јаничари“. По завршувањето на гимназијата во Крагуевац, во Белград се запишува на Медицинскиот факултет, но после еден семестар следи студии по филологија, а по капитулацијата на Кралството Југославија на Софискиот универзитет „Св.Климент Охридски“ продолжува да студира филологија. Во 1944-1945 г. како член на Првата и Втората (нефилолошка) комисија за нормирање на македонскиот литературен јазик и правопис се залагал за целосно усвојување на Вуковата (српската) азбука и незјина примена во Македонија. Професор на филолошкиот факултет и ректор на универзитетот „Кирил и Методија“ во Скопје. Прв претседател на Друштвото на писателите на Македонија и прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите (1967-1975). Член на повеќе странски академии (Белград, Загреб, Сараево, Лоѓ, Чикаго). Поет, објавил неколку стихозбирки. Автор на: „ Македонски правопис со правописен речник“ (коавтор со К.Кепески, 1950), „Граматика на македонскиот литературен јазик“ (1952 и 1954), тритомен „Речник на македонскиот јазик“ со српско толкување (1960, 1965, 1966), „Јазикот на македонската народна поезија“ и др. Умрел во Скопје 1993.

0 коментара:

Post a Comment

 
Copyright 2009 Македонска историја (Вежбанка за критичко мислене). Blogger Templates create by Deluxe Templates | Blogger Styles | WP by Masterplan