2/18/2010

Стравот и желбите на македонизмот во карантин (7)

Дали Ванчо Михајлов манипулирал со цел да го оцрни Јане Сандански како расколник во ВМРО, или има вистина во тврдењето дека Јане Сандански после убиството на Б.Сарафов и И.Гарванов се сраќавал со Фердинад?

Ванчо Михајлов Ванчо Михајлов

Во своите спомени Ванчо Михајлов приложил писмо за кое кажува дека е напишано од Иван Балабанов, во кое, Балабанов на 27.12.1957 г. на В.Михајлов меѓу другото му напишал:



„Не беше за мене тајна дека Сандански влегуваше многу често во Дворецот [т.е. кај Фердинанд] преку северната врата и на мене ми правеше впечаток дека таму влегуваше со револвер во џебот... Дали тој се сметал за лошо платен за тоа кое го извршувал и станал непријател на Фердинанд ќе можете вие подобро да оцените.“

Понатаму Ванчо Михајлов кажува:

„Чудни се - да го употребам најмекиот израз - тие средби на Сандански со царот, - тој Сандански, кој се истакнуваше како заколнат непријател на врховизмот... Голема недоумица и сомничави прашања кај многу современици предизвикувал фактот што цар Фердинад испратил венец за да биде положен врз гробот на Сандански, наскоро откако бил убиен. Венецот е положен од Иван Вапацаров, родум од Банско [таткото на поетот Никола Вапцаров, четникувал во четата на Ј.Сандански]. Самиот Вапцаров повторуваше дека таа работа никако не може да ја разбере - цар Фердинанд испраќа венец за Сандански...“ (Ванчо Михајлов, Спомени II. 253-255).

Кажаното од Ванчо Михајлов само по себе не значи дека е точно.

Шакир војвода Шакир војвода [57]

„другарот“ Лазо Лазо Колишевски

Но, Драган Кљакиќ пишува дека „другарот Лазо“ му раскажал за една „поучна“ средба меѓу Лазо Колишевски и Крсто Гермов - Шакир војвода, која се случила 1961 г. во Скопје.
Според Д.Кљакиќ, Шакир војвода на ова средба покрај другото на „другарот Лазо“ му го кажал следното:

„Дојдов да ти кажам уште една работа: сите пишувате, и порано пишуваа, внатрешни, надворешни, врховисти, централисти и слично, е, па додов да ти кажам дека на Дворот (мисли на бугарскиот двор во Софија) велгувавме сите: едни низ главаната врата, други низ малата врата, некои низ капиџик, некои низ прозорец, некои преку таван, а некои богами и преку баџа! Току да знаеш, сите влегуваа... [Трите точки се ставени од Д.Кљакиќ] освен еден човек... Таму не влезе само Гоце Делечев...“ (Драган Кљакиќ, Времето на Колишевски. Скопје 1994. 182)

Тврдењата си се тврдења, но кога не се поткрепени со докази, нема и неспорен одговор на погоре поставеното прашање.

---

ПРОДОЛЖУВА - нов текст откако ќе биде завршен Грбовите на Македонија - се налага актуелна тема.

ПРОДОЛЖУВА ВО СЕПТЕМРИ 2005 г.


57.) Крсто Гермов - Шакир војвода, р. 1875 г. во Прилеп, работи како кројач - шнајдер. Во Организацијата влегува 1901 г. во четата на П.Ацев, пролетта на 1904 г. го придружува Ѓ.Петров, после е со војоводата Н.Каранџулов. Војува против врховисти, грчки и српски чети. Во 1906 г. упасен од турската власт и осуден на доживотен затвор, амнестиран од младотурците во 1908 г. Во 1910 г. во разоружителната акција од страна на турската власт подложен на мачење, потоа заминува за Софија. Таму отфара свое кафе, па работи и како кондуктер во Дирекцијата на трамваите. Учествува во балканските војни, во бугарската и српската армија. По војната живее во Софија. Соработува со списанието „Македонски вести“ (Софија 1935-36) уредувано од А.Динев. Доаѓа во Асномска Македонија. Како највозрасен народен пратеник на 01.09.1946 г. во Скопје го отвара Првото заседание на Македонското народно собрание. Името на К.Гермов е централна личност во романот на Стале Попов „Шакир војвода“.

0 коментара:

Post a Comment

 
Copyright 2009 Македонска историја (Вежбанка за критичко мислене). Blogger Templates create by Deluxe Templates | Blogger Styles | WP by Masterplan